
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Вчера во 15.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Ливаде“, товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од Т.Д.(35) од Албанија удрило во велосипед, управуван од С.Т.(51) од с.Младо Нагоричане. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, ...
Денот по празнувањето на најрадосниот христијански празник, односно вториот ден од Божиќ, се нарекува и Собор на Пресвета Богородица. Верниците и оддаваат почит и благодарност за раѓањето на спасителот на човечкиот род. Вториот ден од Божиќ е посветен на Богородица, а третиот ден од најрадосниот христијански празник е Свети Стефан. На вториот ден од Божиќ одите кај пријателите, кумовите, гостите се пречекани. Православните верници го слават ...
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити синоќа, од Студеничани му порача на партискиот лидер Али Ахмети дека се со него, но и да не го гори јорганот за една болва. Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва – рече Меџити. Дел од членовите на ДУИ пред Нова година на прес конференција повторно го изразија своето незадоволство, бидејќи според нив, нема никакви промени во извршната власт и покрај анализата за сработеното ...
Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и Ковачевски знаеја дека немаат 2/3 мнозинство во Собранието за промена на Уставот, и покрај тоа прифатија обврски за државата, тие беа свесни дека не можат да испорачаат, но свесно ја заглавија Македонија, само за да се сликаат еднаш и да кажат дека нешто направиле. СДС и ...
Илјадници луѓе утринава се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан сакајќи да му оддадат последна почит и да се простат од поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти пред тој да биде погребан. Погребната миса започна во 9:30 часот по локално време, кратко откако ковчегот со посмртните останки на папата Бенедикт беше пренесен на плоштадот. Церемонијата ја предводеше папата Франциск кој дотаму пристигна во инвалидска количка. Додека маглата го ...
Во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, на 5 јануари во 911 година починал Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската писменост и просвета. Наум бил еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент бил назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен Наум Охридски. ...
Скопје и утринава повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот. На листата на светски најзагадени градови Скопје се наоѓа на десетото место со индекс на квалитет на воздухот од 165 а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи. Главниот град во Македонија вчеравечер се искачи на врвот како најзагаден град со индекс на квалитет на воздухот 208. И натаму, Скопје останува како град со најзагаден ...
И без нов Клинички и без 20 милиони евра, Ковачевски и министрите солидарно од свои сметки да ја подмират штетата. Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДС не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клиничли центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДС подоцна. 5 години подоцна откако СДС го уништи цел процес, ...
Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе претставка против МНР и министерот Бујар Османи, за како што вели воведувањето на МКарта. Според Златев со добивањето на МКарта на само неколкумина граѓани, се дискриминираат околу 2 милиони по разни основи. Во продолжение неговиот статус ГО ПРИЈАВИВ БУЈАР ОСМАНИ, ОСТАНУВА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Пред малку до Комисијата за спречување и заштита од ...
22-годишен возач прегазил 47-годишен маж од Ласкарци. На 04.01.2023 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ласкарци-с.Буковиќ, Скопско, патничко возило -„фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(22) од с.Паничари, скопско, удрило во З.М.(47) од с.Ласкарци. Во несреќата, З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од МВР. Извршен ...
Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите. -За вакви и ...
Вчера (04.01.2023) во 15.15 часот на ул.„Манапо“ на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Џ.С.(24) од с.Шишево, скопско. – При преглед кај него бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело „кражба“ извршена во продажен објект во трговски центар во Карпош, а исто така, кај него бил пронајден и одземен нож. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во ...
На 04.01.2023 во 16.20 часот на ул.„Руди Чаевец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(43) од Прилеп, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна ...
Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и со малите деца коледарчиња се најавува Рождеството Христово. Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник. Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, ...
Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број- 7, 9, 11- колку повеќе се`, толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни. Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува ...
Скопје и утрово има проблеми со загадениот воздух и се наоѓа на осмата позиција на најзагадени градови во светот, покажа страницата која го мери загадувањето во светот „IQAir“. Главниот град на Македонија утрово има индекс од 184 и се наоѓа на осмата позиција, а пред себе има неколку градови од Индија, Пакистан, Кина и Монголија. Како и во претходните денови, така и денеска најзастапени во воздухот се отровните PM2,5 честички, а големо ...
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири ...
Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. -7 години СДС е централна власт. 7 години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. 7 години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух. 20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински ...
Вчера во 18.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат во гостиварски Градец, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(44) од с.Градец, удрило во застанато патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било запрено од Н.И.(46) од истото село. Во несреќата, возачот Р.Б. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот во возилото „пасатот“, Н.Р. се ...
Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село утрово во 05.40 часот во Ново Село, Струмичко, ги лишиле од слобода С.Џ. (26) од Струмица и С.Ш. (25) од Кочани. Според МВР, тие се сомничат дека околу 02.50 часот од круг на правно лице од Ново Село одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде ...
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ќе богослужи литургија на Св. Василиј Велики. Вселенскиот патријарх Вартоломеј кон крајот на декември првпат во ...
ОВЕН Не сте во форма а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сѐ што може да чека поповолен момент. БИК На повидок е паричен прилив кој ќе ја намали тензијата која трае веќе извесно време. Не преземајте нови обврски, туку минете го денот со минимални деловни активности. Во текот на денот можно е да сретнете ...
1169.- Франција и Англија склучиле мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај. 1392.- Скопје паднало под османлиска власт и станало седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак бил првата организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад. 1412.- Родена е Јованка Орлеанка ...
Времето денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, но во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за магливо време во повеќето котлини. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали и ...
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во недела и во понеделник претпладне ќе се задржи стабилно време, по котлините со појава на магла или ...
Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеле истиот ...
ОВЕН Ќе уживате во доброто разбирање со околината, што ќе ви овозможи да размислувате за вашиот одмор без да се грижите за ништо. Додека размислувате за вашиот живот, ќе откриете дека има уште нешта коишто би можеле да ги направите за себеси. Вашите планови ќе вклучуваат и патување за кое ќе се одлучите денеска. БИК Не ја растурајте сопствената енергија во многу правци. Пред вас се интересни познанства, кои може да ви донесат значителна предност ...
Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекуваањата се пласираше во третото коло од турнирот во Аделаида, славејќи над Французинот Квентин Халис со минимални 7-6, 7-6. Србинот важеше за голем фаворит и се очекуваше рутински да стигне до победата, но Халис се покажа како цврст ривал кој беше многу подобар во првиот сет. Имено, францускиот тенисер го отвори мечот со водство од 3-0, а потоа водеше и со 5-3. Ѓоковиќ се врати до 5-5, за во завршницата од ...
Челси се договори со Енцо Фернандез за трансфер, меѓутоа не можеше да се договори и со Бенфика која остана на ставот дека сака 120 милиони евра. Откупната клаузула на Енцо изнесува 120 милиони евра, а Челси ниту во еден момент не планирал целосно да ја исплати, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Романо објави дека премиерлигашот сакал да плати 85 милиони евра за услугите на аргентинскиот репрезентативец, меѓутоа Бенфика не ја прифати ...
ПСЖ го стави Нејмар на трансфер листата и е подготвен да слуша понуди од други клубови, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот клуб ја намали цената на само 50 милиони евра со надеж дека ќе привлече клубови од Премиер-лигата како Њукасл, Челзи и Манчестер Сити. 30-годишниот Бразилец е најскапиот играч во историјата на фудбалот. ПСЖ го донесе од Барселона пред пет години за 222 милиони евра, а Бразилецот не успеа да ја оствари целта и да им ...