
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



АНКАРА (АА) - Иран денес потврди дека останува посветен на Договорот за непролиферација на нуклеарното оружје (NPT) и неговиот Договор за заштитни мерки, јавува Анадолу. Потврдата доаѓа по еден ден откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпиша закон усвоен од Парламентот со кој се бара од Владата да ги прекине врските со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Во согласност со новото законодавство на Меџлисот (Парламентот), ...
ПРИШТИНА (АА) - Лидерот на Движењето Самоопределување, кој е и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за конституирање на косовското Собрание во рокот утврден од Уставниот суд, најдоцна до 26 јули 2025 година, јавува Анадолу. По двочасовната средба на Курти со претседателката Вјоса Османи во Кабинетот на претседателот во Приштина, Курти во изјава за медиумите рече дека тој и ...
ПРИШТИНА (АА) – Во знак на протест поради повеќемесечниот политички застој во работата на косовското Собрание, поради неговото неконституирање по изборите на 9 февруари годинава, адвокатот Арианит Кочи денес донесе четири магариња пред Собранието, јавува Анадолу. Полицијата го спречи Кочи да влезе во просториите на Собранието со стереотипно тврдоглавите животни, со кои сакаше да ја покаже „тврдоглавоста“ на политичарите кои, по 41-ви пат не ...
АНКАРА (АА) – Најмалку 63 Палестинци се убиени во нов бран смртоносни израелски воздушни напади низ Појасот Газа денес, додека Израел ја ескалира својата геноцидна војна врз цивилите во енклавата, соопштија медицински лица, јавува Анадолу. Палестинската државна новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, соопшти дека 28 Палестинци кои чекале да добијат хуманитарна помош се убиени од оган на израелската армија во централна и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да престанат да се мешаат во нејзините внатрешни работи, наведувајќи дека Тајван нема „основа, причина, ниту право“ да се приклучи на Обединетите нации (ОН) или други тела резервирани за суверени држави, јавува Анадолу. „Тајван нема никаква основа, причина ниту право да се приклучи на ОН или на кои било меѓународни организации чие членство е ограничено на суверени држави“, ...
АНКАРА (АА) - Египетскиот и сирискиот министер за надворешни работи разговараа телефонски за најновите политички, економски и безбедносни случувања во Сирија, јавува Анадолу. Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ги слушна мислењата на својот сириски колега, Асад ал-Шаибани, за очекуваните последици од неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави (САД) за укинување на санкциите врз Сирија, соопшти египетското ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Во пукотница од автомобил пред ноќен клуб во подрачјето на Ривер Норт во Чикаго убиени се четири лица, а 14 други се повредени, јавува Анадолу. Според полицијата во американската среднозападна метропола, инцидентот се случил околу 23 часот по локално време кога темен теренец поминал покрај клубот „Артис лаунџ“, кој се наоѓа на авенијата „Вест Чикаго“. Три лица од возилото отвориле оган врз толпа луѓе што стоеле надвор, објави ...
РАМАЛА /АНКАРА (АА) – Израелските сили приведоа 30 Палестинци во воените рации во окупираниот Западен Брег, соопшти денес групата за прашања на затворениците, јавува Анадолу. Меѓу притворените имало седум средношколци, кои биле однесени во израелски притвор само неколку часа пред нивните завршни испити, се вели во соопштението на Палестинското здружение на затвореници. Здружението соопшти дека нападите пред зори биле насочени кон учениците ...
МОСКВА (АА) - Русија и Украина продолжуваат да ги координираат датумите за новиот круг преговори во Истанбул и чекаат меѓусебни предлози за временските рамки, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу. „Нема тешкотии во процесот“, потврди тој за време на прес-конференција во Москва. „Нема 'блокади'; само треба да ги завршиме сите процедури за координација. Секоја страна чека предлози за временските рокови“, објасни ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес го повтори својот повик за целосна окупација на Појасот Газа, прекин на хуманитарната помош и палестинска миграција од енклавата, јавува Анадолу. Неговиот повик доаѓа во време на тековните напори за продолжување на преговорите за прекин на огнот и договор за размена на затвореници меѓу Израел и палестинската група на отпорот Хамас. ...
ЖЕНЕВА (АА) - Израел е одговорен за еден од најсуровите геноциди во модерната историја, изјави специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за окупираната палестинска територија, Франческа Албанезе, обвинувајќи го Тел Авив дека ја претворил Газа во полигон за тестирање оружје и повикувајќи на сеопфатна меѓународна акција, вклучително и целосно ембарго за оружје и прекин на трговските и инвестициските врски, јавува Анадолу. „Ситуацијата на ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку седум лица во Северна Калифорнија, Соединетите Американски Држави (САД) се водат за исчезнати откако вчера експлодира магацин со пиротехника, објави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на официјални лица, пренесува Анадолу. Пожарникарите пристигнале околу 17:50 часот во вторникот во градот Еспарто, северозападно од Сакраменто, каде што неколку згради биле во пламен и имало многу експлозии во областа, според шефот на ...
АНКАРА (АА) – Најмалку 63 Палестинци се убиени во нов бран смртоносни израелски воздушни напади низ Појасот Газа денес, додека Израел ја ескалира својата геноцидна војна врз цивилите во енклавата, соопштија медицински лица, јавува Анадолу. Палестинската државна новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, соопшти дека 28 Палестинци кои чекале да добијат хуманитарна помош се убиени од оган на израелската армија во централна и ...
ГАЗА (АА) - Голем број Палестинци тргнаа кон пунктот за дистрибуција на помош во централниот дел на Појасот Газа со надеж дека ќе добијат хуманитарна помош што се очекува да биде доставена преку Коридорот Нецарим, јавува Анадолу. Соочени со екстремен недостиг на храна, вода и медицински материјали, многу жители се собраа во областа во обид да пристапат до ограничената достапна помош. Израел ги држи главните премини во Газа во голема мера ...
АНКАРА (АА) - Возбудувањата на Светското првенство во Формула 1 ќе продолжат со Големата награда на Австрија, 11. трка оваа сезона, известува Анадолу. На трката што ќе се одржи на патеката „Ред бул ринг“ долга 4,32 километри, ќе се возат 71 круг. Квалификациските кругови ќе започнат утре во 16:00 часот по средноевропско време, а стартот на трката е закажан за недела во 15:00 часот. Од почетокот на оваа сезона, возачите на Мекларен постигнаа 7 ...
ОДЕСА (АА) - Најмалку пет лица, меѓу кои две деца, се повредени откако руско беспилотно летало погоди станбена зграда во Одеса рано утринава, соопштија локалните власти, јавува Анадолу. Олех Кипер, началник на Регионалната воена администрација на Одеса, го потврди нападот на Телеграм, наведувајќи дека во нападот биле оштетени повеќекатна станбена зграда и друга цивилна инфраструктура. Украинската Државна служба за вонредни состојби (ДСНС) објави ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од една деценија, јавува Анадолу. Според соопштението на авиокомпанијата, започнати се редовни дневни летови од Истанбул до Дамаск, еден од клучните центри на Блискиот Исток. Со ова, „АЏет“ стана првата авиокомпанија што воспоставува ...
АНКАРА (АА) – Кувајтската авиокомпанија „Џазира ервејс“ ги обнови директните летови кон Сирија по 13-годишна пауза, соопштија денес сириските медиуми, пренесува Анадолу. Според државната новинска агенција САНА, првиот авион на кувајтската авиокомпанија слетал вчера на Меѓународниот аеродром во Дамаск. Авиокомпанијата истакна дека првично авионите ќе сообраќаат еднаш дневно, со планови „да се зголемат на два лета дневно пред крајот на летото“, ...
ЛОНДОН (АА) - Британските пратеници гласаа за забрана на пропалестинската активистичка група Палестинска акција како терористичка организација, јавува Анадолу. Нацрт-наредбата за измена на Законот за тероризам од 2000 година и забрана на три организации, вклучително и Палестинска акција, која формално ја презентираше министерката за внатрешни работи Ивет Купер претходно оваа недела, беше усвоена во Долниот дом со 385 гласа „за“ и 26 „против“. ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Израел водел тајни преговори со Русија за Иран и Сирија за време на постигнатиот прекин на огнот со Техеран, пренесува Анадолу. Израелскиот државен радиодифузер КАН соопшти дека Тел Авив имал контакти на високо ниво со Москва во обид да најде дипломатско решение и за Иран и за Сирија. По понудата на Русија да посредува меѓу Израел и Иран, израелските власти наводно започнале разговори со Москва околу една недела по ...
