
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.Н.(44) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Пријавената, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти ја измамила оштетената, убедувајќи ја дека ...
Уште 27 вработени во ЈП Комунална хигиена во Скопје синоќа добиле откази. Тоа го дознале откако отишле на работа во трета смена, каде се прочитале на огласната табла. Избрканите се учесниците во протестите, а 10 од нив биле на позиција „одговорни на блокови“, седуммина вработени кои собираат смет, пет возачи на специјални тешки товарни возила, еден одговорен на смена како магационер, чистач, возач на лесно специјално возило за товарење и возач ...
Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз. Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г. При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна ...
Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. ...
Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од 6 јули до 20 јули поради асфалтирање, затворена е и делницата Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над ...
Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги завршуваат пред 10 или по 17 часот, и да се почитуваат препораките од ...
По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. „Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските ...
Сагата околу трансферот на Килијан Мбапе е една од главните теми во фудбалскиот свет, во последните две сезони. Повеќе извори тврдат дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ во овој преоден рок. Напаѓачот има договор со „светците“ до наредното лето. Мбапе ги шокираше сите во клубот, кога со писмо ги извести челниците на ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот до 2025 година.Напаѓачот сака да ја одработи оваа сезона во ПСЖ и потоа ...
Челзи и Милан конечно постигнаа договор и Американецот ќе се пресели на „Сан Сиро“ за 20.000.000 евра. Пулишиќ имаше добра понуда и од Лион, но тој преферираше трансфер во Милан. Американецот треба да му биде од голема помош на најдобриот играч во тимот, Рафаел леао, откако откако Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид, а Златан Ибрахимовиќ се пензионираше. Пулишиќ не се прослави во Челзи, во изминатата сезона не беше први избор на ниту еден ...
Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер оцени дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е еден од главните виновници за слабите резултати што изминатите години ги бележи Германија на фудбалскиот терен. Швајнштајгер рече дека од доаѓањето на Гвардиола на клупата на Баерн Минхен, репрезентацијата на Германија почнала да го губи својот препознатлив борбен дух и да го копира шпанскиот стил на игра со голем посед на топката. ...
Станислас Вавринка два сета не беше ниту блиску до нивото на Новак Ѓоковиќ и за нешто повеќе од еден час игра на семафорот стоеше 2:0, но дури откако губеше со 6:3 и 6:1, искусниот Швајцарец успеа да го пронајде својот најдобар тенис. Популарниот Стен понуди добра битка во третиот сет и се избори за тајбрејк, но иако поведе во овој дел од играта со 5:3, Ноле со четири поени во низа го заврши мечот. Ѓоковиќ беше побрз од „полицискиот час“ во ...
Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери се врати во лондонскиот клуб. Четириесет и двегодишниот Англичанец ќе работи на академијата на клубот од Лондон. – Среќен сум што се вратив дома, работам во академијата и продолжувам со мојата улога во Челзи, напиша Тери на социјалните мрежи. Последната работа на поранешниот англиски репрезентативец беше во Лестер, каде што беше помошник на тренерот Дин Смит од април 2023 година. Во сезоната 2022/23, ...
Италијанските медиуми и јавност повеќе од еуфорично го дочека новото засилување на Интер, Давиде Фратези наведувајќи го како огромно засилување на „нераѕурите“. Сепак, со сето тоа не се согласува и италијанскиот новинар Карло Алвино кој вели дека десетмина како него едвај прават еден Елиф Елмас. Според Алвино, Елиф Елмас е премногу потценет во Италија, а квалитативно е многу над Фратези, кој сега се претставува како чудо од фудбалери. Елмас ...
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино изјави дека е во одлични односи со Хари Кејн кого посакува да го види во редовите на „сините“ од Лондон. „Да, не е тајна дека сум одлични односи со Кејн. Но, тоа не мора ништо да значи. Секако, кој не би сакал еден таков играч во својот тим“ – вели Покетино. Британските медиуми, токму и поради овие зборови на првиот човек на тимот на Челси, шпекулираат дека Кејн би можел кариерата да ја продолжи во Челси. ...
Саудискиот клуб Ал-Ахли, кој се врати во елитата, тргна во голема офанзива за реновирање на составот. Раководството на клубот сака и нов тренер, а му даде неверојатна понуда на Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико Мадрид има уште една година од актуелниот договор со шпанскиот клуб, а доби понуда со трипати поголема плата. Ако се знае дека во Атлетико Мадрид заработува 30 милиони евра по сезона и е најплатен тренер во Европа, тогаш јасно е дека ...
Макс Верстапен (Ред Бул) повторно ќе ја има најдобрата стартна позиција на трката од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Британија во недела, која ја обезбеди со постигнување на најдоброто време во последното квалификациско коло (1:26.720 минути). Актуелниот двократен светски шампион ги разочара домашните навивачи бидејќи го турна Ландо Норис (1:26.961) од првото на второто место во Мекларен, тим кој со години немал толку ...
Рахим Стерлинг не се прослави во првата сезона во Челси во која и клубот од Лондон бележеше катастрофални резултати. Репрезентативецот на Англија на 28 настапи во Премиерлигата забележа само шест гола и три асистенции по што се јавија гласини за можно заминување по стапките на Ковачиќ, Маунт, Кулибали… Сепак истите се чини дека ги отфрли новиот тренер Маурисио Покетино кој изјави дека воопшто не лесно да се адаптираш кога тимот бележи лоши ...
Според информациите на „Спорт1“, Благоја Милевски веќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација, наскоро се очекува оваа одлука и официјално да биде потврдена. „Спорт1“ од извори блиски до Федерацијата, дознава дека Благоја Милевски е минато, раководството на ФФМ одлучило да му врачи отказ. Одлуката доаѓа по речиси еден месец од највисокиот пораз во историјата на нашата фудбалска репрезентација, 7-0 од Англија на Олд Трафорд. ...
Агентот Пини Захави се обиде да работи на таков договор, но претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веднаш ги прекина разговорите. Нејмар се пресели во ПСЖ со рекорден трансфер од 222 милиони евра токму од редовите на Барселона. Никој во клубот не се сомнева во квалитетите на фудбалерот, кој играше покрај сегашниот тренер на тимот Чави Хернандез. Според медиумите во Шпанија, има две причини за одбивањето на Барселона да стапи во преговори со ...
Поради договорот кој ќе му донесе многу пари ако остане уште една сезона, Мбапе не сака да си оди ова лето, туку следното да замине како слободен играч. Но едно такво сценарио е кобно за ПСЖ бидејќи нема да заработат ниту евро од заминувањето на својот најдобар фудбалер и ќе излезат како големи губитници. „Ла Паризиен“ тврди дека во ПСЖ ќе направат сѐ што е во нивна моќ да го продадат Мбапе ова лето. Фабрицио Романо се надоврзува на ова велејќи ...
Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе ја продолжи кариерата во Ал Хилал од Саудиска Арабија. Ал Хилал ги договара деталите со Лацио, откако претходно постигна договор со српскиот фудбалер. Италијанскиот прволигаш ќе добие околу 42 милиони евра за трансферот, додека Милинковиќ-Савиќ за тригодишен договор ќе заработи 100 милиони евра. Ал Хилал претходно се засили со Калиду Кулибали и Рубен Невеш, а планира и да договори ...
Јувентус упати интересна понуда до Челси за размена на играчи. Клубот од Торино сака да го ангажира напаѓачот Ромелу Лукаку и е подготвен да го испрати српскиот интернационалец Душан Влаховиќ на „Стемфорд Бриџ“, тврди „Кориере дело спорт“. Јувентус го идентификуваше Ромелу Лукаку како замена за Србинот, а зделката може да биде од взаемна корист за двата клуба, бидејќи и Челси има интерес за Влаховиќ. Белгиецот Лукаку ја мина ланската сезона на ...
За да се излезе од кризата на северот на Косово, потребно е да се организираат нови избори со учество на Србите, да се исполнат обврските од дијалогот и да се формира Заедница на српски општини, ова го изјави специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Во интервју за ХРТ, Ескобар изјави дека високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и претставникот на дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак ...
Италијанскиот Национален завод за статистика денеска објави дека во земјата, бројот на луѓе на возраст од 100 години и повеќе, лани достигнал рекордно високо ниво. Според податоците, стогодишниците на Апенинскиот Полуостров денес се трипати повеќе од почетокот на 21. век, па од јануари оваа година, тој број достигнал речиси 22.000 – повеќето се жени. И просечната возраст во Италија се зголемила од 45,7 години на 46,4 години, за времето од ...
Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на војната. – Русија користи касетна муниција од почетокот на оваа војна. Украина ...
Федерален судија во петокот осуди бел расист на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 и ранување на други 22 лица во напад на супермаркет од синџирот „Walmart“ во сојузнаа држава Тексас, чија цел биле Американци со шпанско потекло, објавија локалните медиуми. Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој 24-годишниот Патрик Крусиус се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната ...
На помалку од седум дена пред клучниот самит на НАТО во Вилнус, Соединетите Држави отфрлија секоја можност Украина да добие забрзана покана за западниот одбранбен блок. – Мислам дека Украина не е подготвена за членство во НАТО – изјави американскиот претседател Џо Бајден за „Си-eн-eн“. Не мислам дека има договор во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде војна – рече Бајден. – Ако ...
Рејтингот на одобрување на претседателот Џо Бајден е сличен со тој на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, но голем е процентот на неодредни гласачи, jaви синоќа Си-ен-ен. Во меѓувреме и двајцата неделава одржаа партиски митинзи. Резултатите од анкетата се просек од трите последни анкети на Универзитет Квинипек од кои се дознава дека 39 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден додека 38 отсто од нив го одобруваат Трамп. ...
Вредноста на американскиот долар и денеска продолжува да расте во однос на главните светски валути, во исчекување на следните чекори на Федералните резерви на САД (ФеД). Кон средината на денот по централно европско време курсот на еврото во однос на доларот се намали до 1,0959 долари а од нивото по затворањето на берзите кое беше 1,0967 долари. Курсот на доларот спрема јенот порасна до 142,44 јени од 142,07 јени. Индексот на доларот (курс во ...
Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса ...