Ова е прашање што наскоро ќе си го поставуваме многу почесто. OutlineAl штотуку ја претстави првата вештачка интелигенција во светот која создава концепти за хотели. Нејзините резултати покажуваат дека во дури 84% од случаите концептите се еднакви или подобри од оние на архитектите, добиени во дел од времето потребно на човекот. Покрај тоа, сето тоа е уште поизненадувачки бидејќи создавањето шематски дизајни се смета за 100% креативна работа, ...

Среќните градови се гордеат со своите згради, фасади, улици, карактеристични места, музеи, легенди и легендарни локални личности. Се прашувам со што денес се гордее мојот град? Ни останаа ли само митовите и приказните за најстарите и најзначајни локалитети кои се девастирани и запуштени. Културното наследство е оставено да пропаѓа, а животот во градот е доведен до стадиум на неподносливост. По сите активности на архитектонските и невладините ...

Змаго Новак е основач и директор на Zavod Big, Центар за креативна економија. Тој исто така е главниот двигател на платформата Big Southeast European platform (BIG SEE) како и движечка сила на многу меѓународно етаблирани проекти, како што се Месецот на дизајнот, Големата архитектура, Градот на дизајнот итн. Неговата мисија е да ги забележи, разбуди и меѓусебно поврзе креативните и економските потенцијали на регионот на Југоисточна Европа за да ...

Култната катедрала Notre Dame во Париз, повторно ќе биде отворена за јавноста во 2024 година, изјави француската министерка за култура Rima Abdul Malak. Пожарот во средновековниот симбол на Париз од 12-тиот век, избувна во 2019 година и ги оштети покривот и едната од кулите. После интензивни работи на реконструкција и реставрација, периодот за нејзиното повторно отворање е темпиран со Олимписките игри во 2024 година чиј домаќин е токму Париз. ...

Електричниот модел на Rolls – Royce, Spectre во актуелниот период ги вози своите тест километри низ француската ривиера. Имајќи ја предвид претходната најава дека продукцискиот модел ќе биде подготвен на крајот на наредната година, во компанијата имаат доволно време да ги завршат работите во однос на тестирањето, при што автомобилот ќе мине вкупно 2,6 милиони километри низ различни режими и климатски услови. Се тврди дека станува збор за ...

Создаден во далечната 1982 година, програмот AutoCAD ја трансформираше архитектонската индустрија, започнувајќи ја ерата на транзиција од рачно цртање на компјутерски помогнато проектирање. Можеби во денешниот, мошне развиен високотехнолошки свет, 1980-тите изгледаат многу далечни и нереални за развојот на технологијата, но таа деценија всушност ги постави темелите за голем дел од начинот на кој работиме денес. Интересна е помислата дека ...

Вертикалните фарми се моќна алтернатива и решение во време на сериозна криза со земјиштето, но исто така тие не се помалку функционални од конвенционалните. Покрај тоа, тие штедат огромни количини на вода. Иако вертикалните фарми не се никаква новост, една сепак привлече внимание бидејќи станува збор за најголемата вертикална фарма на светот која е подготвена да произведува над 900.000 килограми зеленчук годишно. Фармата под името Bustanica е ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на топловоно греење во Скопје која ќе важи од 1. август. На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија. „Денес е закажана главна седница на која ќе се најдат предлог-одлуките за цените на топлинската енергија во Градот Скопје. По ...

Jax Arts Festival во Дираџа, Саудиска Арабија на 14. јули ги отвори вратите за саудиската јавност во импресивно искуство на уметност и виртуелна реалност со темата „прозорец кон вашите сетила“. Jax Arts Festival ја охрабруваше публиката да се препушти на петте сетила преку изложби на дела на уметници од целиот свет. Фестивалот до 24. јули беше дом на колекција на уметники студии и чести јавни ангажирани настани. На својот прв уметнички ...

На почетокот на јули на Брач во Општина Постира беше отворен Grand Hotel View, огромна зграда со 230 соби и апартмани. Хотелот има четири ѕвезди, а во меѓувреме ги прими и првите гости. Судејќи според спонзорираните написи, отворањето на овој хотел беше типичен хрватски настан: редица познати личности за кои едвај знаат и нивните роднини, ред пресилен гламур и ред лоша маркетинг проза. Хрватска верзија на гламур на отворањето на хотелот ...

