
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Тетовското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. „Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 ...
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кажа дека покрај деца има и возрасни хоспитализирани. Во однос на 4-годишното дете кое примило три вакцини и е на Детска клиника, Петличковски кажа дека кај него се работи за некоја состојба која индицира примена на имуно-супресивна терапија која дава простор и луѓе кои се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени. „Кај него инфекцијата ќе помине полесно отколку ако ...
Доколку партија која што е дел од Владата побара нејзини членови да бидат заменети со други тогаш нормално дека во Парламент тоа ќе го предложат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во одговор на ноавинарско прашање. -Доколку партија која членува во Влада побара нејзини членови на Влада да бидат заменети со други тогаш нормално дека тие што се во парламент тоа ќе го предложат. Тоа се случувало и од страна на други партии кои што ...
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, оствари денеска средба со Делегација на Бундестагот на Сојузна Република Германија, предводена од Јосип Јуратовиќ, претседател на Парламентарната група за Југоисточна Европа (ЈИЕ). На средбата присуствуваа и генералната секретарка на Собранието на РСМ, Цветанка Иванова, како и германските пратеници Томас Хакер, заменик – претседател и Штефан Браднер, член на Групата за ЈИЕ во Бундестагот и ...
Американецот Треј Томпкинс ќе го стави својот потпис на договорот со Црвена звезда. Томпкинс е поранешен играч на Реал, со кого во 2018 година ја освои Евролигата. Томпкинс во Белград пристигна во саботата, медицинските тестови покажале дека има проблем со коленото и дека поради тоа би можел да дебитира за Црвена звезда за три недели. Крилниот центар е без клуб од јуни минатата година кога му заврши договорот со Зенит. Тој е подготвен да игра ...
Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, додека истовремено, секој ден се повеќе се интензивираат притисоците врз Таравари, а вчера беа сменети и двајца директори на оваа партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не знае ни за физичкото насилство врз членовите на Алијанса за Албанците, не знае ни за куршумот во домот на Таравари, а денеска не ја знаел ни причината за смената на двајцата директори. Ковачевски 2 години помина во незнаење и ...
Традиционално и оваа година, локалната самоуправа објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, започнувајќи од среда (07.02.2024 година). За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“. Притоа, се ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на јавната расправа за Предлог-законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, која се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, рече дека се дискутира за значајно законско решение кое ќе има придонес врз зачување на статусот на светското наследство на Охридскиот Регион. „Овој Предлог-закон за управување со природното и ...
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуроњуз Албанија“ вели дека Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има поддршката од сите етникуми. „Зошто да не биде Албанец претседател, но ако ја има поддршката од македонскиот и другите неалбански етникуми. Етнички Албанец не може да биде претседател на Република Македонија без гласовите на сите етникуми”, вели Пендаровски. Претседателот во интервјуто ...
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го посети Сојузот на здружение на пензионери, каде оствари работен состанок со претставници на Здружението. На средбата се говореше за стандардот на пензионерите, кој, како што оцени Ковачевски, значително е подобрен и ќе породлжи да се подобрува благодарение на зголемувањето на пензиите како и мерките за заштита на животниот стандард на оваа категорија граѓани. „Просечната пензија денес е над ...
Комисијата за заразни болести денеска имаше редовен состанок на кој, како што соопшти Петличковски, било дискутирано за постојната состојба со вирусните инфекции, акутни-респираторни и состојбата со големата кашлица. „Последните бројки се 18 потврдени случаи со голема кашлица. Имајќи предвид дека овој број расте, особено на територијата на Град Скопје, каде што се потврдени 14 случаи, одлучивме да предложиме прогласување на епидемија за град ...
Некои луѓе штом ќе се почувствуваат повредени, не простуваат и не забораваат, туку едноставно ве бришат од нивните животи. Ова е особина која ја споделуваат четири специфични хороскопски знаци, а нивната способност да се држат до длабоко вкоренетите чувства може да остави траен удар кај оние кои ги прекршиле нивните правила. Први на листата се Шкорпиите, кои често се опишуваат како страсни и интензивни луѓе. Кога некој ќе ги повреди или ...
Многу фанови беа воодушевени од веста дека четвртата сезона на популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“ е во продукција – но не и жителите на Париз. Гневните мештани пишуваа графити низ целиот град, односно на местата каде вообичаено се снима серијата. Фанови од различни делови на светот доаѓаат во Париз и се фотографираат пред местата од серијата. Тие посетуваат продавница за чевли, која се наоѓа на истиот плоштад како и станот на ...
Нил Ворнок (76), синоќа дебитираше на клупата на Абердин. На дебито загуби на „Ајброкс“ во Глазгов од Ренџерс со 2:1. Единствениот гол за Абердин го постигна Бојан Миовски. Бојан Миовски игра во фанатстична форма, досега има постигнато 13 голови во Премиер лигата на Шкотска, седум од нив на последните осум натпревари. По натпреварот Ворнок на прес конференцијата не ги штедеше комплиментите за играта на Миовски. „Му реков дека во Премир лигата ...
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, минатиот месец го потпиша пристапот на Шведска во НАТО. Ова го означи крајот на долгите дипломатски тензии, а сега единствен противник на влезот на Шведска во НАТО е унгарскиот премиер Орбан. Сепак, курдското население во Шведска се чувствува загрижено поради отстапките, пишува Гардијан. Околу 50.000 до 100.000 Курди живеат во Шведска, која вклучува луѓе од Турција, Сирија, Ирак и Иран. Ердоган ја ...
Бројот на Палестинци убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври достигна 27.708, соопшти Министерството за здравство на Хамас. Се додава дека во изминатите 24 часа загинале 123 Палестинци, а 169 од нив се повредени. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе и биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и ...
Принцот Вилијам денеска се врати на кралските должности водејќи ја церемонијата на инвеститори во замокот Виндзор – додека принцезата Кејт закрепнува од абдоминална операција, а кралот Чарлс е во Сандрингам по дијагнозата дека боледува од рак. Вилијам, кој сега е најистакната јавна личност во монархијата, додели повеќе од 50 почести во име на кралот, вклучително и една на поранешниот англиски фудбалер Елен Вајт. Принцот од Велс последен пат ...
Во два бомбашки напади врз изборните канцеларии на политичка партија и независен кандидат во југозападен Пакистан, загинаа најмалку 29 лица, додека повеќе од 20 лица беа ранети. Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападите, кои се случија еден ден пред парламентарните избори во Пакистан, пренесува АП. Првиот напад се случи во Пашин, област во провинцијата Белучистан, а вториот беше извршен во изборната канцеларија на политичарот од ...
Регионалниот ЦУК Штип известува дека има една жртва и при пожар на штала во селото Оџалија во Општина Карбинци. „По добиената информација за пожар, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала, околу пладне и интервенцијата на пожарникарите е добиено известување дека едно лице настрадало при тој пожар во село Оџалија во Општина Карбинци. Настраданиот бил пронајден внатре во шталата, каде што најверојатно се задушил од чадот ...
Сите игралишта што беа реконструирани пред неколку месеци се вандализирани. Последен е примерот со детските игралишта во Капиштец, кои се оштетени. Реквизите се скршени, а подлогата за игра искорната. Загрижува фактот што ова се случува редовно и не е изолиран инцидент, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. „Некои од реконструираните игралишта не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските ...
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари, во врска со тоа што не ја открил својата дијагноза на рак и последователната хоспитализација, вклучително и криејќи од претседателот Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Конгресот. „Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом дека Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со потегот да не ја ...
Дел од членовите на Собранието на партијата Алијанса за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со Арбен Таравари. Од партијата известуваат дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, туку се работи за собир и состанок. „Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот“, велат од ...
Вкупно 297 потврдени случаи на голема кашлица се пријавени на територијата на Србија, кај кои дијагнозата е поставена од почетокот на 2024 година, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија, повикувајќи се на податоци на Јавната здравствена служба заклучно со 4 февруари. Од почетокот на 2024 година, пријавени се два смртни случаи предизвикани од пертусис кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци, се додава во соопштението. ...
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски оствари работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски. На средбата се разговараше за актуелните активности на АФПЗРР и забелешките кои земјоделците ги споделуваат при теренските посети на Трипуновски. „Првата тема за која што разговаравме е за оние теренски контроли кои што ги ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во земјава, Вероник Улман Марти. На средбата, премиерот и амбасадорката ги потврдија заложбите на двете земји за соработка, меѓусебно почитување и пријателство меѓу двете држави и изразија задоволство од 30 годишниот јубилеј на дипломатските односи кој се одбележува токму оваа година. „Во изминатите 30 години, ...
Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони летово ќе го напушти клубот, потврди менаџерот Томас Френк. „Очигледно е дека ќесе разделиме. Неговиот договор истекува во јуни 2025 година и најверојатно ќе биде продаден на лето. Имавме многу понуди за него оваа зима и би бил изненаден доколку не добиеме уште повеќе во јули. Мислам дека во моментов во светот нема многу играчи кои се подобри од него“, рече Френк. Тони има 27 години, во Брентфорд игра од 2020 ...
Американскиот новинар Такер Карлсон во вторникот го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, изјави прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков. „Да, можам да го потврдам тоа“, рече Песков во средата, на прашањето на новинарите дали интервјуто на Карлсон со Путин навистина се случило претходниот ден. Запрашан да зборува за впечатоците на претседателот од разговорот, Песков рече дека самите новинари ќе имаат можност да го оценат ...
Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше ѕвезда и на овогодинешниот Санремо. Синоќа се одржа италијанскиот фестивал Санремо на кој пред три години се слушаа нотите на песната „Јутро је“ што ја испеа Нада Топчагиќ. ZLATAN #Ibrahimovic irrompe al Festival di #Sanremo24 🔴⚫😱 pic.twitter.com/qoYbZD4w7g — Daniele Grassini (@DaniGrassini) February 6, 2024 Сега од сцената на музичкиот фестивал се слушна хитот на друга пејачка – Лепа Брена. ...
По две години игнорантски однос од Министерството за труд, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денес се срестна со техничкиот министер за труд, Ѓоко Велковски, и му се пожали за неодобрените вработувања во градинките поради кои не можат да ги згрижат сите дечиња па морале некои од нив да вратат дома. Техничкиот министер Велковски најави дека веќе имаат решение на овој проблем, но побара неколку дена за да го соопшти. „ Барањата за ...
Тренерот на фудбалерите на Болоња, Тиаго Мота би можел да го преземе тимот на Милан по завршувањето на сезоната, пренесува „Кориере дело Спорт“. Мота (41) ја презеде Болоња во септември 2022 година, а има договор со клубот до крајот на сезоната. Болоња моментално е на шестото место на табелата во Серија А со 36 бодови и натпревар помалку. Три бода ја делат Болоња од четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите. ...