
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



АНКАРА (АА) - Палестинските власти денес ја осудија американската консултантска фирма и групацијата за хуманитарна помош поддржана од Израел за заговор за присилно раселување на Палестинците од блокираниот Појас Газа под маската на хуманитарната помош, пренесува Анадолу. Според „Фајненшл тајмс“, Бостонската консалтинг група (BCG) развила финансиски модел за таен проект наречен „Аурора“, со цел раселување на повеќе од половина милион Палестинци ...
МАЛАТИЈА (АА) - Најдолгиот железнички мост во Турција, што се наоѓа во источната турска област Малатија, плени со својата впечатлива силуета на зајдисонце. Спојувајќи ги преку реката Еуфрат округот Баталгази во Малатија и округот Баскил во Елазиг, мостот се протега во должина од 2.030 метри, што го прави најдолгиот железнички мост во земјата. Отворен е во 1986 година, и преку него сообраќаат и товарни и патнички возови, меѓу кои и „Ѓунеј ...
АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Иранските ракети директно погодиле пет израелски воени објекти за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, покажаа радарските податоци, јавува Анадолу. Податоците објавени од британскиот дневен весник „Телеграф“ и испитани од американски професори од Државниот универзитет во Орегон, САД, открија дека шест ракети истрелани од Техеран погодиле пет бази во северен, јужен и централен Израел. Меѓу таргетираните израелски ...
ШАНЛИУРФА (АА) – Ѓобеклитепе, древно светилиште во Југоисточна Турција и заштитено подрачје на УНЕСКО, стана главна атракција за туристите од цел свет, зацврстувајќи ја својата улога како темел на регионалниот и националниот културен туризам, пишува Анадолу. Ѓобеклитепе, познат како најстар храм во светот и наречен „нулта точка на историјата“, се наоѓа во централното подрачје Халилије во Шанлиурфа, приближно 18 километри од центарот на градот, ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денес го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници пред неговото патување во Вашингтон на разговори со американски претставници, јавува Анадолу Херцог се сретна со Нетанјаху денес, неколку часа пред премиерот да замине за САД каде што треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп. „За време на мојот состанок со ...
СКОПЈЕ (АА) - Стотици локални жители и посетители денес го следеа традиционалниот фестивал на диви коњи „Ла Рапа дас Бестас“ во северозападна Шпанија, јавува Анадолу. Фестивалот се одржува во селото Сабуседо, кое се наоѓа во околината на градот Понтеведре. На фестивалот, млади луѓе од Сабуседо и околината, провинцијата Понтеведра, во Галиција, се упатуваат кон планините во зори. Нивната цел е да пронајдат диви коњи што живеат во областа, да ги ...
ГАЗА/АНКАРА (АА) – Најмалку 41 Палестинец, меѓу кои и деца, се убиени денес во серија израелски воздушни напади низ Појасот Газа, според медицински извори и локални извештаи, јавува Анадолу. Во градот Газа, 25 лица се убиени кога израелски воени авиони бомбардираа два дома во кои биле засолнети раселени семејства во населбите Шеик Радван и Ал-Наср, изјавија медицински извори. Очевидци рекоа дека куќите биле полни со семејства кои спиеле, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти дека презела контрола врз уште две населени места во украинските региони Донецк и Харков, во рамките на тековната офанзива на Москва во Украина, пренесува Анадолу. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се тврди дека руските сили го зазеле селото Пидубне, на околу 22 километри северно од стратешкиот град Велика Новосилка, во источниот регион Донецк. Русија претходно соопшти дека ја зазела Велика ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјоделското производство во Турција достигна рекордно високо ниво, зголемувајќи се од 68,9 милијарди долари во 2023 година на 74 милијарди долари минатата 2024 година, раст од 7%, што ја става земјата меѓу седумте најдобри во светот, објави денес турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахил Јумакли, јавува Анадолу. „Нашето земјоделско производство, кое изнесуваше 68,9 милијарди долари во 2023 година, се зголеми за 7% ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американските агенции за финансирање се подготвени да финансираат проекти за нуклеарна енергија во Турција, особено мали модуларни реактори, но чекаат одржливи предлози, изјави висок советник на американскиот Стејт департмент. „Чекаме проектите да ни се претстават за да можеме да кажеме - да се усогласи проектот со парите“, изјави Џастин Фридман за Анадолу на маргините на 11-тиот Самит за нуклеарни централи во Истанбул, што се ...
ТУНЏЕЛИ (АА) – Бујерското Езеро, кое се наоѓа во источниот дел на Турција, во Општината Пулумур во Тунџели, е едно од највисоките езера во регионот, сместено на 3.000 метри надморска височина. Се наоѓа во близина на врвовите на планините Мунзур и по врнежите од снег, езерото и неговата околина добија изглед како од разгледница, со снежна покривка, пишува Анадолу. Во лето, езерото е популарна дестинација за планинарите, камперите и фотографите, ...
АНКАРА (АА) – Најмалку 57.418 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците донесени се 80 тела, додека 304 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени се искачи на 136.261. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Лидерите и претставниците на алијансата БРИКС денес и утре во Рио де Жанеиро ќе го одржат 17-тиот годишен самит, пишува Анадолу. Самитот доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии, меѓу кои и неодамнешните израелски и американски напади врз Иран, кој е член на БРИКС од 2024 година, како и геноцидот во Појасот Газа и војната во Украина. Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и неговите повторни закани со царините, исто ...
СКОПЈЕ (АА) - Спектакуларно зајдисонце го осветли Менхетен и ја обои њујоршката панорама во златни нијанси по силното невреме што го погоди градот, јавува Анадолу. По попладневната бура со дожд и грмежи, на снимките направени од дрон може да се забележи спектакуларната глетка од облакодерите што сјаат на зајдисонце. Сончевите зраци што пробиваат низ облаците го обоија градот во златни и портокалови тонови, создавајќи сцена што ги привлече ...
ПРИШТИНА (АА) – Дојава за бомба во зградата на косовското Собрание во Приштина предизвика пленарната седница да биде одложена до вечер, јавува Анадолу. Седницата, која беше закажана за 11:00 часот утрово ќе започне вечерва во 20:00 часот. Арбен Љоши, заменик-генерален секретар на Собранието, изјави дека дојавата ја дало лице кое се заканило преку телефон. „Побарана е евакуација бидејќи едно лице на англиски јазик дојавило дека во зградата е ...
АНКАРА (АА) - Израелската армија тврди дека пресретнала ракета лансирана рано утрово од Јемен по сирените за воздушен напад што се огласија во повеќе области низ целата земја, пренесува Анадолу. Според соопштението на армијата, пресретнувањето се случило рано утрово, но не е наведено кои области биле цел или дали е предизвикана некаква штета. Нема непосреден коментар од Хусите за израелските тврдења. Хусите ги интензивираа нападите со ракети и ...
ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) - Израел синоќа соопшти дека Хамас направил „неприфатливи“ измени во предлогот на Катар за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесува Анадолу. „Промените што Хамас се обидува да ги направи во предлогот на Катар ни беа доставени синоќа и се неприфатливи за Израел“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху. „Во светлината на проценката на ситуацијата, премиерот Бенјамин Нетанјаху наложи да се прифати поканата за ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во буичните поплави во американската сојузна држава Тексас се искачи на 51 доцна синоќа, пренесува Анадолу. Во најтешко погодениот округ Кер, официјалните лица пријавија 43 смртни случаи - 28 возрасни и 15 деца. Округот Травис потврди четири смртни случаи, окрузите Кендал и Том Грин пријавија по еден, а официјалните лица од округот Барнет известија за два смртни случаи, соопшти Ен-би-си њуз. Во округот Кер, 27 ...
АНКАРА (АА) – Најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и деца, се убиени денес во серија израелски воздушни напади низ Појасот Газа, според медицински извори и локални извештаи, јавува Анадолу. Најмалку 10 лица се убиени, а повеќемина се повредени кога израелски воени авиони погодија куќа во населбата Шеик Радван во северниот дел на градот Газа. Локални извори за Анадолу изјавија дека неколку лица сѐ уште се заробени под урнатините. Во друг напад врз ...
ЛОНДОН (АА) - Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното усвојување потешко, изјавија официјални претставува, јавува Анадолу. Интерниот ЕУ преглед на трговскиот договор на Израел со блокот, добиен од „Еурактив“ минатиот месец, покажа „индикации за прекршување“ на обврските за човекови права ...
ИСЛАМАБАД (АА) - Авганистан денес побара помош од Азербејџан за извоз на стоки во Турција и Европа преку пристаништето во Баку, пренесува Анадолу. Мула Абдул Гани Барадар, вршителот на должноста вицепремиер на привремената талибанска администрација за економски прашања, го упати барањето за време на посетата на Баку, главниот град на Азербејџан, според соопштението издадено од неговиот кабинет во Кабул. „На посетата присуствуваа претставници од ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ беше еден од најпрометните аеродроми во Европа во последната недела од јуни, со просечни 1.553 летови дневно, изјави турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу. Аеродромот „Истанбул“ ги надмина парискиот аеродром „Шарл де Гол“, аеродромот во Франкфурт и аеродромот во Лондон „Хитроу“ во периодот од 23 до 29 јуни. „На истата листа, аеродромот во Анталија е рангиран на 10. место со ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.338 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 70 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, додека 332 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 135.957. „Многу жртви се уште се заробени под урнатините и на патиштата ...
ИСЛАМАБАД (АА) - Авганистан денес побара помош од Азербејџан за извоз на стоки во Турција и Европа преку пристаништето во Баку, пренесува Анадолу. Мула Абдул Гани Барадар, вршителот на должноста вицепремиер на привремената талибанска администрација за економски прашања, го упати барањето за време на посетата на Баку, главниот град на Азербејџан, според соопштението издадено од неговиот кабинет во Кабул. „На посетата присуствуваа претставници од ...
СКОПЈЕ (АА) – Во турски Киркпинар, во северозападната област Едрене се одржува 664-то издание на Историскиот фестивал на пеливанството, јавува Анадолу. Традиционалниот натпревар започна вчера во Сарајичи, каде што 36 пеливани (борачи) учествуваа во категоријата *Миник-1* (најмлади). Вкупно 762 борачи, меѓу кои 40 главни борачи (Башпеливани), ќе си ги одмерат силите во текот на викендот. Оваа година, натпреварувачите се соочуваат не само едни со ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна синоќа, пренесува Анадолу. Израелскиот Канал 12 цитираше анонимен извор кој рече дека медијаторите му ја доставиле на Израел позитивната реакција на палестинската група за новиот предлог за прекин на огнот. „Ги завршивме нашите внатрешни консултации со ...
ОВИЕДО / ИСТАНБУЛ (АА) – Португалскиот фудбалер Диого Жота, напаѓач на британскиот клуб Ливерпул, почина рано утрово во сообраќајна несреќа во Шпанија на 28-годишна возраст, јавува Анадолу. Неговиот брат Андре Силва (25), фудбалер на португалскиот клуб ФК Пенафиел, исто така загина во несреќата, што се случи во покраината Замора, која се граничи со Португалија, соопшти Педро Проенса, претседателот на Португалската фудбалска федерација. Проенса ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика Русија и Азербејџан да покажат воздржаност поради зголемените тензии меѓу двете земји, истакнувајќи дека Анкара има „длабоки и стратешки врски“ и со Москва и со Баку, јавува Анадолу. Најголемата желба на Анкара е несреќните инциденти да не предизвикаат „непоправлива штета“ на односите меѓу Москва и Баку, изјави Ердоган за новинарите во авионот на враќање од Азербејџан. ...
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 38 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелските напади во Појасот Газа денес, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Седум лица се убиени, а многумина повредени во израелскиот напад врз училиште претворено во засолниште во населбата Зејтун во градот Газа, изјавија медицински извори за Анадолу. Три лица, меѓу кои една жена, ги загубија животите во други израелски напади во градот Газа и Џабалија ...
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 Палестинец е убиен, а десетици се повредени во израелските напади од раните утрински часови во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Седум лица се убиени, а многумина се повредени во израелски напад врз училиште претворено во засолниште во населбата Зејтун во градот Газа, изјавија медицински извори за Анадолу. Во израелските напади убиени се уште три лица, меѓу кои и две деца, а многумина се ...