Британската технолошка компанија hyperTunnel го откри во својот истражувачки проект во јужна Англија првиот тунел во светот целосно изграден од роботи. Новиот автоматизиран метод на градба на hyperTunnel е проектиран да гради тунели повеќе од 10 пати побрзо и половина поевтино од конвенционалната технологија. МЕТОДА НА 3Д ПЕЧАТЕЊЕ Користејќи метода на дигитален близнак, флота на хиперботови го дупчат тунелот, а потоа влегуваат роботи кои ја ...

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, ја усвои предлог одлуката за прифаќање на задолжувањето според Договорот за заем помеѓу БиХ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за реализација на проектот за изградба на трамвајската пруга Илиџа – Храсница во износ од 25 милиони евра. Овие средства ќе бидат искористени за проширување на двонасочната трамвајска пруга од Илиџа до Храсница, изградба на нов кружен тек на Илиџа, кој ќе биде ...

Со цел да успее во енергетската транзиција, Германија ќе се фокусира на обезбедување на синџирите за снабдување и доверливи производни капацитети на електрична енергија потребни за проширување на обновливите извори на енергија, како и пополнување на недостатокот од квалификувани работници во секторот на обновливи извори на енергија. На почетокот на годинава, се направила проценка дека во земјата недостасуваат околу 60.000 монтери годишно, ...

Луѓето ја предвидуваат смртта на трговскиот центар уште од 80-тите, вели Александра Ланге, авторка на „Запознај ме покрај фонтаната: Внатре во историјата на трговскиот центар“. А сепак, како што пишува Ланге во својата книга, луѓето продолжуваат да пазаруваат и „поголемиот дел од трговските центри преживуваат“. Како феномен, затворениот трговски центар се појави во повоениот бум во САД и прераснува во централен дел околу кој гравитираат ...

Минатата година Винг Ло ја напушти својата работа како електричар за да ја продолжи својата страст како визуелен уметник со полно работно време. Меѓутоа, висејќи од кран додека се обидувал да наслика мурал на 82 метри над земјата, можеби размислувал за промена на кариерата. Ло беше дел од петчлениот тим уметници кои се качуваа во лулка секој ден во текот на еден месец за да работат на огромно уметничко дело високо 82 метри кое сега ја украсува ...

Американските компании кои ја развиваат новата генерација на мали нуклеарни електрани, имаат голем проблем: само една компанија го продава горивото кое им е потребно – „Росатом“ од Русија. Станува збор за високозбогатениот ураниум - HALEU, кој е обогатен до 20%, намест до 5% како за класичните нуклеарни електрани. Досега ниту една западна земја не го санкционирала „Росатом“ поради војната во Украина, токму поради снабдувањето со гориво, бидејќи ...

Производителот на луксузни автомобили Rolls-Royce се подготвува засекогаш да се збогува од моторите со внатрешно согорување, и го претстави моделот Spectre, својот прв целосно електричен автомобил. Првите испораки ќе започнат во четвртиот квартал наредната година, а цената засега не е позната, но ќе се движи некаде помеѓу цените за Cullinan SUV и Phantom, што е околу 380.000 евра. Според првите податоци моторот ќе има моќност од 577 hp, a ...

Порастот на цените на електричната енергија на берзите во Европа, драматично влијаеше на периодот на исплата на проектите на ветерни паркови и соларни електрано од 11 години на речиси една година. Ова го покажува истражувањето на норвешката консултантска куќа Rystad Energy. Инвестициите во обновливи извори на енергија се во пораст, па оваа година е можно по прв пат тие вложувања да бидат повисоки отколку вложувањата во нафтено-гасниот сектор. ...

Истурени бетонски волумени овозможуваат сенка со отвори и тераси во оваа монолитна бетонска куќа во Ахмедабад, Индија, проектирана од локалното биро The Grid Architects. Grid Architects ја создале куќата Beton Brut за претприемач чие семејство ужива во креативни дејности. Клиентот сакал дом кој ќе обезбеди простори за семејни собири и за индивидуални активности. Сместена на локација свртена кон југозапад, формата на куќата е поттикната од ...

На северозападните рабови на јапонскиот град Кјото, се наоѓа бамбусовата шума Арашијама или како што уште ја нарекуваат Сагано. Уште од античко време, ова место било омилена дестинација на принцовите, кои доаѓале овде да го пронајдат својот внатрешен мир. Денес е една од омилените туристички дестинации. На само 30 минути возење од раздвижениот центар на градот се наоѓа шума исполнета со високи бамбусови дрвја, од кои некои достигнуваат висина ...

