
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Речиси секојдневно во полициските билтени има информација дека се откриени мигранти или фатени криумчари . Последниот случај беше на местото викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки. Таму во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија. Подоцна, при проверка на теренот, во близина на местото биле ...
Полска со 750 илјади денари ќе помогне во реконструкција на греењето во Домот на култура „Јане Сандански“ во Ново Село. Информацијата ја објави градоначалникот Ѓорге Божинов кој на својот ФБ профил напиша дека денес го потпишале договорот со полскиот амбасадор во Македонија, Војциех Тицињски. Од општината очекуваат со новиот систем на греење да се намалат трошоците за затоплување за 40 проценти. -Вистинските пријатели на Општина Ново Село, ...
Валентина Узунова го освои првото место на „Чупино треил“ трката што се одржа на планината Плачковица. Седум члена на АК „7 Ноември“- Гевгелија зедеоа учество помеѓу 100 учесници на „Чупино треил“ трката на планината Плачковица. Валентина Узунова, Дарко Прошевски, Мијалко Андоновски, Мики Петровски, Димче Андреев, Магдалена Јованова и Горан Јованов се имињата на членовите кои беа дел од овој спортски настан, составен од три трки „Тринити треил“ ...
Во вчерашното невреме во Скопје паднаа 119 дрвја, кои оштетија и автомобили и урбана опрема. Дополнително, како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило”, над десет дрвја се паднати во Градскиот парк. „По вчерашното невреме добивме 77 повици. Интервениравме со 100 работници и со механизација од седум камиони и две платформи. Екипите работеа до два часот, при што беа расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки”, велат од ...
Малолетници на мотороцикли го узурпираат градскиот плоштад и корзото и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Граѓани со мали деца реагираат дека е небезбедно да се шетаат зароа што мотоциклите постојано кружат на шеталиштето. На видеото што стигна преку апликацијата Граѓански новинар, се гледаат десетици малолетници на мотороцикли кои возат по плоштадот. Од МВР велат дека од почетокот на август на територијата на Струмица се санкционирани 33 ...
Граѓаните и фирмите ќе можат да поставуваат фотоволтаици за производство на струја на покривите без да бараат одобрение од Општината. Ова се предвидува со Измените на Законот за градба кои денеска поминаа на владина седница, и деновиве ќе се достават до Собранието. Со измените, покрај поедноставување на постапките се предвидува фотоволтаици да може да се стават во индивидуални објекти за домување до 6 KW, a и кај правни субјекти до 40 KW. ...
На 30.08.2022 околу 11.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило „опел вектра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(76) од с.Удово, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.И., а смрт констатирал од лекар од Итна медицинска помош. Увид ќе се врши. Во моментот, ...
„По приближно една година од непристојните услови кои ги имаа граѓаните од Ничевска Маала во Василево, денес се реши и тој проблем. После подолг временски период се изведуваат финалните работи односно асфалтирањето на дел од локален пат во Василево кај Ничевска Маала. Граѓаните поминаа низ тежок период во овој дел на Василево. Заедно со мојот тим од општината и фирмата изведувач, сериозно пристапивме на овој проблем и еве денес со гордост можам ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово, на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евро-атлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина врз политичките и економски процеси во регионот. На ...
Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски. -Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Учебната ...
За првпат, во училишните клупи во гевгелиските основни училишта ќе седнат 220 првачиња објави Општина Гевгелија. Од вкупната бројка најмногу првачиња ќе има во ООУ „Крсте Мисирков- 93, во ООУ „Владо Кантарџиев“- 90 првачиња , 22 во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и 15 првачиња во ООУ „Климент Охридски“- Миравци. По истекот на третиот уписен рок и сумираните резултати од вкупниот број запишани ученици, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија настава во ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.08.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за м.август, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. За оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување беше на 25 и 26 август, ...
Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Северна Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка ...
