
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Минатата недела Индонезија го реализираше својот прв комерцијален лет со млазно гориво помешано со палмино масло, со што е добиено одржливо авионско гориво, наводно со пониски емисии. Ова гориво го произведува индонезиската енергетска компанија „Петрамина“, користејќи ја технологијата на хидропроцесирани естери и масни киселини. Индонезија е водечки светски производител на палмино масло. Летот е реализиран со авион од типот Boeing 737-800NG, на ...
Лоциран во паркот Ла Фонтен во Монтреал, еден од најважните зелени површини во градот, Theatre de Verdure повторно ги отвори вратите за посетители, со смело реновирање и врвна сценска инфраструктура како резултат на проектот на архитектонското биро Lemay. Првично отворен во 1956 година, овој павилјон е добро познат културен и уметнички центар, кој беше домаќин на илјадници бесплатни претстави во текот на годините, почнувајќи од танц и музика ...
Нафтоводот Александрополис – Бургас, би можел да биде готов во 2028 година, и да продолжи кон север. Планот е помеѓу Грција и Бугарија да се создаде проектна компанија за изградба и експлоатација, истражувајќи ја и можноста за комбинирање на овој цевовод со цевоводи за транспорт на нафтени деривати од Бугарија кон Романија на север. Во тек е финализирање на техничката документација. Првично планираната траса ќе претрпи измени поради заштитените ...
23. издание на Фестивалот Дани Ориса, меѓународен архитектонски симпозиум, ќе се одржи на 3. и 4. ноември 2023 година (петок во 13:00 часот и сабота во 10:00 часот) во концертната сала Ватрослав Лисински во Загреб. ПРЕДАВАЧИ: Миа Рот Черина & Тончи Черина, Хрватска Работат заедно од 1999. година, учествувајќи на јавни архитектонски конкурси каде што освоиле бројни награди. Во 2008. година, номинирани се за наградата „Виктор Ковачиќ“, а ја ...
Познатото архитектонско биро MVRDV го изработи проектот за реновирање на бруталистичката знаменитост во Тирана, која служеше како музеј посветен на Енвер Хоџа, а подоцна беше запоставена и стоеше како дух на архитектурата на едно минато време, ишаран со графити. По не толку славното минато, пирамидата во Тирана конечно доживеа трансформација за пофалба, која, покрај локалното население, привлекува и бројни туристи. Архитектите од MVRDV го ...
Тимот на Duatis Arquitectes и институциите на Градскиот совет на Барселона и Регионална Барселона предложија посебен урбанистички план за регулирање на објекти за туристичко сместување, младински хостели, заеднички домови и колективни резиденции за привремено сместување во Барселона (PEUAT). PEUAT има три цели; ублажување на туристичкиот притисок во одредени области на градот, барање рамнотежа и урбана различност преку гарантирање одржливо ...
Минатиот месец „НОМАГАС“ и DESFA потпишаа договор за надзор на изградбата на првиот гасен интерконектор помеѓу Македонија и Грција, а финансирањето на надзорот и административна поддршка во реализацијата на проектот е обезбедена преку WBIF програмата, со потпишан договор за инвестициски грант од ЕИБ во износ од 2,5 милиони евра. Планирано е интерконекторот за природен гас да биде долг 123 километри, поврзувајќи ги двата национални системи. ...
Количините на градежен отпад во земјава и во регионот се во постојан пораст, имајќи ја во предвид експанзијата на градежните активности. За жал мал дел од тој отпад се реупотребува или се рециклира иако потенцијалот за повторна употреба е огромен, односно се проценува на околу 70%. Но, сега значителен дел завршува на илегални депонии. Стручњаците истакнуваат дека во производството на градежни материјали примарната суровина во просек со минимум ...
Во Белград се отворени првите Денови на Ермитаж во Србија, меѓународен културен проект на еден од најголемите светски музеи. Програмата вклучува изложби, концерти, предавања, филмски проекции, мастер курсеви и археолошка конференција. Партнери на манифестацијата се Министерството за култура на Република Србија и компанијата Гаспром њефт. Свеченото отворање на Деновите на Ермитаж се одржа на 24. октомври во Народниот музеј на Србија, кој е ...
На 29.9.2023 г., во ноќта на полната месечина, се спушти завесата на по многу нешта најнеобичното Биенале на македонската архитектура БИМАС 2023. Местото на свеченото затворање, тремот на МСУ не беше и местото на главната манифестација, таа се одржа во Националната галерија – Мала станица во Скопје. ААМ како бездомник талкаше од една галерија во друга, во својот дом – Музејот на град Скопје беше непожелна. Но, како се менуваат времињата се ...
Институтот за урбанистичко планирање MX (TUMX) беше задолжен за планирање на Паркот Ел Дике, лоциран под автопатот Сиерво де ла Насион, една од северните оски на метрополитенското поврзување во Мексико Сити. Предизвикот да се претвори неместото во место. Во областа се наоѓа еден од најважните автопати во земјава, мрежа која служи за поврзување на точки, но која под неа генерира одвојување на територии, што ќе предизвика недостаток на јавни ...
Сместено во поранешен индустриски простор, поткровјето Bed-Stuy Loft во њујоркшки Бруклин претставува трансформативното внатрешно реновирање со воздржан дизајн кој вклучува недовршени груби материјали и блокови боја во станот со отворена основа. Новите архитектонски елементи, дело на бирото New Affiliates, вклучуваат изложен челик, сирова иверица и проширени мрежести површини, кои ги прикриваат и откриваат областите ширум домот, создавајќи низа ...
Архитектонското студио A. Lerman Architects го спроведе проектот за изградба на парк посветен на промовирање на еколошката свест на периферијата на Беер Шева, најголемиот град во пустината Негев во јужен Израел. Различни локални и меѓународни експерти соработуваа на опфатот за уредување на отворени простори кои реплицираат различни природни елементи кои го прикажуваат разновидниот див свет во регионот. Архитектонското студио на чело со Асаф ...
На 16-ти ноември во Љубљана, Енергетската заедница организира конференција за зајакнување на вложувањата во обновливи извори на енергија. Целта на настанот е да ја поттикне соработката помеѓу претставниците на државите и потенцијалните инвеститори кои сакаат да ја анализираат можноста за настап во овој сектор. Договорните страни на Енергетската заедница воспоставуваат законски и регулаторни рамки со цел да ги забрзаат овие инвестиции. Овој ...
Недостатокот на акции кои се однесуваат на климатските промени, ќе доведе до тоа цените на јаглеродот (емисиите на јаглерод) до 2027 година во ЕУ за горивата за автомобилите и домаќинствата, да се искачат на над 200 евра по тон, предупредуваат германските истражувачи. Истражувачите нудат решение за овој проблем, односно зголемување на јаглеродната такса. Кон крајот на декември 2022 година, ЕУ се сложила да го ревидира својот пристап кон цените ...
Денес во Вроцлав, Полска се отвара изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула. Изложбата ќе се отвори во 18 часотво Klubogaleria Dobro и ќе биде отворена до крајот на годината. „Со големо задоволство ја најавувам мојата прва изложба во Полска, во градот Вроцлав со која ќе започне серијата на презентации на македонски графичари. Изложбата ќе се одржи во Club & Galleri Dobro и истата ќе ја отвори нашиот Амбасадор во Полска, Г-дин Илија ...
Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, организира обука за примена на Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата. Обуката ќе се одржи во сабота, 28 октомври 2023 година, во 10 часот. За сите членови на Комората кои не успеаа да се регистрираат за физичко присуство на обуката, овозможен е он-лајн пренос преку ZOOM ...
Градот Загреб на крајот на минатата недела објави дека при изградба на новата велосипедска патека долж јужниот брег на реката Сава, за прв пат во Хрватска е употребена еко-асфалтна покривка на делница од 1,66 километра помеѓу квартот Блато до Савскиот мост. Станува збор за потег кој е дел од поголемиот проект наречен Greenwayи кој предвидува изградба на велосипедско-пешачка патека по течението на реката Сава, од словенечката граница до Туропоље, ...
Архитектонската фирма Фостер + Партнерс неодамна го откри проектот за кампусот на Институтот за технологија Елисон (EIT) во Оксфорд, универзитетски град во Велика Британија. Иницијално основан како центар за истражување и развој, кампусот сега добива значително проширување. Во овој простор ќе биде сместена и клиника за онколошки и велнес пациенти, како и простори за едукација и состаноци. Изградбата се очекува да биде завршена до 2026 година, ...
Истрагата на штетата на гасоводот „Балтички интерконектор“, во моментот е фокусирана на улогата на кинескиот контејнерски брод NewNew Polar Bear, соопштува финската Национална канцеларија за истраги (NBI). Истата канцеларија објавила дека причината за хаваријата на интерконекторот помеѓу Естонија и Финска, не е експлозија, како што се сметало досега, туку механичка штета, бидејќи е пронајден „тежок предмет“ на морското дно кој се доведува во ...
