
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел изврши повеќе од 100 воздушни напади во последните 24 часа врз Појасот Газа, каде што предизвика широко распространето уништување и хуманитарна катастрофа со своите брутални напади од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу. Во соопштението на израелската Армија, која вчера загуби пет војници во северниот дел на Појасот Газа, се наведува дека се уништени бројни згради во областа. Израелската Армија тврди дека 7-та ...
ТРАБЗОН (АА) - Црвенилото на небото од зајдисонцето во Трабзон и џамијата „Аја Софија“ создадоа прекрасна слика во оваа турска област, известува Анадолу. Зајдисонцето во Трабзон создава прекрасна глетка на градот и морето со своите црвено-златни бои. Сончевите зраци ги облеваат фасадите на историските згради во градот, а снимката со дрон ни ја дава прекрасната глетка на градот и џамијата „Аја Софија“. Трабзон е град на брегот на Црното Море во ...
БРИСЕЛ (АА) - Вкупно 774 деца бегалци без придружба исчезнале во Белгија во 2024 година, при што најмалку 101 случај се класифицирани како исклучително алармантни, според дневниот весник „Де Стандард“, јавува Анадолу. Во просек, речиси 15 малолетници без придружба исчезнувале секоја недела. Само 246 биле пронајдени, додека над 500 сè уште не можат да ги пронајдат. Алармантни случаи се малолетниците под 13 години, децата со медицински потреби или ...
- Весна БЕШИЌ „Барем да имаше семејство, дете“, зборува низ солзи Хусеин Авдиќ, кој на колективниот погреб во Поточари на 11 јули оваа година ќе ги спушти во гроб нецелосните посмртни останки од својот син Сенаид. Имал само 19 години кога бил убиен во геноцидот извршен врз Бошњаците во Сребреница летото 1995 година, јавува Анадолу. Триесет години по геноцидот, Сребреница сè уште зборува. Не гласно, туку тивко – преку солзите, преку гробовите, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес тврди дека Русија лансирала рекордни 728 беспилотни летала врз земјата во напад во текот на ноќта, јавува Анадолу. Според соопштението на Воздухопловните сили на Украина, воздушната одбрана на земјата соборила 718 од 728 беспилотни летала, како и седум од 13 ракети лансирани врз земјата. „Главната насока на нападот е Волин, градот Луцк“, се додава во соопштението. Гувернерот на Волин, Иван Рудницки, на Телеграм ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан утре ќе одржат билатерална средба во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, јавува Анадолу. Во соопштението на азербејџанското претседателство се вели дека Алиев и Пашинјан ќе се сретнат во Абу Даби како дел од тековниот мировен процес меѓу двата соседа од Јужен Кавказ. Ерменската Влада, исто така, ја потврди средбата во соопштение на Телеграм, ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по втор пат оваа недела, во рамките на напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу. Разговорите во Овалната соба траеја повеќе од еден час, без присуство на медиуми, по подолгата вечера во Белата куќа во понеделникот за време на третата посета на Нетанјаху на САД откако Трамп го започна својот втор ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по втор пат оваа недела, во рамките на напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу. Разговорите во Овалната соба траеја повеќе од еден час, без присуство на медиуми, по подолгата вечера во Белата куќа во понеделникот за време на третата посета на Нетанјаху на САД откако Трамп го започна својот втор ...
ПОТОЧАРИ (АА) - Во темната ноќ над Меморијалниот центар во Поточари доминираат белите надгробни плочи, а тишината ја прекинува звукот на чекорите на посетителите, оние што ги посетуваат гробовите на своите најблиски, јавува Анадолу. Снимката направена со дрон од репортерот на Анадолу од гробиштата во Меморијалниот центар во Поточари ги покажува белите надгробни плочи кои сведочат за геноцидот извршен летото 1995 година во Сребреница. На секоја ...
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви од катастрофалните поплави во американската држава Тексас се зголеми на 109, додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување на повеќе од 160 исчезнати лица, известува Анадолу. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, даде изјава за медиумите во врска со катастрофалните поплави како последица на обилните дождови што го зафатија подрачјето на 4 јули. Информирајќи дека бројот на луѓе кои ги загубија животите во ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа ќе се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу. Нетанјаху вчера од Тел Авив замина за Вашингтон, каде што ќе разговара за регионални прашања, вклучително и за договорот за прекин на огнот во Газа. Во својата трета посета на САД во рок од шест месеци, се очекува Нетанјаху да се сретне и со високи претставници на американската администрација и ...
Шумскиот пожар што избувна во понеделникот во јужниот француски департман Од и изгоре 2.000 хектари, сè уште гореше вчера, додека втор пожар избувна во близина на Марсеј, објавија француските медиуми, јавува Анадолу. „Тоа е огромен пожар, фатени се 2.000 хектари, тоа е многу, многу голем пожар. Имаме ветер, значителна суша и покрај сите распоредени ресурси - повеќе од 1.000 пожарникари, повеќе од 7 авиони „Канадер“ (авиони за гаснење пожар) - ...
ТЕКСАС (АА) - Кревети, мебел и лични предмети беа расфрлани пред поплавените кабини во летниот камп „Мистик“, откако поројни дождови предизвикаа катастрофални поплави кои го зафатија централниот дел на американската сојузна држава Тексас, јавува Анадолу. Историскиот христијански летен камп за девојчиња потврди дека 27 кампери и членови на персоналот на летниот камп го загубиле животот кога реката Гвадалупе се излеала од коритото и го потопила ...
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Северна Македонија донесе одлука да прогласи 30-дневна кризна состојба на целата земја поради зголемениот број пожари, јавува Анадолу. Марија Митева, портпаролката на Владата, на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. „Се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни ...
АТИНА (АА) – Екстремниот топлотен бран што ја зафати Грција денес доведе до привремено затворање на Акропол во Атина, најзначајното историско место во земјата, јавува Анадолу. Поради температурите што достигнаа 40 Целзиусови степени, Акропол беше затворен за посетители од 13 до 17 часот, според одлуката на атинскиот орган за антиквитети. Министерството за труд, исто така, го продолжи прекинот на работата за физичките работници на отворено и ...
ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни состојби и управување со катастрофи, јавува Анадолу. „Остварен е контакт со ЕУ за да се побара нејзина поддршка во гаснењето на пожарите во руралниот дел на Латакија“, изјави Раед ал-Салех во соопштението објавено од државната новинска ...
БЕЛГРАД (АА) - Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е затворен денес поради силното невреме што го погоди српскиот главен град, проследено со силни ветрови и обилни врнежи од дожд, принудувајќи пренасочување на дојдовните летови и предизвикувајќи штети низ целиот град, јавува Анадолу. Управата на аеродромот соопшти дека сообраќајот е привремено запрен и ги повика патниците да ги следат информациите од авиокомпаниите и официјалната веб-страница ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Иран денес го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран побарал состанок за нуклеарната програма на Иран, јавува Анадолу. „Не сме поднеле никакво барање до американската страна за состанок“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, според државната новинска агенција „Тасним“. Трамп во понеделникот изјави дека Вашингтон ќе разговара со Иран за нуклеарните ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на Палестинци што се држени во израелските затвори изнесува 10.800, известува Анадолу. Во заедничка изјава на Комитетот за затвореници и ослободени лица на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО) и Здружението на палестински затвореници дадени се информации за Палестинците што се држат во израелските затвори. Во изјавата се наведува дека бројот на Палестинци што се држат во израелските затвори до јули 2025 година ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Катар денес соопшти дека тековните разговори меѓу Израел и Хамас се фокусирани на рамката за преговори за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу. „Напорите на посредниците се фокусирани на постигнување фаза што ќе стави крај на војната во Газа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха. „Во моментов се дискутира рамка за преговори за прекин на огнот во Газа пред ...
