
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во ...
Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола. Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од ...
Претседателот на Советот на Општина Липково, Зекирија Шаини изјави дека се очекува да се финализираат некои финеси и детали и да се почне со модернизација на мрежата. – Наскоро очекуваме да почне и модернизација на мрежата во селото, кажа Шаини. Претходниот месец во два наврати жителите на Слупчане остануваа без електрична енергија и испратија барања до ЕВН. Од компанијата, тогаш посочија дека поголем дел од слупчанци не плаќаат струја. На 27 ...
Владата на ДУИ и министерот Бектеши, мора да соопштат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја. Дали владата којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана ...
Пензионерите од Кавадарци, Кочани, Кичево, Берово и Делчево, денеска излегоа на улица и се приклучија на барањата на пензионерите од другите градови за линеарно наместо процентуално зголемување на пензиите и за утврдување систем на најниска пензија која ќе изнесува 80% од минималната плата во земјата. На протестот на Здружението на пензионери од Кочани денеска на протест денес беше соопштено барањето зголемувањето на пензиите од септември да ...
На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловоз, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ ...
Дождот го изгасна силниот пожар кој попладнево избувна кај Дојран, пред селото Николиќ. Според информации од жителите на селото Николиќ, дождот кој почнал да врне околу 20 часот го изгаснал пожарот, кој заради силниот ветер се закануваше да се префрли и на првите објекти во селото. Во гаснењето на пожарот учествуваше големиот полициски хеликоптер кој во повеќе наврати прецизно ја исфрлаше водата од ведрото од три тони, како и пожарникари од ...
Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ...
На крстосницата од улиците „Довлеџик“ и крак од „Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Б. (33) од Битола, со живеалиште во Австралија, патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г. (41) од Битола и патничко возило „нисан терано“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (42) од Битола.Со тешки телесни ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и ГП Богородица поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Ковачевски кога зборува за консензус треба да се присети дека консензус требаше да побара кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифати, но тој ги игнорираше, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека исто така веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет. ...
Третманот на пациент во Индонезија ги запрепасти научниците кои го открија сојот со најмногу мутации на коронавирусот досега. Овој вид има повеќе од 113 мутации, двојно повеќе од омикронот, пишува „Дејли мејл“. Научниците за сè уште неименуваниот вид велат дека е најекстремниот што некогаш го виделе, но немаат докази дека може да се прошири. Самото ширење, велат тие, нема да доведе до карантин. Заразениот пациент не го преболува вирусот за ...
Сега 5,6 милијарди луѓе живеат во земјите во светот кои имаат имплементирано барем една од препорачаните мерки на СЗО за заштита на непушачите, се вели во најновиот извештај на групата за епидемијата на тутун, што го пренесуваат светските агенции. Во речиси 40 отсто од земјите, затворените јавни простори сега се без чад. Организацијата, сепак, критикуваше некои земји што не преземаат дополнителни чекори за ограничување на употребата на тутун и ...
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска информираше дека е донесен новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Меџити вели дека е формирана стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување. Оваа комисија, наведе министерот, континуирано ќе работи на изменување ...
Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост. Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела. Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по ...
Европската ракометна федерација потврди дека македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на натпреварите од Лигата на шампионите во Битола. ЕХФ побара од битолчани да извршат некои корекции во и околу салата, кои до стартот на ЛШ ќе бидат завршени, па „Боро Чурлевски“ доби дозвола и ќе ги пречека гигантите ПСЖ, Кил, Алборг, Келце… Првиот натпревар против норвешкиот Колстад веќе е закажан и ќе се игра на 13 септември од 18:45 часот. ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси беше двоен стрелец ноќеска во Форт Лодердејл на натпреварот од 2. коло од Лига купот против Атланта (4:0). Триесет и шестгодишниот Аргентинец постигна гол против 100 различни клубови во својата кариера. Претседателот на Интер Мајами: „Фудбалот во САД ќе биде поделен на пред и по доаѓањето на Меси“. Претседателот на Интер Мајами и ко-сопственик Хорхе Мас верува дека доаѓањето на Меси ќе има големо влијание ...
Полицијата вчера уапсила вкупно 21 лице пред и за време на натпреварот на фудбалските клубови Шкупи од Скопје и Левски од Софија. Од уапсените,19 биле навивачи на Левски, а двајца на Шкупи. Според Министерството за внатрешни работи, навивачите од Бугарија освен што го нарушиле јавниот ред и мир, физички нападнале и полицајци. „Приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот. ...
