1304.- Во Арецо е роден Франциско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото „Канцониер“ – зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот „Африка“ добил „Ловоров венец“. Умрел во Арква, во близина на Падова, на 18 јули 1374 година. 1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година ...

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. UV=10. Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а дневните до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од ...

– Национален празник на Кралството Белгија. 1542.- Папата Павле Втори донесол одлука за основање на инквизиција во Рим. 1796.- Умрел Роберт Бернс, еден од најголемите шкотски писатели во 18. век. Во 1786 година излегла од печат неговата прва збирка песни „Песни претежно на шкотски дијалект“. Позната е и неговата збирка од собрани народни песни „Шкотски музички музеј“, како и збирката „Избрани шкотски песни“. Роден бил во Аловеј, близу до Ајр, на ...

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од ...

Во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло врме со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а долж Повардарието северозападен. Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Индексот на ултраволетовото зрачење (UV) и натаму ќе има висока вредност 10. Утринските температури се движат меѓу 16 и 23 ...

1757.- Во Мадрид умрел Доменико Скарлати, италијански чембалист и композитор, оргулист и диригент. Напишал 555 сонати за чембало во рок-стил. Роден бил во Неапол, на 26 октомври 1685 година. 1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победиле пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинале најмалку 6.000 Пруси. 1875.- Умрел американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер ...

1567.- Незадоволното благородништво ја принудило да абдицира шкотската кралица Марија Стјуарт поради нејзиниот обид да ја наметне римокатоличката политика во протестантска Шкотска. 1704.- Британските сили под команда на адмиралот Џорџ Рук го одзеле Гибралтар од Шпанците. 1783.- Во Каракас, Венецуела, е роден Симон Боливар, јужноамерикански револуционер и национален водач. Раководел со борбите за независност на шпанските колонии и нивното ...

Во Македонија ќе преовладеува сончево и многу топло време со мала локална облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки од изминатиот период. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) и натаму има висока вредност 10. Утринските температири се во распонот од 13 степени во западните планински подрачја до 22 во централниот дел на земјата до 24 на крајниот југ. ...

1712.- Војската на швајцарските протестантски кантони во битката кај Вилмерген ја победиле армијата на римокатоличките кантони, со што во Швајцарија завршиле верските војни. 1883.- Во Торино е роден Алфредо Казела, италијански композитор, пијанист, диригент и музички писател. Умрел во Рим, на 5 март 1947 година. 1834.- Умрел англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски литературни критичари. Дела: ...

Во Македонија ќе преовладува и натаму сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има за малку помала од претходните денови вредност 9. Утринските температури се движат од 17 до 23, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 27 и 42 Целзиусови степени. Во Скопје ...

1847.- Африканската држава Либерија била прогласена за независна република. Уште во 1820 година Либерија ја основале ослободените црни робови, преселени од САД на просторот меѓу Сиера Леоне, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска. 1856.- Во Даблин е роден Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му донесоа репутација на најдуховит драматург во 20. век. Негови познати дела се драмите „Света ...

Античкиот театар вечерва, во 21 часот, ќе блесне со гламурозниот настап на светски познатата сопранистка Анџела Георгиу, која ќе го отвори 63. издание на фестивалот „Охридско лето“. Оперската дива Георгиу пристигна во неделата на Меѓународниот аеродром во Скопје, а беше пречекана од aмбасадорката на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте, од директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, и од селекторката на музичката програма на ...

Холивудските актери се подготвени да штрајкуваат во четврток, придружувајќи им се на сценаристите во првото затворање во индустријата по 63 години откако пропаднаа последните преговори, при што речиси целата филмска и телевизиска продукција најверојатно ќе биде стопирана. Здружението на актерите на екран (SAG-AFTRA), кое претставува 160.000 изведувачи, вклучително и ѕвезди од А-листата, соопшти дека преговорите во средата завршиле без договор за ...

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Агенцијата ги стопираше исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопираше и потпишувањето на пред-договорот за филмот “Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата. „Банана филм“ тужеше, тврдејќи дека Агенцијата постапува ...

Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и најзначајни автори на 20.век во македонската музика, не само во ...

Тројца тинејџери се ранети во пукање на Тајм Сквер во Њујорк на кое му претходела караница. Властите објавија дека пронашле четири чаури и оти сè се случило по кавга меѓу тинејџерите со непознато лице. Двајца од нив се превезени во болница, третиот подоцна сам побарал медицинска помош поради повреда на раката. Полицијата трага по сторителот кој побегнал од местото на настанот. Полициски извори веруваат дека жртвите и напаѓачот се познавале ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави на 18 јули дека добил писмо од специјалниот обвинител Џек Смит, во кое го информирал дека е цел на истрагата на Министерството за правда за напорите за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, што е индикација дека наскоро би можел да биде обвинет од федералните обвинители. Трамп во изјавата објавена на неговата социјална мрежа „Truth Social“ дека вакво писмо ...

