Познатиот фудбалер Џанлука Виали почина на 58 годишна возраст. Поранешниот италијански репрезентативец почина во болница во Лондон од последици на рак на панкреасот, болест со која се бореше од 2018 година. Виали е роден на 9 јули во 1964 година во Кремона. По добрите партии во Кремонезе направи трансфер во Сампдорија во 1984 година и за осум сезони одигра 327 натпревари и постигна 141 гол. Четири години настапуваше и во дресот на Јувентус (145 ...

Ѓоковиќ осми пат во осум пресметки го победи Шаповалов, денеска со 6-3, 6-4 во меч на кој Србинот се мачеше посебно во првиот сет и тоа на свој сервис, но Канаѓанецот не успеа да ги искористи брејк можностите во првиот и петтиот гем, за на крајот да успее да го освои сервисот на противникот кој имаше 40-15 за да поведе во мечот. Во вториот, Србинот направи брејк во третиот гем, па поведе со 3-1, но потоа го загуби својот сервис во шестиот за ...

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од 40-34 на дуелот со Хрватска, првиот од двата меча што нашите ракометари ќе ги играат како дел од „Кроација купот“ во завршната фаза од подготовките за СП 2023. Поразот од реномираниот ривал не е трагедија, особено ако бевме сериозно ослабени со неиграњето на првиот голман Митревски и главниот играч во бековската линија, Филип Талески. Георгиевски и Пешевски погодија за две рани водства на ...

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч за Денвер нагетс, предводејќи ја својата екипа до рутинска победа од 121-108 на дуелот со Кливленд. Српскиот центар одигра фантастично, реализирајќи 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Со ова издание, Јокиќ стана само четврти играч во историјата на НБА-лигата што во шест различни сезони остварил двоцифрен број на трипл-дабл натпревари. Пред Србинот, тоа им ...

Осум лица, меѓу кои пет деца, сите членови на исто семејство, се пронајдени мртви со прострелни рани во дом во јужна Јута, соопштија локалните власти, без да наведат дополнителни детали или можен мотив за злосторството. Жртвите биле пронајдени кога полицијата ја проверила куќата, се вели во изјавата на градските власти во Енох, град со околу 8.000 жители сместен на околу 400 километри јужно од Солт Лејк Сити, пренесува АП. Менаџерот на градот ...

Вели дека конфликтот се случил во неговиот дом во Лондон, во 2019 година по што добил видлива повреда на грбот откако принцот од Велс го фатил за јаката и му го скинал ланчето, соборувајќи го на подот. Според Guardian, „ова е една од многуте неверојатни сцени“ опишани во книгата на Хари со наслов „Spare“. Мемоарите треба да излезат на 10 јануари. Вилијам сметал дека Меган е „тешка, безобразна и токсична“ – коментари за коишто Хари истакнува дека ...

Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности“ настанати по руската офанзива, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одби повикот на рускиот претседател Путин за 36-часовен прекин на огнот за Божиќ. Тој доцна синоќа во видео обраќање рече дека Русија бара прекин на огнот како покритие за доведување повеќе луѓе и опрема во источниот регион Донбас во обид да го запре напредувањето на украинските војници. Според него, Русите сега сакаат да го искористат Божиќ за да распоредат муниција и војници поблиску до ...

И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад. Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувајчи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот. Според странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина. Претседателот на ...

Хакери ги украле адресите на е-пошта на повеќе од 200 милиони корисници на Твитер и ги објавиле на форум за хакерство на интернет, изјави експертот за компјутерска безбедност Алон Гал. Гал рече дека оваа кражба ќе доведе до голем број напади и обиди за измама на сопствениците на тие адреси и дека ова е едно од најголемите „протекувања“ што ги видел. Гал е ко-основач на израелската фирма за сајбер безбедност „Хадсон“. Твитер не го коментираше ...

Шестгодишно момче со истрел од пиштол рани наставничка во основно училиште во американскиот град Њупорт Њуз, во сојузната држава Вирџинија, соопшти полицијата. Локалните власти ветија дека ќе најдат одговори на сите прашања за да не се повтори ваков настан. Наставничката на возраст од триесет години, како што јави Ројтерс, се здобила со повреди опасни по живот, но нејзината состојба е подобрена. Засега не е познато како момчето го добило ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го избра републиканецот Кевин Мекарти за нов спикер по досега невидена ситуација која опфати дури 15 рунди на гласање, иако неговата партија го има мнозинството. Мекарти беше избран по низа отстапки кон групата тврди десничари и драматичниот притисок врз Мет Гец, еден од најголемите бунтовници меѓу Републиканците. Конгресменот од Флорида беше меѓу шестемина пратеници кои конечно попуштија утрово. Тие ...

Маж (41) доцна синоќа во Загреб со секира нападнал жена (41) и дете (1,5), а потоа побегнал и се фрлил под автомобил, пренесува хрватски „Индекс“.Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го усмртило на лице место. Од Јавното обвинителство на Загреб велат наскоро ќе излезат со соопштение за случајот бидејќи во тек е полициска истрага за утврдување на ...

Неформалната меѓународна хакерска група „Анонимус“ денеска испратила нови пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кои наведуваат дека ќе „го натераат да плати висока цена”. ие на еден од нивните профили на Твитер (@parrattarna) тврдат дека во текот на ноќта ја блокирале веб-страницата на Војската на Србија, а утринава веб-страницата vucic.rs, но и двете страни, според тамошните медиуми, биле во функција. Фашисто Александар, не ...

Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималните температури од -4 до 4 степени, максималните од 4 до 14 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали. Минималната температура околу нулата, максималната 4 степени. ...

911.- Во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, умрел Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската писменост и просвета. Наум бил еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент бил назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен Наум Охридски. Наум Охридски успешно ...

ОВЕН Дневниот хороскоп за 5 јануари 2023 година му препорачува на овенот „двапати да мери и еднаш да пресече“. Склони сте да земате лекции предалеку, сега не е вистинското време. Оставете ги празниците да поминат, еуфоријата да попушти, па размислете добро што сакате да правите. Очекувајте покана за романтичен состанок. Болка во колената. БИК Сè уште не сте подготвени да се справите со деловните обврски. Само погрижете се да не направите грешка! ...

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божик. Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое ...

На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот. ...

“Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла. Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите ...

Денеска (04.01.2022) околу 00.30 часот во реонот на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, на автопатот А1, во правец кон Скопје, на место викано „Мрзенска река“, возилото било пронајдено запрено, а во него се пронајдени 12 лица ...

Денеска (04.01.2023) во 15.30 часот на ул.„Беласица” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Е.(29) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за ...

Директорот на Затвор Штип, Мики Тодоров денеска информира дека при претрес на ноќна смена од страна на командирот, кај виш надзорник на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телфони. -Вчеравчер на ноќна смена командирот направил претрес и кај еден од вработените на влезот во затворот се пронајдени три мобилни телефони. Направен е записник од негова страна, а со допис случајот е пријавен во полицска станица Штип. Вработениот тврди дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека Русија е подготвена да започне голема офанзива. – Не се сомневаме дека Русија ќе ги фрли сите преостанати карти на маса и ќе ги собере сите што може за да се обиде да го сврти текот на војната и барем да го одложи својот пораз, рече Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање. – Мораме да го нарушиме ова руско сценарио. Се подготвуваме за тоа. Терористите мора да загубат. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Неготино запрашан како го коментира таканаречениот план на СДС, за предвремени избори посочи дека тоа се случувања кои се случуваат во СДСМ, а него како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го интересираат предвремени парламентарни избори за да може на Македонија и на граѓаните да им тргне напред. -Јас нема да коментирам случувања во СДСМ и во другите политички партии. Имам еден ...

На повеќе патни правци во земјава има магла и видливоста за возачите е намалена и до 50 метри поради што се препорачува внимателно возење и приспособување на брзината на движење. Според информациите од АМСМ, намалена видливост до 50 метри има на патиштата: Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје. Магла има и на други патни правци иако видливоста е нешто поголема, па така од 50 – 100 метри ...

Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери, и почеток на промените за посигурна иднина на Македонија. Дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата. Додека сите ...

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието има појава на магла или ниска облачност, додека во текот на денот во поголем дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во претпладневните часови. Утринските температури се движат во интервалот од минус 2 до 4 степени, додека во текот на денот ќе се искачат од 8 во југозападните и централните ...

1710.- Роден е италијанскиот композитор Џовани Батиста Перголези. Дела: операта „Слугинката господарка“, црковната музика „Stabat mater“. 1785.- Роден е германскиот филолог и книжевник Јакоб Грим, основач на современата германистика. Јакоб Грим вниманието на јавноста го свртел кон народните умотворби и јазикот, а ги изучувал историјата на јазикот и старата литература. Се бавел со народни преданија, митови и бајки, со фолклор и обичаи. Во 1852 ...

ОВЕН Вашата самодоверба изгледа непоколеблива денес. На какви проблеми и да наидете, тие нема да ви пречат и лесно ќе напредувате. Личноста што ја посакувате конечно го бара вашето внимание и сè се развива сосема природно. Не бидете премногу напорни за да не ја оттурнете. Писмо или телефонски повик ќе има ефект на будење врз вас. БИК Времето ќе работи за вас и ќе биде доволно за сѐ, а вашите задачи ќе се реализираат онака како што ќе ги ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
53%
1010
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
88%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
72%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
64%
1011
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.4
67%
1008
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
50%
1005
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1009
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
73%
1010
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
85%
1007
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
58%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
74%
1004
Currency

61.56

Currency

53.1148

Currency

70.9503

Currency

34.5719

Currency

38.6126

Currency

66.0048

Currency

7.39981

Currency

0.64771

Currency

0.35755

Currency

0.52463

Currency

1.30952

Currency

0.61194

Алуминиум

2.63

Иридиум

146735.52

Кобалт

42.99

Никел

15046.50

Рутениум

25656.30

Калај

34.22

Сребро

1227.10

Злато

106916.49

Бакар

11.21

Паладиум

39738.32

Платина

45317.08

Родиум

212194.93

Цинк

2.82