
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Сојузoт на синдикат на Македонија (ССМ) пресмета дека во август, минималните трошоци за живот на четиричлено семејство кое живее во дом од 50 метри квадратни и нема автомобил, изнесувале 48.234 денари. Од ССМ појаснуваат дека во оваа пресметка е изоставен трошокот за еден ученик за подготовки за почетокот на учебната година, што според пресметките на ССМ чини дополнителни околу 6.000 денари, но вклучена е инфлацијата од скоро 17%. Само за храна ...
Веб-страницата на Министерството за образование и наука утрово е недостапна, откако врз неа бил извршен сајбер-напад. На сајтот на МОН беше испишано името на непозната хакерска група која се претставува како „Netwatchers“ од Грција, a извесно време објавените линкови водеа кон грчко видео на Јутјуб со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia). Во февруари годинава, група на грчки хакери кои себе си се претставуваа како „Моќната грчка ...
Локалните власти на Дојран задоволни од посетеноста ова лето. Според градоначалникот Ангов ова сезона која полека се спушта ќе бидат регистрирани над 100 илјади ноќевања. Тој изрази задоволство што летово доминираа српските туристи во Дојран кои освен што транзитирале преку ова туристичко место за Грција, останувале и по неколку дена покрај дојраснкото крајбрежје Општина Дојран веќе работи и на продолжување на сезоната се со цел ова туристичко ...
На 10.09.2022 во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.Х.(28) и М.Д.(33), и двајцата од Струмица. При преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана. Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е Јавен ...
ЈП Паркиралишта распиша јавна набавка за изведба на улично осветлување на улицата 4 јули од пресекот со Васил Сурчев до пресекот со Братство Единство. Според објавената тендерска документација таму се планира да бидат поставени 15 лед светилки вдолж тротоарот на улицата до Народна техника каде ќе се монтираат 13 столбови. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 2 милиони денари а тендерот ке го добие оној економски оператор кој ќе ги исполни ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вупно 24 апликанти ќе ја искористат мерката за финасиска поддршка во набавка на силоси. Оваа поддршка доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, однсно подмерката 121.9 набавка на силоси, за што во текот на месец април беше објавен јавен повик од стана на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и ...
Градоначалникот на Струмица на ФБ објави дека почнале работите за расчистување на теренот во поранешната касарна кај градинката Виножито каде треба да никне нова јавна зелена површина. Објави дека новиот парк би бил на површина од околу 20 илјади метри квадратни . ,,Ги реализираме најкрупните изборни ветувања уште во првата година и тоа за време на најголемата криза. Моја Струмицо почнуваме со подготовките, за новиот парк во населбата касарна. ...
– Со големо задоволство ја следевме информацијата во јули дека конечно ќе почнат преговорите за влез на Северна Македонија во Европската Унија. Тоа што е со задоцнување, за жал, не беше разумно, но одлуката да почнат преговорите, сепак, го наградуваат напорот што ЕУ го направи кон Северна Македонија, истакна претседателот на Италија, Серџо Матарела. На заедничката прес-конференција со шефот на државата Стево Пендаровски, Матарела рече дека тоа е ...
Во моментот на смртта на Елизабета Втора, престолот моментално и без церемонија го презеде наследникот Чарлс, досегашниот принц од Велс. Сепак, тоа ќе биде следено од бројни практични и традиционални чекори низ кои што мора да помине за да стане крал. Една од првите одлуки е дали ќе владее како Чарлс Трети или ќе избере ново име. Тој не е единствениот кој се соочи со промена на титулата. Неговиот постар син Вилијам сега стана престолонаследник, ...
Најдолгиот англиски монарх, кралицата Елизабета II денеска почина на 96 годишна возраст. Таа ја наследи титулат на 25 годишна возраст, во 1952, и ја адаптираше својата улога на модерните времиња. Во своето 70 годишно владеење, таа беше модел на морал, одговорност и почит. За многу генерации таа беше една од најсаканите јавни личности. Родена како внука на Џорџ V, животот на Елизабета беше исполнет со привилегии и жртви. Таа беше трета во редот ...
Големиот Get EXITed настан кој синоќа се одржа пред повеќе од 20.000 луѓе во Градскиот парк во Струмица, во организација на „ЕГЗИТ“ тимот, со маратонска музичка програма во траење од повеќе од 10 часа, ги надмина сите очекувања на бројната публика, се вели во информацијата од организаторите. Со феноменалната атмосфера и енергија, покрај извонредната посетеност која го надмина капацитетот на просторот во кој се одржуваше настанот, оваа забава им ...
Во сабота, 10.09 започнува 3. Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во жени „Илија Караманов“ во Струмица во организација на ОК Наковски волеј Струмица. Првиот натпревар ќе биде помеѓу ОК Работнички Скопје и Скендербеу Албанија во сабота 10.09 со почеток во 16:30 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“ а во 19:00 часот во спортска и натпреварувачка атмосфера турнирот продолжува со натпреварот помеѓу струмичкиот тим ОК Наковски волеј и ...
Енормно пораснаа цените на кириите во Струмица. Невозможно е да се најде стан по цена пониска од 10.000 денари за еден месец. Дури и најлошите сместувања во кои условите за живот се на работ на пристојноста се недостапни за граѓаните кои имаат потреба од сместување под кирија. Од агенциите за недвижности велат дека иако цените вртоглавно се зголемија, во градот тешко се наоѓа стан под кирија. Пристојно сместување чини помеѓу 200 и 300 евра за ...
Долги колони чекаат за излез од државата на граничниот премин Богородица. Илјадици возила се упатија кон соседна Грција на Денот на независноста. Пограничните служби на преминот Богородица велат дека го очекувале овој бран па отворени се сите рампи за да не се создава гужва. Според нив за излез од Македонија се чека во просек 15 минути. Граничната полиција вели дека нема подолги чекања и на грчката страна на границата, кај преминот Евзони. ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државата изборна комисија ја поднесе иницијатива за референдум за укинување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија од 2017 година. Во изјава за медиумите, Мицкоски повика истовремено со референдумот да се распишат и предвремени парламентарни избори. „Тоа што почнуваме постапка за распишување на задолжителен референдум за лошиот Договор со Бугариja не значи дека се ...
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на – Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата. Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред една година ...
Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица. Во одговор на новинарско прашање вицепремиерот рече дека ја разбира загриженоста на стопанството поради високата цена на струјата и истакна дека се обидуваат да најдат дополнителни извори на електрична енергија, со ...
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Македонија и Бугарија објавен во СБ 12/2018 од 18.01.2018“. „Ги повикувам сите политички партии, без разлика на етничка припадност, или оние што се партиски неопределени, сите општествени чинители, ...
Познатата пијанистка Даница Стојанова синоќа одржа солистички концерт пред струмичката публика. Пијанистката која потекнува од Струмица приреди едночасовно емотивно патување и уживање низ делата на светски познатите но и домашни композитори. Стојанова вели дека овој концерт ѝ бил дамнешна желба и ветување кое си го дала уште додека била жива мајка ѝ, затоа што пораснала во близина на црквата. За неа синоќешниот настан е исполнување на она што го ...
Утре започнува триесетото издание на ФКТ „Ристо Шишков“ кој традиционалное поврзан со Денот на независноста – 8 септември. Актери од 9 престави на исто толку театри и културни центри од земјава и странство ќе конкурираат за наградата за најдобро актерско остварување што се доделува на Фестивалот. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна ...
Утре, 7 септември во Градскиот парк во Струмица, ќе се одржи ГЕт ексајтед забавата. Организторите најавуваат дека струмичката публика и гостите ќе може да ги проследат наспатоите на имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар . Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце С.А.Ф. и Чваре (Фанки Фреш), посебна атмосфера и врвно ...
Денеска е втор од трите дена предвидени за штрајк на матичните лекари во земјава. Неколку ординации од Струмица со кои контактираше екипата на канал ВИС потврдуваат дека не примаат пациенти и не издаваат рецепти, освен за итни случаи. Но, министерот за здравство со оценка дека протестот не го поддржува мнозинството матични лекари. Според него протестираат само 25% од ординациите. Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Баиба Браже, помошничка на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, која e во посета на земјава по повод учеството на конференција за комуникатори на НАТО, чиј домаќин е Македонија. На средбата се разговараше за соработката меѓу НАТО и Северна Македонија, за новиот стратегиски концепт на Алијансата, како и за војната во Украина и улогата и важноста на стратегиските комуникации на НАТО. ...
Општина Струмица сѐ уште ги чека согласностите од надлежните министерства за старт на градинката Винижито во Струмица. Градоначалникот Костадинов вели дека сѐ што требало да завршат како општина е направено, но, бирократијата го отежува целиот процес. Во градинката веќе се запишани 350 деца, тие чекаат да се отвори градинката и да тргнат во новиот простор за згрижување. Костадинов денеска објави фотографии од градинката Виножито на која се гледа ...
Оружјето и пиротехничките средства не се добредојдени „гости“ на прославите – е главната порака на кампањата „Слави со срце, не со оружје“, која во изминатиот период ја спроведе Министерството за внатрешни работи во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на активноста, полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи во државата, разговараа со граѓаните и им поделија едукативен печатен материјал во ...
Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави премиерот Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија Радев во Софија. Премиерот Ковачевски истакна дека ова треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Република Бугарија ...
ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој, како што е повторено во денешното соопштение на оваа партија, било корен на сите негации. „ИК на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри ...
Од полноќ се намалуваат цените на горивата одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денар. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Новите цени ќе изнесуваат: Според одлуката на РКЕ, за 0,277 денари се намалува цената и на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за ...
Македонската влада се надева на завршување на пристапните преговори со ЕУ до 2030 година, изјави во понеделникот премиерот Димитар Ковачевски, информирајќи за воспоставената структура за преговори. Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како и странски експерти. Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори ...