
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Ден по страшното невреме кое вчера ја зафати Хрватска, пристигна вест дека при интервенцијата загинат и еден пожарникар. Тој е четвртата жртва на страшното невреме во таа земја. Повредени се 100 луѓе Во невремето двајца мажи го загубија животот вчера во Загреб и еден маж во Славонија. Несреќниот пожарникар загинал при интервенцијата во вуковарско-сремската жупанија. -Во невремето загина пожарникар, двајца мажи во Загреб, еден во Славонија, ...
Грчките власти наредија евакуација на одредени населени места во западниот дел на Атина поради големиот пожар и силните ветришта што го разгоруваат. Градот Лутраки, на 80 километри од Атина, е еден од најзагрозените од пожарот бидејќи пожарот го прекина снабдувањето со вода во тој крајбрежен град. Локалната противпожарна служба соопшти дека пожарникарите изгубиле контрола над пожарот во вечерните часови на 20 јули кога ветерот се засилил, а од ...
Како што може да се види на неколку метеоролошки локалитети, кои ги следат моментните временски услови, во Хрватска во моментот доаѓа ново невреме од Словенија. Еден од неколкуте фронтови, кои доаѓаат од Словенија, веќе пристигна над Загреб. Се движеше од правец на Нов Загреб и моментно е над Самоборските Планини и поголемиот дел од Загреб. Од приближно таа насока дојде силно невреме во средата попладне, известуваат хрватските медиуми. Во Загреб ...
Во западна Србија, Шумадија и Поморавје е издаден црвен метеоаларм поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време. Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС. Една повозрасна жена починала во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрвото во близина. Жената ...
Шумскиот пожар кој беснее петти ден на грчкиот остров Родос, принуди стотици луѓе да ги напуштат погодените села и плажи во саботата, соопштија властите. Бродовите на крајбрежната стража и повеќе од 30 приватни чамци евакуираа најмалку 2.000 луѓе, вклучително и туристи, од плажите во близина на областите Киотари и Лардос на југоисточниот дел на островот, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Алексиу. Властите исто така повикаа околу ...
64 избувнаа во текот на вчерашниот ден, кој беше регистриран како најтопол ден од летото досега. Поради големиот пожар на островот Родос, 19.000 луѓе беа принудени да се евакуираат, голем дел од нив туристи, а пожари се шират и на островите Евија и Крф. На Евија, властите им наредија на жителите на четири села во јужниот дел да се евакуираат во градот Каристос кој се наоѓа на запад од територијата која е зафатена од оган. „Пожарот можеби е на 2 ...
Обвинителот и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ, изјави за новинарите дека „специјалното одделение на полицијата, по налог на судот и на барање на Специјалното државно обвинителство, а во соработка со Европол, врши претрес на станови и други простории на неколку лица во Подгорица, Никшиќ, Жабљак и Мојковац“. Тој додаде дека постои основа на сомнение дека сторените кривични дела се создавање на криминална ...
„Повторно имаме пожар, можеби потежок и попредизвикувачки. Во моментов тој не им се заканува на куќите, но многу е сигурно дека тоа ќе се случи“, рече Стјепан Симовиќ, началник на пожарникарската бригада на Дубровничко- неретванската жупанија. Пожарот веќе преминал во Босна и Херцеговина, па повторно се вратил, Симовиќ лично ја преминал границата за да ја провери ситуацијата. „Пожарот помина, па се врати, многу се прошири. Доаѓаат дополнителни ...
Професорката Билјана Ванковска, со остра реакција до амбасадорката на САД, Анџела Агелер, заради нејзиното коментирање дека дале многу пари за владеење на правото, а резултати нема. „ Како тоа, каде се парите? Па инвестирани се во политичка власт која ќе ги исполнува ВАШИТЕ барања и интереси на сметка на македонскиот устав и владеењето на правото! Да имаше правен систем сите овие ќе беа по затвори, а немаше да ја имате Македонија како воена база ...
Најмалку едно лице загина во обилни врнежи во поголемиот дел од државата Њујорк во неделата навечер, предизвикувајќи поплави. Неколку десетици возачи мораа да бидат спасени кога нивните возила се заглавија на поплавените патишта, соопштија локалните власти. Областа на долината Хадсон беше најтешко погодена од невремето во неделата, соопшти Националната метеоролошка служба. Епицентарот на невремето го погоди Вест Поинт, американската воена ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој од пладневните часови ќе засилува. Минималната утринса температура се движи во интервалот од 10 до 21, а максималната соодветно ќе биде од 22 до 32 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетово ...
