
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Во борбата против климатските промени, Европската комисија сака до 2030 година по европските пруги да сообраќаат двојно повеќе брзи возови. Планот е до 2050 година да бидат три пати повеќе, со цел да се намалат емисиите на CO2 во секторот сообраќај. Но, за постигнување на зацртаната цел, потребни се сериозни вложувања, велат европските оператори на железничкиот сообраќај. Според нивната проеценка, инфраструктирните инвесцтиции кои моментално се ...
Листата на најубавите градови во светот ја составиле архитекти врз основа на златниот пресек. Станува збор за математички термин кој често се користи во (историјата на) уметноста како композициски закон во кој помалиот дел кон поголемиот дел се однесува како поголемиот кон вкупниот во однос 1:1618. Венеција Златниот пресек станал идеал, особено за време на ренесансата кога уметниците и научниците се стремеле кон совршенство во композициите, па ...
Во Швајцарија на 77-годишна возраст почина Клод Руиз Пикасо, синот на шпанскиот уметник Пабло Пикасо и француската сликарка Франсоаз Жило. Синот на Пабло Пикасо и француската сликарка Франсоаз Жило, која исто така почина оваа година на 101-годишна возраст, управуваше со многу вредното наследство на својот татко од 1989 година. Клод беше фотограф и филмски режисер, а управувањето со наследството на неговиот татко и го предаде на својата помлада ...
Сите кои се трудат да ги одржат во живот своите цвеќиња во текот на топлите летни денови знаат колку е лесно да се одгледуваат оние видови кои се отпорни на високи температури. Погледнете ги петте најубави видови растенија кои добро ја поднесуваат топлината и лесно можат да се одгледуваат како собни или градинарски растенија. 1. Plumbago auriculata Видот „Plumbago auriculata“ расте многу брзо и цвета во текот на целото лето. Претпочита целосна ...
Zaha Hadid Architects (ZHA) го потпишува проект за кула наречена Daxia Tower, која се планира да биде изградена во срцето на Сијан, еден од најголемите градови во внатрешноста на Кина. Сијан, со население од околу девет милиони, е историски важен како древен главен град и порта на Патот на свилата, а значително порасна во последниве години благодарение на владината поддршка и присуството на реномирани универзитети и истражувачки институции. ...
Сао Паоло е метропола позната по својата динамичност и урбан ритам, а наскоро ќе има и нов симбол - Urupê кулата. Овој архитектонски бисер, планиран за еден од најбрзо растечките зелени квартови на градот, е резултат на имагинацијата и иновацијата на тимот на Victor Ortiz Architecture. Urupê кулата не е само уште една зграда во овој град. Тоа е повеќенаменски објект осмислен да обезбеди не само панорамски поглед на градот, туку и да демонстрира ...
Фотографот Мануел Алварез Диестро е автор на изложбата „Челичните пештери“ која е дел од четвртиот уметнички циклус организиран од музејот Агуас де Аликанте. Изложбата, отворена за јавноста од 8 јуни 2023 година, може да се посети до 15 септември. Преку делата, Мануел Алварез Диестро продолжува да ја истражува урбаната состојба и начините на живеење во градовите. Делото претставува чекор напред во неговата интензивна истражувачка траекторија ...
Според анализата на Светскиот институт за ресурси, една четвртина од светската популација во моментот се соочува со „екстремно висок проблем со водата“, секоја година, а се очекува до 2050 година да бидат погодени уште милијарда луѓе. Извештајот открива дека 25 земји, кои претставуваат 25% од глобалната популација, доживуваат исклучително висок стрес по однос на водата секоја година, а Бахреин, Кипар, Кувајт, Либан и Оман, се петте најзагрозени. ...
Архитектонското студио Б-сити Архитекти (B-city Аrchitecten), работеше на проектот за ревитализација на просторот на старата рафинерија за шеќер, која била во функција до 2005 година, трансформирајќи ја во комплекс за колективно домување, надополнета со комерцијални содржини и парковски површини. Конкретниот проектен зафат се наоѓа во Веурн, јужно од белгискиот град Бриж и францускиот град Данкерк. Сегашното име, Suikerpark што во превод ...
Општина Центар ја понесе титулата за Највело општината во Скопје и околината за 2023 – признание кое за првпат годинава го воведуваат Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак. Бодувањето на општините се изврши врз база на критериум (методологија) развиен во рамки на проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“. Притоа, беа земени ...
Украсувањето на детската соба може да има значително влијание врз развојот на децата. Со овие практични идеи поттикнете го развојот на вашите деца додека уживате во креативен и функционален ентериер. Интерактивни ѕидови: Закачете магнетни табли, црни табли или бели плочи со маркери на ѕидовите, каде што децата можат да цртаат, пишуваат и прават свои белешки. Тоа ја поттикнува креативноста и им овозможува да ги визуелизираат своите идеи. ...
Градот Осака во Јапонија веќе некое време напорно работи на организирање на Светската изложба 2025 година, меѓународен настан кој се очекува да привлече милиони посетители. Експо 2025 ќе трае од 13. април до 13. октомври 2025 година и е можност Јапонија по втор пат да се покаже како домаќин на изложбата, бидејќи во оваа земја изложба се одржала и во 1970 година. Низ историјата, уште од 1851 година, Светските изложби биле место каде што се ...
Примената на механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (Carbon Border Adjustement Mechanism – CBAM), ќе започне во 2026 година и претставува данок кој ќе се наплатува на електрилната енергија, алуминиумот, цементот, ѓубривото, железото и челикот кои се увезени во ЕУ од земјите во кои не постои ваков данок. Овој данок ќе има големо влијание на компаниите од споменатите сектори, во земјите надвор од ЕУ, вклучувајќи ги и оние од ...
Дека дизајнот на ентериери и гастрономијата се две креативни дисциплини покажува и проектот на Zabriskie за вториот ресторан на брендот Мајстор и Маргарита на нова адреса во Брлград. Станува збор за домашен бренд кој веќе е широко прифатен од љубителите на пица, но и од критичарите, кои ја вброија оваа пицерија во Топ 50 пицерии во Европа – и тоа трет пат по ред. Идејата за семејно дружење на архитектите им послужила како почетна точка за ...
Стадионот „Дубочица“ во Лесковац официјално е отвопрен во понеделникот со фудбалски натпревар меѓу клубови од домашната прва лига. Овој е еден од трите новоизградени стадиони во Србија, покрај стадионите во Лозница и Зајечар, а изграден е по високи стандарди, што според критериумите на УЕФА објектот е во категоријата „четири“. Изградбата започнала во јули 2021 година На местото на сегашниот стадион во Лесковац некогаш постоел Градскиот стадион ...
Вкупната поддршка од буџетот за истражување и развој во ЕУ во 2022 година, изнесувала 117.368 милиони евра, што е о,74% од БДП. Ова било зголемување од 5,4% во однос на издвоените средства во 2021 година. Доколку се направи споредба со 2012 година, тоа е зголемување за 49,2%, со оглед на издвоените 78.656 милиони евра десет години порано. Ова го покажуваат податоците од статистиката на GBARD (Government Budget Allocation for Research and ...
“Една исклучителна колаборација” е насловот на изложбата посветена на интензивната соработка и поддршка што ја доби работата на швајцарскиот архитект Ле Корбизје, благодарение на континуираниот восхит што Хајди Вебер го покажа кон неговиот професионален опус. Изложбата се отвори на 14 јули со почеток од 18:00 часот во куќата Ла Рош (La Roche) од страна на Фондацијата Ле Корбизје, а куратор е Хуан Калатрава заедно со Бернард Вебер, син на Хајди ...
После импресивните проекти како Daxia Tower и Wuhan Taikang Financial Centre, архитектонската компанија Zaha Hadid Architects (ZHA), повторно привлече внимание со својата работа во Кина, овој пат проектирајќи мост. Мостот Chengdu West First не е само обичен мост – тоа е вистинско архитектонско чудо кое комбинира естетика и функционалност. Се простира на должина од 295 метри и им овозможува на пешаците, велосипедистите и автомобилите да минуваат ...
Архитектонското студио Абало Алонсо архитекти (ААА – abalo alonso arquitectos) официјално го заврши проектот за реконструкција на две станбени единици, лоцирани во историскиот центар на Бетанцос, град во Ла Коруња, Шпанија. Рехабилитацијата на овој имот, од 19 век, во историскиот центар на Бетанцос е условена со нови програмски функции и аспекти, во пресрет на новите законски ажурира. Проектот е еден од 50-те финалисти на XVI BEAU награди ...
На аукцијата на „Кристи“ во Лондон, по рекордна цена од тринаесет и пол милиони евра, продадени се дела на Рембрант кои досега не биле видени во јавноста. Проценети се на најмалку шест милиони евра, па потомците на семејството кое ги поседувало решиле да ги понудат на продажба. Две слики од ренесансниот сликар Рембрант ван Ријн се портрети на блиски семејни пријатели на холандскиот сликар. Делата биле непознати за јавноста и повеќе од 200 години ...
Саудискиот инвеститор Red Sea Global неодамна објави снимки кои го прикажуваат напредокот на изградбата на луксузно одморалиште на Црвеното Море, каде што може да се види формирање на вили над водата, како и оние во внатрешноста на островот Шејбара, а кое е проектирано од борото Killa Design. Како дел од развојот наречен The Red Sea Project, кој вклучува изградба на 16 луксузни и хиперлуксузни хотели, марина и меѓународен аеродром, вилите над ...
Инвестициите во електрани од обновливи извори зема замав во Црна Гора. Но, не се сите воодушевени со поставувањето на ветерни и соларни електрани. Сточарите негодуваат поради заземањето на земјоделско земјиште за изградба на соларна електрана во Битинско поле. Уште една забелешка е и отсуството на законска регулатива. Имено, уште пред пет години се зборувало за изградба на соларна електрана во пљевљанскиот крај. Темата повторно е покрената овие ...
Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, јавно ќе ја прогласат Највело општината во Скопје и околината за 2023. На прес-конференција ќе бидат објавени победничките општини во неколку категории. За време на прес-конференцијата, на сите победници ќе им бидат доделени рачно изработени статуетки. Настанот ќе се одржи утре, 23 август во 9:30 часот на ...
Со создавање дополнителен простор преку осмислено проширување, стара семејна куќа е претворена во дом богат со уметнички детали, бои и текстури. Во центарот на Торонто се наоѓа Flow House, викторијанска куќа преуредена за пар уметници и нивните деца. Трансформацијата на оваа куќа стара 130 години вклучувала и создавање на дополнителен простор за живеење на задниот и првиот кат од куќата, подобрување на врските со надворешниот простор и ...
Научниците од Универзитетот Стенфорд, развиле нов вид боја која може да ги одржува домовите и другите згради поладни во текот на летото и потопли во текот на зимата, што значително ја намалува потрошувачката на енергија, трошоците и емисијата на стакленички гасови. Греењето и ладењето на просторот сочинува околу 13% од глобалната потрошувачка на енергија и околу 11% од емисиите на стакленички гасови. Според неодамна објавената студија во ...
Архитектонското биенале Metaverse Architecture Biennale (MAB) ќе се одржи од 21 до 24 септември 2023 година. Тематизиран како присуство на иднината, настанот ќе ги собере врвните креатори ширум светот за да го манифестираат значењето на архитектурата и дизајнот во преобликувањето на Web3 и Metaverse како моќни платформи за бизнис и култура. Инспириран од Венецианското биенале и изложба, МАВ прикажува виртуелни павилјони и светови создадени од ...
Кралската академија на уметностите во Лондон ова лето ќе претстави изложба за швајцарската архитектонска фирма Herzog & de Meuron. Студиото е основано во 1978 година од страна на Жак Херцог и Пјер де Меурон и има обликувано многу градови низ светот со повторното откривање на природата и архитектурата. Оваа изложба ќе се одржи од 14 август 2023 година до 15 октомври 2023 година и ќе биде прва во Лондон по речиси дваесет години. Изложбата ...
Климатските промени влијаат врз сите аспекти на животот. Последиците со кои се соочуваме, како топлотните бранови и пожари, ќе влијаат уште повеќе на времето и локациите кои ќе ги бираме за одмор, а со самото тоа и врз индустријата на туризмот. Се очекува се повеќе луѓе поради климатските промени ќе бираат пролет и есен за своите патувања, акко и дестинации со умерени температури. Климатските промени веројатно ќе ги мотивираат луѓето да патуваат ...
Изложбата насловена како „Отворена кутија“ ќе ги собере на едно место 60те проекти на берлинското архитектонско студио Зербрух Хатон (Sauerbruch Hutton). Оваа изложба моментално е лоцирана во центарот на градот Инсбрук, во северна Австрија и ќе трае од 7 јули до 21 октомври 2023 година. „Отворена кутија“ со себе нуди и апликација развиена токму за да го збогати искуството на посетителот. Оваа алатка овозможува да се осознае повеќе за студиото ...
Кој сака убав стан во добар дел на Берлин мора да биде богат. Еден портал нуди четворособен стан во населбата Шарлотенбург, 182 квадратни метри, наместен. Цената е 8.190 евра месечно, плус режиски трошоци. Вкупно тоа е повеќе од 50 евра за метар квадратен. Социјално прифатливото ниво на кирија во Германија е меѓу 6,5 и 7,5 евра за метар квадратен. Во Берлин тоа не важи ниту за „понудата на месецот“ – стан од 69 квадрати во источните предградија ...