1847.- Африканската држава Либерија била прогласена за независна република. Уште во 1820 година Либерија ја основале ослободените црни робови, преселени од САД на просторот меѓу Сиера Леоне, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска. 1856.- Во Даблин е роден Џорџ Бернард Шо, британски писател, романсиер, музички и драмски критичар и автор на драми кои му донесоа репутација на најдуховит драматург во 20. век. Негови познати дела се драмите „Света ...

356 п.н.е.- Во градот Пела, Егејска Македонија, е роден Александар Македонски (син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија), една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој од малечката Македонија создал светска сила. Го поразил огромното персиско царство и во својот поход стигнал се до Индија. Умрел во Вавилон, на 13 јуни 323 г.п.н.е. 1784.- Роден е германскиот астроном и математичар Фридрих Вилхелм Бесел, ...

1304.- Во Арецо е роден Франциско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото „Канцониер“ – зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот „Африка“ добил „Ловоров венец“. Умрел во Арква, во близина на Падова, на 18 јули 1374 година. 1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година ...

– Национален празник на Кралството Белгија. 1542.- Папата Павле Втори донесол одлука за основање на инквизиција во Рим. 1796.- Умрел Роберт Бернс, еден од најголемите шкотски писатели во 18. век. Во 1786 година излегла од печат неговата прва збирка песни „Песни претежно на шкотски дијалект“. Позната е и неговата збирка од собрани народни песни „Шкотски музички музеј“, како и збирката „Избрани шкотски песни“. Роден бил во Аловеј, близу до Ајр, на ...

1757.- Во Мадрид умрел Доменико Скарлати, италијански чембалист и композитор, оргулист и диригент. Напишал 555 сонати за чембало во рок-стил. Роден бил во Неапол, на 26 октомври 1685 година. 1759.- Русите во Седумгодишната војна, под команда на генералот Петар Салтиков, ја победиле пруската армија во битката кај Каја, на исток од тогашната Прусија. Во битката загинале најмалку 6.000 Пруси. 1875.- Умрел американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер ...

1567.- Незадоволното благородништво ја принудило да абдицира шкотската кралица Марија Стјуарт поради нејзиниот обид да ја наметне римокатоличката политика во протестантска Шкотска. 1704.- Британските сили под команда на адмиралот Џорџ Рук го одзеле Гибралтар од Шпанците. 1783.- Во Каракас, Венецуела, е роден Симон Боливар, јужноамерикански револуционер и национален водач. Раководел со борбите за независност на шпанските колонии и нивното ...

1712.- Војската на швајцарските протестантски кантони во битката кај Вилмерген ја победиле армијата на римокатоличките кантони, со што во Швајцарија завршиле верските војни. 1883.- Во Торино е роден Алфредо Казела, италијански композитор, пијанист, диригент и музички писател. Умрел во Рим, на 5 март 1947 година. 1834.- Умрел англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски литературни критичари. Дела: ...