ИСТАНБУЛ (AA) – Европскиот парламент денес ја поддржа кандидатурата на Бугарија за усвојување на еврото, отворајќи ѝ пат на земјата да се приклучи на еврозоната од 1 јануари 2026 година, јавува Анадолу. Во клучното гласање, 531 пратеник на Европскиот парламент гласаа за, 69 беа против, а 79 беа воздржани. Во усвоениот извештај се потврдува дека Бугарија ги исполнува сите неопходни критериуми за да го усвои еврото како официјална валута. Откако ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Националниот суд на Шпанија денес започна кривична истрага против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за надворешни работи Израел Кац и неколку високи воени официјални претставници, поради наводите за вмешаност во воени злосторства и злосторства против човештвото, особено поради израелскиот напад минатиот месец врз хуманитарниот брод што беше упатен кон Газа, јавува Анадолу. Истрагата се фокусира на нападот врз ...
СКОПЈЕ (АА) - Со свечена церемонија во Струга, денес беше отворен Генерален конзулат на Република Албанија, како уште една потврда на блиските односи и заемната посветеност меѓу Северна Македонија и Албанија на патот кон заедничките евроатлантски цели, јавува Анадолу. На настанот присуствуваа министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот албански колега Игли Хасани, како и првиот вицепремиер и министер за ...
СКОПЈЕ (АА) - Езерото Ретба, познато и како Розово езеро, кое се наоѓа околу 35 километри од Дакар, главниот град на Сенегал, го врати својот препознатлив розов сјај по долг период на исчезнување на бојата, јавува Анадолу. Изминатите неколку години прекумерните врнежи и зголеменото загадување доведоа до значително губење на карактеристичната боја на езерото и тоа негативно се одрази на туристичкиот сектор, како и на локалната економија. Ова ...
МОСКВА (АА) – Русија сè уште го чека одговорот од Украина во врска со можното определување датуми за следната, трета рунда директни билатерални мировни преговори во Истанбул, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу. „Штом ќе бидат договорени датумите, а се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро, веднаш ќе ве информираме“, рече Песков на прес-конференција во Москва. Првите две рунди директни преговори меѓу Русија и ...
АНКАРА (АА) - Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја повлече израелската делегација што води индиректни преговори со Хамас во Доха, главниот град на Катар, известува Анадолу. Министерот Бен-Гвир имаше објава на својот профил на социјалните мрежи за убиството на петмина израелски војници во судир со палестински групи во Појасот Газа. „Не треба да ...
СКОПЈЕ (АА) - Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил тешко повреден во израелски напад во коридорот Нецарим и претрпел ампутација поради раните од шрапнели. Младото палестинско момче е само едно од стотиците деца од Појасот Газа кои останале без делови од телото како резултат на континуираните ...
СКОПЈЕ (АА) - Пожарот што избувна во неделата во шумскиот предел помеѓу селото Блаце и Општина Чучер Сандево, регион во близина на границата меѓу Северна Македонија и Косово, сè уште е активен, а екипите се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, известува Анадолу. Тимот на Анадолу ја сними интервенцијата на хеликоптерите во пожарите, а на терен може да се видат и слики од последиците од пожарот чиј интензитет се зголеми ...
СКОПЈЕ (АА) - Палестинците во Појасот Газа продолжуваат да се соочуваат со екстремно тешки услови за живот, живеејќи во импровизирани шатори на крајбрежјето, додека израелските напади и блокадата на енклавата не престануваат, јавува Анадолу. Во отсуство на основни потреби, како покрив над главата, чиста вода и храна, жителите на овие кампови на брегот на Газа се принудени да живеат во нестабилни шатори под отворено небо. Жешкото време ...
АНКАРА (АА) - Пожарите што избувнаа во многу региони на американската сојузна држава Калифорнија, како што се Сан Луис Обиспо и Риверсајд, се проширија на површина од приближно 34.000 хектари, известува Анадолу. Според информациите објавени на веб-страницата на Калифорнискиот оддел за шумарство и противпожарна заштита (Cal Fire), пожарот Мадре што започна во Сан Луис Обиспо на 2 јули зафати површина од приближно 32.000 хектари, а 35% од пожарот ...