„Сапуница која трае со години привршува. ПСЖ се помири со губењето на Килијан Мбапе и формираше цена да го пушти во Реал. Мајката на играчот Фаиза Ламари тоа го пренесе на раководството на Реал. Станува збор за 250 милиони евра.Оперативците на Реал веднаш почнаа преговори со ПСЖ да ја спуштат цената бидејќи го сакаат Мбапе, но не по толку висока цена.„Сагата е навистина на крајот“ За тоа има две причини: договорот со ПСЖ му завршува за само 11 ...
Ал Наср сака да изгледа што подобар, поквалитетен, покомпетитивен тим околу Кристијано Роналдо, па во овој летен преоден рок активно работи за доведување на познати, докажани засилувања. Тој добро ќе го наплати престојот на Блискиот Исток и за договор до 2026 година ќе заработува по 30 милиони евра по сезона. Со ова 31-годишниот Садио отвара ново поглавје во кариерата, прво надвор од Европа затоа што на сениорско ниво играше за Мец, РБ Салцбург, ...
Шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон, кој меѓу другото објавува за „Марка“, а шпанските медиуми го претставуваат како личност со многу силни извори поврзани со Мбапе и неговиот случај, ја истакна бројката која Реал нема да ја надмине при евентуален трансфер. Станува збор за 230 милиони евра. Толку се подготвени да потрошат во Мадрид за 24-годишниот напаѓач кој одигра 260 натпревари за ПСЖ со фантастичен учинок од 212 гола и 98 асистенции. ...
Четири лица инволвирани во инцидентот во Чаир со бугарските навивачи на клубот Левски биле приведени во полициска станица и против нив по брза постапка е поднесена кривична пријава за насилство. Меѓу нив не е лицето кое со нож повреди еден од бугарските државјани. Тоа е идентификувано, но во моментов не е достапно за органите. „Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот ...
Тотенхем, односно Даниел Леви, одби две понуди за Кејн, од 70 и 80.000.000 евра. Денес челниците на Баерн ќе понудат уште поголема сума, со која доколку Леви ја прифати ќе претставува клупски рекорд. Актуелниот го држи Лукас Ернандес, за чии трансфер Баерн на Атлетико Мадрид му плати 80.000.000 евра. „Пред нас се клучните часови за трансферот на Хари Кејн“, пишува на Твитер фудбалскиот „инсајдер“ Фабрицио Романо. Херберт Хајнер, претседателот на ...
Англискиот гигант Челси продолжи со засилувања за новата сезона, откако денеска постигна договор за трансфер на Аксел Дисаси, кој треба да биде замена за Весли Фофана. Фофана ќе паузира неколку месеци поради сериозна повреда, а „сините“ сметаат дека Дисаси од Монако е идеална замена и за неговиот потпис ќе платат 45 милиони евра. Французинот ќе потпише договор на пет години со премиерлигашот, а ќе има опција да ја продолжи соработката на уште ...
Извесно е дека Килијан Мбапе повеќе нема да го носи дресот на ПСЖ. Откако одби да го продолжи договорот, францускиот клуб бара сите како да се ослободи од Мбапе. Британски „Сан“ и шпански „Спорт“, тврдат дека Мбапе претсотјната сезона ќе ја мине во Челси. Овие извори тврдат дека ова сценарио е можно под само еден услов. Мбапе би играл за Челси како позајмен играч од ПСЖ, што значи дека „сините“ би ја презеле неговата анстрономска плата, а по ...
Големата сцена на Античкиот театар во Охрид за вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович. Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“. „Пеколната комедија“ всушност претставува сценска ...
Десет дена по премиерата, мегапопуларниот кинохит „Барби“ заработи неверојатни 775 милиони долари. Само во САД и Канада филмот досега има инкасирано 350 милиони долари, а се очекува заработката да продолжи да расте. „Барби“ стана најуспешен филм што Маргот Роби го сними во својата кариера. Го надмина „Одред самоубијци“ (Suicide Squad), кој во 2016 година заработи 746 милиони долари. На ИМБД филмот го оценија 150.000 луѓе, а доби не толку висока ...
Ако истрагите на Европската служба против измами – ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА. Амбасадорот Гир потврди дека Европската ...
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро вели дека се загрижени за последните случувања во правосудството, особено во Судскиот совет и за таа цел испраќаат оценска мисија која денеска ќе почне со работа и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки со цел да се зајакне независноста на судството. Во Македонија денеска и утре ќе престојува лидерот на тимот на оценската, Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска. ...
Во текот на ноќта Русија со ракетен напад ја погоди пристанишната инфраструктура во украинската област Одеса. Како последица на тоа се убиени обезбедувачите во пристаништето, а оштетен е товарниот терминал, изјави гувернерот на овој регион. Како што пренесува Ројтерс, пристаништата во областа се редовни мети на руски напади откако Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито минатата недела. По серијата експлозии низ Украина, ...