Животни простори или места во кои општиме, се социјализираме, егзистистираме и се дефинираме себе си. Единица мерка за перцепција на се она што не опкружува, независно од неговата природа, материјалност и местоположба. Збир од координати и точно утврдени соодноси заробени во временски интервал, помеѓу кои почиваат идентитетот, и развојот на една единка, и конечно каде се диктира основата на една средина, независно од тоа дали станува збор за ...

Веќе со години, Големиот корален гребен исчезнува. Научниците јасно предупредија дека мора да се направат радикални и драстични промени, кои се чини дека кончено почнуваат да ги даваат првите резултати. Според најновите истражувања, Големиот корален гребен во Австралија, после 36 години, во моментот има најголема количина на т.н корален покривач. Според пишувањето на светските медиуми, промените се забележуваат во централниот и северниот дел, ...

Колосеумот, легендарниот споменик на генијалноста и величественоста на стариот Рим, доби своја цена. Во извештајот објавен од финансиските консултанти на компанијата Deloitte LLP, се проценува дека „вредноста на оваа општествена знаменитост е околу 77 милијарди евра“. Во него се одржувале јавни спектакли, борби со гладијатори и животни, симулации на битки, како и некои егзекуции на тоа време. Зданието е изградено од императорите од династијата ...

Еден од најзначајните македонски архитекти Петар Муличковски, почина утрово на 93 годишна возраст. Роден е во 1929 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за архитектура, градежништво и геодезија во Љубљана во 1957 година на тема „Архитектонско и урбанистичко планирање“ во класата на професор Едвард Равникар. Во 1959 година е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје, во 1967 година за доцент, а во 1978 за редовен професор ...

Архитектонското биро со седиште во Будимпешта Hello Wood проектираше и изгради одморалиште Rock Cabins кај унгарскиот Каполч, во близина на езерото Балатон. Скриена во шумичката, финалната композиција се обликува како ансамбл од шест полигонални бунгалови, од кои секој нуди мирно и удобно место за две лица. На прв поглед, овие кабини изгледаат далеку од обичните куќи. Нивната футуристичка силуета налик на камена грамада ја одржува претставата ...

Локација: Барселона, Шпанија Автори: Серги Годија и Ана Молино, Реализација: 2016 година Плод на соработката помеѓу инженерството и архитектурата станува пример за тоа како добрата архитектура и дизајн можат да коегзистираат во симбиоза преку реактивација на јавните простори. Во изминатиот век, линијата на железничкиот и метро инфраструктурата низ квартот Сантс во Барселона претставувала отворена рана во нејзиното урбано ткиво, делејќи го ...

Шпанското архитектонско биро Masquespacio спровело детална анализа на клиентите, односно девојчиња и момчиња на возраст од 11 до 13 години, со цел да се најде врската помеѓу дизајнот на објектот и начинот на живот на тинејџерите. Преку претходни тестирања спроведени од интерниот тим на Манго, се покажало дека употребата на боја е истакната како еден од најрелевантните начини да се доближат до тинејџерите, па на овој аспект се фокусирале и ...

Островот Тилос во Егејско море, спроведува програма за управување со отпадот кој на локалната заедница ќе и овозможи згрижување на речиси целата количина отпад преку ситемот за селекција и рециклирање. Тоа е првиот остров кој ги укинал депониите и каде над 80% од отпадот оди на рециклирање. Исто така, пред неколку години во целост преминал нa обновливи извори нa енергија. Управувањето со комунален отпад на островот започнува со селекција „на ...

Француските компании Veolia и TotalEnergies ќе градат постројка за десалинизација на морската вода која ќе користи соларна енергија, во градот Сур во Оман. Постројката ќе се наоѓа покрај постоечкиот капацитет за десалинизација на Veoliа, кој обезбедува вода за пиење за над 600.000 жители. Соларната електрана ќе има моќност од 17 MW и ќе се простира на површина од 130 000 m2. Ќе обезбедува производство од над 30.000 MWh електрична енергија ...

За да се наполнат европските складишта за гас – потребни се 50 милијарди евра, 10 пати повеќе отколку што се мислеше. И додека најмоќните енергетски компании се богатат, помалите добавувачи пропаѓаат поради ограничените цени. Многу земји, долго време, нема да можат ни да ги субвенционираат сметките на граѓаните и стопанството за гас и струја, кои се се повисоки. За да ги заштитат граѓаните и економијата од скапите енергенти, државите се ...

Едноставните, чисти линии на минимализмот ги преземаат повеќето архитектонски дизајни, со многу модерна привлечност. Минимализмот е естетика заснована на неколку основни принципи кои имаат за цел да ги отсечат сите вишок детали. Користи строги правила за да создаде простор кој не е само безвременски, туку и уникатен. Постојат многу начини на кои минимализмот може да се примени во проектирањето на станбено деловни простори, нудејќи им на ...

Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), прогласи дека секој на Планетата има право на здрава животна средина, што е важен чекор во борбата за зачувување на природата. Во усвоената резолуција, се истакнува дека климатските промени и деградацијата на животната средина се прашања кои бараат најитно решавање. За усвојување на резолуцијата гласале 161 држава, меѓу кои и Македонија. Иако таа не е правно обврзувачка за државите членки на Он, ...

Сингапурскиот Институт на архитекти (SIA) ги објави победниците на SIA Architectural Design Awards 2022, еден од најпрестижните настани кој се организира во чест на проектите кои се пример за извонредност во архитектонскиот дизајн, во изминатата година. На 21вото издание на оваа манифестација, центарот на вниманието се насочи кон проектите што покажаа одговор на новите дизајнерски сензибилности, еколошката одржливост и благосостојбата за ...

Започна изградбата на зградата Скендербег на MVRDV (со официјално име Карпата на Тирана, Tirana’s Rock), објектот со мешовита намена – кој со висина 85 метри и извајан во форма на биста на албанскиот национален херој – ќе биде меѓу најголемите згради во светот што истовремено ќе претставува и фигуративна скулптура. Завиткана во заоблени балкони кои го формираат обликот на главата на Скендербег, зградата ќе биде култно обележје на плоштадот ...

Кога ќе го слушнете зборот Porsche, сигурно последното нешто што ви паѓа на ум е сладолед. Брендот со седиште во Штутгарт се здружи со компанијата за сладолед од Чикаго, Pretty Cool Ice Cream, за да лансира ограничено издание на замрзнати задоволства инспирирани од препознатливите бои на автомобилите на Porsche. Во чест на Националниот ден на сладоледот 17. јули, Porsche Cars North America, Inc. лансираше сладоледи со ограничено издание ...

За Salone del Mobile 2022, Dior за прв пат ги здружи силите со Филип Старк и го покани да го реинтерпретира иконичниот симбол: столот Medallion. Овој меѓународно познат дизајнер, познат по своите визионерски и поетски дела, ги комбинира основите на легендарната куќа Dior со savoir-faire што ги поместува границите на извонредноста. За Dior, тој дизајнираше стол наречен Miss Dior, посвета на одреден вид женственост, проткаено со смела елеганција. ...

Dartz е компанија од Летонија, која е специјализирана за производство на скапи и уникатни SUV возила. Со својот нов проект, овој производител тргнува во потполно поинаква насока. Freze Froggy EV Beachstar е мал електричен кабриолет кој изгледа како да е излезен од осумдесетите години на минатиот век. Веб страницата на производителот го рекламира овој автомобил со следниот слоган: Најевтиниот електричен автомобил во ЕУ! Дали навистина е ...

Првата ветерна турбина со целосно рециклабилни лопатки, е веќе инсталирана и пуштена во работа во Северното море недалеку од брегот на Германија. Станува збор за ветерната фарма Kaskasi. Со брзиот раст на оваа индустрија, се поизразена стана потребата од рециклирање на вградените материјали, со оглед дека користи многу повеќе материјални ресурси во споредба со конвенционалните електрани. Кај ветерните турбини се користат сложени композитни ...

K11 ECOAST, масивен комерцијален комплекс вреден скоро 1,5 милијарда американски долари, наскоро ќе се формира долж брегот на Шенжен. Амбициозниот малопродажен и културен простор во Кина го проектира тим кој ги вклучува ОМА, David Chipperfield Architects и Sou Fujimoto. Зафаќајќи површина од 228.500 квадратни метри, проектот ќе содржи „Art Mall“, повеќенаменски уметнички простор, деловна зграда K11 ATELIER и уредено шеталиште покрај брегот, ...

Archi | Contempaltives е платформа за експериментални форми на учење архитектура, која што се стреми да понуди висококвалитетни дигитални образовни процеси, создавајќи еднa живописна Заедница на слободоумни архитекти, писатели, креативци, мислители и други вљубеници во интердисциплинарното поле помеѓу архитектонското проектирање и пракса, литературните и книжевни уметности, етичката педагогија и контемплативните пракси. Завземајќи позиција ...

