
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Шпанската мултинационална електроенергетска компанија Iberdrola, ја пушти во работа најголемата соларна електрана во Европа, чиј инсталиран капацитет е 590 MW. Постројката Francisco Pizarro, во која се вложени над 300 милиони евра, се наоѓа во регионот Екстрамадура во западниот дел на Шпанија. Iberdrola соопшти дека електраната има 1,5 милиони фотонапонски модули и дека ќе произведува електрична енергија доволна за снабдување на над 334.000 ...
Европските власти размислуваат за планови за изградба на нов гасовод кој ќе ги поврзува Приринејсиот полуостров и централна Европа, заобиколувајќи ја Франција. Ова неодамна го изјавил португалскиот премиер Антонио Коста. Тој рекол дека Европската комисија смета дека е можно да се изгради алтернативен гасен пат помеѓу централна Европа и Приринејскиот полуостров. Првобитниот план, со кој гасната рута требало да минува низ Франција, пропаднал ...
Вредноста на имотот е детерминанта што може да се користи за да се процени неговата релативна вредност. Покрај тоа, потенцијалот за заработка на имотот исто така може да игра улога. Вредноста на имотот зависи од многу работи, како што се вкупната пазарна вредност, дизајнерската естетика и аплицираниот архитектонскиот стил. Добрата архитектура може да ја зголеми вредноста на комерцијалниот имот за дури 25%. Реставрацијата на имотот и неговото ...
Коњите се сметаат за едни од најблагородните животни, а јавањето на нив е голема желба за многумина. Нежното движење по грбот на коњот, ритамот на јавање и дружењето со овие посебни, нежни џинови докажано ги смируваат луѓето, па не е ни чудо што бројот на туристички атракции кои нудат дружење со коњи е во пораст. Освен на Бахамите, каде што се едни од најубавите плажи во светот на кои може да се галопира на коњи, слично искуство нуди и ...
Швеѓаните се познати по својствениот стил на уредување на ентериери и одржливоста во дизајнот и дизајнерските производи, па затоа и не е за изненадување што токму од нив потекнува и еден несекојдневен концепт на одржливо домување, односно дом многу сличен на стакленик. Станува збор за навистина единствена градба, во облик на A-framе, под името куќа Atri. Изведена е по проект на студиото Naturvillan и има фантастични станбени простори со ...
Норвешка подготвува правна рамка за ограничување на извозот на електрична енергија во случаите на ниски ноивоа во хидроакумулациите. Постои и мала можност з арестрикции во снабдувањето, но само за компаниите, рекол министерот за нафта и енергетика Terje Aasland. Операторите на хидроелектраните во координација со владата веќе го ограничиле производството заради заштед на вода, но прописите во разработка ќе го ограничат и извозот на електрична ...
Запорожје е град кој е распространет околу бреговите на Днепар, една од најголемите реки во Европа која тргнува на својот пат долг 2285 километри во близина на Смоленск во Русија и го завршува во Црното Море. Градот Запорожје во мирните времиња е историски и културен центар на Запорошката област на југо-истокот на Украина со значајна административна и индустриска улога и популација од околу 700.000 жители. Во негова близина се сместени бројни ...
Новата фотелја дизајнирана од Jonathan Olivares плени со својата едноставност и докажува дека геометријата е вечна инспирација на дизајнерите. Ова удобно парче мебел ја преработува геометријата на квадратот преку разновидни, флексибилни и суштински форми. Замислена како мало седиште совршено за опремување на јавни простори, оваа квадратна фотелја е прилично прилагодлива и може да се користи речиси секаде: во канцелариите, дневната соба, па дури ...
Георги Варламович Чахава (1923 – 2007) е грузиски, советски архитект, дипломирал архитектура на Грузискиот технички универзитет во 1949 година. Во 70-тите години бил заменик министер за изградба на автопатишта во Грузија. Тој е главен проектант на зградата на Министерството за автопатишта на Грузиската ССР, денес Банка на Грузија заедно со Зураба Џалагани. Самиот ја избрал локацијата за зградата, а нарачката е директно обезбедена од државата. ...
Слетување од кое срцето ќе ви застане, пилотот на „Визер“ прелетал со авионот точно над главите на луѓето. Авион Ербас 320 на „Визер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос. На островот пистата на аеродромот Александрос Пападијамантис е многу блиску до брегот и е многу кратка, па пилотите треба да приоѓаат многу ниско. Поради ова, местото е популарно за набљудувачите на авиони кои бараат ...
Архитекти. Мерт Услу Архитектура Типологија. Лабораториско образование Година на реализација. 2021 Град. Измир Земја. Турција Иако е јасно дека брзиот технолошки развој доживеан по 2000-тите има негативен ефект врз природната средина, очигледно е дека решенијата за овие проблеми сè уште се бараат преку технологијата. Поради оваа причина, како и колку секојдневното зголемување на глобалните димензии на овие еколошки деформации ќе влијае на ...
Фотоволтаици се поставени во илјадници училишта ширум САД, а бројот на образовни институции кои го усвојуваат овој модел постојано расте. Од 2014 до 2019 година, тој раст бил над 80%, а вкупниот капацитет ан овие инсталации достигнал речиси 1.400 MW. Едно средно училиште во сојузната држава Арканзас, успеало за три години производство електрична енергија од фотоволтаици, да обезбеди суфицит од 1,8 милиони долари во буџетот на локалната училишна ...
Како да се создаде простор за живеење на падина каде што сонцето патува зад нас, а погледот на морето е на спротивната страна? Одговор на ова прашање побарала сплитската архитектонска фирма Биро Лукшиќ, проектирајќи ги куќите MKNK во Сутиван на Брач. Според зборовите на главниот архитект Берислав Лукшиќ, со користење на основни проектантски алатки и почитување на пронајдените природни елементи, сонцето и морето, секоја од двете парцели добила ...
Кинеското биро MAD Architects, во соработка со локалните архитекти Andreа Noni и фирмата Open Project, како и инженерската компанија Progec, го потпишуваат проектот за објектот MoLo, повеќекатен паркинг чија надворешност ќе се карактеризира со скали од полиран челик и мноштво растенија. Центарот за мобилност и логистика, наречен MoLo (кратенка од Mobility and Logistic), ќе биде изграден на западната граница на иновативниот дистрикт на Милано ...
Начините на кои планирањето и зонирањето придонесуваат за нееднаков развој и како тоа има импликации врз дизајнот на населбите, историјата на планирањето како и појавата на урбана фрагментација, е една од клучните теми со која треба да се занимаваат градовите со воспоставена стратегија и визија. Во општества, каде економскиот развој е основниот критериум кој го детерминира градоградењето, цената која не се надоместува директно од производителот, ...
Најголемиот хотел во поранешна Југославија, „Бриони“ повторно ги отвори вратите за своите гости, после повеќемилионски вложувања во реновирање. Хотелот со 230 соби е елегантно модернистичко здание во сред борова шума и со прекрасен поглед на Јадранот. Отворањето на хотелот на почетокот на 70-тите години од минатиот век било планирано со цел да ги угости меѓународните филмски ѕвезди кои доаѓаат на филмскиот фестивал од висок профил во Пула. ...
Многу долго и детално истражував за здрав начин на живеење, а деценискиот труд го крунисав со објавување на книгата „Првата биорегулација“. За жал, поради обемот на материјата, во книгата сосем малку спомнувам за еден скриен, подмолен, моќен и сеприсутен извор на болести – статичното седење. Овој проблем е мошне застапен во сите општества, па така уште од мали децата ги тераме да седат мирни, и никој сериозно не одлучил да ги заштити луѓето од ...
Јужна Кореја лансираше лунарна сонда по прв пат во својата историја. Ракетата SpaceX Falcon-9, со лунарната сонда Korea Pathfinder Lunar Orbiter (KPLO), е лансирана од Кејп Канаверал на Флорида. Леталото има 678 килограми и предвиден минимален работен век од една година. Ќе кружи околу Месечината и ќе собира податоци. KPLO е производ на соработката помеѓу државниот Корејски истражувачки институт за воздушен простор (KARI), други научни инститти ...
Во Милано во моментот трае експерименталната фаза од проектот за воведување на роботи наместо поштари. Тежок 50 килограми и висок околу еден метар, роботот Yape е новиот робот – поштар, кој започна со екпериментална работа во еден од квартовите на Милано. Името му е акроним од Your Autonomous Pony Express и ќе биде во состојба да понесе 10 килограми пратки. Тестот ќе трае околу една година, а ќе бидат вклучени два робота. Целта е за следната ...
Проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, влезе во второто тромесечје од својата имплементација. Во текот на првите три месеци (мај, јуни и јули) откако започна проектот, извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 ...
Skidmore, Owings & Merrill (SOM) го претстави својот проект за новото седиште на водечката глобална технолошка компанија Alibaba во шангајската област Xuhui во Кина. Наликувајќи на „облак“, шемата, направена од меѓусебно поврзани кубични волумени, го симболизира извонредното дигитално присуство на Alibaba во облакот и променливото небо на иновации на технолошката индустрија. Основана во 1999 година, Alibaba е кинеска мултинационална ...
Ова прекрасно скулптурално парче се добива кога еден од најдобрите дизајнери на автомобили ќе добие задача да креира тркачки симулатор. Британската мотор-спорт компанија Prodrive ја откри својата нова, ексклузивна опрема за возење која на купувачите ќе им биде достапна до крајот на годината. Опишан како „најубавиот тркачки симулатор во светот“, „Prodrive Racing Simulator“ од професионална класа креиран е во соработка со легендарниот британски ...
Град. Најсовршено безвременски наслојувана човекова креација или ентрописки експеримент кој во неможност да ја одржи сопствената хомеостаза го уништува креаторот? Во време кога на светот му се случува континуирана масовна урбанизација, редно е да се постави прашањето дали градската форма ќе го издржи притисокот кој и се наметнува или ќе ја жртвува сопствената сликовитост и идентитет, во трката да ја задоволи побарувачката иницирана од ...
После осум и пол години производство и над 250.000 продадени примероци во 74 земји, BMW се прости од овој модел. Малиот електричен/хибриден хечбек i3, го препушта своето место на целосно електричниот crossover iX1, кој ќе биде позициониран под моделот iX. Затоа, BMW приреди достојно збогување од моделот i3, така што произведе 18 примероци во златна боја и приреди специјална церемонија. Секој од овие 18 автомобили е во Galvanic златна боја во ...
Компанијата M+ Grupa, е прва во Хрватска која издаде одржливи обврзници во вредност од 40 милиони евра. Оваа хрватска компанија се занимава со пружање услуги на контакт центри и аутсорсинг за деловни и технолошки процеси во 14 земји. Одржливите или ESG обврзници (Environmental, Social and Governance) се новост ан светските пазари на капитал. Тие се наменети за инвеститорите кои освен профит очекуваат и позитивни резултати од работењето во однос ...
Две значајни награди во 2022 година, BigSEE Architecture Award 2022 – Winner и Признание за архитектура на Триеналето на архитектура во Ниш, доби архитектонско биро KontraStudio за проект за куќата I73. Ова мултидисциплинарно студио од Ниш, според нивните зборови, се обидува да го подобри современиот архитектонски израз на локалната средина отстапувајќи од вообичаените стандарди во дизајнот и архитектурата, што во овој случај беше препознаено и ...
Изворот на реката Темза се поместил за околу осум километри низводно, за првпат во историјата на следењето на течението, поради, како што тврдат експертите, топлотниот бран. Додека делови од коритото на реката во Глостершир редовно пресушуваат во текот на летото, експертите велат дека загрижувачки знак за влијанието на климатската криза е тоа што Темза почнува да тече – подолу низводно. Информацијата за „поместувањето на изворот“ на Темза на ...
ЈКП „Београдске електране“, претпријатие кое управува со сиситемот за централно греење на српската престолнина, распиша тендер за изработка на студија за геотермалниот потенцијал на подземните водни ресурси на територијата на топланите и котларниците. Се истакнува дека намерата на ова претпријатие е во согласност со европските тенденции за нови генерации далечински системи за греење без емисии на CO2, но и поради ситуацијата со енергентите во ...
Само еден месец откако е довршен првиот сериски примерок на Rimac Neverа, автомобилот #000, автомобилот #001 веќе е испорачан на својот сопственик – светсиот првак во „Формула 1“ од 2016 година Нико Розберг. Пред испораката на автомобилот во неговиот дом во Монако. шампионот стигнал во седиштето на Rimac Automobili во Хрватска, за да го види за прв пат својот нов автомобил. За изработка на еден ваков автомобил во погоните на компанијата на ...
Дисфункционални ткаења или урбани секвенци кои, во споредба со другите области на градот, заостанале зад развојниот и еволутивниот циклус на животот и станале фокус на урбаните проблеми и несоодветности. Колкав е влогот на урбанитичкото планирање во нивната продукција и како истите да се елиминираат? Неапликативната распределба на обврските на чинителите во процесот на градоградењето (помеѓу Град Скопје и општините) ја поттикнува индивидуалноста ...