
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Од 2008 година, градовите се кандидираат за титулата „Зелена престолнина на Европа“, што е награда за оние градови со над 100.000 жители, додека „Европскиот зелен лист“ се доделува на најдоброто урбано подрачје во категоријата од 20.000 до 100.000 жители. Во Талин, Естонија, неодамна главниот град на Литванија, Вилнус е прогласен за „Зелена престолнина на Европа“ за 2025 година, а Виладеканс (Шпанија) и Тревизо (Италија) ја освоија титулата ...
High Land Park Civic Center е проект за реновирање на стара зграда. Проектот се наоѓа во Gaojing Town, округот Baoshan, Шангај, на основа на напуштена железничка товарна станица, во непосредна близина на Beiyang Railway Branch Line, железничка линија што минува низ центарот на Шангај. Локацијата е пресечена со вкрстување на патен сообраќај, создавајќи занемарен, напуштен простор во урбаното ткиво. Архитектите прво ја затвориле старата зграда. ...
Ова иконично парче мебел за прв пат е произведено од Чарлс и Реј Имс како „Eames Shell Chair’ “ во 1950 година. Веднаш по производството, погонот Eames го посетил нивниот пријател, уметник и архитект, Сол Стајнберг. Стајнберг, во својот сликарски занес (документирано е дека тој неконтролирано сликал по канцеларијата на Имс со четка за време на посетата), нацртал мачка што спие на столот Shell, која Имс ја препознале како совршена композиција и ...
Dogger Bank, најголемата ветерна електрана на море, која сеуште е во изградба, започна со производство и испорака на електрична енергија кон националната мрежа на Велика Британија. Освен оваа титула, проектот може да се пофали и со неколку технолошки достигнувања кои по прв пат се применети. Ветерниот парк Dogger Bank со моќност од 3600 MW (вкупно 277 турбини), се гради во водите на Велика Британија, 130 километри од брегот на Јоркшир во ...
Што можат да очекуваат учесниците кога на 30. октомври, ќе започне со работа платформата „Ark it Easy“, откриваме преку разговор со еден од основачите на школата. Интервјуто е превземено од порталот Gradnja.rs. Неодамна започнатата, прва онлајн школа на Revit „Ark it Easy“ е основана од Миљан и Радмила Анѓелковиќ, двајца архитекти со долгогодишно меѓународно искуство, со желба да пренесат не само техничко знаење за Autodesk Revit, туку и ...
Иранското архитектонско биро Olgoo ја заврши подземната куќа за одмор во близина на Техеран, со зелен кров што се спојува со околниот пејзаж. Наречена The Inside Home, резиденцијата во близина на селото Ammameh е проектирана како одговор на брзиот развој во областа, каде што многу од нејзините зелени површини се заменети со градби. Архитектите го поставиле објектот на косата локација и го организирале околу централен двор за да „испрати ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархељи, на состанокот на иницијативата Берлински процес, одржан во Тирана, изјавил дека ЕУ е подготвена во партнерство со Црна Гора да го гради терминалот за течен природен гас (ТПГ) во пристаништето Бар. Притоа, црногорскиот премиер Абазовиќ потсетил дека владата веќе има потпишано меморандум со американски инвеститори во врска со изградбата на овој терминал. Меморандумот претставува израз на ...
Енергијата од ветерот би требало да стане најважниот извор на „зелена“ енергија, да ги замени фосилните горива, а со крајна цел намалување на цената на електричната енергија. Но, стручњаците предупредуваат дека постои голем јаз помеѓу целите и реалноста. Електричната енергија добиена од ветерот е попотребна од било кога, но во исто време многу офшор постројки не се исплатливи. Ветерниот парк на компанијата Vatenfall во Северното море е ...
Од денес, 12 октомври 2023, со почеток во 20 часот, па се до 29 октомври 2023 во просториите на Мултимедијалниот центар Мала станица за љубителите на постмодерната уметност ќе биде претставен проект – инсталација во простор на уметничката група Колектив ЗЕРО. Од протозеро друштвото на почетокот на 80тите произлезе “Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност), кое е формирано во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска ...
