
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Меѓу компаниите кои највеќе ги опструираат климатските политики во 2022 година, доминираат американските, и тоа оние кои се наоѓаат во синџирот на фосилните горива и нивните трговски групи. Извештајот на InfluenceMap за корпоративното влијание врз климата во 2022 година, покажува колку геополитичките настани оваа година влијаеле врз обликувањето на климатските промени. Годишното рангирање се базира врз проценката на лобистичките активности на ...
Ледниците во Доломитите во Италија, Националниот парк Yellowstone во САД и на планината Килиманџаро во Танзанија, веројатно ќе исчезнат до 2050 година, објави УНЕСКО. Една третина од сите ледници наведени како подрачја на светско наследство на УНЕСКО, до тогаш ќе изчезнат како резултат на глобалното загревање, се истакнува во извештајот објавен од страна на УНЕСКО и Светската унија за заштита на природата (IUCN). Тие ледници веќе губат 58 ...
Европската комисија го објави третиот повик за големи проекти во склоп на Иновацискиот фонд на ЕУ. Со оглед на тоа дека буџетот е удвоен на 3 милијарди евра благодарение на зголемените приходи од продажба на емисии на јаглеродни единици во склоп на системот на ЕУ за тргување со емисии (ETS), со овој повик за големи проекти за 2022 година, ќе се поттикне воведувањето на индустриски решенија за декарбонизација на Европа. Со посебен акцент на ...
Архитектошкото студио, Estudio MMX, со седиште во Мексико Сити, го открива својот проект за отворен геолошки музеј лоциран покрај плажата во пристанишниот град Прогресо на полуостровот Јукатан во Мексико. Градот е дом на повеќе археолошки локалитети на Маите како : Чичен Ица, Уксмал и Џибилчалтун. Estudio MMX го дизајнираше музејот користејќи грид како шема, развивајќи серија волумени кои растат на различни висини. Конструктивно, музејот е ...
Публикацијата со наслов по истоимениот пејзажен уметник Роберто Бурле Маркс, е дистрибуирана во бразилските библиотеки, музеи и универзитети, и е достапна за јавноста во печатена и дигитална верзија, втората како и со можност за бесплатно преземање. Книгата патува низ животот и делото на големиот бразилски пејзажен архитект Роберто Бурле Маркс, со посебен фокус кон домот на уметникот „El Sítio Roberto Burle Marx“, каде што е изложена ...
На самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2022, потпретседателката на Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), Лилјана Павлова, ја потврдила поддршката на банката на Европската унија за зелената транзиција и енергетската сигурност на регионот. Во склоп на својот нов наменски огранок, EIB Global, банката ја зголемила финансиската и техничката поддршка со цел помош на напредокот на регионот во реализацијата на Зелената агенда, ...
Најавен е и вториот агросоларен парк во Србија (после Agroslolar Kula), кој ќе биде изграден во близината на Сремска Митровица. Станува збор за израелски инвеститори, а ваквиот концепт станува се поатрактивна опција и за производство на електрична енергија и за производство на храна. Имено, под фотоволтаичните панели ќе с еодгледуваат земјоделски култури кои се компатибилни со видот на панелите и на тој начин ќе се зголеми искористеноста на ...
Сasa Gialla е проект за реновирање од студиото gon architects во Мадрид. Новиот стан од 46 квадратни метри некогаш бил темно поткровје во зграда во центарот на Puerta del Sol. Сега, овој стан со повеќе функции содржи скриени простори, многу простор за складирање, како и туш и када на отворено, и е оаза во срцето на градот. Сопственичката на станот, жена од Италија, која го обожава дизајнот, технологијата и уживањето во животот, сакала само ...
После успехот на револуционерниот проект Bosco Verticale, Stefano Boeri Architetti прави голем чекор во популаризацијата на трендот на прекривање на зградите со дрвја. Со својот нов проект, студиото се враќа на т.н тема „вертикални шуми“ со зграда прекриена со зеленило која може дa се пофали со карактеристики на одржливост и со апсорпција на големи количини на CO2. Проектот наречен Bosconavigli се создава во соработка со Arassociati, Milano 5.0 ...
