НЕЗУК (АА) - Утринава повеќе од 6.000 луѓе тргнаа од Незук кон Поточари за да им оддадат почит на илјадници убиени мажи и момчиња во геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, јавува Анадолу. Наредните три дена тие ќе ја следат маршрутата по која пред 30 години сребреничани се обидувале да стигнат до слободна територија, Тузла или Кладањ. Преживеаните од геноцидот во Сребреница и оваа година беа на чело на колоната на „Марш на мирот“. Се ...

ГАЗА (АА) - Најмалку 17 Палестинци се убиени, вклучително жени и деца, а голем број се повредени во нападите на израелската армија врз различни делови на Појасот Газа од утринските часови, известува Анадолу. Израел, кој предизвика хуманитарна катастрофа со заострување на блокадата на Газа и спречување на влезот на хуманитарна помош, ги нападна цивилите и шаторите на раселените Палестинци. Четворица Палестинци, вклучително бебе и мајка, се убиени ...

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија објави дека целосно е прекинат во двата правци сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и затворен е граничниот премин Блаце, известува Анадолу МВР излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат во двата правци сообраќајот на патниот правец Стенковец - граничен премин Блаце. Во ...

СКОПЈЕ (АА) - Група демонстранти се собра пред амбасадата на САД во Тел Авив за да побараат прекин на огнот во Газа и враќање на израелските заложници, според локалните извештаи, јавува Анадолу. Демонстрантите држеа транспаренти со кои се бараше итен прекин на војната и транспаренти со фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп. Минатиот петок Хамас соопшти дека доставил „позитивен“ одговор до посредниците во врска со неодамнешниот ...

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе пратат повеќе оружје во Украина, јавува Анадолу. „Ќе пратиме уште оружје. Мораме. Тие мора да бидат способни да се одбранат“, изјави Трамп за новинарите заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Трамп вели дека Украина е погодена „многу силно“. „Ќе мора да пратиме повеќе оружје, првенствено одбранбено оружје, но тие се погодени многу, многу ...

СКОПЈЕ (АА) - Бројот на жртви од ненадејните поплави во американската држава Тексас се зголеми на 104 лица, јавува Анадолу. Реката Гвадалупе се излеа предизвикувајќи катастрофа во која животот го загубија над 100 луѓе низ регионот, вклучително кампери и персонал на кампот. Спасувачките операции се во тек. Меѓу загинатите се најмалку 27 кампери и членови на персоналот од еден летен камп, каде што 11 лица сè уште се водат како исчезнати. На веб ...

ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија последните три месеци воспостави шест нови бази во јужните сириски провинции Кунејтра и Дараа, дополнително проширувајќи го своето воено присуство прекршувајќи го Договорот за раздвојување од 1974 година, по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолу. Веднаш по падот на режимот Израел ги интензивираше воздушните напади низ Сирија и ги прошири своите воени операции надвор од окупираната Голанска ...

СКОПЈЕ (АА) – Во пожарот што избувна вчера во близина на мостот на реката Лепенец, во околината на железничката станица Ѓорче Петров е пронајдено изгорено човечко тело, соопшти Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, јавува Анадолу. Пожарот зафатил сува трева и се проширил на неколку помошни простории и штали со домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот. При гаснењето, во ...

СКОПЈЕ (АА) - На плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, Бразил, се одржа протест поради истражувањето на нафта во Амазон, известува Анадолу. Еколошки активисти поставија три статуи на делфини покриени со нафта во обид да го привлечат вниманието кон зголеменото истражување на нафта и употребата на фосилни горива во Амазон. Амнести интернешнл ги критикуваше политиките на Бразил што се спротивни на неговите еколошки обврски во рамките на БРИКС, ...

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера имаше „добар разговор“ со американскиот претседател Доналд Трамп, додека Европската Унија ги интензивира напорите за постигнување трансатлантски трговски договор до 9 јули, соопшти денес портпаролот на ЕУ, јавува Анадолу. Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Кирсмакер, на прес-конференцијата изјави дека Фон дер Лајен и Трамп имале телефонски разговор и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Иран сè уште поседува доволно воен капацитет секојдневно да го напаѓа Израел во текот на две години, изјави денес советник на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), јавува Анадолу. „Нашите вооружени сили се на врвот на својата готовност“, изјави генерал-мајор Ебрахим Џабари за полуофицијалната новинска агенција Мехр. „Во моментов, магацините, подземните ракетни бази и објектите што ги имаме се толку огромни што сè ...