Balkan Architectural Biennale – BAB, BACK TO THE ROOTS Балканското архитектонско биенале (BAB 23) претставува отворена платформа за промовирање и унапредување на урбаната, архитектонската и дизајнерската теорија и практика меѓу балканските земји кои инкорпорираат регионално и глобално влијание. Темата BACK TO THE ROOTS е насловот на 6-то Балканско архитектонско биенале (BAB 23), кое ќе се одржи од 21-28 ноември 2023 година во Белград во ...
Во периодот на обновата на постземјотресно Скопје Заводот за станбено – комунално стопанисување на главниот град преку брошури издадени во 1968 година ги архивирал и презентирал пред јавноста, големите тековни архитектонско урбанистички интервенции. По поводот денешниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот, ги презентираме станбените згради во населбата „11 Октомври“, која го носи името во чест ...
Денес е 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Паркот на револуцијата се наоѓа на јужната периферија на Прилеп и е хортикултурно уреден со висока борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ, Прилеп во 1961 година го подига монументалниот споменит „Могилата на ...
Бетон или челик? Не, дрвото е вистински материјал! Зошто? Ем е природен материјал, ем е обновлив, ем може да трае стотици, извинете…илјадници години! Имено, истражувачите од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетот Aberystwyth неодамна открија докази за најраните дрвени конструкции изградени од луѓе, и тоа пред дури 476.000 години. Овој артефакт е ископан на археолошки локалитет во близина на водопадите Каламбо во Замбија. Експертската ...
Романската Национална комисија за контрола на нуклеарните активности, после сеопфатна проценка, издала официјално писмо за одобрување во август 2023, во врска со изградбата на нуклеарна електрана во оваа земја. Ова одобрение претставува клучна пресвртница во проектот за изградба на мали нуклеарни реактори (SMR), кој ќе ја олесни имплементацијата на сите фази на електраната NuScale во Романија. Реакторот NuScale Power Module на кого се базирани ...
Денес во 12.00 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ ќе биде отворена изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци. Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот. Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на ...
Судејќи според бројот на посетители на предавањето на Алехандро Аравена, може да се заклучи дека архитектурата е повторно во мода. На 5 октомври 2023 година, Нови Сад беше епицентарот на архитектурата! Познатиот чилеански архитект, добитник на Прицкеровата награда, Алехандро Аравена одржа предавање пред речиси две илјади луѓе… и тоа на отворено. Нови Сад моментално нема капацитет да прими толку голем број луѓе во затворен простор, па беше ...
Во Скопје со децении се гради на секој чекор, никнуваат згради во секоја населба, во секое маало, но цената на квадратот не само што не мирува, туку постојано расте, пишува 24инфо.мк. Тие направиле истражување во која скопска општина можете да дојдете до најевтин стан. Тоа, секако се населбите по периферијата, велат од 24инфо.мк, како на пример Хиподром каде за еден метар квадратен во стан во постара зграда ќе треба да платите 900 евра, а толку ...
Во светот на архитектурата, каде постојано се тежи кон иновации и оригинални креации, Zaha Hadid Architects (ZHA) ги претстави плановите за новиот културен дистрикт во Кина, кој ветува дека ќе биде вистинско архитектонско чудо. Оваа реномирана компанија победи на меѓународниот конкурс за овој центар. Проектот е сместен на јужниот врв на островот Хаинан, во најјужната провинција на Кина, на брегот на заливот Sanya, и се простира на импресивни ...
Поради тужба за клевета поднесена против Бенкси, идентитетот на уличниот уметник би можел да биде разоткриен. Британскиот уметник со години успешно се крие и со тоа дополнително ја заинтригира светската јавност. Иако постојат бројни теории за идентитетот на енигматичниот уметник кој создава неверојатни графити и наводно сме го слушнале неговиот „вистински глас“, цврст доказ за тоа кој е Бенкси досега не беше достапен. Бидејќи идентитетот на ...
Германската влада го одобри повторното пуштање во погон на неколку термоелектрани на јаглен, со цел да спречи недостаток на еелектрична енергија во текот на оваа зима, поради намалениот увоз на природен гас од Русија. Овие постројки ќе бидат во погон до март следната година. Недостатокот од природен гас ја принуди Германија и во текот на минатаат зима да активира некои од своите термоелектрани на јаглен. Минатата година беше донесена одлука да ...