Големиот розев дијамант од 170 карати е откриен во Ангола и е најголемиот дијамант ископан во последните триста години. Наречен е „Луло роуз” и откриен е во рудникот Луло, во кој претходно се пронајдени двата најголеми дијаманти во историјата на Ангола, вклучувајќи и еден чист од 404 карати. Дијамантот ќе биде приодаден на меѓународен тендер преку анголската државна компанија за трговија со дијаманти. И покрај тоа што овој розев дијамант има ...

Транзицијата на Кина кон еколошки прифатлива енергија, ќе продолжи и покрај предизвиците поврзани со енергетска криза која ја принуди Европа да се врати на јагленот, а кинеските власти порачуваат дека земјата ќе остане на вистинскиот пат со цел да ги исполни своите цели во однос на намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Најголемиот светски енергетски потрошувач и емитер на стакленички гасови, се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу ...

Мексиканското биро Soler Orozco Arquitectos и архитектот Хавиер Санчез проектирале спа центар, кој е обликувана како пресечен конус и кој добива драматично внатрешно осветлување преку кровните прозорци. Овој многу необичен објект, кој всушност е проектиран како цела куќа, се наоѓа во планинскиот град Тепозтлан, на околу 50 километри од Мексико Сити. Вулкански камен во внатрешноста „Тепозтлан ужива одредена мистичност поради своето ...

Кинеска недела во германскиот Lidl – во понуда е електричен автомобил по поволна цена. Lidl има обичај да нуди и автомобили на своите купувачи, а тоа посебно се однесува на германскиот пазар. Сега во ланецот на супермаркети во Германија може да се изнајми и кинески електричен автомобил Elaris Finn, и тоа за месечна рата од 222 евра. Неговата цена е 20.330 евра. Полнењето е бесплатно. Lidl беше еден од првите супермаркети кои понуди бесплатни ...

Орбитерот Mars Express, кој му припаѓа на Европската вселенска агенција (ESA) испрати прексрасни фотографии од Марс. Mars Express кружи околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии на големата рамница Utopia Planitia, која се наоѓа во најголемиот познат ударен базен на северната хемисфера на Црвената планета. Оваа рамница е двојно поголема од пустината Сахара и главно е прекриена со мраз. Меѓутоа, сега стигнаа и нови фотографии кои ...

Британското биро Skidmore, Owings & Merrill (SOM) и Raafat Miller Consulting (RMC) со седиште во Египет избрани се за проект за редизајнирање на околината на едно од Седумте светски чуда, историските пирамиди и Сфингата во Каиро на платото Гиза. ЅОМ ќе биде водечки проектант на концептот, дизајнот и мастер планот на проектот, кој ќе вклучува трансформација на постоечките изложбени објекти во искуство за посетители од светска класа, со ...

Пељешкиот мост, кој го поврзува најјужниот дел на Хрватска со остатокот од земјата, и е еден од најголемите проекти во Европската Унија, вчера официјално беше отворен по четири години изградба со огномет, биење на сите камбани во регионот и факели од приватни чамци на море. Покрај многубројните граѓани, на свеченоста присуствуваа речиси сите владини министри, пратеници, градоначалници од Дубровничко-неретванската жупанија, поранешни високи ...

Lodhi Gardens е простран зелен парк лоциран во срцето на Делхи. Во него се наоѓаат мавзолеите на двајца владетели, султани на Делхи, односно Mohammed Shah и Sikander Lodhi, заедно со други градби. Со импресивна архитектура и беспрекорна природна убавина, градината и градбите сместени во неа ја одразуваат славната средба на градот со историјата. Архитектонското наследство од околу 500 години и спокојното зелено опкружување ги прават градините ...

По повод одбележувањето на 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) се отвори изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска. Изложбата е во организација на Град Скопје од каде велат: „ Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас за трагедијата од која повторно се родил градот Скопје, кој во својата долга историја повеќе пати бил жртва на природни ...

Германската мултинационална енергетска компанија RWE и холандско – норвешката компанија SolarDuck, заедно ќе работат на изградба на пловечки соларни паркови на море. Како што истакнува RWE, во своето соопштение за медиумите, SolarDuck развил иновативна технологија на пловечки соларни електрани која ќе го реши проблемот со недостаток на расположиво земјиште за изградба на обновливи извори на енергија. Идејата е пловечките лекетрани да се ...

