„Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле ‘помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат’. Има таква можност да го покажат ова што го зборуваат. На 24 јуни, на Комисијата за надворешни работи при ЕП АФЕТ се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето ‘сегашен’ или ...

Кога пријателството e условено, добрососедството завиено во уцени, а историјата алатка за политички притисок повеќе од потребно е да се постават границите и Бугарија конечно да престане да го негира македонскиот идентитет. За македонската влада, тие црвени линии се одамна јасно поставени и преку нив не смее да се оди ниту чекор. Во една ситуација на зголемени тензии помеѓу Скопје и Софија, премиерот Христијан Мицкоски е дециден – нема ...