
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



ПРИШТИНА (АА) – Непосредно пред почетокот на 42-та седница на Собранието на Косово, за конституирање на деветтиот состав на законодавниот дом, пратениците се евакуирани од зградата, јавува Анадолу. Полициските службеници ги замолија пратениците, претставниците на медиумите и другите службени лица да ја напуштат зградата на косовското Собрание. „Полицијата нè замоли да ја напуштиме (зградата) поради безбедносни причини. Постои закана, веројатно ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави за време на неговото обраќање на 17. Самит на Организацијата за економска соработка (ЕКО) во азербејџанскиот град Ханкенди. „Не можеме ниту да ја напуштиме палестинската кауза, ниту да молчиме додека Владата на Нетанјаху го ...
СКОПЈЕ (АА) - Балканскиот Регион во последните денови е погоден од топлотен бран, со температури што достигнуваат над 40 степени Целзиусови, јавува Анадолу. Фоторепортерите на Агенција Анадолу направија кадри во текот на топлотниот бран во главните градови на земјите од регионот. И граѓаните и туристите кои дојдоа да го посетат регионот се обидуваат да се заштитат од силните сончеви зраци во текот на денот, додека властите предупредија на ...
АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела можно е да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, по она што го опиша како „позитивен“ одговор од палестинската група на отпорот на предлогот на САД, објавија медиумите, пренесува Анадолу. „Може да има договор за прекин на огнот во Газа следната недела“, изјави Трамп за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“, додавајќи дека сè уште не е информиран ...
АНКАРА/ХАМИЛТОН (АА) - Бројот на загинати во катастрофалните поплави во округот Кер во американската сојузна држава Тексас се искачи на 25 доцна синоќа, вклучително и еден смртен случај во соседниот округ Кендал, според јавувањата на медиумите, пренесува Анадолу. Властите продолжуваат со напорите за пребарување и спасување поради загриженоста за понатамошни врнежи од дожд. Поплавите започнаа доцна во четвртокот и продолжија во раните утрински ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин кој го резлизира претходно неделава, пренесува Анадолу. „Многу сум разочаран од разговорот што го имав (во четвртокот) со претседателот Путин, бидејќи не мислам дека е тука (на заеднички став), изјави Трамп за новинарите синоќа по враќањето во Вашингтон од Ајова, каде што присуствуваше на настан пред ...
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази олеснување и претпазлив оптимизам поради завршувањето на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, истовремено нагласувајќи дека загриженоста на Москва мора да биде земена предвид за да се постигне трајно решение на украинската криза, јавува Анадолу. „Искрено се надеваме дека '12-дневната војна' е завршена. Сепак, остануваме внимателни, бидејќи силите кои повикуваат на конфликт ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Европскиот совет денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ќе ги продолжи своите секторски санкции за Русија за уште шест месеци, јавува Анадолу. „Советот денес ги продолжи рестриктивните мерки на ЕУ во контекст на продолжените акции на Руската Федерација што ја дестабилизираат ситуацијата во Украина за дополнителни шест месеци, до 31 јануари 2026 година“, се наведува во писмената изјава на Советот. Првично санкциите беа воведени ...
СКОПЈЕ (АА) - Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада со цел да ја спречи забраната на групата и нејзиното третирање како терористичка организација. Амори ја тужи министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство, барајќи судот да ја поништи одлуката, со која ...
АНКАРА (АА) - Вулканот Дуконо во Источна Индонезија денес повторно еруптираше, исфрлајќи густ вулкански пепел што достигна висина од 1.100 метри над врвот на вулканот, објави државната новинска агенција Антара, пренесува Анадолу. Според Бамбанг Сугионо, службеник од набљудувачката станица на вулканот Дуконо при Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси (ESDM), ерупцијата е забележана рано утрово. „Пепелот достигна ...
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес изјави дека Владата сериозно размислува за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети лица, јавува Анадолу. Осврнувајќи се на падот на наталитетот во земјата, Мицкоски на настанот во Владата на тема: „Демографски трендови, предизвици и можни решенија - Развој на стратешки документи за демографска отпорност“ истакна дека време е за држава каде што ...
