
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Обединетото Кралство доби наследникот на Борис Џонсон, однсоно на премиерската функција. Лиз Трас е избрана за лидер на британската конзервативна партија. Трас беше фаворит да го наследи Борис Џонсон и да ја преземе власта додека земјата се бори со растечката криза на вртоглаво зголемените животни трошоци. Министерката за надворешни работи Трас и нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, го поминаа летото собирајќи поддршка ...
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на кого му завршува работниот мандат во земјава. На средбата вицепремиерката Грковска му се заблагодари на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во делот на искуствата и експертизата што како држава ја добиваме од ...
Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на шокови. Стабилноста на девизниот курс, како клучен предуслов за ...
Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, Клементина Лефковска од Драчево, Андреј Костовски од Ново Село, не се чувствуваат виновни за убиството на ракометарот Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје. Сите разбираат за што се товарат и зошто се на обвинителна клупа. „За кривичното дело и за обвинителниот акт не се чувствувам виновен. Не признавам вина“, кажа Ѓорѓиевски. „Го разбирам обвинението. Не се чувствувам виновна“, ...
Утре, вторник, 6 септември 2022 година во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица целовечерен концерт ќе има пијанистката Даница Стојанова. Цената на билетот е 150 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица’ во Струмица се гради од 2012 година. На 15 април 2012 г., на празникот на Воскресението ...
На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно ...
Германија ќе инвестира 65 милијарди евра во нов пакет мерки, со цел граѓаните полесно да ги поднесат инфлацијата и растечките цени на енергијата, објави владата денеска. „Германија е единствена во ова тешко време. Како земја ќе поминеме низ ова тешко време“, изјави канцеларот Олаф Шолц. Меѓу мерките кои беа објавени денеска се еднократни исплати за граѓаните за покривање на трошоците за енергијата, ценовно ограничување на основното количество ...
Приватните лекари од утре (понеделник 5 септември) три дена нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи, на штрајкот со кој бараат покачена капитација. Лекарите бараат промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со приватните здравствени установи, режимот на препишување на лекови. Претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили ...
Главоболки, проблеми со крвниот притисок, влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести. Климатските промени станаа закана по здравјето на луѓето. Климатските промени сe причина за почестите топлотни бранови, задоцнета есен и топли зими. Според стручните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите се предизвик за сите нас. Најмалку 85 отсто од ...
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер. Во Струмица и околината кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи. Од УХМР и препорачуваат да се внимава ...
Неизвесно е како ќе ја поминат зимската сезона училиштата во Југоистокот. Голем дел од училиштата што се греат на дрва, особено во помалите населени места, немаат набавено огрев, а не е мал бројот и на оние што не ги подмириле сметките за минатата грејна сезона. Со долгови, но и со нови цени на огревното дрво, нафтата и гасот, се јавува голем предизвик за реализирањето на наставата оваа зима. Градоначалникот на општина Струмица вели дека ...
Недостига огревно дрво во Струмица. Граѓаните се жалат дека не им се испорачуваат договорените количини огревно дрво, но и дека тешко се доаѓа до нов договор со шумското стопанство „Беласица“. Со зголемувањето на цените на енергенсите голем број домаќинства од регионот го префрлуваат греењето на дрва, но, пак се загрижени како ќе биде оваа зима. Од шумското стопанство „Беласица“ велат дека нема простор за паника. Имало доволно огревно дрво и ќе ...
Само 36 првачиња тргнаа на училиште во пограничната општина Ново Село. Населените места од подбеласичкиот крај со години се соочуваат со намален број на ученици. Масовното иселување на младите од регионот направи голем одлив и во училиштата, па во некои подрачни училишта годинава нема запишано првоодделенци. Градоначалникот Божинов смета дека следната година можеби ќе има и поголем број деца. Овие години поради пандемијата е стопиран процесот на ...
Хуманитарните организации упатија итен апел за донации поради разорните поплави во Пакистан. Според агенциите се појавиле нови сателитски снимки кои покажуваат дека дури третина од таа огромна земја сега е под вода. Откако Британскиот комитет за вонредни состојби (DEC) започна кампања за собирање средства за помош на 33-те милиони погодени од поплавата, Европската вселенска агенција (ESA) објави фотографии направени од својот сателит Коперник, ...
Почина Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година. Тој претходно беше амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работеше како кариерен дипломат. Веста ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор ...
