
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



На 27.10.2023 во хотелот Александар Палас се одржа Autodesk BIM (Building Information Modeling) Brunch – деловен networking настан во организација на Smart Solutions Macedonia како единствен и официјален авторизиран партнер на Autodesk во Македонија и TD SYNNEX Autodesk VAD Adriatic - регионален дистрибутер на Autodesk. Во одбран круг професионалци од областа на градежништвото и архитектурата се собраа триесеттина компании претставени на ...
Архитектонското студио PPAA беше задолжено за изведба на привремен павилјон на крајбрежјето на плажата Пунта Мита, рибарски и туристички град сместен на мал полуостров во заливот Бандерас, кој се наоѓа на брегот на Тихиот Океан во Мексико. Павилјонот создава перцепција на престој во една од луксузните куќи во околината, што ги повикува посетителите да истражат нејзината внатрешност. Бондручната конструкција се издига вертикално сред песочната ...
Најголемиот соларен парк во Романија, и во југоисточна Европа, кој се простира на околу 170 хектари, отворен е во местото Ратештиј, во јужниот округ Аргеш. Според студиите кои се работени, Романија проценува дека до 2030 година ќе има околу 45.000 вработени во соларната индустрија. Поинтензивниот развој на овој сектор ќе придонесе за достигнување на климатските цели на змејата до 2030 година. Изградбата на овој соларен парк започнала во 2022 ...
Ниту една земја од Западен Балкан, сеуште не ги усвоила прописите за формирање и работа на енергетските задруги (заедници), како најразвиен облик на граѓанско учество во децентрализацијата, демократизацијата и демонополизацијата во енергетската транзиција. Ова е констатирано на втората регионална конференција „Енергетски задруги на граѓани/заедници за обновлива енергија“ одржана во Сараево. На конференцијата посветена на граѓанската енергија, ...
Од 1. јануари 2028 година сите проекти во Србија ќе треба да се проектираат со БИМ технологија, најави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. На отворањето на конференцијата „БИМ и инфраструктурата“ во Стопанската комора на Србија (ПКС), на која преку примери од пракса е претставена примената на БИМ технологиите во инфраструктурните проекти, министерот изјави дека една од причините зошто е даден одложен рок за ...
Германскиот производител на автомобили Sono Motors дефинитивно е пред банкрот, додека откази добиваат и последните вработени. Компанијата со седиште во Минхен уште во мај поднесе барање за стечај, но оттогаш не можат да најдат инвеститор, а им остануваат само уште неколку дена на тој начин да избегнат банкрот. Но, бидејќи има мали шанси за такво нешто, веројатно е дека договорите со преостанатите вработени ќе бидат раскинати. Според ...
Европската комисија и Fundació Mies van der Rohe ги објавуви номинираните објекти за наградата на Европската унија за современа архитектура за 2024 година / Mies van der Rohe Awards (EUmies Awards). Вкупно 362 значајни дела реализирани во 38 различни европски земји. Жирито од овие проекти ќе избере 40 дела, а потоа ќе ги посети финалистите, ќе ги интервјуира архитектите, нивните тимови, клиентите и оние луѓе на кои објектите имаат реперкусии. ...
Сеул ќе добие необичен облакодер за чиј дизајн е заслужно архитектонското студио ODA. Според најавите, станарите ќе имааат своја зелена оаза и свеж воздух, бидејќи на средина на градбата е предвиден отворен простор полн со зеленило. Наречен, Terrarium Cheong-Dam, овој облакодер ќе биде висок 200 метри. Во подножјето ќе мултифункционален простор составен од два ката отворени за јавноста, со парк во кој ќе се најдат водена површина, скулптури, ...
Новиот центар за изведбени уметности на Универзитетот Браун, Линдеман, проект на архитектонското студио REX, а основан од Џошуа Рамус, штотуку се отвори за јавноста, во склоп на кампусот на Универзитетот Браун, во Род Ајленд. Лоциран е помеѓу матичниот кампус на Браун и колеџот Пемброк, женски колеџ кој се спојува со примарниот кампус во 1971 година. Линдеман претставува полн кубус со индустриска естетика. Мистериозниот волумен е речиси ...
