
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Барселона на лето планира промени во ростерот, а медиумите кои го следат каталонскиот клуб веќе објавија список со фудбалери кои речиси сигурно нема да бидат во Барселона наредната сезона. Барселона активно бара и нов тренер откако Чави објави дека заминува по завршувањето на сезоната. Сепак, сигурно е дека Чави нема да биде единствениот кој на лето ќе ги спакува куферите. На Барселона и требаат звучни засилувања и тоа сите го знаат, но поради ...
Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на ФА Купот, откако на гостински терен ја совладаа Астон Вила со 3:1. По натпреварот и победата, менаџерот Челзи, Маурисио Покетино блескаше од среќа. „Ова беше нашиот најдобар натпревар откако го презедов Челзи. Игравме навистина добро против исклучително тежок противник. Драго ми е што се виде дека играчите уживаат на теренот и во играта. Ние сме Челзи, очекувањата се големи, а ова е ...
Турските власти во 33 провинции во земјата уапсија 147 лица кои се осомничени за поврзаност со операциите на терористичката организација Исламска држава. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. „Операцијата Херои-49 беше спроведена истовремено низ целата земја“, објави Јерликаја на платформата Х. Минатиот месец двајца вооружени напаѓачи на Исламска држава убија турски државјанин во католичката црква Санта Марија во ...
Најмалку пет лица загинаа во нападите на милитантите во Пакистан, на денот на парламентарните избори, и покрај преземените мерки на претпазливост од страна на властите, вклучително и суспендирање на услугите на мобилни телефони низ целата земја и затворање на некои копнени граници. Четворица полицајци се убиени, а двајца се ранети кога вооружени лица фрлиле бомба, а потоа пукале врз полициска патрола во северозападната област Дера Исмаил Кан, ...
Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по втор пат оваа година, исфрлајќи лава во висина до 80 метри. Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Блискиот геотермален спа центар Blue Lagoon беше затворен поради ерупцијата, јави Ројтерс. Rush hour view of the Volcano erupting outside Reykjavik, Iceland this morning. pic.twitter.com/3xHYFnfbcP — Citizen Free Press (@CitizenFreePres) February 8, 2024 Исландскиот ...
Во пресрет на денот на вљубените и денот на виното и лозјето, во “Скопје Сити Мол“ од 9 до 14 февруари ќе бидат организирани многу активности за сите посетители. Сите оние што ќе дојдат во молот ќе имаат шанса да ја посетат специјално подготвената поставка, каде што ќе има организирано љубовно гледање на тарот-карти. Посетителите ќе имаат можност да дознаат што кријат за нив картите на љубовта и да станат учесници во трката за подароци. Но, во ...
„Градоначалници кои не нудат решенија за предизвиците на граѓаните, не може да зборуваат за подобрување на системот на детска заштита. Технички министер кој не ги проверува информациите пред да излезе на телевизија, само ја манипулира јавноста“, реагира заменик-министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа апелира изјавите од техничкиот министер од ДПМНЕ и градоначалникот на Општина Штип пред да излезат во јавност да бидат ...
Синоќа во близина на хотел во Гевгелија, полициските службеници го приведоа А.М.(21) од Скопје. Околу 20.00 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил ...
Министерот за здравство не планира да поднесе оставка, додека Собранието не одлучи поинаку. „Оставка не поднесувам“, рече Меџити и додаде дека и по изборите ќе биде министер. Вели дека оставка се поднесува ако не си работел чесно и морално, а во неговиот случај тоа не е така. Тој рече и дека не е вистина оти ќе разрешува директори на ДУИ. Управниот совет на Алијансата за Албанците вчера за нов министер го предложи Илир Демири. Паријата се ...
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги коментираше последните анкети на МТВ според кои ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. „Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета преземена од еден Институт многу близок до ВМРО-ДПМНЕ. МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат ...
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за Алијанса за Албанците, кажа дека за тоа што се случува во таа партија треба да го прашаат Таравари, а не него. „За односите во Алијанса ќе ги прашате во Алијанса, не можам да одговарам во име на друга партија. Ако доставиле предлог до претседателот на Владата, тогаш ќе го прашате премиерот каков предлог добил, за тоа како ќе гласа пратеничката група на СДСМ, ќе гласа ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килиан Вал. Амбасадорот Вал му го честиташе на премиерот Џафери изборот на претседателската позиција во Владата, како и мандатот на новоизбраниот владин состав, а фокус на разговорот на состанокот беа претстојните редовни претседателски и парламентарни избори. Претседателот на Владата, Џафери, ја истакна неговата ...
Денесшната посета на експремиерот Димитар Ковачевски и се уште актуелниот вицепремиер за економси прашања Фатмир Битиќи на команијата „Лапласт – М“ е дел од партиските активности на СДСМ. Вака Ковачевски објасни зошто се појавува на настани заедно со вицепремиерот во текот на работното време. На прашањето во која улога е дојден во посета на компанијата Лапласт-М, Ковачевски одговори дека е дојден како претседател на СДСМ, исто како и другите ...
Претседателот на Израел, Исак Херцог, следната недела ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен, соопшти денеска директорот на таа конференција Кристоф Хојсген. Тој не кажа дали ќе дојдат и членови на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сигурно нема да патува во Минхен. „Нетанјаху веќе дојде на конференцијата, а сега со нетрпение го очекуваме претседателот“, рече Хојсген. Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ...
Меган Маркл е видена за прв пат откако беше објавено дека кралот Чарлс има рак. Таа со еден потег ги налути Британците. Војвотката од Сасекс имаше насмевка од уво до уво додека возеше покрај нејзиниот дом вреден 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија. Изгледаше опуштено зад воланот на својот автомобил, криејќи го лицето со големи очила за сонце и капа, а пиеше кафе додека поминуваше покрај папараците. Фотографиите ги објави Дејли Мејл. ...
Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 17 нападни беспилотни летала, соопшти украинската армија. Како резултат на борбени операции, 11 дронови „шахед“ се уништени во регионите на Миколаев, Одеса, Виничката и Дњепропетровската област, се наведува во објавата на Телеграм, пренесува Укринформ. Како што беше соопштено, во ноќниот напад на руски беспилотни летала во Одеса е оштетена цивилната инфраструктура, а во нападот нема жртви. Руската ...
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во ...
Foto/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ги дознае ривалите за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Македонија во овој циклус ќе се натпреварува во Ц-дивизијата. Ждрепката, Македонија ја чека од третиот барабан заедно со Словачка, Северна Ирска и Кипар. Лигата на нации од оваа издание ќе се игра во нов формат. Првите две селекции од секоја група ќе играат четвртфинале, полуфинале и финале. Третиот од групата ќе ...
Најдолгоживотниот пациент со трансплантација на срце, опериран во Англија во 1984 година, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди. Берт Јансен (57) од Холандија живеел речиси 40 години со донорско срце кое му било пресадено во лондонската болница Харефилд. Откако развил симптоми слични на грип на 17-годишна возраст, на Јансен му била дијагностицирана кардиомиопатија, задебелување на срцевиот мускул што го спречува да пумпа крв низ ...
Претседателот Џо Бајден, додека прераскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол на место поранешната канцеларка Ангела Меркел. Тоа беше втор пат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години. Гафовите на Бајден се случија на настан за собирање средства во Њујорк додека тој ги опишуваше разговорите со европските лидери на состанокот на Г7 во Велика ...
Може ли Доналд Трамп да биде избран поради неговите постапки за време на нападот на Капитол? Девет судии од Врховниот суд на САД денеска ќе се обидат да одговорат на тоа прашање, на помалку од девет месеци пред претседателските избори во САД. Поранешниот претседател, фаворит на прелиминарните избори на републиканците, се обидува да ја поништи пресудата од декември на судот во Колорадо со која се бараше неговото име да се отстрани од гласачкото ...
Во нуклеарната централа Фукушима Даичи во североисточна Јапонија вчера е откриено истекување на радиоактивна вода, но не се откриени траги на контаминација надвор од локацијата, соопшти денеска за АФП операторот на централата Тепцо. Ова истекување од приближно 5.500 литри во електраната, која беше сериозно оштетена во 2011 година, се случи пред водата да биде прочистена со систем наречен ALPS, кој ја ослободува водата собрана во централата од ...
На 11 февруари Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето. Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан – матине. Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, уметниците од целиот свет во ...
На 21 февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната ...
Драган Стојковиќ Пикси, според српските медиуми, достави официјално барање до УЕФА секоја репрезентација да има по 25 играчи на Европското првенство кое започнува во јуни. Стојковиќ ќе поднесе писмено барање на тренерскиот форум во април, а српскиот селектор има голема поддршка од колегите. Во октомври минатата година, УЕФА објави дека секоја репрезентација ќе има по 23 фудбалери на ЕУРО 2024, поточно 20 играчи и тројца голмани. Откако ја ...
Синдикатот на Македонската Филхармонија објави дека вработените во институцијата бараат разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски поради, како што велат, непрофесионалното и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската Филхармонија. Вработените преку синдикалната организација поднеле петиција до Министерството за култура, со барање за негово итно разршување. Петицијата ...
Најлошиот тим во НБА лигата, Детроит Пистонс приреди вистинска сензација со победата во Сакраменто. Филаделфија без Џоел Ембид влезе во серија порази, а Кливленд Кавалирс ја запишаа седимата победа во низа. Детроит Пистонс ја забележаа седмата победа во 50. натпревар оваа сезона. Изненадувачки, Пистонс славеа во Сакраменто со 133:120. За ваквиот исход најмногу придонесе Џејден Ајви со рекорд во кариерата од 37 поени. Ајви 19 поени постигна во ...
Еквадор стана втората земја во Латинска Америка по Колумбија која ја декриминализираше евтаназијата. Уставниот суд на оваа земја гласаше седум спрема два за да им се дозволи на лекарите да им помагаат на пациентите да умрат, јавува Би-Би-Си. Судот соопшти дека кривичното дело убиство повеќе нема да важи за медицинските лица кои работат на зачувување на правото на достоинствен живот. Тужбата ја поднесе Паола Ролдан, која боледува од ...
Настанот „Од почетник до успешен фриленсер“ ќе го одржи своето ново издание на 15 февруари 2024 година (четврток), во просториите на Стартап Клуб Скопје (кај “Среќа Бар”) со почеток од 18:00 часот (линк за пријавување за присуство). Организатори на настанот се Импакт Фондација, кои за одржувањето на ова издание се здружија со едукативниот центар Creative Hub Македонија. На настанот ќе говорат тројца говорници поврзани со оваа партнерска ...
СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го штити нивниот животен страндард. За период од шест години, во кризни периоди, СДСМ во четири наврати ја зголеми минималната плата, велат од СДСМ. „Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари. Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари. СДСМ низ социјален дијалог со ...