СКОПЈЕ (АА) – Со официјална церемонија на потпишување, денес на граничниот премин Табановце-Прешево е пуштен во употреба системот за заедничка интегрирана контрола „One Stop Shop“ меѓу Северна Македонија и Србија, јавува Анадолу. Протоколот за воспоставување на „One stop“ системот на граничниот премин го потпишаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кои воедно потпишаа и протокол за ...
САРАЕВО (АА) – Останките на седум жртви од геноцидот во Сребреница во 1995 година ќе бидат погребани на колективна комеморативна церемонија на 11 јули во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари, соопшти Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу. Секоја година на 11 јули, по повод годишнината од геноцидот, се одржува погреб на новоидентификувани жртви од најтешкиот масакр во Европа по Втората светска војна, во кој ...
СКОПЈЕ (АА) - Израелските сили отворија оган врз цивилите што чекале хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Инцидентот се случи во областа Кан Јунис, каде што голем број граѓани се собрале пред хуманитарен пункт за да добијат вреќи брашно и други основни продукти, кои се дел од помошта што се распределува во енклавата погодена од воениот конфликт. Во нападот се убиени најмалку петмина Палестинци, а повеќемина се ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ги отфрли „на најостар начин“ изјавите на израелските политичари и министри од Кабинетот што повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу. Ваквите изјави се јасен показател за политиките на Израел за населување што го кршат меѓународното право, како и за неговите напори да ја направат окупацијата трајна, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Овие неодговорни повици за анексија, ...
АНКАРА (АА) - Агенцијата на Оебдинетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес изрази загриженост поради зголеменото ниво на глад во Појасот Газа, јавува Анадолу. „Во Газа гладот се зголемува. Од глад луѓето се онесвестуваат на улиците“, се вели во соопштението на агенцијата за X. „Сегашниот систем за дистрибуција на помош ги понижи и дехуманизира гладните и исплашените, повредените и исцрпените семејства.“ УНРВА нагласи дека „ниедно лице, ...
ВАШИНГТОН (АА) - Северната команда на САД (НОРТХКОМ) денес објави дека 200 маринци се испратени на Флорида за да ѝ обезбедат административна и логистичка поддршка на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ), јавува Анадолу. „Приближно 200 маринци од ескадрилата за поддршка на морнаричкото крило 272, воздухопловната база на морнаричкиот корпус Њу Ривер, Северна Каролина, се распоредуваат на Флорида со цел да ја поддржат внатрешната мисија за ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Во експлозија на бензинска пумпа во источен Рим денес се повредени најмалку 21 лице, јави италијанската новинска агенција АНСА, пренесува Анадолу. Меѓу повредените од експлозијата има и спасувачи, но никој не е во сериозна состојба. Според првичните извештаи од противпожарната служба, инцидентот се случил утрово и бил предизвикан од одвојување на цистерната од пумпата што ја полнела. Експлозијата оштетила неколку блиски објекти, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириското Претседателство го претстави новиот национален симбол на земјата синоќа на церемонијата во претседателската палата во Дамаск, придружена со национално одбележување на плоштадите во поголемите градови, јавува Анадолу. Претставувањето на новиот симбол доаѓа во период кога земјата преминува од повеќедецениското владеење на партијата Баас во нова политичка фаза. Претседателот Ахмед ал-Шара за новиот симбол рече дека е одраз ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин во 14:00 часот по Гринич, јавува Анадолу. „Ќе разговарам со претседателот на Русија, Путин, во 10:00 часот наутро (по локално време). Ви благодарам!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“. Путин се осврна на разговорот со Трамп за време на изложбата на руските растечки брендови во Москва. „Денес ќе разговарам ...
СКОПЈЕ (АА) - Спектакуларно зајдисонце го осветли Менхетен и ја обои њујоршката панорама во златни нијанси по силното невреме што го погоди градот, јавува Анадолу. По попладневната бура со дожд и грмежи, на снимките направени од дрон може да се забележи спектакуларната глетка од облакодерите што сјаат на зајдисонце. Сончевите зраци што пробиваат низ облаците го обоија градот во златни и портокалови тонови, создавајќи сцена што ги привлече ...
ПАРИЗ (АА) – Интензивните горештини предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај во Париз. Станицата Париз Сен Лазар доживеа сериозни прекини вчера откако високите температури предизвикаа оштетување на мрежата за снабдување со електрична енергија на возовите, јавува Анадолу. Високите температури, кои достигнаа 39°C во Париз, доведоа до значителни влијанија врз линиите L и J, како и врз возовите што патуваат кон Нормандија. Илјадници патници ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака луѓето во Појасот Газа да бидат безбедни, јавува Анадолу. „Сакам луѓето во Газа да бидат безбедни, што е уште поважно“, изјави Трамп за новинарите кога го прашаа дали сè уште сака САД да ја „преземат“ Газа. „Сакам да видам безбедност за луѓето во Газа. Тие поминаа низ пекол“, додаде тој. Претседателот првпат го изнесе својот предлог САД да ја преземат одговорноста за Газа ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 15 Палестинци се убиени утринава кога израелските воени авиони нападнаа шатори во кои се засолнети раселените семејства во областа Ал-Мавааси западно од Кан Јунис во јужниот дел на Газа, според локалните извори, јавува Анадолу. Повеќето жртви биле членови на исто семејство чие засолниште било директно погодено во близина на Кулите Тајба, изјавија очевидци за Анадолу. Во нападот има и неколкумина повредени. Палестинската ...
ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) - Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и предавање на посмртните останки на уште 18, соопштија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. „Ослободувањата ќе се реализираат во пет фази во текот на 60-дневниот прекин на огнот“, пишува весникот „Једиот ахронот“, повикувајќи се на неименувани извори. Според наводите, доколку биде прифатен, палестинската група Хамас ...
АНКАРА (АА) - Иран денес потврди дека останува посветен на Договорот за непролиферација на нуклеарното оружје (NPT) и неговиот Договор за заштитни мерки, јавува Анадолу. Потврдата доаѓа по еден ден откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпиша закон усвоен од Парламентот со кој се бара од Владата да ги прекине врските со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Во согласност со новото законодавство на Меџлисот (Парламентот), ...
ПРИШТИНА (АА) - Лидерот на Движењето Самоопределување, кој е и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за конституирање на косовското Собрание во рокот утврден од Уставниот суд, најдоцна до 26 јули 2025 година, јавува Анадолу. По двочасовната средба на Курти со претседателката Вјоса Османи во Кабинетот на претседателот во Приштина, Курти во изјава за медиумите рече дека тој и ...
ПРИШТИНА (АА) – Во знак на протест поради повеќемесечниот политички застој во работата на косовското Собрание, поради неговото неконституирање по изборите на 9 февруари годинава, адвокатот Арианит Кочи денес донесе четири магариња пред Собранието, јавува Анадолу. Полицијата го спречи Кочи да влезе во просториите на Собранието со стереотипно тврдоглавите животни, со кои сакаше да ја покаже „тврдоглавоста“ на политичарите кои, по 41-ви пат не ...
АНКАРА (АА) – Најмалку 63 Палестинци се убиени во нов бран смртоносни израелски воздушни напади низ Појасот Газа денес, додека Израел ја ескалира својата геноцидна војна врз цивилите во енклавата, соопштија медицински лица, јавува Анадолу. Палестинската државна новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, соопшти дека 28 Палестинци кои чекале да добијат хуманитарна помош се убиени од оган на израелската армија во централна и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да престанат да се мешаат во нејзините внатрешни работи, наведувајќи дека Тајван нема „основа, причина, ниту право“ да се приклучи на Обединетите нации (ОН) или други тела резервирани за суверени држави, јавува Анадолу. „Тајван нема никаква основа, причина ниту право да се приклучи на ОН или на кои било меѓународни организации чие членство е ограничено на суверени држави“, ...