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со неговата флота испловил од Лисабон и во втората половина на ноември поминал крај `ртот Добра Надеж. 1621.- Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умрел во Париз, на 13 април 1695 година. 1709.- Руската војска под водство на царот Петар Велики по двочасовна битка кај Полтава сосема ги поразила шведските трупи што ги водел Карло Дванаесетти. ...
– Меѓународен ден на уништување на оружјето. 1441.- Умрел фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден од најголемите европски сликари во 15. век, родоначелник на ренесансното реалистичко сликарство во северна Европа, творец на фламанската сликарска школа. 1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се истоварил на Мексиканскиот Залив, каде го основал градот Вера Круз и започнал со освојувањето на Мексико, кое завршило во 1521 година со уништување на ...
Утрово најсвежо е во Лазарополе, седум степени, а максимални 20 степени се измерени во Гевгелија. Како што соопшти УХМР, 8 степени е на Попова Шапка, 9 во Берово, 10 во Крива Паланка и Маврови Анови, 11 во Крушево и Битола, 12 во Тетово, 13 во Скопје – Петровец, Прилеп, Охрид и Претор, 14 во Куманово, Демир Капија, Дебар, Струмица и Штип, 15 во Виница, Кавадарци и Велес, како и 16 степени во Скопје – Зајчев Рид. Времето во текот на денот ќе биде ...
138.- Умрел римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој по доаѓањето на престолот во 117 година откако увидел дека Римското царство слабее, се одрекол од освојувања и ги утврдил границите во Германија и во Британија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал. 1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење биле ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степена. Времето во наредните денови ќе биде под влијание на топол ...
– Светски ден на населението 1533.- Папата Клемент Седми му се заканил на англискиот крал Хенри Осми дека ќе го екскомуницира од римокатоличката црква ако не го обнови бракот со Катерина Арагонска, од која се развел во мај 1533 година. Хенри Осми ја игнорирал заканата, ги раскинал сите врски со Ватикан и во 1534 година ја основал Англиканската црква – прогласувајќи се себеси за нејзин поглавар. 1804.- Поранешниот претседател на САД Арон Бер го ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со ...
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н. е. 1536.- Умрел Ерзамо Ротердамски, прочуен холандски хуманист. Поради големото ...
Денеска во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја како и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – ...
Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажува дека дури 19 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку се одржат избори престојната недела. Имено, анкетата е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници, а на прашањето доколку престојната недела се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојна предност пред СДСМ, односно 19 проценти од испитаниците одговориле дека ќе ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник (11.07.2023), поради одржување на марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Имено, со почеток од 18.30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ ...
Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со ...
Скопјани утре повторно ќе останат без јавен превоз бидејќи дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда. Ова е веста со која скопјани се разбудија утрово. Но и покрај официјалните потврди за утрешниот штрајк, од Градот Скопје велат дека јавниот превоз утре ќе функционира непречено… Скопјани снаоѓајте се сами! Автобусите на ЈСП ...
Денеска ќе претставиме уште еден сокриен семеен бизнис со адреса на избран и именуван владин функционер, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. На денешната прес конференција го честитаме најновиот бизнис на директорот на БЈБ Сашо Тасевски, на чијашто адреса од неодамна има регистрирано компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери. Очигледно човекот има многу време, па покрај ...
Имено 56 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од 8 април до 4 мај годинава. На прашањето дали Македонија се движи во добра или во погрешна насока, дури 4 пати повеќе односно 56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 ...
Само 4 отсто од македонските граѓани рекле дека имаат доволни примања, 64 отсто едвај рзуваат крај со крај, 35 отсто сметаат дека примањата им се недоволни, 29 отсто рекле дека воопшто не им се доволни семејните приходи. Вакви се податоци за економијата во мајската анкета на ИРИ. Она што е различно од другите години е дека пред три ипол години оние кои рекле дека можат да го поминат месецот без финансиски проблеми биле 9 отсто, додека во ...
Минатата ноќ околу 01.35 часот избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата. На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). – Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е ...
Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата ...
Затвореник побегнал од прилепскиот затвор, ограбил хотел, со спреј го испрскал обезбедувањето на хотелот па бегал со такси. Тој бил уапсен од полицијата кај Градежниот факултет во Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – тешка кражба. Обвинителството информира дека осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се ...