Италијанската модна куќа Prada и тексашкиот стартап Axiom Space, ќе соработуваат на дизајнот на вселенските одела на NASA за лунарната мисија Artemis III, планирана за 2025 година. Ова го објавија компаниите во заедничко соопштение до јавноста. Соработката е планирана од самиот процес на почетен дизајн, преку изборот на материјали и финалната изработка на оделата за астронаутите. Axiom има потпишано договор со американската вселенска агенција ...
Глобалната температура во септември забележа рекорден скок и тоа со огромна разлика во однос на претходниот најтопол септември, поради што научниците го опишале порастот како „апсолутно ненормален“. Најтоплиот септември доаѓа после најтоплите август и јули, кој исто така ја понесе титулата „најтопол месец од кога се бележат температурите“. Високите температури доведоа до екстремни топлински бранови и пожари ширум светот. Овогодишниот септември ...
Австриската јавна железничка компанија OBB ја претстави последната генерација ноќни возови во европа во време кога овој побавен, но еколошки прифатлив начин на превоз, почнува да се враќа на голема врата. Новите ноќни возови се претставуваат во Виена, по повод одбележувањето на 100 годишнината од австриската компанија. Патниците во возовите, кои би требало да бидат пуштени во сообраќај на 10-ти декември на линиите Виена – Хамбург и Инсбрук – ...
По националниот повик за архитектонско решение, Адидас го избра тимот на LEVER Architecture, Studio O+A и GGN за да го реализира големото проширување на нивното седиште во Портланд, Орегон, Северна Америка. (Adidas North American Headquarters, Portland, OR). Една од главниите насоки за проектантскиот тим било задоволување на LEED Gold (Leadership in Energy and Environmental Design) стандард, насока која треба да се инкорпорира во ...
Холандската компанија TouchWind, развива концепт на ветерна турбина која наместо три лопатки сместени околу средиштето на роторот, има само едноделен ротор. Исто како и авионскиот пропелер со два крака, тој се врти околу централна оска, а иноваторот вели дека ваквата ветерна турбина е поцврста, подоверлива и може да поднесе многу посилни ветрови отколку класичните изведби. Touchwind Mono е името на овој концепт, осмислен примарно за генерирање ...
Американската влада ја изрече првата казна на една компанија поради вселенски отпад. Федералната комисија за комуникации (FCC) ја казни компанијата Dish Network со 150.000 американски долари, бидејќи не се погрижила соодветно за стариот сателит кој веќе не е во функција. Станува збор за сателитот EchoStar-7, за кој компанијата ја признала одговорноста. Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и опрема кои и покрај тоа што ...
На овогодинешниот јубилеен и 20-ти по ред Меѓународен Симпозиум организиран од Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје се стекна со значајно признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година. Признанието е доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери ...
Памтните броила се важен дел од модерните електроенергетски системи, бидејќи нудат бројни предности како ослеснување на заштедата на енергија, спречуваат кражба, далечинско исклучување и повторно активирање на напојувањето, и сл. Но, за жал постои голем диспаритет помеѓу источна и западна Европа кога станува збор за примената на паметните броила. Западниот дел на ЕУ достигнува примена на паметни броила од над 90%, додека земјите од централна и ...
Американскиот индустриско – технолошки конгломерат Honeywell, најави соработка со компанијата ESS Tech Inc., на развој на нов систем за складирање на енергија. ESS Tech е специјализиран за системи за складирање на енергија и има патентирано решение за проточни батерии на база на железо (IFB), a Honeywell во ова партнерство ќе ја вклучи екпертизата која ја има во областа на енергетските системи и напредни материјали. Проточните батерии складираат ...
Силата и флексибилноста се две спротивности кои треба да бидат добро избалансирани во челикот. Но, американските инженери неодамна развиле нов третман кој може да се примени на челичните легури за во исто време да ги направи поцврсти и поеластични, што би резултирало со широк опсег на употреба во енергетиката и воздухопловството. Овие две својства обично се спротивставени едни со други, што доведува до создавање компромиси што треба да се ...