АТИНА (АА) - Серија пожари избувнаа во текот на вчерашниот ден низ цела Грција, која доживува топлотен бран од почетокот на неделата, пренесува Анадолу. Пожарот што избувна попладнето во префектурата Ласити на Источен Крит е особено сериозен, а властите издадоа наредби за евакуација на жителите во Агија Фотија, Ахлија, Галини и Ферма кон Иерапетра, објави јавниот радиодифузен сервис ЕРТ. Десетици пожарникари, поддржани од противпожарни летала, ...
СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за да уживаат во уникатната атмосфера, јавува Анадолу. На Фестивалот учествуваа околу 200 мачки, а првата селекција беше направена преку гласови на социјалните мрежи. Финалистите беа оценувани од стручно жири, кое го избра победникот – мачката по име ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето „Мустафа Хафез“ во западниот дел на градот Газа, во кое се засолниле раселени семејства, објави палестинската новинска агенција Вафа. Во нападот се убиени 13 лица, а десетици се повредени, соопштија медицински лица. Одделно, ...
СКОПЈЕ (АА) – Делови од Европа се зафатени од интензивен топлотен бран, при што Франција издаде црвен аларм поради температури што достигнаа до 41°C, јавува Анадолу. Во Париз, врвот на Ајфеловата кула беше затворен за посетители, училишта се затворени, а властите воведоа мерки за ограничување на загадувањето. Земјите од Бенелукс исто така доживуваат температурни аномалии од 10ºC до 14ºC над историските норми. Шпанија, на југ, се соочи со ...
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше воената офанзива на Израел во Газа, велејќи дека растечкиот број на цивилни жртви повеќе не може да се оправда, пренесува Анадолу. Во интервјуто за јавниот радиодифузен сервис АРД синоќа Мерц откри дека разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху речиси секоја недела и изразил сериозна загриженост во врска со воената кампања на Израел во Газа. „И пред некое време му реков ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.012 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес палестинското Министерство за здравство, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците се донесени 142 тела, а 487 лица се повредени, со што билансот на повредени во израелските напади досега се искачи на 134.592. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата ...
СКОПЈЕ (АА) – Во повеќе германски градови таксистите организираа масовни протести против компаниите, како Убер, Болт и слични платформи, кои нудат услуги преку интернет-апликации, јавува Анадолу. Во Берлин, Франкфурт, Штутгарт, Мајнц, Вупертал, Диселдорф, Бон и Келн таксистите формираа конвои и изразија незадоволство од активностите на приватните превозни компании што работат преку мобилни апликации. Протестите не беа насочени кон намалување на ...
ПРИШТИНА (АА) - Лидерот на Движењето Самоопределување, кој е и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за конституирање на косовското Собрание во рокот утврден од Уставниот суд, најдоцна до 26 јули 2025 година, јавува Анадолу. По двочасовната средба на Курти со претседателката Вјоса Османи во Кабинетот на претседателот во Приштина, Курти во изјава за медиумите рече дека тој и ...
МОСКВА (АА) – Намалувањето или целосното запирање на испораките на оружје за Украина од страна на Западот го приближува крајот на конфликтот со Русија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу. Песков на редовниот брифинг во Москва истакна дека намалените испораки се должат на недостиг на оружје кај земјите снабдувачи. Според него, „испразнетите магацини и недостигот на оружје во складиштата“ се причина за оваа промена. ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетските власти денес потврдија дека четири лица загинале откако баржа се превртела во Суецкиот Залив, крај источниот брег на Египет, пренесува Анадолу. Во соопштението, Министерството за здравство истакнува дека 22 повредени лица биле спасени откако баржата „Адам Марин 12“ потонала синоќа. Гувернерот на Црвеното Море, Амр Ханафи, сепак изјави дека во несреќата се повредени 23 лица, од кои двајца се во критична состојба. Тој ...