Само неколку месеци откако Bvlgari ја освои титулата со Octo Finissimo Ultra од 1,8 милиметри дебелина, Richard Mille поставува нов рекорд. RM UP-01 Ferrari со вкупна дебелина од 1,75 милиметри, направен од титаниума од петта класа, е уште еден во низата ултра тенки, ултра лесни часовници кои ја продолжува традицијата на Richard Mille. Часовникот е направен во соработка со Ferrari. Како што истакнуваат дизајнерите, RM UP-01 Ferrari има ...

Болидот Ferrari F300 на седумкратниот шампион на Formulа 1, Михаел Шумахер ќе биде продаден на аукција во август. Станува збор за болидот од 1998 година, во кој Шумахер оствари четири од шесте победи во таа сезона. Болидот е погонуван од 3.0 литарски V10 мотор кој развива 800 hp. Сега, прв пат во историјата, Ferrari F300 е понуден на продажба, на аукција организирана од аукциската куќа RM Sotheby’s Monterey. На шасијата на болидот е бројот 187, ...

Министерството за култура вчера го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на „La biennale di Venezia“ (Венециско биенале). Конкурсот е објавен во медиумите и на веб-страницата www.kultura.gov.mk и заедно со пријавата е достапен на следниот линк. Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во една од ...

MVRDV смета дека автопатиштата и мостовите кои се составен дел на градовите, можат подобро да се искористат. Затоа настанал проектот One Green Mile, кој ја претворил големата напуштена област под надвозник во Мумбаи, Индија, во жив и со зеленило исполнет простор, значаен за заедницата. Проектот One Green Mile настанал во соработка со StudioPOD. Идејата која стои зад проектот е прилично слична на Seoullo 7017 Skygarden исто така на MVRDV, со таа ...

На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути скопското епицентрално подрачје генерираше силен земјотрес со магнитуда ML = 6.1 – природна стихија, која предизвика големо разурнување на градот Скопје и однесе бројни човечки жртви. Тој бил почувствуван на целиот Балкански Полуостров. Картата на изосеисти е прикажана на слика 1. Последиците по жителите и на градбите во Скопје беа катастрофални. Затекнати на спиење или бегајќи панично животот го ...

Аеродромот „Торонто Пирсон“, најголемиот меѓународен аеродром во Канада, претходните пет години добивал најголеми признанија во Северна Америка за своите аеродромски услги, но за месеците јуни и јули заработи посебно признание – прогласен е за најлош на светот според доцнењата. Имено, доцнењата на овој аеродром се полоши од било каде на светот, поточно повеќе од 53 поаѓања од овој канадски аеродром во текот на јуни и јули не стигнале на време на ...

Најголем дел од денешната звучна изолација се добива од петрохемиска пена. Еколошки поприфатлива алтернатива би можела да стигне во облик на мембрани добиени од морски алги. Иако материјалите на база на растенија веќе се истражени за оваа примена, многу од нив не биле во состојба да го блокираат звукот во поширок опсег на фрекфенции или пак биле премногу гломазни за да се применуваат на комерцијално ниво. Во потрагата по функционална ...

Проектот наречен Beyome, претставен оваа пролет во Мадрид, има за цел да ги трансформира традиционалните станови обезбедувајќи поголем степен на флексибилност во просторите, за да можат да се прилагодат на современиот начин на живот, земајќи ги предвид различните намени што им ги даваат нивните станари. Во Шпанија, според официјалната статистика, 32,3 отсто од домовите имаат површина помала од 65 квадратни метри. Имплементирајќи нови ...

Интегриран тим предводен од данското биро JDS Architects со француското Coldefy, амстердамското биро NL Architects, италијанското Carlo Ratti Associati, шпанската фирма Ensamble Studio и заедно са белгиската компанија UTIL cvba и данската инженерска компанија Ramboll, прогласени се за победници на меѓународен конкурс. Тимот е избран за за обновување на зградата на Европскиот парламент, позната како Paul-Henri SPAAK Building, во Брисел, Белгија. ...

Соработката на две врвни имиња, како што се британското биро Zaha Hadid Architects и престижното италијанско бродоградилиште за луксузни јахти Rossinavi, очекувано носи револуционерен производ, претставен на Milan Design Week 2022 – катамаранот Oneiric, луксузна, одржлива јахта, водена од вештачка интелигенција. Овој катамаран ги поместува границите во сферата на јахтингот, бидејќи истовремено обезбедува одличен дизајн и удобност на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
64%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
2.06
58%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.13
63%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
80%
1016
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.09
41%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 16ᴼ
3.09
65%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52