Кога еднаш ќе заврши во животната средина, микропластиката не може да се разгради или да се отстрани. Така таа се акумулира во животните и рибите, па луѓето ја внесуваат во оргаизмот преку исхраната, истакнува Европската Комисија. Со забраната намерно додадената микропластика во производите, се решава еден сериозен проблем по животната средина и здравјето на луѓето, изјавил Европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Виргиниус ...

Meta Connect (поранешен Facebook) официјално ги претстави своите долго очекувани паметни очила Ray-Ban Meta од следната генерација. Оваа најнова итерација може да се пофали со низа импресивни подобрувања, меѓу кои: подобрен звук, ултраширока камера од 12MP, моќни перформанси, елегантен дизајн, подбрена удобност и контрола. Потполно новата платформа Qualcomm Snapdragon AR1 Gen1, им овозможува на овие очила висококвалитетна обработка на ...

Концептот на просторно однесување, се осврнува на начините како поединците ги регулираат и користат нивните просторни средини – на микро и на макрониво. Психологијата на животната средина заинтересирана за просторно однесување се фокусира на улогата на просторните својства на околината во обликувањето и регулирањето на социјалната интеракција во секојдневните активности, односно како физичките искуства во средината се трансформираат во социјален ...

Проектот „Nonspace“ на корејското биро On Architects Inc. претставува инспиративен концепт за регенерација на локално село во Јужна Кореја познато по својата богата традиција на одгледување ориз и цвеќиња. За место со сè постарo население, овој проект носи нова енергија и перспективи преку иновативниот меѓукултурен простор, наречен „Nonspace“, кој овозможува интеракција на различни култури. Проектот се раѓа таму каде што се спојуваат ширината ...

Индустриското осветлување се однесува на стилот и естетиката на осветлувањето инспирирано од околината и дизајнот карактеристичен за фабрики, магацини и индустриски простори. Овој стил на осветлување влече корени од 19 и 20 век, кога индустриските капацитети биле опремени со едноставни, робусни и функционални уреди за осветлување за да осветлуваат големи простори и да овозможат ефикасност во работата. Колекцијата Slims вклучува пет различни ...

За прв пат после цела деценија, во 2022 година забележан е раст на бројот на луѓе кои немаат пристап до електрична енергија, достигнувајќи 760 милиони. Двојниот удар кој го зададоа пандемијата и енергетската криза секако имаше свое влијание, а последиците се најизразени во подсахарска Африка, каде четворица од пет луѓе живеат без струја. Сепак, прелиминарните податоци од 2023 година, покажуваат дека оваа бројка може да падне на 745 милиони, ...

Азербејџан се обидува да ја врати контролата над Нагорно – Карабах, отцепена територија која со децении е под контрола на етничките Ерменци. Познавачите на состојбите во овој регион, укажуваат дека ситуацијата во Карабах би можела да ја промени геополитичката рамнотежа на Јужен Кавказ, каде се наоѓа Азербејџан како голем производител на енергија. Регионот е испресечен со нафтоводи и гасоводи, а во продолжение неколку факти кои ја опишуваат ...

Со речиси околу 600 присутни посетители, денес започна 20-от јубилеен симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија. Симпозиумот се одржува во Скопје на 60 годишнината од земјотресот под мотото “ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ – RESILENT STRUCTURES” и претставува веројатно досега најпосетениот симпозиум на ДГКМ. Говор за добредојде имаше Претседателот на ДГКМ Вон.Проф. д-р Дарко Наков кој кажа за историјата и постоењето на ДГКМ од 1976 ...

Кинеските научници и инженери го зваршиле тестирањето на уредот за производство на електрична енергија од топлинската енергија на океанот во Јужното кинеско море. Уредот со моќност од 20kW, кој во најголема мера е развиен од страна на Морскиот геолошки завод Гвангџу, под директна контрола на Кинескиот геолошки зваод, е вратен во Гвангџу после извршените тестирања. При тестирањата, уредот генерирал електрична енергија во времетраење од 4 часа и ...

Современиот дизајн на мебел оди подалеку од обични парчиња и влегува во светот на уметноста, истражувајќи иновативни форми, материјали и бои. Следејќи ги трендовите, можат да се откриејат нови начини на комбинирање на традиционалното и модерното, како да се декорира голем простор за живеење или да се искористи максимумот од помалку квадратни метри. Ова овозможува да се создадете средина која е и естетски пријатна и функционално ефикасна. ...

Ла Самбуи, град кој е позната скијачка дестинација во близина на Мон Блан, на француските Алпи, одлучил да ги демонтира своите жичарници бидејќи глобалното затоплување ја скратило сезоната за скијање на само неколку недели, што значи дека веќе не е исплатливо да се одржува таков центар. „Претходно сме имале снег практично од 1-ви декември до 30-ти март. Минатата зима, имевме снег само четири недели, но дури и тогаш тој не беше доволен за ...

Во светот има околу 400.000 луѓе кои се класифицирани како луѓе со ултра висока нето вредност – околу 0,005 отсто од вкупното светско население од осум милијарди, според новиот извештај. Извештајот на „Wealth-X 2023 World Ultra Wealth“ ја анализира глобалната популација на поединци со ултра висока нето вредност – луѓе со нето вредност поголема од 30 милиони долари. Во 2022 година, оваа група од 395.070 луѓе имала колективно богатство од повеќе ...

За разлика од Северна Македонија каде квалификациите на идните архитекти треба да бидат од високообразовна институција акредитирана од државата, во Велика Британија покрај акредитацијата од државата се бара и акредитација од Комората – Советот за регистрација на архитекти (Architect Registration Board). Во спротивно стекнатата универзитетска квалификација нема да се земе предвид за издавање овластување, т.е. регистрација во Велика Британија. Во ...

Иницијативата Chen Zuckerberg, која сопственикот на Metа ја покрена со сопругата, објавува дека ќе се впушти во истражувања во областа на медицината со помош ан вештачката интелигенција. Имено, тие планираат да изградат компјутерски систем базиран на вешталчка интелигенција (AI) за истражување на природните науки кои се бават со проучување на човековите клетки и болести. AI веќе неколку години се користи во доменот на природните науки. Меѓу ...

Во првите шест месеци оваа година, увозот на течен природен гас (ТПГ) во Европа го надмина увозот преку гасоводи. Ова го покажуваат податоците на Refinitiv Eikon. Притоа, увозот на ТПГ во Европа достигнал максимум во април 2023 година. САД имаат извезено повеќе ТПГ од било која друга земја во првата половина на 2023 година. Второто место на светската листа на извозници го зазема Австралија. Исто како и во 2022 година, земјите од ЕУ и велика ...

Утре, 28.09. во Национална Галерија – Чифте Амам во 20 часот ќе се отвори изложба на Миле Корубин. Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи ...

Со приближување на Олимписките и на Параолимписките игри во Париз во 2024 година, француската архитектонска фирма DREAM ги испитува и трага по можностите за спорт, релаксација, дружење и чиста околина во урбаните средини. И иако сме веќе прилично навлезени во 21 век, оваа потрага нè води до големиот француско-швајцарски архитект Корбизје (Charles Eduard Jeaneret- Le Corbiusier), кој делувал во 20 век. СОЗДАВА НОВА ВРЕДНОСТ СООДВЕТНА НА НОВОТО ...

Пентхаус на две нивоа во зградата Terraces во Белград на вода, е место со убав поглед и многу простор за удобна организација на станот. Проектот за ентериерот го потпишува белградското проектантското биро BAAL Design. Клучниот момент во развојот на проектот за ентериерот на пентхаусот, според архитектите била целосната слобода во креирањето што им ја дал клиентот. Секако, на ова претходело јасно дефинирање на насоката на проектот и договор за ...

Шведскиот производител на автомобили Volvo, ќе го запре производството на сите преостанати дизел модели од почетокот на 2024 година, додека оди кон целосна електрификација на својата понуда. Оввој бренд планира да стане целосно електричен до 2030 година. „За неколку месеци ќе биде произведен последниот Volvo автомобил со дизел мотор, со што Volvo Cars ќе биде еден од првите производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување кои го ...

„Во потрага по добар дизајн“ – Red Dot Design Award е еден од најголемите светски натпревари за дизајн. Red Dot Label стана меѓународно етаблиран натпревар и е еден од најбараните знаци за потврда на квалитетот на добриот дизајн. Со цел да се процени различноста во сферите на професионален начин, наградата за дизајн Red Dot се дели на три дисциплини: дизајн на продукт, дизајн на бренд и концептуален дизајн. Конкурсите за секоја од овие ...

АЛУКОНИГШТАЛ кој е уште еден од главните поддржувачи на овогодинешниот БИМАС, најави своја презентација наменета за архитекти. Генералната стратегија и фокусот на компанијата во светски рамки, ќе биде и главна тема на оваа презентација. Станува збор за проблематиката на прекумерните јаглеродни емисии и загадувањето, која беше спомената и во самите воведни излагања на отворањето на Биеналето. АЛУКОНИГШТАЛ како водечки производител на профили за ...

На пример од Словачка, откриваме како изгледа кога експерт за изградба на јавни простори ќе го преземе кормилото на европска престолнина. Во манир на дете кое обновува конструкција од лего коцки што му здосадила, Матуш Вало размислува за модел на уличниот пејзаж на Братислава во аголот на својата канцеларија. Внимателно поставува правоаголна плоча со големина на неговата дланка на дел од автопатот што минува низ словачкиот главен град од ...

Во Даут пашиниот амам ќе биде поставена самостојната изложба на академскиот уметник Симон Шемов. Свеченото отворање ќе се случи на 27 септември 2023 (среда), во 20 часот. На официјалниот протокол ќе има обраќање директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, потоа академик Влада Урошевиќ, македонски поет и лауреат на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година. Завршната реч ќе ја има историчарката на ...

Светската метеоролошка организација (WMO) дека околу 12.000 екстремни климатски настани пријавени во периодот од 1970 до 2021 година, предизвикале смрт кај повеќе од два милиони луѓе. Генералниот секретар на WMO, Petteri Taalas го споделил извештајот под името „Обединување во науката“ за климатските проемни и целите на одржливиот развој, на конференцијата за новинари во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева. Според извештајот, ...

Историски највредното летало на статичен дел на големото аеромитинг во Скопје со кој се одбележа јубилејот – 100 години Македонска авијација, а кој се одржа минатиот викенд на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, беше ЈУ-4109, едрилицата Илинденка. Откако никогаш во својата пензија (од 60-тите години на минатиот век) не излегла од депото на Музејот на југословенско воздухопловство во Белград, пред неколку недели е испорачана во Македонија, ...

Saizon е ресторан во Лос Анџелес кој ја истражува фасцинантната напнатост помеѓу спротивните елементи – постојаноста и флуидноста. Оваа напнатост се рефлектира во самиот дизајн, како симбол на вечните плими на океанот. Доминантните малтерисани столбови и греди кои потсетуваат на стара, истрошена бетонска инфраструктура внесуваат драматична мрежаста рамка во просторот. Паралелно, ѕидните плочки од бетонски облоги додаваат длабочина и текстура ...

Вчера во Музејот на современата уметност (МСУ) се отвори архитектонската изложба„Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“. Автори и куратори на изложбата се Јован Ивановски, Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу, Костас Циамбаос во соработка со истражувачкиот тим: Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и Христос – Георгиос Критикос. Изложбата во Скопје се случи по пет години откако за првпат беше претставена во музејот ...

Пред пет години, работата на амбициозниот проект на Jeddah Tower во Саудиска Арабија беше мистериозно прекината… Сметана за највисока зграда во светот, со над 1.000 метри височина, локацијата на овој развоен проект остана речиси целосно напуштена од 2017 година. Сепак, Jeddah Economic Company (JEC), конечно најави продолжување на работата на овој мегапроект, при што започна процесот на прифаќање на понуди од градежни компании. Вкупно 14 ...

Местото на Германија како лидер на европското антикунклеарно лоби, е дополнително зацврстено откако канцеларот Олаф Шолц уште еднаш го потврди ставот дека за нуклеарната енергија нема простор во енергетскиот микс на земјата, додека од друга страна Италија има намера да ја забра својата интеграција на нуклеарната енергија со цел да ги намали трошоците и да ја спаси економијата. Генерално, за некои земји оваа технологија е вистинскиот избор, ...

Шест малди луѓе се подготвуваат да се појават пред Европскиот суд за човекови права, со цел поради загрозување на човековите права да принудат 32 европски земји забрзано да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Тоа ќе биде досега најголема тужба во врска со климатските промени во светот. Шестмината тужители од Португалија на возраст од 11 до 24 години, изјавиле дека биле поттикнати на овој чекор од шумските пожари кои ја зафатија ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52