
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во рамки на своето учество на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Н.Е. Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ. На средбата се разговараше за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во којашто г-дин Лоота со својата посветеност ја имаше клучната улога во зајакнувањето на позицијата на ОАЕ на ...
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени-5 степени, -4 било во Крушево, -3 во Битола, Маврови Анови, -2 во Прилеп, -1 во Берово и Кавадарци, 0 во Крива Паланка, 1 во Тетово, Охрид, Претор и Виница, 2 во Струмица и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Штип, 4 во Скопје-Петровец, во Демир Капија и Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 33 на Попова Шапка, 12 во Маврови Анови, 1 во Крива ...
Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда. Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите. В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел учествува на средба со неговите колеги од земјите членки на НАТО, на која главни теми се подготовките за Самитот на Алијансата во Хаг во јуни, зголемувањето на трошоците за одбраната, зајакнувањето на трансатлантскиот одбранбен индустриски капацитет, состојбата во Украина и руската кампања за дестабилизирачки активности. Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво ...
Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо. Одлуката, според најавите, ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Како што информира Владата покрај основните прехранбени производи одлуката ќе вклучува и средства за хигиена, бебешка храна и непрехранбени производи кои имаат многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните. Одлуката ќе ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие. Во Скопје, утрото студено, во текот на денот умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Со 2,5 милијарди денари ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии за осигурување склучени од 1 август 24 до 31 јули годинава со поддршка до 150.000 денари по корисник. За заштита на земјоделско земјиште обезбедени се пари за анализа на физичките и хемиските својства на почвата, а ќе се покриваат 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 12.000 денари. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (12 февруари) во Брисел во рамки на предвидените состаноци на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, кој за прв пат се реализира под водство на Обединетото Кралство. На состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, ...
Вчера во 12.00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.З.(47) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово ...
По повеќе од една деценија на функцијата, романскиот претседател Клаус Јоханис поднесе оставка и беше заменет со претседателот на Сенатот, кој ќе биде привремен до одржувањето на новите претседателски избори на пролет. Јоханис ја извршуваше претседателската функција од 2014 година и имаше максимум два петгодишни мандати. Улогата на вршител на должноста претседател доаѓа со ограничени овластувања. Одредени се нови датуми за повторно одржување на ...
Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област (НКТ) денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Во своето обраќање пред присутните членови министерот Лимани се осврна на важноста на борбата против дискриминацијата која претставува кршење на ...
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта. Најсилниот со јачина од пет степени по Рихтер се случи на 24 километри југоисточно од Аморгос. Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина. Жителите со денови живеат во страв. Сеизмолозите тврдат дека земјотресите немаат никаква врска со вулканските потреси и сметаат дека силните земјотреси ќе ...
Германската влада ги продолжи контролите на сите копнени граници на земјата за уште шест месеци во обид дополнително да ја намали нерегуларната миграција, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц. Со граничните контроли, ние ефикасно ја туркаме нерегуларната миграција, како што покажуваат бројките, рече Шолц во писмената изјава во која ја објаснува одлуката. Ние ги запираме шверцерите кои брутално ги комодифицираат луѓето и ги шверцуваат преку ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, која беше лоцирана во близина до ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето на дивата депонија почна минатата недела во рамки на акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“ кадешто се подигна смет и се миеја улици во Центар за поголема хигиена во општината. „Комплетно ја исчистивме дивата депонија ...
Со 160 гласа „за“, поранешниот собраниски спикер и кандидат од владејачката нова демократија e избран за претседател на Грција за време на четвртото гласање во парламентот за шеф на државата. За Тасулас гласаа целата пратеничката група на нова демократија, вкупно 156 пратеници, двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега независни, како и уште двајца независни пратеници. Мандатот на досегашната претседателка, Катерина Сакела-Ропулу ...
Претставниците на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислуваат да затворат неколку американски конзулати и дипломатски претставништва ширум светот за да ги намалат трошоците во Стејт департментот, објави Ен-Би-Си Њуз. Конзулатите во Европа, Канада, Мексико и Пацифичките острови се меѓу оние што би можеле да бидат затворени. Официјални лица потврдија дека Трамп ја разгледал листата на конзулати, но дека сè уште не е ...
Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка. Болката е голема, загубата ненадоместлива, но пресудата е праведна, вели таткото на Емилија. Мајката Џемиле вели дека пријавувале повеќе пати насилство од страна на Зејнелов, но институциите не реагирале соодветно. Максималната казана е соодветна за делото, вели адвокатот на ...
Од денеска сите општини ќе може да аплицираат на вториот повик за финансирање на проекти, вреден 15 милјарди денари, пари обезбедени од унгарскиот заем. За разлика од првиот, локалните власти сега имаат рок до 30-ти април, односно повеќе од два месеца, за да ја подготват и поднесат потребната документација. На повикот може да учествуваат и општините чиишто проекти претходно беа одбиени, но потребно е да исполнат два критериума. Кој ќе добие пари ...
Министерството за правда, по налог на Владата ја почна постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски. Се изработува документот којшто ќе ги содржи аргументите зошто се бара негова смена. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе треба да даде позитивно или негативно мислење. Премиерот Мицкоски повтори дека Владата опстојува на ставот за разрешување на Коцевски. Вели тој имал доволно време за да се покаже како борец за правда, но не ја ...
Недостигот од квалификувани работници, особено инженери, се најголема главоболка за големите странски компании што работат во Македонија. Според најновото истражување, 53% од луѓето заминуваат откако ќе се вработат, а 47% од невработените не сакаат да работат во индустријата. Сепак, анализата покажала и дека 91% од компаниите се задоволни од вработените, што е далеку подобро од другите земји во регионот. Во однос на најавените царини од 25% на ...
Вишото јавно обвинителство Скопје денеска поднесе жалба до Врховниот суд на решението на Апелациониот суд Скопје со кое се дозволува повторување на кривичната постапка спрема осудениот Џ.М., претходно правосилно осуден во отсуство за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 4 вв чл. 297 ст. 3 вв ст. 1 од Кривичниот законик. Незадоволно од решението, Вишото јавно обвинителство Скопје, во ...
Весна Дамева и Тања Чачарова-Илиевска, членови на Судскиот совет, за кои владејачкото мнозинство поднесе интерпелации во Собранието изјавија дека ги анализираат документите и во рок од 10 дена ќе се произнесат. Весна Дамева вели, кога ќе го изгради својот став јавноста ќе го знае одговорот. Членот на Советот, Илиевска, посочи дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Советот е колективно тело кое носи одлуки со мнозинство ...
Камион полн со марихуана бил спречен да излезе од Македонија на ГП Богородица на македонско- грчката граница. Претставници на Бирото за јавна безбедност и Царинската управа при детална контрола на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки пронашле и заплениле 150 на марихуана која била скриена во останата стока која се превезувала. Според првичните информации товарното возило со дрогата во земјава влегло од Косово. Преку Македонија ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Северна Македонија во Австралија по 15 години. Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Во рамки на посетата, министерот Муцунски денеска оствари билатерална средба со австралиската министерка ...
Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. На претходното рочиште Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка Пешева. Како што кажа тогаш, мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година е неверство. Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што рекоа, убиството го извршил при ...
Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 30.000 поени во најсилната кошаркарска лига на светот. Триесет и шестгодишниот Американец постигна 34 поени во поразот 112:119 против Мемфис. Дурант сега има точно 30 илјади поени. Рекордер во лигата по ефикасност е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (41.623 поени). Шест други играчи исто така го имаат повеќе од 30.000 поени: Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, ...
На денешната собраниска седница не помина предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците. По обраќањето на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање за да се донесе по скратена постапка. Иако во собраниската сала имаше 100 присутни пратеници, „за“ гласаа 23 пратеници, еден беше „против“, а немаше „воздржани“. Лидерот на Левица, Димитар ...
Дел од членовите на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација во Собранието изјавија дека писмено ќе се произнесат во законскиот рок. Нивната оценка е дека треба да се бара индивидуална, а не колективна одговорност. „Интерпелацијата поднесена во Собранието ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и во фаза сум на анализирање на причините и генерално на нејзината содржина. Кога ќе го изградам својот став ќе ѝ биде соопштено на јавноста, ...