Цените на кинеските акции паднаа денеска трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за бавниот раст на втората по големина економија во светот, додека другите регионални берзи го следеа растот на Волстрит. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, слабеејќи трет ден по ред. Во исто време, индексот Никеи порасна за 0,8 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија ...

Тригодишно момче случајно ја застрелало својата едногодишна сестра со пиштол пронајден во нивниот дом во Сан Диего, соопшти полицијата. Одделот на шерифот на округот Сан Диего во соопштение за печатот наведе дека добиле повик за пукање во дом околу 7:30 часот во понеделникот. Детето пронашло пиштол и случајно ја застрелало својата едногодишна сестра. Девојчето се здобило со повреда на главата и било пренесено во локална болница, јавува Си-би-ес. ...

Соединетите држави го означија Јордан Орце Камчев за вмешаност во корупција, вклучително и за поткуп на владин функционер, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави да промовираат одговорност за поединци и субјекти кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување. „Г. Камчев ја ...

Руските напади врз украинските пристанишни области продолжија и денес. Нападите доаѓаат откако Москва предупреди дека бродовите што се упатуваат кон украинските пристаништа на Црното море може да се сметаат за воени цели, пренесе Ројтерс. Во нападите повредени се најмалку 20 лица во регионите на Миколаев и Одеса. Со излегувањето на Русија од договорот што ги заштити глобалните испораки на украинско жито, Украина соопшти дека воспоставува ...

Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза ностра“ – Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче. Тука спаѓаат и бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител дента кога Италија ја ...

Бизнисменот Јордан Камчев нема да стапне на американско тло, но синоќа и за последен пат имал можност да тргува со удели и пари надвор од земјата. Освен физички, тој е и финансиска персона нон грата за САД, а неговите удели, сметки и депозити се под мраз. Презимето Камчев е со црни букви во секоја финансиска институција во САД. Но, она што засега е нејасно и допрва ќе се знае дали ќе се запрат приливите и богатењето на Камчев кој, пак, од ...

Запрашан дали Пригожин е сè уште жив, шефот на МИ6, Сер Ричард Мур рече: „Колку што можеме да кажеме, Пригожин е жив“. Тој додаде дека шефот на Вагнер во последните денови отишол на чај со Владимир Путин – интересен развој на настаните со оглед на тоа што рускиот претседател претходно го опиша Пригожин како предавник. „Овие работи се мистериозни дури и за мене. Шефот Вагнер беше предавник на појадок, помилуван на вечера и неколку дена подоцна ...

На ниво на ЕУ, инфлацијата изразена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) се намали на 6,4 отсто во јуни, од 7,1 отсто во мај, пресметаа статистичарите. Во еврозоната падна од 6,1 на 5,5 отсто, ја потврди Евростат проценката од крајот на јуни. На месечно ниво, цените во двете области пораснаа за 0,3 отсто, по стагнацијата во мај. Инфлацијата во еврозоната во јуни, според податоците на Евростат, ја запре падот на цените на енергенсите, за 5,6 ...

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години, изјавија научници на НАСА на тркалезната маса со новинари, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува. Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина. – Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува ...

Хакери поврзани во кинеската влада упаднале во електронската пошта на американскиот амбасадор во Пекингм Николас Бернс, и добиле пристап до стотици писма, објави во четветокот весникот The Wall Street Journal. Цел на хакерите, според неименуваните извори на весникот, бил шефот на одделот за источноазиски прашања при американскиот Стејт департмент, Даниел Критенбринк. „Хакери поврзани со Пекинг добиле пристап до адресата на електронската пошта на ...

Еден од најопасните американски хакери во XX век, кој по излегувањето од затворот стана експерт по информатичка безбедност, Кевин Митник, почина на 59-годишна возраст во Лас Вегас, објави во четвртокот весникот The New York Times. Според информацијата, причина за смртта на Митник, кој инаку починал на 16-ти јули, биле повеќекратни компликации предизвикани од рак на панкреасот. Тој бил лекуван во Медицинскиот центар на Универзитетот ви Питсбург, ...

Додека бродовите за Црното Море застанаа во водите во близина на Истанбул, цените на пченицата пораснаа од 13 отсто од понеделникот, кога Русија се повлече од договорот за време на војната, кој се сметаше за клучен за стабилизирање на глобалните цени на храната. Раскинувањето на договорот, кој ѝ овозможи на Украина безбедно да го извезува своето жито преку Црното Море, може да има значителни долгорочни последици за резервите на жито, вели ...

Воениот известувач на РИА Новости, Ростислав Журављов (34) е убиен во украински напад во зоната на специјална воена операција. Ранет е фоторепортерот Константин Михаљчевски. Тој ќе биде префрлен во Мелитопол, а потоа и на Крим доколку состојбата му дозволи. Група новинари била нападната од украинските сили во близина на Пјатихатки. Во групата биле и новинарите на „Известија“ „Околу 12 часот, украинските сили извршија артилериски напад врз група ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
36%
1011
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
44%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
35%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.95
38%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
44%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
47%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
38%
1010
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1010
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
38%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
47%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52