
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Украина утрово изврши напад со беспилотно летало, кој не предизвика штети или жртви, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, без да ја прецизира точната локација на нападот. „Во текот на ноќта беше извршен обид за напад на непријателски дрон. Дронот е соборен од силите на Министерството за одбрана“, напиша Собјанин на Телеграм и додаде дека нема жртви и не е причинета материјална штета. Москва и нејзиниот регион, лоцирани на повеќе од ...
Гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде низ светот, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска за предложената Резолуција во американскиот Сенатот да се слават македонскиот јазик, култура и историја. ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат ...
Доналд Трамп се соочи со трето обвинение за криминал во последните четири месеци. Доаѓа во период додека се обидува да освои републиканска номинација за претседателките избори во 2024 година. Овојпат се товари за обид за поништување на поразот на претседателските избори во 2020 година. Обвинението со четири точки се однесува на завера со која сакал да спречи победа на актуелниот американски претседател Џо Бајден и да ги лиши гласачите од правото ...
Украинските противвоздушни сили возвратија со оган на нападите на руските беспилотни летала за време на тричасовната воздушна тревога во Киев и околината рано утринава, соопшти украинската армија. Како што е наведено, неколку експлозии се слушнале во и околу Киев, но се уште не се знае дали има жртви. Во еден воен извештај стои дека цели во воздухот биле соборени, но не се наведени детали. Киевските воени власти ја укинале тревогата веднаш по ...
Трамп денеска треба да се појави за првпат пред Федералниот суд, затоа што против него е подигнато обвинение за обид за промена на исходот од претседателските избори во 2020 година, најсериозното обвинение против поранешниот претседател, кој веќе е кривично гонет. Трамп е обвинет за „заговор против американската држава“, попречување на службениот процес и злоупотреба на изборите, по истрагата надгледувана од специјалниот обвинител Џек Смит. – ...
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување во петокот се движи околу вредноста од 102,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,56 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,30 на 142,65 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото ...
Русија изврши масовни бомбардирања во Украина во текот на ноќта, а украинските власти тврдат дека дел од ракетите погодиле голем магацин за пченка во регионот Хмелницки во западниот дел од земјата, што пак мобилизираше големи тимови на пожарникари кои се борат да го изгаснат пожарот. Според Државните служби за вонредни состојби на Украина, 16 пожарникари и три противпожарни возила биле употребени за справување со пожарот во градот ...
356 п.н.е.- Во градот Пела, Егејска Македонија, е роден Александар Македонски (син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија), една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој од малечката Македонија создал светска сила. Го поразил огромното персиско царство и во својот поход стигнал се до Индија. Умрел во Вавилон, на 13 јуни 323 г.п.н.е. 1784.- Роден е германскиот астроном и математичар Фридрих Вилхелм Бесел, ...
Москва ја предупреди Јужноафриканската Република (ЈАР) дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин би било еднакво на „објавување војна“, јави ДПА, повикувајќи се на писмената изјава објавена синоќа од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. „Русија јасно стави до знаење дека апсење на нејзиниот актуелен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напиша Рамафоса во својата изјава упатена до Високиот суд во северната ...
Врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи изјави во саботата дека луѓето кои ја сквернават свeтата муслиманска кнiга Куранот треба да се соочат со „најтешки казни“, како и дека Шведска чии судови даваат дозвола за таквите инциденти и не ги казнува одговорните „тргнала во битка против муслиманскиот свет“. Демонстранти во Шведска шутираа распарталувајќи примерок од Куранот во четвртокот пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија ...
24-годишен скопјанец е уапсен вчера попладне под сомнение дека ограбил турски автобус. – Имено, на 21.07.2023 во близина на скопската тврдина Кале пријавениот со погоден алат насилно ја отворил вратата од паркиран патнички автобус со турски национални ознаки и одзел разни предмети.Со него бил извршен службен разговор, а дел од одземените предметите биле пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следи ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол. Како што информира МВР, изречени се и шест мерки за минување на црвено светло, како и шест санкции за возач почетник. -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до ...
Автомобил се преврте во близина на клучката Миравци кај Гевгелија, а лицата кои се превезувале се префрлени во болница каде им се укажува лекарска помош поради повреди. Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола и удрил во ограда. „Во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,133%, кај дизелот за 1,937% , кај екстра лесното масло зголемување за ...
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева информира дека утринава своето возило го пронашла искршено и демолирано. Се работи за автообил марка фолскваген поло, на кој му е скршено задното стакло. Таа на својот фесјбук профил напиша дека некој се обидува да ја заплаши. „Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само ...