Град Загреб планира до април да засади 8.000 стебла, што според градските власти е четири пати повеќе во однос на претходните десет години. Садењето на дрвјата нема да биде само еднократна акција, туку според градоначалникот Томислав Томашевиќ, во иднина градските претпријатија надлежни во оваа област секоја година ќе садат по 8.000 нови стебла. Вкупната вредност на оваа акција е 3,7 милиони евра. Акцијата е неодамна веќе започната во сите 17 ...
Во Музејот на современа уметност на Војводина во Нови Сад, во петокот на 3. ноември се одржа промоција на книгата SHAPING REVOLUTIONARY MEMORY: The Production of Monuments in Socialist Yugoslavia, издадена оваа година од издавачите Igor Zabel Association for Culture and Theory Теорија од Љубљана и Archive Books од Берлин. Промоцијата се одржа како дел од националната научна конференција со меѓународно учество насловена Споменична скулптура ...
Основањето на аеродромот во Јордан датира од 1983 година, откако цивилниот аеродром Аман во Марка беше главниот аеродром во јорданската престолнина со децении. Името го добил во спомен на Алија Ал Хусеин, поранешната кралица на Јордан и третата сопруга на покојниот крал Хусеин, која загиналa во авионска несреќа во близина на сегашниот аеродром. Кралица Алија Ал Хусеин Овој аеродром е воздушна порта кон Јордан, седиштето и центарот на ...
Со тема „Човекот и неговиот свет“, светската изложба Експо 67 е одржана од 28. април до 27. октомври 1967. година во канадскиот град Монтреал, а меѓу 62-те земји учеснички беше и Социјалистичка Федеративна Република Југославија со свој павилјон, кој е несомнено единствена реликвија во историјата на архитектурата во овој регион. Како млада држава, социјалистичка Југославија имала намера нејзиниот архитектонски придонес за овој историски настан да ...
На 19.10.2023 во Манчестер се одржа свечената церемонија за доделување на годишната Стирлингова награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти за 2023 година. На истата Џон Морден Центарот во Блекхит, Лондон, од Мае за Морден колеџот беше прогласен за 27-миот добитник на оваа награда со која се одбележува најдобриот нов објект во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. ИСТАКНАТ ВО КОНКУРЕЦИЈА НА ШЕСТ ...
Претпријатието Autoceste FBiH објавило тендер со кој се бара компанија за подготовка на студија з апотенцијалот кој ова државно претпријатие го има во однос на изградбата на фотонапонски централи на коридорот Vc. Студијата би требало да содржи предлог ан фотонапонски технологии кои би можеле да се искористат, проценка на потребните инвестиции, ккао и економска анализа на исплатливоста. Коридорот Vc ги поврзува Унгарија, Хрватска и БиХ на ...
Приватната американска компанија SpaceX и Европската вселенска агенција (ESA), потпишаа договор за две лансирања следната година, со по два сателита Galileo. Конечен збор ќе имаат Евроспката комисија и земјите членки, кои ќе треба да го одобрат овој договор. Благодарение на финансиската рамка од 13,202 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година, Европската вселенска агенција ќе обезбеди развој на главните вселенски програми. Со тоа, ЕУ ќе ...
Денес во Стопанската комора на Македонија Здружението на енергетичари на Mакедонија – ЗЕМАК организира панел дискусија на тема: „Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“. Покрај панелистите проф. д-р Вангел Фуштиќ; м-р Виктор Андонов, дипл.ел.инж; д-р Александар Дединец и д-р Ристо Јаневски дипл.ел.инж, учество ќе земат и поголем број на членови на Здружението на инженери на Македонија од сите градови, кои низ прашања и ...
На десет минути возење од центарот на Сараево, хотелот Pino Nature се наоѓа на падините на планината Требевиќ на 1.070 метри надморска височина. Изграден во 2015 година на урнатините на омиленото сараевско место за излет Први шумар, овој објект е проект на архитектонското биро Студио Зец, односно на главниот архитект Амир Вук со соработниците Санела Белко, Дарио Бојаниќ и Белма Јусуфовиќ. Одговорно градење на планина Композициски, хотелот ...
Лени Кравиц го претстави новото видео за песната „TK421“, кое е снимено во неговата вила – „Вила Рокси“ во 16-тиот париски арондисман. Вкупната површина на вилата е 1500 квадратни метри, а патем го добила името во чест на неговата мајка – Рокси Рокер. Музичарот ја купил вилата на почетокот на 2000-тите, но според него, во Париз се вљубил уште порано. Ентериерот го направил по сопствена желба и го опишал како мешавина од „Мајлс Дејвис, Ив Сен ...
Во потрага по решенија кои ќе ги унапредат термоизолационите својства на PVC прозорците, истражувачите од Skoltech, се посветиле на проучувањето на алтернативните материјали кои би можеле да ги заменат металните конструкции кои во моментот се користат за стабилност на ваквите прозорски рамки. Металот, иако ја обезбедува потребната механичка стабилност, има висока топлинска проводливост, со што се влошува вкупната енергетска ефикасност на ...
Компанијата X (претходно Twitter) во сопственост на милијардерот Илон Маск, проценета е на 19 милијарди долари врз основа на вредноста на акциите кои се доделуваат на вработените. Како што истакнуваат два извори кои се добро запознаени со овие прашања, компанијата им обезбедува на своите вработени надомест во вид на права на акции со ограничени контролни парва. Цената на една акција е 45 долари. Маск пред една година ја презеде компанијата за 44 ...
Врз основа на член 15 став 2 од Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, а во врска со член 5 од Ценовникот за висината за минималниот надоместок на услугите на архитектите и инженерите, Комората оформи Комисија за контрола на спроведување на Ценовникот. На сајтот на КОАИ може да се види Упатството за работа на Комисијата. Комисијата има надлежности, права и обврски да утврдува повреди, непочитување и ...
Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) на 27. и 28. октомври 2023 година, во Скопје во просториите на Комората беше реализирана дводневна обука за практична примена на Ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во областa на високоградбата. Првиот ден на 27 октомври 2023 година беше реализирана обука, презентација и дискусија за ...
Во организација Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, а во соработка со министерство за транспорт и врски на РСМ и Јавното претпријатие за државни патишта, на 2. и 3. ноември 2023 година, се организира „ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА, ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“. На Конференцијата активно учество ќе земат и истакнати претставници на ...
Познат по низата проекти што ги поместуваат границите, јапонскиот архитект Junya Ishigami зборува за неговиот необичен пристап на проектирање објекти во интервју за Dezeen. Надреалните дела на Ishigami често ги доведуваат во прашање основните идеи за тоа што е зграда – како што е неговата подземна куќа и ресторан покриен со кал во Убе. Неговите други проекти вклучуваат огромен, кос плоштад покриен со кариран кров за Технолошкиот институт во ...
На 28 и 29 септември, 2023 година се одржа јубилејниот 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), во хотел DoubleTree by Hilton во Скопје. СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ На свеченото отворање на настанот се одбележа јубилејниот 20. Симпозиум, но и 60-годишнината од Скопскиот земјотрес и 74 години од основањето на Градежен факултет Скопје при УКИМ. Во таа чест, настанот започна со 3Д мапинг шоу, посветено на ...
Познатата фабрика на Renault во Клеон, ја обликува автомобислката индустрија уште откако е пуштена во работа во 1958 година. Освен тоа, неодамна ја надмина бројката од 100 милиони произведени мотори и менувачи, и така оствари импресивна цел. Оваа фабрика е на глас како иновативна и стручна а истите епитети се припишуваат и на низата мотори кои овде се произведени уште од 1958 година. Еден од најпознатите производи е единствениот Cléon fonte, ...
Друштвото на термичари на Србија, ја организира Меѓународната конференција „Електрани“ во периодот од 8-ми до 10-ти ноември 2023 година, во хотелот „Палисад“ на Златибор. На конференцијата ќе бидат обработени и теми поврзани со предизвиците во продолжувањето на животниот век на различните електрани како и животната средина и климатските аспекти на работата на електраните. Предвидена е за собирање на креаторите на политики, менаџери на енергетски ...
Денес се отвара „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ во Национална Галерија објект Мала станица со почеток во 20 часот. “Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ. „Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, ...
Мексиканското архитектонско биро César Béjar Studio вметнало минималистичка розова куќа помеѓу две згради во Culiacán, Мексико, притоа внесувајќи светлина во нејзиниот центар преку атриуми и празнини. Завршена во 2020 година, Casa en Tres Rios е целосно покриена со розово-црвена нијанса, давајќи ѝ на зградата сосема поинаков изглед од нејзините бели и дрвени соседи од двете страни. „Со желба да биде наједноставното домаќинство во соседството, ...