Моделот i-Go, кој е во понудата на компанијата Mullen Automotive, многу сличен на Smart моделите, и исклучително популарен во Кина, наскоро би можел да се најде во европските метрополи. Овој модел има електромотор од 46 hp, и батерија од 16.5 kWh, која според NEDC стандардот обезбедува домет од 200 km. Неговата маса е само 795 килограми и може да развие максимална брзина од 100 km/h. Производителот Henan Henrey Shiying Vehicle, вели дека ...
Изложбата „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) се организира во рамки на 14. Европско номадско биенале за современа уметност – Манифеста и ќе биде отворена во Музејот на современата уметност – Скопје на 8 ноември, во 20 часот, а ќе трае до 20 февруари 2023 година. Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Музејот на современата уметност – Скопје e партнерскa ...
Јаловишните брани се хидротехнички конструкции, каде при проектирањето, градбата, која се реализира истовремено со користењето на хидројаловиштата, но и во фаза на рекултивација во постексплоатациониот период, до полн израз доаѓа нивниот мултидисциплинарен карактер. Мултидисциплинарноста на хидројаловиштата упатува на фактот дека само со рамноправно учество на експерти по хидротехника, рударство, геотехника и животна средина, може да се добие ...
Заштедата на енергија и енергетската ефикасност во домаќинствата се важни за остварување на пониски трошоци за енергија и заштеди во домашниот буџет. Денес ова е важно повеќе од кога било поради енергетската криза, инфлацијата и недостатокот од енергенти. Домаќинствата учествуваат со 25 % во структурата на финалната потрошувачка на енергија во земјава, според податоците од 2019 година. Само сообраќајот е поголем потрошувач со 40 % удел во ...
Изграден минатата година според проектот на архитектите Соња Радовиќ Јеловац и Маја Дапчевиќ од бирото Studio Synthesis, резиденцијалниот комплекс „Заин Парк“ претставува нов модел на кондоминиум. Се наоѓа во Подгорица, во населбата Загорич, со површина од околу 5.000 квадратни метри организирани во четири станбени блокови на парцела од 10.520 квадратни метри, поставени околу централна зелена површина со различни содржини за боравок на ...
Работите на делницата на брзата пруга меѓу Нови Сад и Суботица, третата делница низ Србија во рамки на меѓународниот градежен проект на железницата Белград-Будимпешта, официјално започнаа во ноември минатата година и се одвиваат на повеќе локации долж траса на идната нова железничка сообраќајница. Во првата фаза се извршуваа оние работи кои не бараа прекин на железничкиот сообраќај меѓу Нови Сад и Суботица. Целосниот прекин на сообраќајот на ...
Лондонската полиција во понеделникот уапсила шест лица, откако активистите за заштита на животнта средина, во протестот по повод „Ноќта на вештерките“, испрскаа со потрокалова боја неколку важни објекти во британската престолнина. Станува збор за зградата на Министерството за внатрешни работи, седиштето на разузнавачката Агенција МИ5 и подружницата на американскиот медиусмски магнат Руперт Мардок, (News Corp). Од шестмината уапсени, четворица се ...
Оштетените стакла од автомобилите, досега во најдобар случај се користеа како изолационен материјал во други индустрии, но Audi има иновативен и амбициозен план. Оваа компанија планира од старо стакло да направи целосно ново, со што не само што се штедат материјали, туку и енергија и вода. Доколку едногодишниот пилот проект се покаже како успешен, Audi ќе ги вгради ваквите прозорци во моделите Audi Q4 e-tron. Според претставниците на овој ...
Највисоката зграда во Хрватска, облакодерот Dalmatia Tower висок 135 метри, добитник е на меѓународното признание на European Property Award во категоријата најдобро архитектонско решение за комерцијална висококатница. „Мило ми е што проектот беше признат од меѓународното жири. Сметам дека Dalmatia Tower значително придонесува за визуелниот идентитет на Сплит, а ваквите меѓународни признанија само придонесуваат за препознатливоста и квалитетот ...
После двегодошно интензивно планирање, во главниот град на Австрија во дистриктот Донаушат, започнаа работите на првиот пилот проект за кварт со „плус енергија“. Новиот кварт Campo Breitenlee, со енергетски концепт на иднината, ќе располага со 100% енергија од обновливи извори, 557 субвенционирани станови, 31 локал, градинка и амбуланта. Одржливиот проект Campo Breitenlee е иновативен пример за домување со висок квалитет. Квартот ќе се ...