Qeeboo повторно ја оживеа иконичната фотелја на Рон Арад инспирирана од Мики Маус. Направена како ограничено издание во далечната 1988 година, фотелјата DFWTM (Don’t F**k with the Mouse) е повторно издадена за внатрешни и надворешни простори. Првично креирана како иронично парче мебел чија силуета наликува на ушите на Мики Маус, оваа оригинална фотелја набрзо доживеа голема популарност и стана добредојден акцент во многу домови. Родена како ...

До неодамна, хотелот TWA бил дел од терминалот на аеродромот JFK во Њујорк, за Trans World Airlines – попознат едноставно како TWA. Но, во 1990-тите, компанијата TWA се нашла во проблеми, а во 2001 година овој авиопревозник е споен кон American Airlines. Култната главна зграда била празна до 2015 година, кога е најавено дека ќе биде обновена како хотел во самиот аеродром. Со големо исчекување и помпа, хотелот е конечно отворен во 2019 година. ...

Од август до октомври 2022 година, ќе се организираат три теренски школи на археолошките локалитети „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и „Виминациум“ (Србија). За учество, можат да аплицираат сите студенти и заинтересирани млади луѓе, меѓу 18 и 35 години, кои имаат интереси во: историја, уметност, културно наследство, дизајн, анимација, креативно пишување и компјутерски технологии. Во рамки на овие теренски школи, учесниците ќе имаат ...

Американската стартап компанија Earthgrid развива робот за плазма бушење кој може да копа тунели дури 100 пати побрзо и до 98% поефтино од постоечките технологии. имено, најголем дел од тунелите денес се изградени со масивни, механички машини за ротационо бушење, а процесот е исклучително бавен и скап. Но, постои и друг начин – со помош на робот, односно т.н Rapid Burrowing Robot (RBR), кој се состои од повеќе плазма горилници поставени на ...

Авиокомпанијата Lufthansa и енергетската компанија Shell се договориле за заедничка соработка во испитување на можностите за користење на одржливо авионско гориво (SAF) на аеродромите ширум светот. Спогодбата се темели на амбицијата на Shell до 2030 година најмалку 10% од вкупната светска продажба на авионско гориво биде одржлива. Се очекува SAF, горивото за авиони кое се произведува без користење на фосилни извори на енергија како суровата ...

„Кога компанијата е навистина сигурна во својот производ и во системските решенија, не е тешко да се гарантира за квалитетот дури и за период од 33 години“. Повеќе од 200 години искуство со 215 производствени погони во 28 земји од светот. Дел од тимот на Винербергер во Македонија ни раскажува за развојот, плановите и визијата за понатаму. ВЛАДИМИР ЗЛАТКОВСКИ – ДИРЕКТОР НА ВИНЕРБЕРГЕР ВО МАКЕДОНИЈА На ниво на групацијата „Винербергер“, што е тоа ...

Во срцето на Њу Хеjвен, во американската сојузна држава Конектикат, неодамна е реставрирана зграда од 1970-тите, која сега e со официјалното име Пасивна куќа „Hotel Marcel“. Бруталистичката структура стара пет децении, која ја проектирал архитектот Марсел Бројер, трансформирана е од локалното архитектонско биро Becker + Becker, кое објектот го презело од компанијата ИКЕА во 2019 година. Последните три години бирото ги поминало во реализација на ...

Претстојниот Sarajevo Film Festival, ден пред свеченото отворање ќе направи специјална предфестивалска проекција на работната верзија на филмот посветен на Емерик Блум, на познатата режисерка Јасмила Жбаниќ. Таа со својата екипа трага по филмска архива, фотографии и приказни за Емерик Блум, некогашниот директор на “Енергоинвест“ и градоначалник на Сараево (1981-1983). Се одучиле за една ваква проекција на филмот кој сеуште не е завршен, со цел ...

Истражувачите од Универзитетот Нортвестерн од САД, направиле уред кој звучи како научна фантастика – мал, мек и флексибилен имплант, прв од таков вид кој се користи за таргетирано отстранување на болките, без потреба од употреба на фармаколошки препарати. Дополнителна негова предност е биораградливоста. Според истражувачите, уредот би можел да биде многу драгоцен за пациентите кои се подвргнуваат на хируршки интервенциии по кои е неминовна ...

Стравот од глобалната несигурност во производството на храна, ги наведе многизството министри за земјоделство да се заложат за понатамошно ублажување на мерките за заштита на животната средина во овој сектор во 2023 година. Европската унија се спротиставила на тоа, но дозволила повремени отстапувања од одредени еколошки барања во програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството. Дел од мерките на попуштање се однесуваат на продолжување на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
75%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.93
73%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
49%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
3.6
73%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52