Дизајнерката на ентериери Ени Ли ја креирала ZooZoo, колекција канцелариски мебел за брендот Narbutas, која вклучува нетипично висока масичка за кафе и соодветна табуретка. Изработена од мазна плоча и метална основа која може да се обои во која било посакувана боја, елегантната масичка за кафе на ZooZoo е со кружна форма и е достапна во две димензии. Ли ја дизајнирала масата да биде повисока од типична масичка за кафе, поради тоа што често се ...

Новата грејна сезона граѓаните на Нови Пазар ја започнуваат со поефикасно греење, почист воздух и заштеди, со помош на новоизградената топлана на биомаса во овој град. Досега жителите на Нови Пазар се грееле преку топлана на мазут која е целосно исклучена од употреба, благодарение на проектот за декрбонизација на системите за далечинско греење во Србија, кој се имплементира во 11 градови. Истовремено направена е и реконструкција на главните ...

Турскиот технолошки бренд TOGG, ги одбројува деновите до премиерата на својот прв автомобил во C-SUV сегментот, кој се дефинира како „паметен уред“. Во склоп на церемонијата која ќе се одржи на 29-ти октомври со учество на претседателот на Турција, ќе се одржи отворање на производните погони на TOGG во Гемлик. Со отворање на фабриката новиот SUV модел, кој досега се произведуваше во работилницата за прототипови за потребите на разни ...

Архитектонското биро од Котор, „Енформа“ стои позади проектот на објектот Вила Парус, изградена во которксата населба Столив. Делото на авторскиот тим Никола Новаковиќ и Радован Радоман, претставува современ архитектонски одговор на медитеранскиот стил, но и симболичен стремеж да се плови во прогресивен правец. Мала парцела на стрм терен Како што вели Никола Новаковиќ, главното барање на клиентот на оваа прилично неблагодарна локација било да ...

Малку време не дели од пристигнувањето на Doroni H1, мал летечки двосед кој може да се смести во секоја гаража. Создаден е од Doroni Aerospace, компанија со седиште во Мајами, фокусирана на развој на електрични авиони. H1, и покрај неговиот малку чуден дизајн, ветува дека ќе ги транспортира своите сопственици на најбезбеден и најбрз можен начин. Леталото Doroni H1 не е баш хеликоптер или авион – може да се каже дека е нешто сосема друго, кое ...

Данското архитектонско биро CEBRA е победник на конкурсот за проект на идната највисока зграда во Албанија, која ќе го краси центарот на Тирана. Конкурсните предлози беа разгледани од меѓународно жири составено од албанскиот премиер, градоначалникот на Тирана, четворица меѓународно признати архитекти и нарачателите на проектот Nova Construction 2012. Избраното решение, кое ќе стане ново урбано обележје на главниот град, кој претрпе ...

Веројатно веќе се појави најзначајното дизајнерско движење за 2022 година, а тоа е трендот кој го слави бавниот начин на живот. Станува збор за т.н slow design. Трендот е одговор на индустријата на ентериерот на брзите промени во стилот. Подразбира создавање на згради и места кои поттикнуваат среќа и исполнетост. Предност за долговечноста и квалитетот наспроти брзината и количината, одржлив дизајн кој е создаден да трае, да се прилагодува и на ...

Техничарите од лабораторијата SLAC National Accelerator Laboratory, ги привршуваат работите околу најголемиот дигитален фотоапарат на светот, кој ќе биде транспортиран во Чиле и поставен на телескопот на Андите. Овој проект е започнат пред неколку години, и иако не е во целост заршен, сите механички делови се веќе склопени. LSST Camera е огромен дигитален фотоапарат, кој поседува 189 сензори способни да ја „фатата“ светлината која доаѓа од ...

Октомври е месец посветен на правилната исхрана, а на 16 октомври светот го прослави Меѓународниот ден на храната. Темата оваа година е „Никој не смее да биде запоставен!“. Како што покажува статистиката, во последните седум години бројот на неухранети луѓе во светот е зголемен од 785 на 828 милиони, а дури 99 отсто од неухранетите живеат во таканаречените земји во развој. Меѓу гладните во светот процентот на жени се искачува и до 60 отсто, а ...

Хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, покажа како напредува изградбата на новиот кампус во близина на Загреб, вреден 200 милиони евра. На фејсбук тој сподели 3D приказ од градилиштето. Кога ќе биде завршен, кампусот ќе биде седиште на компаниите Bugatti Rimac и Rimac Technology, и еден од најголемите развојно – истражувачки и производни комплекси во Европа, и тоа не само во автомобилската индустрија. Меѓу останатото во комплексот ќе се ...