По повод 55 години од основањето на Друштвото за патишта на Македонија, ќе се одржи Вториот Македонски конгрес за патишта 2022 на 3-ти и 4-ти ноември во Хотел Хилтон во Скопје. Свеченото отварање е утре, 3-ти ноември, со почеток во 9:30 часот, во присуство на официјални лица од државата и земјите од Европска Унија. На конгресот ќе присуствуваат над 450 учесници од 23 држави од Европа. Теми на конгресот се: Планирање и проектирање Управување, ...
Виена, градот на уметностите и сецесијата, ова лето и есен, имаше уникатна можност да биде домаќин на еден спектакуларен мултимедијален настан, под името The Immersive experience – KLIMT, со кој се одбележаа 160 години од раѓањето на еден од најмаркантните виенски ликови, Густав Климт. Големиот уметник на сецесиското движење на 20-тиот век беше претставен на еден сосема поинаков начин, низ возбудливи визуелни прошетки и мултисетилно сеопфатно ...
Енергетската криза предизвика најголеми шокови на пазарите на природен гас и електрична енергија, како и значајни превирања на пазарите на нафта и нафта, соопшти IEA. Пазарите на енергенти се и натаму исклучително ранливи на геополитичките ризици, а кризата е потсетник на неодржливоста на моменталниот глобален енергетски систем, предупредува IEA во годишниот извештај World Energy Outlook за 2022 година. Во анализата се споменува дека постојат ...
Објектот претставува комбинирана резиденција и канцеларија на GOSIZE, архитектот на проектот. Сместен во градот Нишиномија во прекрасен природен амбиент, избран како еден од стоте најдобри во Јапонија за набљудување на цветови од цреша, надворешноста на зградата има основа од природен камен наменет да се вклопи со околината. Настојувајќи да ја одрази препознатливата јапонска естетика која ги фаворизира природните материјали и наоѓа убавина во ...
„Локалните климатски влијанија во архитектурата” е насловена архитектонската изложба, која е отворена во паркот кај спомен костурницата во Неготино. Автор на изложбата е Кире Ставров. Сашко Тодоров, претседател на Здружението за заштита на природата, ,,Ековита”, повика на посетеност на изложбата, со оглед на, како што рече, големото влијание на климатските промени врз животот на луѓето. Тодоров информираше дека архитектонската изложба е дел од ...
Европските законодавци постигнаа договор за забрана на продажбата на нови автомобили и комби возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 гоидна. Договорот помеѓу претставниците на Европскиот парламент и Европскиот совет е постигнат во рамките на пакетот на Европската унија - Fit for 55 за намалување на нето емисија на стакленички гасосви за најмалку 55% до 2030 година. Новиот закон предвидува намалување на емисиите од 55% за новите ...
Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот крузер со неверојатна понуда на различни содржини за сечиј вкус. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. Дел од бродот е дизајниран многу урбан, како Централ Парк. Ќе има водопад висок 16 метри, барови, тобоган, кино, караоке и огромна тераса. Крузерот има истиснина 250.800 ...
Полска ја избра американската компанија Westinghouse за изградба на првата нуклеарна електрана во оваа земја, во склоп на настојувањата да се користи помалку јаглен и да се постигне поголема енергетска независност. Премиерот Mateusz Morawiecki објавил на Twitter дека Полска ќе користи “доверлива и безбедна технологија“ на компанијата Westinghouse Electric Company за електраната во покраината Померанија во близина на брегот на Балтичко море. ...
Саемот „Енергетика, градежништво и зелена економија“ во Тирана ќе с еодржи на 11-ти и 12-ти ноември 2022 година. Настанот е поддржан од Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија и ќе послуќи како широка комуникациска платформа помеѓу клучните чинители во споменатите сектори во регионот. Иднината, сигирноста и одржливоста во овие области се клучни за развојот на регионот. Затоа, саемот се фокусира на важни прашања како што се ...
Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го објави јавниот повик и повика за учество за доделување на “Голема годишна награда за 2022 година“. Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество. Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето ...
Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите лименките стануваат хит на овие простори и Пивара Скопје може да се пофали дека е пионер во популаризирањето на овој вид на пакување, кој веќе се смета за дел од популарната уметност на 20-ти и 21-ви век. Лименката остава повеќе простор и слобода за уметничко изразување од традиционалната стаклена амбалажа со етикета. Целиот радиус од 360 степени му е достапен на уметникот, отворајќи можност за ...