Стручњаците предвидуваат дека глобалните емисии на јаглерод диоксид ќе забележат раст за 1% и така ќе достигнат нов максимум во 2023 година. Предупредуваат дека во оваа деценија емисиите на јаглерод диоксид ќе мора да се намалат за речиси 50% со цел да се остварат зададените цели, а тоа се ограничување на глобалното затоплување и избегнување на катастрофалниот ефект за климата. Оваа година глобалните емисии на јаглерод диоксид требаше да паднат ...
Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) претстави нова изложба фокусирана на серијата „Manplan“ започната од Architectural Review во 1969 година за да се анализира состојбата на архитектурата и урбаното планирање во Велика Британија. Изложбата е отворена за јавноста од 13 септември до 24 февруари 2024 година Изложбата под покровителство на Drinkall Dean со развојот на 2D дизајн од Pyrah Design, ја трансформира галеријата за ...
Парагвајското студио Est Arquitectura ја изгради највисоката кула во Парагвај, кулата ICONO, во стариот дел на градот со мешана намена во кој се сместени амбасади, културни центри, станбени и деловни простори во историскиот центар на главниот град Асунсион. Објектот му пркоси на вообичаениот коефициент на искористеност на земјиштето, достигнувајќи ја границата на дозволените проценти, односно 25% од земјиштето се доволни да ја достигне ...
Руското архитектонско биро „Нидо“ миксувало различни волумени и неутрални песочни бои за да додаде длабочина на овој минималистички стан во Москва. Станот наречен РС_Д со површина нешто над 100 квадратни метри е простран, повеќеслоен и архитектонски интересен. Овде работата со волумени максимално се манифестира во создавање различни нивоа и кружнo движењe. „Проценката на сите можни животни сценарија и создавањето на погодна структура и основа ...
Српската престолнина доби нова зграда на железничката станица Белград Центар. Идејата за Прокоп е стара сто години. Проектот за изградба на Прокоп е усвоен во 1971 година, додека идејното решение е завршено три години подоцна. Работите започнале во октомври 1977 година. Иако тогаш е најавено дека ќе бидат завршени во 1979 година, поради лошата економска состојба во Југославија, се одолжиле и прекинати се во 1980 година. Речиси 50 години подоцна ...
Американската компанија Westinghouse потпишала договори за партнерство со пет бугарски компании, кои ќе учествуваат во реализација на компанискиот проект за реактор AP1000 на локацијата на нуклеарната електрана „Козлодуј“. Договорите с епотпишани во канцеларијата на Американската стопанска комора во Бугарија. Петте бугарски компании со кои се потпишани договорите се: OSKAR EL, Главболгарстој, EnergoService и EQE. Ова е суштината на користењето ...
Како што напредува енергетската транзиција кон „чисти“ извори на енергија, така станува се поголема побарувачката на бакар, цинк и други материјали. Во 2022 година, рекордни 12% од целокупно искористената енергија глобално, е добиена од соларни електрани и од ветерници. Одредени материјали се неопходни за изградба на ваквите постројки, а во просек новите системи бараат повеќе минерали за изградба. Тоа поттикнува бројни расправи околу прашањето ...
Граѓаните „бегаат“ од купување стан. Анкетата на македонската редакција „Блумберг Адрија“ која ја спровеле на социјалната мрежа „Линкдин“ во текот на минатата недела, покажува дека 74 отсто од граѓаните не би купиле стан во моментов. Причината е едноставна, цената на метар квадратен е превисока. Според нивната анкета, 10 отсто од испитаниците би купиле стан затоа што веруваат дека цените можат дополнително да се зголемат. За 16 отсто од лицата ...
Секој проект има своја приказна, а ова одморалиште со вкрстено ламинирано дрво (CLT), изградено оваа година во САД, не е исклучок. Сместено на брегот на езеро во државата Њујорк, одморалиштето составено од пет A-frame монтажни куќи, претставува спој на природата и инженерството, означени со структурен дизајн потпишан од белградското биро Acetra. Иако просторно скромен, со површина од само 33 квадратни метри, објектот наречен Tree House Resort ...
Архитектонското студио ARW Botticini+Facchinelli стои зад проектот на коридорот под закрила на УНЕСКО кој значи поврзување на споменичната целина на храмот Капитолин, Римскиот театар и комплексот Санта Џулија, во градот Бреша, северно од Италија познат по мноштвото римски и средновековни споменици. Проектот има за цел да ги поврзе двата дела прогласени за светско наследство на УНЕСКО во Бреша преку пристапна патека која е отворена за јавноста ...