Утрово во Скопје лажна дојава за бомба го поремети јавниот автобуски сообраќај. Поради дојава за бомба за кратко застанаа дел од автобусите на ЈСП во Скопје. Возачите мораа да ги испразнат автобусите и да ги вратат во базите за проверка, поради закана за бомба која ја добиле синоќа. Повеќето од возачите воопшто не успеале да влезат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, затоа што полицијата правела проверки. Неофицјално, паниката ја ...

Мексиканското архитектонско биро Estudio MMX го претстави Музејот на геологија Прогресо, кој е направен од повеќе структури обложени со завршница наречена chukum која датира од времето на Маите. Бирото со седиште во Мексико Сити, го создало музејот врз основа на решеткста шема на локацијата на плажа во Прогресо – град во близина на Мерида, кој се наоѓа на брегот на полуостровот Јукатан во Мексико. „Дизајнот на волумените и нивниот распоред во ...

Секоја приказна во новиот дом почнува со по некое шрафче и рачно нацртана скица. Потрага и желби како новата коцка да се претвори во комотно катче кое ќе го почувствувате како свој топол и безбеден дом, а вработените канцеларискиот простор како нивен дом. Значаен момент при самиот почеток на уредување на секој простор е воведувањето систем за греење и ладење. Притоа, да се обезбеди употреба на обновливи извори на енергија и имплементација на ...

Европската климатска фондација (ECF) е една од најголемите филантропски иницијативи за премин во општество без емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Со партнерите на национално, европско и глобално ниво, се работи на воведување на јавноста во одлучувањето и политичкиот ангажман во врска со климатската криза. Европските општества денес се стремат кон своите цели: чист воздух, безбедна клима, енергетска сигурност и сл. Од пакетот Fit ...

Турција ја има целата потребна инфраструктура за изградба на меѓународен гасен центар на своја територија, изјави вчера советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин. „Ова е многу важен предлог за Турција. Нашата инфраструктура е подготвена за тоа. Можно е да се снабдува Европа со гас преку главниот крак на ТАНАП (Трансанадолски гасовод) напоредно со рускиот гас. Ако се прошири капацитетот на гасоводот, тоа ќе биде многу значајно за Европа. ...

Напорите и иницијативите на хрватскиот приморски град Пула да ја зачува животната средина и живиот свет во морето, добија признание од глобалниот проект „Пријател на морето“ (Friend of the Sea). Имено, Пула е првиот добитник во светот на наградата Friend of the Sea Sustainable City Award, која ја доделува Светската организација за одржливост (World Sustainability Organization – WSO) во насока на промоција на одржливи пректики и заштита на ...

Со оглед на актуелната криза во снабдувањето со енергенти и нивната висока цена, земјите во Европа на различни начини се подготвуваат оваа зима да ја поминат со ригорозни мерки на штедење. Во Италија на пример, заштедите и рестрикивните мерки се различни за различни зони од земјата. Почетокот на грејната сеозна е веќе одложен, но дали ќе има греење не зависи само од температурата на воздухот, туку и од зоната во која се наоѓа местото, односно ...

Истражувачки тим предводен од истражувачи од Институтот Руѓер Бошковиќ развил нов материјал со подобрени својства за примена во литиум – јонските батерии. Новиот материјал е развиен на база на силициум, а го карактеризира порозна структура. Резултатите од истражувањето се важни во понатамошниот развој на анодните материјали за литиум – јонските батерии, а објавени се во часописот Journal of Electroanalytical Chemistry. Материјало е испитан во ...

„Денес сум во иста кондиција како кога имав 20 години“, рекол Никола Тесла во едно интервју на 78-годишна возраст, а сличен впечаток оставил и на новинарот – висок, виток и со исправено држење. Брз од, малку проседена коса и особено остар поглед со бистри сини очи оддавале човек на кој текот на времето не му може ништо. Дотогаш Никола Тесла му дал на светот пет илјади пронајдоци. На крајот на осмата деценија тој сè уште работел во три ...

При креирањето на колекцијата Shou Sugi Ban, дизајнерите од студиото A Space изобилство инспирација нашле во работата на скулпторот Исамуа Ногучи, посебно фокусирајќи се на делото „The Sculptor and the Ashtray“, проект кој истражува два спротивни концепти. Првиот концепт бил рачно изработен и содржел девет модели од гипс кои ја инспирирале оваа колекција, додека вториот бил создаден за масовно производство, но бил за тоа премногу комплексен. ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.68
68%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
75%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
64%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52