Интегрален текст од честитката по повод Илинден на премиерот Христијан Мицкоски: Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и достоинство. Тој стремеж денес е ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе празникот 2 Август – Илинден Денот на Републиката. -Овој ден нека потсетува на жртвата што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме – а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите што следат после нас. Држава во која ќе имаме среќни граѓани, држава што ќе биде ...