
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Патнички воз утрово излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Нема повредени патници, пренесува „Плусинфо“ од извори од Македонски Железници-Транспорт. – Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – се вели во изјавата од Македонски Железници-Транспорт која ја ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 404 возачи. Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 219 возила ја ...
Во разговор за МКД.мк потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани вели дека Беса нема да оди во Тирана на покана од албанскиот премиер Еди Рама. Toj вели дека целта на закажаната средба на лидерите на партиите на Албанците во Тирана е промовирање на нова Влада на Димитар Ковачевски проширена со уште еден коалициски партнер и спас на речиси две години мандат. „На иста маса со Ахмети не седнуваме“, вели Лимани. „На Централно претседателство ...
Додека економијата тоне, а граѓаните се се посиромашни, Ковачевски и Ахмети мислат само на криминалот и бизнис интересите на клептоманите од власта. Димитар Ковачевски е најдобар слуга на Али Ахмети, а тоа јасно се гледа преку заштита на криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ. Нема ниту една постапка за ниту еден функционер на ДУИ, бидејќи Ковачевски ги штити како бели мечки заради спас на својата кaриера. Испомош им се појавуваат и ...
Видеото на кое Ахмети пее, дел од албанските медиуми го протолкуваа како негов одговор на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“ Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ, реагира Изет Меџити од ДУИ, од таканаречената огнена група, откако ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...
Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во ...
На 08.01.2023 во периодот од 21:30 до 22:30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар. При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени. ...
На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, пресметале од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 ...
Денеска (09.01.2023) во 10.00 часот на ул.„Димо Хаџи Димов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П.(39) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Маврово и Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено ...
Високи македонски функционери и припадници од Министерството за внатрешни раборит во шверц со наркотоци, објавува албанската телевизија Ora News во прилогот под наслов „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев…“ Како што во понеделникот вечерта објави телевизијата, станува збор за скандал во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија. Во прилогот се наведува дека по објавувањето на фотографиите на кои ...
Да ја потсетам Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дека еве веќе точно шест месеци откако во јуни од Општина Гази Баба новата општинска власт во Гази Баба до ДКСК поднесе претставка за залудно потрошени над два милиона денари, една афера која јас ја извадив на прес конференција уште во октомври месец за новинари и експерти за социјални мрежи како и еден продукциски тим кои потрошиле над два милиони денари а немаат поднесено ...
Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка. Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка. На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 ...
Средбата во Тирана е за спас на политичките кариери на Ковачевски и Ахмети, поддржани од Апасиев кој глуми лажен патриот. Ковачевски нема ништо против средбата во Тирана, иако за македонски прашања се расправа надвор од државата, тоа е така зошто тој гледа гума за спасување на својата политичка кариера. Дали средбата во Тирана е на барање на Ковачевски? Кој ќе биде резултатот на средбата од Тирана, дали Ахмети ќе ги учи во Тирана за зелената ...
Основното јавно обвинителство – Скопје покрена обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и против неговата болница, како правно лице, за кривично дело „измама“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години. Информацијата беше споделена на денешниот брифинг во Обвинителството со новинарите. ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти ...
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 181 возач. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 ...
Вчера околу 18.50 часот била прегазена 18-годишна девојка, по што возачот со автомобилот избегал од местото на несреќата. – Денеска (10.01.2023) околу 01 .30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 18.50 часот на 09.01.2023 на крстосницата на улиците „29 Ноември“ и „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во 18-годишната Е.Н. од тетовско Слатино и го напуштило местото, информира МВР. Во несреќата, Е.Н. се ...
Синоќа се случила сообраќајна несреќа во Скопје во која три лица се здобиле со повреди. – На 09.01.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(39) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од М.Ј.(19) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР. Во несреќата ...
Ексдиректорот на Царина, Драган Даравелски кој раководеше со управата од 1999 до 2002 година, а кој се бараше по меѓународна потерница е фатен денес на Граничниот премин Табановце. Информацијата за МКД.мк ја потврдуваат од МВР и додаваат дека лицето ќе биде предадено на затворска установа. Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, во март, 2016 година беше уапсен во Србија по распишана потерница од страна на македонските ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево и тивко, температурата ќе достигне до 11 степени. Од УХМР информираат дека времето ќе биде стабилно и во понеделник претпладне, а во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува ...
1297.- Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продрел во крепоста Монако која тогаш била под владение на Џенова. Притоа во неа ги пуштил своите војници и истата ја освоил. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако. 1324.- Умрел италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патешественик. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргнал кон Далечниот Исток. Пропатувал низ ...
ОВЕН Здравствените тегоби можат да го попречат исполнувањето на вашите намери, но не очајувајте. Брзо ќе закрепнете и ќе продолжите таму каде што сте застанале без многу загуби. Љубовта може да направи чуда сè додека не ја занемарувате. Носејќи ја во срцето, ќе имате сила да се соочите со секој предизвик. БИК Одговорни и активни, ќе продолжите со реализација на задачите кои ги разгледувате без да создавате тензии кај оние околу вас. ...
Новак Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев во второто полуфинале на тенискиот турнир во Аделејд, обезбедувајќи си го настапот во првото финале во 2023 година. Српскиот тенисер обезбеди по еден брејк во двата сета и славеше против Русинот со 6:3 и 6:4 во двата одиграни сета. Ѓоковиќ се пожали на повреда во првиот сет, во кој побара медицински тајм-аут, но потоа без поголеми проблеми ги искористи најважните шанси против Медведев. Противник во ...
Еден Азар во следниов период најверојатно ќе си замине од Реал Мадрид и ќе му се приклучи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Белгискиот репрезентативец кој во 2019-тата дојде во Кралскиот клуб од Челзи за сума од 115 милиони евра неодамна е прогласен за најголемото промашување во историјата се поретко добива шанса во поставата на Кралскиот клуб и поради тоа ќе добие дозвола да го напушти Мадрид. Се најавува дека за Азар најголем интерес ...
Откако ги предводеше „триколорите“ до финале на мундијалот во Катар, Дидје Дешам доби одврзани раце да одлучи што сака. Стратегот одбра да остане, но имаше несогласување околу должината на новата соработка. Првиот човек на ФФФ, Ноел ле Грае преферираше Дидје Дешам да доби договор до јуни 2024, но тренерот инситираше да остане на кормилото до мундијалот во САД, Канада и Мексико. Дидје Дешам не попушти, ФФФ на крајот му ја исполни желбата, па ...
Светскиот рекет број еден, Карлос Алкарас, дефинитивно нема да се натпреварува за трофејот на Аустралијан Опен. Шпанскиот тенисер се повредил за време на подготовките и нема да биде во конкуренција за освојување на првиот грен-слем во 2023 година. – Кога бев во одлична форма за време на подготовките за новата сезона, заработив повреда при едно неприродно движење. – Работев напорно за да бидам на потребното ниво во Австралија, но за жал сега ...
Новиот сој на коронавирус XBB.1.5 може да се прошири во Германија и остатокот од Европа во наредните недели и да стане доминантен, изјави германски епидемиолог. Таа варијанта е присутна кај речиси половина од бројот на новозаразени во САД. „Можеме со сигурност да предвидиме дека оваа варијанта ќе преовладува и кај нас“, вели Хајо Зееб од Институтот за превенција, истражување и епидемиологија Лајбниц во Бремен. Според него, XBB.1.5 се среќава со ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека неговата партија останува на ставот за предвремени парламентарни избори. Тој очекува кон крајот на јануари или најдоцна во почетокот на февруари да се изгласа распуштање на Парламентот, во средината на февруари да се формира техничка влада, а изборите да се одржат во втората половина на мај. Одговорајќи на новинарски прашања по централната свечена божествена ...
На 06.01.2023 во 22.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Денеска (07.01.2023) во 03.40 часот пред угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19) и И.Т.(21), ...