Цената на гасот ќе продолжи да расте а со тоа и инфлацијата во Европа и во регионот се додека трае војната во Украина и војната меѓу автократските режини од исток и демократските системи од Западот. Најпогодени ќе бидат Германија и Италија порадзи зависноста од гас во индустријата односно производството на електрична енергија а тоа ќе се одрази на цената на струјата на слободниот пазар каде високите цени ќе се задржат уште неколку години поради ...
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар. Поскапување ќе има и кај бензините но помало, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се ...
Владата неодамна препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година ...
Во текот на вчерашниот ден (28.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 502 возачи. Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. ...
Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе 60-годишен македонски државјанин откако во неговиот камион полицијата пронашла 88 илегални мигранти по потекло од Авганистан. Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, изјави за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на ...
Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности. Меѓу првите активности во Собранието се очекува ќе биде продолжување на ...
Наредниоов период во општина Струмица се очекува да пристигне ново комунално возило за собирање на смет. Возилото во вредност од 105 илјади евра е набавено откако општина склучи договор со скопската фирма Мој дилер. Станува збор за ново специјализрано комунално возило за собирање на смет во скапацитет до 16 кубни метри од марката Форд. За набавка на истото средствата се обезбедени од Бирото за рамномерен развој и буџетот на општината. Станува ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе ...
Неизвесно е дали и како ќе им се помага на македонските компании да ја поминат кризата. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека допрва ќе се разгледуваат барањата на стопнството за корекции на ДДВ-то и маржите за електрична енергија. „Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, ако знаеме дека таа е над ...
Европската комисија веќе ја усвоила програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура. Оваа информација ја објави вицепремиерот за европски ...
Младата авторка Магде Ангова, која ја издаде првата книга гатанки за деца со наслов „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“, почнала да пишува за време на карантинот. Домашниот амбиент и игрите со ќерка ѝ ја мотивирале да создава. Од издавањето на книгата псотојано е во друштво на децата и вели дека меѓу нив се кријат вистински млади таленти. Ангова апелира наставниците да го хранат талентт на детето мотивирајќи ги да читаат и да создаваат, но и ...
Скршени шахти и дупки ги уништуваат на улицата Крушевска Република возилата, се жалат струмичани. Реагираат дека недовршениот проект за затворање на каналот е ноќна мора на жителите од тој дел на градот кои секојдневно возат по раскопани патишта. Поројот се прави веќе втора година и според проектот треба да биде и функционално и естетско решение на каналот. Градоначалникот Костадинов апелира граѓаните да се трпеливи и дека наскоро повторно ќе се ...
Православните верници денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица. По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена лирургија и сеноќно бдение. ...
Матичните лекари најавија штрајк поради неисполнување на нивните барања. Тие нема да издаваат упати и рецепти на 5, 6 и 7 септември. Како што најавија, со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања. Ваква одлука донесе денеска Управниот одбор на Здружението на приватни лекари, оставајќи им неколку денови на здравствените власти и премиерот, примарното здравство да биде прва точка на ...
Денеска се одржува вториот дел од програмата на годинешниот 14 по ред „Бош фестивал“ во Гевгелија. Еве ја програмата за вечерва. САБОТА 27-ми АВГУСТ Локација: јужен ѕид на ракометното игралиште во Гевгелија 19:30 „Вирус“ – Габриела Стахурска Гошева / Промоција на мурал Преку муралот авторката ја изразува загриженоста за негативното влијание на дигиталните игри и социјалните мрежи врз младите умови. Целодневното преокупирање со виртуелен свет, ...
Денеска, 27-ми август, во Стојаково ќе се одржи 6 тата по ред традиционална Рок манифестација Гитаријада „100Јаково фест 2022“ во Кафе Бар “Џик”. После две години пауза посетителите на овој настан ќе ги забавуваат повеќе бендови од Македонија (Стојаково, Скопје, Кавадарци, Кочани). Според организаторите целта е зачувување на рок културата, но и добра забава на крајот од летото. Почетокот на двете вечери е во 21 часот, а влезот е слободен, велат ...