До крајот на септември или почетокот на октомври учениците од струмичките основно училишта од прв и второ одделение треба да добијат работни униформи составни од маица и дуксерка со бои кои однапред се утврдени но и логото на училиштата каде се школуваат. Општина Струмица изминатиот месец склучи договор со кочанската фирма Филаделфија за израбтка на работни униформи во висина од 21 илјада евра. Оваа фирма била единствената што се јавила на ...
На 01.09.2022 во 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Ф.(26) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.09.2022 во 23.20 часот во Полициската станица Струмица, А.А.(22) од село Нова маала, ...
НВО Инфоцентарот во соработка со партнерските организации, а со поддршка на меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведе мониторинг на работењето на општините Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше во делот на транспарентноста на општините. Добиените наоди од мониторингот покажаа дека градоначалниците ...
Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на неколку локации во близина на основните училиштата во Струмица спроведе превентивна активност посветена на сообраќајната безбедност на учениците. Притоа полициските службеници во информативно-едукативните разговори со основците им презентираа повеќе важни правила и прописи од чие што почитување, ...
Аргентинската потпретседателка Кристина Фернандес де Киршнер за влакно успеала да избегне атентат откако пиштолот што кон неа го вперило вооружено лице се заглавил и не испукал, пренесува Би-би-си. Според медиумите, во еден момент, додека Киршнер ги поздравувала своите поддржувачи пред нејзиниот дом, вооружен маж успеал да се пробие низ толпата и да го впери пиштолот директно во нејзиното лице. Аргентинските безбедносни власти го идентификувале ...
Реномираната пијанистка Даница Стојанова на 6 септември ќе одржи концерт во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Концертот е со почеток од 20.00 часот а средствата од влезниците се наменети за изградба на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Стојанова ќе изведува програма од Аврамовски, Бах-Лист, Зографски, Шопен и Коларовски. Даница Стојанова денес работи како професор по пијано и камерна музика во средното музичко ...
„Никако не можев да разберам во минатите години кога претставници на држави кој меѓу себе немаат граници доаѓаат и ни финансиираат проекти за унапредување на граничното управување“, рече премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање на денешнито состанок на Отворен Балкан во Белград, Србија. „Балканот е важен за Европа, како и Европа за Балканот. Убеден сум дека тоа ќе стане сѐ појасно за сите. Тука не сме само да ...
Авторот и водител Ѓорги Калајџиев доби награда за животно дело. На 10 јубилеен фестивал на шегобијна песна „Тумба-фест“ во Куманово, струмичкиот поет, текстописец и водител Ѓорги калаџиев го доби највисокото признание за својата децениска работа. Според организаторите на фестивалот Калајџиев е еден од најзначајните и најнаградувани текстописци чии песни живеат, се пеат и слушаат до денеска. Во продолжение слушнете ја изјавата на Калајџиев за ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и амбасадорот Клеменс Која – шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја. „Периодот зад нас го одбележаа многу проекти и активности од областа на социјалната заштита, инклузијата на ранливите категории, со акцент на Ромите, нивно извлекување од сиромаштија, вклучување на пазарот на ...
На 31.08.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен М.В.(28) од село Радичево, струмичко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул.„Мајка Тереза“ во Струмица. Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и трудов инспектор. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од ...
Министерството за транспорт и врски продолжува активно и во континуитет да дава поддршка на општините преку проекти со кои ја подобруваме и развиваме патната мрежа и ја подигнуваме безбедноста при патувањето. Со Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта вбризгуваме неповратни средства во локалните самоуправи со што значително го подобруваме урбаното живеење. До сега реконструиравме преку 90 локални улици и патишта во 46 општини. ...
Од денеска рудниците Бучим и Боров Дол го прекинаа процесот на производство на определен период во кој што е планирано да се завршат двата капитални инвестициони проекти, соопштија од Бучим. Причина за привремениот прекин се должи заради замена на флотомашините со нова опрема но и заради изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија. ,,За време на реализирањето на овие капитални инвестиции, ќе се продолжи со ...
Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски. За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите, согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото ...
„Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување на огревно дрво. Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не се променети од 2009. Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Во Ценовникот поскапени се и другите огревни дрва – буката е 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик, итн. Одлуката следува откако месецов Владата се реши за ...
Денеска околу 12.00 часот во с.Кованец, гевгелиско, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Џ.И.(42) од село Кованец. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум стебла канабис со висина од околу два метри и едно исушено стебло канабис сатива, три пушки, патрони, муниција, една мини импровизирана лабораторија и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска ...