
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Шпанија ја зафати третиот топлотен бран годианва, па нејзините жители се засолнуваат од горештината во климатизирани трговски центри, а властите ги прошируваат парковите очекувајќи високи температири и во иднина. Жителите и бројните туристи во Аликанте, градот на брегот на Средоземното Море, се засолнуваат од вжештените улици во трговските центри. Повеќето не купуваат ништо туили се разладуваат во тамошните продавници. Многумина од нив велат ...
Два беспилотни летала погодиле згради во Москва рано утрото на 24 јули, според медиумите наведуваат дека остатоци биле пронајдени недалеку од седиштето на Министерството за одбрана. Руското Министерство за одбрана на Телеграм соопшти дека две беспилотни летала „биле потиснати и урнати“ и ја обвини украинската војска. Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанинизјави дека две нестанбени згради биле погодени околу 4 часот наутро и ...
Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми. Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте. Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега. Кокаинот, кој пристигнал од Еквадор во пратка банани, имал чистота од ...
Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution). Според нив високите температури предизвикуваат здравствени предупредувања и предизвикуваат големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од жешкото време на северната хемисфера, а ...
Стојанче Стоилов денеска и официјално објави крај на кариерата, големиот ас во иднина нема да го носи црвено-црниот дрес, но останува во клубот како дел од стручиот штаб на тренерот Недановски. Стоилов на денешната прес-конференција ја потврди информацијата за крај на играчката кариера, во која врвот беше достигнат со двете европски круни во Келн. „Благодарност до сите кои се дел од оваа прес-конференција, знам дека се тука бидејќи го сакаат ...
Вардар со значително изменет состав ќе влезе во новата сезона, а на листата на играчи кои си заминуваат од таборот на „црвено-црните“ се приклучи и Дејан Манасков. Крилниот ракометар пристигна пред една година, заедно со Талески важеше за лидер на тимот, но реши да си замине, информација што na денешната прес-конференција ја потврди и новиот извршен директор Борко Ристовски. „Дејан Манасков за жал нема да биде дел од Вардар во новата сезона, по ...
На денешната прес конференција која ја одржа ракометниот клуб Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“, претседателот Михајло Михајловски пред медиумите објави дека нов извршен директор на клубот е нашиот легендарен голман Борко Ристовски. А воедно една од иконите на „црвено-црните“ поранешниот репрезентативен пивот Стојанче Стоилов ќе биде помошник тренер, односно ќе му помага на Владо Недановски. Стоилов воедно ќе биде координатор на младинските ...
Енис Барди би можел да се врати назад во шпанската Ла Лига откако Валенсија покажа сериозен интерес, па испрати и официјална понуда до Трабзонспор за услугите на македонскиот репрезентативец. Тренерот Бјелица не смета сериозно на нашиот интернационалец, Трабзонспор отворено бара купец за Барди, но планот на челниците на Валенсија е тој да дојде на „Месталја“ на едногодишна позајмица. Понудата на Валенсија изнесува минимална отштета за ...
Челси е во големи проблеми во пресрет на новата сезона во Премиерлигата. Францускиот стопер Весли Фофана ги скина вкрстените лигаменти и се чини дека ќе ја пропушти целата сезона. Ова е сериозен удар за „сините“ бидејќи минатото лето го доведоа од Лестер за огромни 80 милиони евра. Медиумите на Островот тврдат дека сега Челси активно се распрашува за статусот на Хари Мегваер. Стоперот на Манчестер Јунајтед е на излезната врата од клубот, а ...
Александар Митровиќ одбива да игра за Фулам. Според „Sky Sports“, српскиот фудбалер им рекол на роднините дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на лондонскиот тим бидејќи за него бараат 52 милиони фунти, цена која би ги исплашила сите заинтересирани клубови. Митровиќ е особено лут што два од предлога на Ал-Хилал беа одбиени. Пини Захави, неговиот портпарол, го повика раководството на Фулам да ги намали барањата на 35-45 милиони фунти. ...
Кошарката и воопшто спортот загубија уште една легенда. на 86-годишна возраст почина легендарниот Мирко Новосел. Повозрасните се сеќаваат на неговите игри на кошаркарскиот терен, но и како еден од најтрофејните југословенски и хрватски тренери во историјата. Новосел 14 години играше за Локомотива од Загреб, денешна Цибона, а потоа беше и тренер на овој клуб. Ќе биде запаметен како човекот кој го донесе Крешимир Ќосиќ во Цибона и со него во тимот ...
Јошко Гвардиол е нов фудбалер на Манчестер Сити. Ова го тврди Фабрицио Романо, откако Гвардиол веќе завршил дел од лекарските прегледи. Италијански новинар, специјализиран за трансфери, објави дека РБ Лајпциг и Манчестер Сити конечно се договориле за обештетувањето и дека хрватскиот дефанзивец веќе го завршил првиот дел од лекарските прегледи. РБ Лајпциг ги услови преговорите со сума од сто милиони евра, а очигледно англискиот клуб се согласил ...
Хари Кејн и дефинитивно нема да потпише нов договор со Тотенхем и на првиот човек на клубот Даниел Леви, му ја соопшти неговата желба, дека сака трансфер во Баерн Минхен, објави магазинот „Тајмс“. „Тајмс“ пишува дека Кејн одбил да потпише нов договор со Тотенхем според кој ќе заработуваше 400.000 фунти неделно, и дека сака се пресели во Баерн Минхен. Кејн на кого договорот со Тотенхем му истекува идното лето, веќе ги договорил личните услови со ...
Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и францускиот првак Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка биле ограбени во нивниот дом во Париз ноќта меѓу четвртокот кон петокот, објавија француските медиуми. Донарума бил „лесно повреден“ за време на грабежот, додека неговата партнерка, за среќа, не била повредена. Разбојниците ја врзале двојката и им се заканувале со оружје во апартманот, а други детали засега не се ...
Луис Хамилтон донесе голема радост за фановите на Мерцедес, освојувајќи го првото место во квалификациите за утрешната трка за ГН на Унгарија. Британецот извозе најбрз круг во третиот квалификациски циклус и успеа да ја прекине доминацијата на ривалите, пред се на Макс Ферстапен, кој утре ќе стартува од втората позиција. За Мерцедес ова е прва пол-позиција сезонава, додека Хамилтон стигна до 104. пол-позиција во својата кариера. Најголемо ...
Навивачите на Интер Мајами не можеа да посакаат подобро сценарио за дебито на Лионел Меси, кој со гол во последните моменти донесе важна победа за американскиот тим во Лигс купот. МЛС претставникот го победи Круз Азул, а стадионот еуфорично го прослави голот од слободен удар на Аргентинецот во 94. минута. Фановите беа среќни за победата, присутните ѕвезди не го криеја воодушевувањето на трибините, а соиграчите можат да бидат задоволни што ...
Меси постигна спектакуларен гол на своето деби за Интер Мајами во победата од 2-1 над мексиканскиот Круз Азул. Легендарниот Аргентинец беше автор на победничкиот гол од слободен удар во 94. минута, а неговата „магија“ го расплака сопственикот на клубот, славниот Дејвид Бекам. По натпреварот, поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ и Милан призна дека знаел каде ќе заврши топката, откако беше досуден слободниот удар за неговиот ...
Пари Сен Жермен го објави списокот на играчи што ги носи во Јапонија на подготовки, а на него ја нема најголемата ѕвезда на клубот, Килијан Мбапе. Англиските медиуми пишуваа дека ПСЖ подготвил огромен договор за Мбапе со цел да го спречи да потпише за Реал Мадрид, но Насер Ал Келаифи се налутил зашто е сигурен дека Французинот веќе постигнал договор со шпанската екипа.„Екип“ пишува дека Реал и Мбапе веќе имале договор и неговата мисија во ПСЖ е ...
Британецот ја освои пол позицијата пред трката на Хунгароринг откако за три илјадитинки беше побрз од Холанѓанецот. На овој начин, сезоната во Формула 1 барем викендов (можеби само за момент) ќе стане интересна, откако Хамилтон по 104 пат во кариерата успеа да постигне најдобро време во квалификациите, додека неговиот колега Џорџ Расел ќе стартува дури од 18 позиција. Ферстапен не беше доминантен како и обично, можеби и самиот е свесен дека веќе ...
Холандскиот пилот во класата Формула 1, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Унгарија возена во неделата на патеката Хунгароринг крај Будимпешта, со што ја оствари седмата последователна победа. Доминацијата на Верстапен и неговиот тим Ред Бул продолжи, бидејќи со неговиот клупски колега Серхио Перез ги добија последните дванаесет трки со што е поставен нов екипен рекорд. Досега Ред Бул беше израмнет со Мекларен со по ...
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер се уште го нема кажано последниот збор кога се во прашање засилувањата за сезоната 2023/2024, па така најновата аквизиција на популарните „фармацевтите“ е некогашниот член на Вардар, Калифа Гедбан. Тој беше дел од шампионската генерација на „црвено-црните“ која стана европски шампион по што преку Адемар Леон и Динамо Букурешт одново се враќа во Македонија, но во Пелистер со кого потпиша едногодишен договор ...
Денеска беше објавено дека Никола Јокиќ нема да може да настапи на претстојниот мундијал, но уште поголем удар за Пешиќ се серијата откажувања на плејмејкерската позиција. Василије Мициќ потпиша за Оклахома Сити и ќе го следи трендот на европските играчи кои порано заминуваат во САД пред својата дебитантска сезона во НБА-лигата, за адаптација во новата средина. Стефан Јовиќ, кој беше стандарден во националниот тим со години наназад, поради ...
ПСЖ се наоѓа во тешка позиција, ризикува да го загуби Килијан Мбапе беспари доколку тој не сака да си замине од клубот ова лето. Ставот на Мбапе е дека сака да ја одработи и следната сезона, а потоа да замине како слободен играч. При едно такво сценарио, ПСЖ ќе му исплати на напаѓачот 150 милиони евра, од кои 60 милиони плата и 90 милиони бонус за лојалност, а потоа тој беспари ќе ги напушти. Ситуацијата во ПСЖ е толку очајна, што според „Ла ...
Според извори во истрагата се упатува на нарачана ликвидација. Изворот вели дека и сторителите се “увезени’ односно дека станува збор за странски државјани. Се сомневаат дека станува због исто така за македонски државјани бидејќи според она што досега се знае, се чини дека убијците ја следеле својата жртва од неговото родно место до областа Ханиоти на Халкидики. Според непотврдени информации, 39-годишникот заедно со соработник се обидувал да се ...
Претходно вработените се собраа пред Министерството за финансии каде демонстрантите фрлаа парички пред влезот во зградата. Организатор на демонстрациите е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите од пред Владата се упатија и пред Парламентот. – Вработените во Министерството за внатрешни работи лани добиле покачување на платите за 20 отсто, па годинава нема да добијат покачување, изјави пред една ...
„Украина е таа која најмногу сака мир, а агресорот е тој кој инсистира да води војна!“ Таков став до медиумите во Бугарија испратија од Амбасадата на Украина во Софија. Нивната рекација е по вчерашната изјава на бугарскиот претседтаел Румен Радев дека Киев инсистира на војна за која Европа ја плаќа сметката. Дипломатското претставништво потсетува дека „Украина е таа која страда од руска воена агресија“ и апелира тоа да не го користат одредени ...
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ тврди дека од САД не пристигнале докази за нивните тврдења против шефот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, кому му се воведени санкции. Според него, „не се очекува да пристигнат докази затоа што не се работи за утврдување докази, туку за политички мотивирани санкции“. „Од Америка не добивме ниту една информација, ниту индиција дека има некакви криминални дејствија. ...
Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар да се префрлат на депозит на јавен извршител. Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе ...
Трет ден продолжува битката за гаснење на шумските пожари во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, кои се уште не е ставени под контрола. Од пожарите уништени се домови и предизвикана е материјална штета, иако сè уште не е официјално познат обемот на штетата.Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис рано утрово информираше дека „сите сили на ...
Невремето беше придружено со силен ветер, дожд и грмежи, а налетите на ветерот достигнаа брзина и до 200 километри на час. Невремето ги погоди административните области Мачвански, Сремски, Јужнобачка, Јужнобанатски, Шумадијски и градот Белград.Припадниците на Одделението за вонредни состојби храбро интервенирале за време на невремето и успеале да спасат 15 лица. Десет лица, меѓу кои пет деца, се спасени од шумата во Беочин, населба Дунав, додека ...