
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Според официјални податоци, 34 лица загинале ширум САД, а најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте при движење на замрзнат коловоз кај градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија. Силна зимска бура го зафати североамериканскиот контитнет, од Канада на север до Рио Гранде на југ. Синоптичарите очекуват невремето да попушти ...
Предлозите на Москва за решавање на проблемите во Украина му се добро познати на Киев – и Украина или ќе ги исполни за свое добро или руската армија ќе одлучи за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за агенцијата ТАСС. – Нашите предлози за демилитаризација и денацификација на териториите контролирани од режимот, отстранување на заканите за безбедноста на Русија кои доаѓаат од таму, вклучително и нашите нови територии, ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на руска нафта за земјите кои воведоа ценовни ограничувања на нафтата и нафтените деривати. Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената. Забраната за испорака на нафта ќе стапи во сила на 1 февруари 2023 ...
Арктичката снежна зимска бура што го зафати поголемиот дел од Средниот запад и северниот дел на Соединетите држави однесе досега 63 човечки животи, објавија во вторник американските медиуми, повикувајќи се на официјални изјави. Бајрон Браун, градоначалникот на Бафало каде властите соопштија за 27 загинати, изјави дека бурата веројатно е полоша од сè видено во градот за повеќе од 50 години. Националната метеоролошка служба соопшти дека ...
Сите социјални мрежи соработуваат со американската влада на цензурирање на содржината, изјави во вторникот извршниот директор на Твитер, Илон Маск. Документите што ги објави Маск по купувањето на Твитер покажуваат дека платформата се договарала со ФБИ, ЦИА, Пентагон и други владини агенции за да ги прикрие информациите за изборите, Украина и Ковид-19. „Сите компании за социјални медиуми се вклучени во жестока цензура, со значително учество, а ...
Руските власти соопштија дека спречиле терористички напад спонзориран од Украина во Чегем, Кабардино-Балкарија, кој е блиску до границата на Русија со Грузија. Во извештајот се наведува дека двајцата осомничени се убиени. За тврдењата на руските безбедносни служби засега не се понудени докази. „Федералната служба за безбедност ги запре активностите на двајца претходно осудени руски државјани кои според инструкциите на украинските специјални ...
Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни. „Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност“, напиша Бајден на Твитер. Бајден ги упати луѓето чии летови беа откажани во ...
Предупредување за воздушен напад е издадено ширум Украина, бидејќи нов бран руски удари врз неколку големи градови. Претседателскиот советник Олексеј Арестович напиша на социјалните мрежи дека повеќе од 100 проектили биле лансирани кон украинските градови во „неколку бранови“, јавува Би-Би-Си. Арестович ги повика цивилите да бараат засолниште и рече дека воздушната одбрана на земјата работи. Најмалку две експлозии се слушнале во главниот град ...
Германските медиуми ја гледаат „деструктивната улога на Србија“ на северот на Косово, а во однесувањето на Александар Вучиќ препознаваат „систематско разгорување на конфликтот“ и „континуитет со воените деведесетти“ и предупредуваат за улогата на Русија, пренесува Дојче веле. Минхенскиот дневен весник „Зидојче цајтунг“ вчера објави коментар на Флоријан Хасел под наслов „Србија игра деструктивна улога“. Авторот потсетува дека претседателот на ...
Бројот на украдени возила во САД во 2022 година за првпат е еден милион, соборувајќи ги рекордите од претходните години, објави Националното биро за криминал во осигурувањето. Според податоците на тоа биро, во првите девет месеци од оваа година, во САД биле украдени повеќе од 745.000 возила, што претставува рекордна бројка од 2008 година и зголемување од 24 отсто во споредба со бројките пред пандемијата, објави Вашингтон Тајмс. Полицијата вели ...
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,5 отсто околу 19 часот. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,2 и 0,5 отсто. Вчерашниот раст на берзанските индекси на Волстрит позитивно се одразува на пазарите. Dow Jones зајакна за 1,05 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,75 и Nasdaq индексот за 2,59 отсто. ...
Кинески борбен авион пресретнал американски извидувачки авион над Јужното Кинеско Море минатата недела и извршил „небезбеден маневар“, принудувајќи го американскиот авион да преземе евазивна акција, соопшти американското Министерство за одбрана. „На 21- декември, борбен авион Ј-11 на кинеската морнарица полета на 7 метри од носот на RC-135 Rivet Joint, извидувачки авион на американското воено воздухопловство со околу 30 луѓе. Како одговор, ...
Во текот на ноќта Русите го нападнаа регионот на Киев со дронови, соопшти регионалната воена управа. Како што соопштија од армијата, станува збор за ирански дронови камикази „Шахид“ и на ова подрачје биле соборени пет такви летала, пренесоа украинските агенции. Рано во петокот, жителите на украинската престолнина Киев беа повикани да се упатат кон засолништата за воздушни напади додека сирените се слушаа низ градот, еден ден откако Русија го ...
Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тие се движат околу 77 евра за мегават час, а топлото време ја намали загриженоста за недостиг. Цената својот пик го достигна во август, кога надмина 345 евра за мегават час, поради руското ограничување на извозот до остатокот од Европа. Неделевата пад е забележан и на цените на нафтата на светските берзи поради зголемениот број на случаи на Ковид-19 ...
Први ја дочекаа жителите на малиот атол Киритимати кој припаѓа на островскта држава Кирибати во Тихиот океан, 13 часови пред земјите со средневропско време. Коралниот остров Киритимати од 388 квадратни километри има само неколку илјади жители. За првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот, и туристи можеа да присуствуваат на првиот дочек на Новата 2023 година. Границите на полинезискиот архипелаг беа главно затворени за странци од март ...
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој стана првиот понтиф кој поднесе оставка во последните 600 години, почина на 95-годишна возраст. Здравјето на почесниот папа, како што го нарекуваа Бенедикт откако се повлече, претрпе „влошување во последните часови“ поради неговата возраст, соопшти Ватикан, а лекарите постојано ја следеа неговата состојба. Бенедикт живеше во Ватикан, посебна национална држава која се наоѓа во границите на италијанскиот ...
По две години со симболични прослави на доаѓањето на новата година, заради ограничувањата воведени во Ковид пандемијата, светските метрополи 2023-тата година ќе ја пречекаат со голем ентузијам и надеж за голем профит од посетите на туристите. Доколку судиме според тоа како Сиднеј ја пречека Новата година, ова ќе биде ден за паметење. Повеќе од 100 000 пиротехнички средства беа лансирани над небото во Сиднеј од чамците, мостот во пристаништето во ...
Русија ќе им дозволи на „непријателските“ земји да ги плаќаат долговите за испораките на природен гас во странска валута. Ова следува по промените направени од претседателот Владимир Путин во претходниот указ со кој пак на земјите кои купуваа руски гас мораше да плаќаат само во рубљи. Во документот, објавен на 30 декември на веб-страницата за правни информации на руската влада, се вели дека руските добавувачи на природен гас можат да се спогодат ...
Нападите на Русија врз Украина не запреа за новогодишната ноќ. Десетици проектили и дронови и во текот на изминатата вечер погодија цели во Украина. Иако во новогодишното обраќање Владимир Путин порача дека нападите ќе продолжат се додека не исполнат поставените цели, украинскиот претседател Володомир Зеленски порача дека земјата нема друга опција, освен да победи. „„Кажано ни е дека немаме друга можност освен да се предадеме. Ние кажуваме дека ...
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денес изјави дека не верува во сценарио во кое косовската полиција насилно би ги отстранила барикадите на северот на Косово, како и дека не знае како да разговара за француско-германското предлог кога Бриселскиот договор сè уште не е спроведен. Зборувајќи за барикадите на северот на Република Косово, Брнабиќ истакна дека косовската полиција не треба ни да помисли насилно да ги отстрани бидејќи тоа би било напад ...
Инфлација и зголемувањето на цените, оваа година донесе и поскапа божиќна трпеза во Грција, меѓутоа се чини дека тоа не им го расипа претпразничното расположение на Грците, со оглед на тоа што во изминатите денови ги преплавија улиците во Атина, подготвувајќи се за празниците. Некои купуваат подароци за најблиските, други ја подготвуваат божиќната трпеза, трети, едноставно излегле да се прошетаат во грчката метропола и да се фотографираат со ...
Товарниот воз со амонијак што излета од шините во источна Србија бил натоварен во Бугарија. Тоа го изјави бугарскиот заменик министер за транспорт Красимир Папукчииски за БТВ. Несреќата се случи кај Пирот. Според Папукчииски, нема начин да се бара одговорност од бугарска страна, бидејќи инцидентот се случил на територијата на Република Србија. Товарот бил префрлен од бугарската инфраструктура во српската, во моментот на излетувањето со составот ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера по средбата со Србите од барикадите на Косово и Метохија изјави дека луѓето му рекле дека не сакаат да одат против својата земја. Вучиќ потоа го прочита текстот што му го врачија Србите од барикадите. Во кој тие порачале дека засекогаш ќе поставуваат барикади доколку продолжи теророт на Приштина врз српското население.Исто така, побарале гаранции од Белград дека никогаш нема да го признаат Косово во ...
Албанската полиција од градот Поградец денеска уапсила три лица, откако во нивното возило биле пронајдени вкупно 58 килограми хашиш, кои требало да завршат на македонскиот наркопазар. Уапсените се 17-годишник со иницијали М.К., како и Ликенд Баша(30), двајцата од Круја и Ериса Феро(28) жителка на Тирана, инаку, вработена во Националната агенција за информатичко општество. -Дрогата е откриена во автомобил „фолгсваген“ сопственост на Ериса Феро ...
Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на соопштение на Централната банка. Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање. „Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што се спроведуваат заедно со засегнатите страни од областа на технологијата“, се вели во ...
Го поздравувам влезот на Хрватска во еврото и Шенген зоната. Од недела граѓаните кои влегуваат и излегуваат од Хрватска ќе можат да патуваат без контрола на внатрешните граници, се вели во изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Таа истакнува дека тоа е „голем успех за Хрватска, симбол на нејзината цврсто вкоренета приврзаност кон ЕУ и симболичен момент за ЕУ како целина“. Ова, вели Фон дер Лајен, е момент на гордост за ...
На светските пазари курсот на европската валута во однос на доларот порасна минатата недела, откако американските и европските централни банки повторно ги зголемија каматните стапки и најавија дополнително зголемување на цената на парите. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела падна за 0,2 отсто, на 104,69 поени.Истовремено, доларот ослабе за 0,4 ...
Сопственикот и извршен директор на Твитер Илон Маск започна анкета на оваа социјална медиумска платформа, со прашање дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата, нагласувајќи дека ќе го почитува резултатот од декларацијата.Гласањето, кое започна во неделата, треба да трае до околу 11:20 часот денеска, а милијардерот не соопшти детали кога ќе се повлече од раководството на Твитер доколку резултатите од анкетата го покажат тоа, ...
Најновите руски напади од понеделникот утрото, додека на украинскиот југоисток руските единици изминатиот викенд бавно но континуирано ги потиснуваат украинските позиции кон централниот дел на Украина, ја погодиле клучната инфраструктура во и околу Киев, објавија украинските власти. Украинските власти, исто така, тврдат дека во утринскиот противвоздушната одбрана соборила 15 од 20-те дронови насочени кон главниот град. Украина редовно известува ...
Истражната комисија на американскиот Конгрес за упадот на вашингтонски Капитол од 6-ти јануари 2021 година, во понеделникот едногласно препорача кривична постапка против поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го и дека наводно повикал на бунт. Истражната комисија, исто така, препорачала до Министерството за правосудство, поранешниот претседател на САД кривично да биде гонет поради наводно попречување на службениот ...