СКОПЈЕ (АА) - Неуспешен беше и денешниот 43. обид за конституирање на Собранието на Косово, известува Анадолу. Претседавачот на седницата, Авни Дехари, истакна дека претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српска листа не предложиле свои кандидати за членови на Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на ...

СКОПЈЕ (АА) – Хеликоптерите на германската сојузна полиција продолжуваат да ги поддржуваат напорите за гаснење на шумските пожари што беснеат низ различни делови на земјата, јавува Анадолу. Екипите на Сојузната полиција ги користат хеликоптерите „Супер Пума“ и средните транспортни хеликоптери за да учествуваат во акциите за гаснење пожари веќе трет ден во областа Горишхајде во покраината Саксонија, како и втор ден во Саалфелдер Хое, Тирингија. ...

БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија денес соопшти дека не постојат докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош наменета за цивилите во Газа и состојбата во енклавата ја опиша како „катастрофална“, јавува Анадолу. Говорејќи на брифинг, портпаролката на Комисијата, Ева Хрнчирова, одговори на прашања во врска со обвинувањата дека палестинската група Хамас ја злоупотребува хуманитарната помош. Таа истакна дека „нема извештаи дека Хамас ја краде ...

АТИНА (АА) - Во Грција е забрането принудување на работниците да работат на отворен простор од 12:00 до 17:00 часот во региони каде што преовладуваат високи температури, известува Анадолу. Грчкото Министерство за труд и социјална сигурност објави дека врз основа на предупредувањето дадено од Метеоролошката служба дека оваа недела ќе има значително зголемување на температурите на воздухот низ целата земја, воведени се мерки за заштита на ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 57.523 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. Министерството на палестинската енклава истакна дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 105 тела, а 356 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 136.617. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи ...

ОЛОВО (АА) – ВЕСНА БЕШИЌ - Фата Бектиќ е единствената жена која ќе биде погребана на 11 јули на колективен погреб на гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари. Таа во моментот на смртта имала 67 години, а нејзините останки се пронајдени 26 години подоцна, при ексхумација во јуни 2021 година во Поточари, пишува Анадолу. Таа е убиена од граната што паднала во нејзина непосредна близина додека заедно со нејзиното семејство оделе кон ...

ЖЕНЕВА (АА) - Речиси половина милион Авганистанци се вратија од Иран за повеќе од еден месец, потврди Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Анадолу денес, пред истекот на рокот на Техеран авганистански државјани без документи да ја напуштат земјата, јавува Анадолу. „Во периодот помеѓу 1 јуни и 5 јули вкупно 449.218 авганистански мигранти се вратиле од Иран“, изјави Зухал Наби, соработник за комуникации на ИОМ од Кабул. Зголемениот ...

АНКАРА (АА) - Архипелагот Токара во Југозападна Јапонија за 16 дена го потресоа 1.592 земјотреси со различна јачина, известува Анадолу. Според податоците од Јапонската метеоролошка агенција (JMA), архипелагот во префектурата Кагошима го потресоа голем број земјотреси во последните 16 дена. Во период од 21 јуни до 7 јули, 1.592 земјотреси со јачина од 1 до 6 степени се случиле на подрачјето на архипелагот Токара. Најновите земјотреси во регионот ...

СКОПЈЕ (АА) – Во градот Памплона, на северниот дел на Шпанија, официјално започна фестивалот Сан Фермин, еден од најпознатите културни настани во земјата со меѓународна слава, познат по адреналинското трчање пред бикови низ тесните градски улици, јавува Анадолу. Фестивалот започна на 6 јули со традиционалното пуштање на огнометот „Чупинасо“ од балконот на градската општина, со што симболично се означи почетокот на свеченостите. На 7 јули се ...

СКОПЈЕ (АА) – Активисти за заштита на животната средина од организацијата Гринпис денес организираа протест во Берлин поради рударството на морското дно, јавува Анадолу. Во знак на протестот тие поставија џиновска инсталација во форма на розов октопод со цел подигнување на јавната свест. Протестот се одржа помеѓу германскиот Бундестаг (Федералниот парламент) и реката Шпре, каде што активистите истакнаа транспаренти со натписи „Стоп за ...

МОСКВА (АА) - Во Русија се откажани 485 лета, а приближно 1.900 летови се одложени поради нападите со беспилотни летала извршени од украинската армија во текот на викендот, известува Анадолу. Во соопштението дадено од Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација), беа наведени информации за интензивните напади со беспилотни летала извршени врз земјата во периодот од 5 до 7 јули. Во соопштението се наведува дека летовите се ...

ГАЗА (АА) - Најмалку 10 лица се убиени, а неколку други се повредени во серијата израелски напади низ Појасот Газа од раните утрински часови денес, според медицински извори, јавува Анадолу. Шест лица, меѓу кои и едно мало дете, беа убиени, а 15 други повредени во напад насочен кон клиника претворена во засолниште во населбата Ал-Римал во градот Газа, изјави медицински извор за Анадолу. Во јужниот дел на градот Газа, израелската Армија нападна ...

СКОПЈЕ (АА) – Хуманитарна организација обезбеди помош за Палестинците во бегалскиот камп Нусеjрат во централниот дел на Газа, јавува Анадолу. Организацијата им понуди топли оброци на Палестинците кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради израелските напади. Израелската Армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март, прекршувајќи го прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари. ...

СКОПЈЕ (АА) – Со своите природни убавини и бенифитите што ги има по здравјето на луѓето Чермик во југоисточната турска област Шанлиурфа ги пречекува посетителите во сите четири сезони од годината со своите термални извори, геолошките форми што наликуваат на самовилските оџаци и водопади, а во летните месеци особено се издвојува по својот водотек и кањонот Синек, јавува Анадолу. Чермик, кој го посетуваат и домашни и странски туристи, придонесува ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Пожарите во северозападниот дел на Сирија продолжуваат да се шират, откако досега уништија 10.000 хектари шума, соопштија властите, јавува Анадолу. Според државната новинска агенција САНА, нови жаришта се појавиле во градот Кастал Мааф, во руралното подрачје на Латакија. Директорот на цивилната заштита, Абдул Кафи Кајал, изјави дека акциите за гаснење на пожарите се во тек. „Стотици илјади шумски дрвја на површина од околу 10.000 ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на жртви од ненадејните поплави во американската држава Тексас се искачи на 82, вклучувајќи 28 деца, според извештајот на медиумите доцна синоќа, јавува Анадолу. 68 смртни случаи се пријавени во округот Кер, шест смртни случаи во округот Тревис, три смртни случаи во округот Барнет, по два смртни случаи во окрузите Кендал и Вилијамсон и еден смртен случај во округот Том Грин. „Воздушните спасувачки екипи во Тексас работат ...

ВАШИНГТОН (АА) - Пропалестински демонстранти се собраа вчера пред Белата куќа во Вашингтон, во знак на протест против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу. Претседателот Доналд Трамп ќе се состане денес со Нетанјаху, кој е во трета посета на САД во рок од шест месеци. Мавтајќи со палестински знамиња, демонстрантите скандираа „Слободна, слободна Палестина“. Тие, исто така, држеа транспаренти на кои пишуваше ...

ЏАКАРТА (АА) - Според Индонезискиот центар за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи, вулканот Левотоби Лаки-Лаки, кој се наоѓа во регионот Источен Флорес, продолжува со својата активност по првата ерупцијата што се случи на 18 јуни, известува Анадолу. Последната ерупција на вулканот Левотоби Лаки-Лаки се случи во 1:05 часот по локално време при што исфрлениот пепел достигна 18 километри во височина. Жешките облаци од топол гас ...

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа ќе се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу. Нетанјаху вчера од Тел Авив замина за Вашингтон, каде што ќе разговара за регионални прашања, вклучително и за договорот за прекин на огнот во Газа. Во својата трета посета на САД во рок од шест месеци, се очекува Нетанјаху да се сретне и со високи претставници на американската администрација и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
85%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 14ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.31
70%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
95%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
57%
1008
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
73%
1008
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0129

Currency

34.6401

Currency

38.8779

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67074

Currency

0.35821

Currency

0.52499

Currency

1.32622

Currency

0.61636

Алуминиум

2.58

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14774.00

Рутениум

26299.31

Калај

32.94

Сребро

1171.45

Злато

105915.12

Бакар

8.81

Паладиум

37873.58

Платина

40856.15

Родиум

225055.23

Цинк

2.77