Власта цела година не може да најде ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе гласа за уставните измени, целата пратеничка група ќе гласа против на седниците на кои ќе се расправа по амандманите – најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ден пред почетокот на собраниската комисија за уставни прашања. Според него владејачкото мнозинство нема да најде поддршка за двотретинско мнозинство колку и да се остава простор за убедување во следните ...
Дваесет и четиригодишно момче го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што утринава се случи на патот Прилеп-Ресен, кај местото викано Кукречанска Раскрсница, во близина на Битола, соопштија од Основното јавно обвинителство Битола по извршениот увид на местото на несреќата. Според првичните наоди на Обвинителството, до несреќата дошло при директен судир на автомобилот „опел корса“ со битолски ознаки, со кој управувал 24-годишникот, и ...
Зголемена фреквенција на возила, но без поголем застој и задржување е регистрирана на граничните премини за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и ...
Од сите зависи дали граѓаните ќе имаат европски услови за живот и европски животен стандард, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната Комисија за Уставни прашања во Собранието. ,,Министрите во Владата, кои се дел од широка владина коалиција, покажаа совесност и едногласно го утврдивме Предлогот за измени на Уставот. Ние решивме да не калкулираме со рејтинзи пред престојните избори следната година, користејки ги чувствителни ...
Не очекувам дискусијата да трае десет дена, очекувам и имам некое чувство дека денес ќе заврши. Таму се 17 пратеници од кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се 7, а за да се најде точката на дневен ред треба мнозинство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со седницата на Комисијата за уставни прашања. Мицкоски укажа и кој е „за“, а кој „против“ на денешната седница. „Очекувам резултатот да биде 10 ...
„Сѐ што денес зборуваме е обична козметика, затоа што влегуваме во еден лузерски процес, бидејќи вие навикнавте и сакате и нас како македонска нација да нѐ навикнете на ПОРАЗИ. Првото, францускиот предлог за бугаризација, спортски кажано вие премиере, со министерот, изгубивте 17:2 во процесот. Независни германски експерти ви кажаа дека ова е чудо на бугарската дипломатија. Или како што велат антимакедонскте кругови во Софија ова е СМРТ НА ...
Апелацискиот суд денеска соопшти дека ги потврдува казните од првостепената пресуда на осудените Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Преиначување на првостепената пресуда има само делот на нематеријалната штета, кој треба да се исплати кон семејството на Тот. -По одржана јавна седница на 15. 5. 2023 година, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Ѓ. е одбиена како ...
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15. 800 станови, а оштетени 28. 000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата. По трагедијата на Скопје, ...
Солза Грчева, на својот Фејсбук профил објави причини поради кои, според неа, не смее да има уставни измени. „ Уставни измени не смее да има поради: 1. Се губи државотворната улога на македонскиот народ; 2. Уставот не е врата низ која секој може да се протне, на штета на македонскиот народ; 3. Уставните измени се пат кон целосна наша бугаризација; 4. Се почеток на натамошни уцени, во кои ЕУ не мисли да се меша; 5. Никакви гаранции не можат да се ...
Архангелот Гаврил важи за гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои стојат пред престолот Божји. На денешен ден се слават чудата на Гаврил и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се споменува и јавуавањето н Архангелот Гаврил на Света Ана кога ѝ благовестил со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија, повеќекратното јавување на Пресветата Дева додека таа пребививала во храмот ерусалимски, ...
Од еден донор утрово се спасени четири животи, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од Министерството посочуваат првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Ново срце добил 40-годишен пациент од Скопје. Пациент со хронична црнодробна болест добил нов црн дроб, а во текот на денот бубрези ќе добијат двајца пациенти на дијализа. Дополнитено шанса за поквалитетен ...
Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели. „По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, ...
ДЕСЕТ ГЛАВНИ ПРИОРИТЕТИ НА ИДНИОТ НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ЛЕКАРИ И ДИПЛОМИРАНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ 1. Бесплатна правна заштита на секој лекар кој ќе биде на било кој начин вербално или физички нападнат. 2. Обезбедување на колективно осигурување од евентуална лекарска или сестринска грешка на сите членови на Синдикатот. 3. Моментално израмнување на коефициентите за плата на лекарите и дипломираните медицински работници со тие на судиите, а до ...
За 60-тина насто се зголемени интервенциите на службата за итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во викендот интервенциите и повиците се уште поголеми. Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања.Во овие две ...
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Синоптичарите прогнопзираат дека кон крајот на денот во североисточните делови на земјата ќе има услови за краткотрајна нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 10. Минималните температури ќе се движат од 16 до 23 степени, а максималните од 31 до 41 степен. Во Скопје времето ќе сончево со мала ...