
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Денес во општините Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се одржуваат нови избори за градоначалник бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус, а граѓаните на Тетово гласаат на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет. Гласањето започна на сите избирачки места во општините Тетово, Маврово – Ростуше и во Центар Жупа, информира портпаролката на Државната изборна комисија ...
Од денес до средината на следната седмица, подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 l/m2) за кратко време кои можат да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, како и да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и ...
Од вечерва почнува тридневната манифестација за одбележување на патронот и заштитник на Радовиш, Свети Спасо Радовишки. Во склоп на програмата ќе биде организирана и манифестацијата „Меден Радовиш“. Вечерва ќе бидат промовирани локални производи на мед, ќе има дефиле на близнаци од Радовиш, а пред радовишани ќе се претстави и карневалската група „Пчелин рај“ од Струмица. Вечерната програма ќе заврши со концерт на Троја. В сабота меѓу другото ќе ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем потпишаа Меморандум за разбирање чија цел е ефикасна и координирана соработка при дизајнирање и спроведување на „Мерка 125“ од Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2018-2022. На потпишувањето беа присутни Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на ...
Почна комплетната реконструкција на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот ФБ профил. За инветицијата обезбедени се 40 милиони денари. -Обезбедивме 40.000.000 денари за Вељуса. На барање на жителите, со Министерството за образование и наука ја започнавме комплетната реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“. Со неа ќе бидат изведени ...
Обвинителката Вилма Русковска информира дека денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, а која се однесува на суспензијата од работното место од страна на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски. Таа има два предмети кои се во пред истрага – едниот за финансиска полиција, другиот за станицата за технички преглед за автобусот кој изгоре во Бугарија. За претресот во финансиската полицијата на 18 јули, директорот Арафат ...
Во текот на вчерашниот ден (18.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено ...
За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 ...
Новата сметка за електрична енергија за месец јули, фактурирана према ЈПКД Комуналец изнесува 8.508.236,00 денари, објави порталот ТВ Нова 12 од Гевгелија повикувајки се на свои извори. Како што стои во информацијата, оваа сметка го вклучува алармот за функционирање на претпријатието во иднина. Во изминатите 7 месеци збирот на сметките за електрична енергија изнесува 33.686.398,00 денари споредбено со првите 7 месеци во 2021 година, кога збирот ...
Југоисточниот, најтранспарентен од сите региони во државата. Ова го покажа најновиот извешптај за активната транспарентност на на Центарот за граѓански комуникации. Од општините Валандово, е меѓу најтранспарентните во Македонија заедно со Битола и Карпош. -Континуирано подобрувајќи се од година во година, Југоисточниот Регион конечно застана на првото место со високи 84 %, подобрувајќи се за 10 процентни поени само за една година. 84% се вели во ...
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот. Од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 ...
Вечерва, во 21:00 часот на сцената во парк/Езерце во пресрет на роденденот на Гоце Арнаудов – 18ти август, 15 негови колеги, пејачи и инструмемталисти, ќе му оддадат почит и ќе настапат со по неколку негови песни. Учесници: -Борис Димов -Живко Динев -Томе Лазаров -Милован Секуловски -Јордан Митев -Оркестарот на Благоја Маротов “Кога човекот е жив му заблагодаруваме, кога не е меѓу нас, го славиме неговото дело. Една од највпечатливите фигури на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој. „Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата – 18 август. Го одбележуваме 30 ...
Како држава го постигнавме нашиот, досега најголем надворешнополитички успех, во голема мерка благодарение на Армијата, вели Врховниот командат по повод 30-годишниот јубилеј на АРМ. Професионална, ефикасна, храбра и посветена на безбедноста, но и успешна во поддршка на државните институции во мирновременски услови при справување со пожари, поплави и други непогоди. Ако некој со години е на врвот според довербата што ја има кај граѓаните, тоа е ...
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства. На близу 9.700 сточари се исплатени 329.512 денари за говеда евидентирани во регистарот за одгледувалишта на говеда, а 5877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства добија финансиска поддршка од 210 милиони денари. Висината на директните плаќања за говеда ...
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ. Ловната сезона започнува на 1. септември на сите ловиштата на територија на државата освен во ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево. Одобрувањето на почеток ...
Огласот за јавна набавка за изградба на социјалната населба над Струмица кој беше објавен завчера ќе трае до 15 ти септември до кога економските оператори треба да ги достават своите понуди и потврди за исполнување на условите. Сите фирми што ќе ги исполнат условите потоа ќе одат на јавна аукција. Ова значи дека идниот месец можно е да се знае кој ќе гради првата фаза од овој проект чија проценета вредност чини 90 милиони денари без ДДВ. Станува ...
Државна лотарија ја збогати палетата на инстант лотарија со нов инстант лоз „ФРУТИ“, којшто нуди освежителна забава, 15 премии од по 400 000 денари и многу други парични добивки. Трагачите по забава, добивки и возбуда ги очекува нов летен инстант лоз „ФРУТИ“ наменет да го освежи буџетот во летните денови, а потоа и да ви го продолжи летото и во останатиот дел од годината. Играта е едноставна и брза. Сè што треба да се направи е да се изгребат ...
Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил информира дека се усвоени законските измени за целосна ...
Потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на регионални депонии по стандардите на ЕУ во пет региони во земјава е возможно да се случи откако Собранието на РСМ ќе го изгласа Законот за заем, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Истиот е сѐ уште во собраниска постапка и од таа причина не може да зборуваме за временска рамка, бидејќи сите активности ќе ...
Општина Струмица го распиша тендерот за изградба на станбена населба со објекти со намена домување, за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица прва фаза. Станува збор за локацијата на просторот Чамлк над новите турски гробишта со површина од околу 3,3 хектари која во април годинава се чистеше. Тендерот е објавен вчера и ќе трае до 15 септември на кој сите заинтересирани економски оператори може да достават понуди за изведба на ...
Договорена соработка помеѓу општина Босилово и Друштво за управување со отпад “НУЛА ОТПАД”. Како резултат на соработката “НУЛА ОТПАД” донираше приколица за трактор за општина Босилово со носивост од 4 тони. Во наредниот период, од страна на ” НУЛА ОТПАД”, ќе биде изграден и собирен центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот. Во ...
Пад на бројот на нови случаи со ковид-19 во минатата недела за 8,7 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според неделниот пресек на ИЈЗ, регистрирани се 3.477 позитивни наоди во периодот од 8 до 14 август од направени 7.682 теста. Процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4 или просечно 43,6 отсто. Најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, во ...
Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов објави дека почнаа работите за изградба на улично осветлување на улицата Васил Главинов. ,,Во Струмица и ноќта треба да биде како денПоставуваме улично осветлување на улицата „Васил Главинов“ во должина од 740 метри.Овој простор ќе биде осветлен со вкупно 29 нови ЛЕД светилки за урбано и амбиентално осветлување.За овој зафат издвоивме 4,5 милиони денари од општинскиот буџет.Струмица се сака со ...
На свечен настан во касарната „Илинден“ по повод 30 години од формирањето на Армијата, на повеќе од 200 офицери, подофицери и цивилни лица во Армијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски утре ќе доделат златни значки за долгогодишна служба во Армијата. Благодарниците и признанијата на припадниците на Армијата, како што информираше денеска на прес-конференција министерката ...
Во септември ќе се организира јавна и стручна расправа за Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективниот гасовод со Грција. Од „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) денеска информираа дека урбанистичкиот план ќе биде достапен на увид од 17 до 18 септември на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и на електронскиот систем Е-урбанизам и на веб страните на општините Неготино, Демир Капија, ...
Државниот завод за статистика денеска објави дека во периодот јануари-јуни е помала вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство. Според објавените податоци, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесувала 129.704 илјади денари, што е за 17,3 проценти помалку во однос на истиот период лани. Во овој временски период, градежната оператива од земјава извршила градежни работи во странство во вкупна ...
Копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев на денешната прес конференција ја информираше јавноста за препораките од македонско – бугарската комисија коишто ќе бидат доставени до Владите, а се однесуваат на промени во учебниците по историја и за заедничко чествување на личности од историјата. „Тоа се препораки коишто се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници односно ...