
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои најмногу од гласовите на парламентарни избори во Косово. На второто место е Демократската партија на Косово, а Демократскиот сојуз на Косово е трет по освоени гласови. „Ние сме први, ова е потврда за нашето добро владеење, прогресивно и демократско лидерство, благодарам на сите. Исто така, нашата победничка коалиција ќе ја формира новата влада „Курти 3“ и на овој начин ќе продолжиме со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до ...
Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми треба да се запишат и да се евидентираат во Регистарот на Министерството за земјоделство и Агенцијата за ветеринарство сè додека трае поднесувањето на апликациите за финансиска поддршка. Роковите за поднесување на барањата ги одредува Платежната агенција. Ова е еден од условите за остварување на правото за добивање на помошта која им следува на земјоделците, но и за електронско преземање на ...
Системот за безбедност во сообраќајот е нефункционален со години. Само лани биле затекнати 19.000 граѓани коишто управувале возила без дозвола низ цела Македонија, а се зголемуваат црните точки каде што има несреќи со смртни последици. Казните за сообраќајните прекршоци се селективни и не важат исто за сите. „Јас лично, а и врз основа на сите анализи, гледам огромен проблем во судската пракса во квалификацијата на одредени дејствија од страна на ...
Откако втора недела по ред се бојкотираше против високите цени во маркетите, Владата најави офанзивни мерки откако ќе го добие извештајот од Пазарниот инспекторат. Но, ќе се чешлаат и аптеки, како и продавници за бела техника. Премиерот Мицкоски ги отфрла тезите дека високите цени се поради повисоките царински давачки. Додека премиерот вели дека е нарушена довербата меѓу трговците и владата, сепак, се надева дека дијалогот ќе даде плод. ...
Денеска навршија 100 дена од трагедијата во Нови Сад и падот на настрешницата, кога загинаа 15 луѓе. Нови протести низ Србија. Под слоганот – ја газиме Газела зашто вие ја згазивте правдата, белградските студенти седум часа го блокираа мостот кај Сава Центар. Блокирани и три раскрсници на влезот на Нови Сад. На студентите им се приклучија и земјоделци со трактори, велосипедисти, граѓани. Студенти од Крагуевац, пак, трчаа штефетен маратон до ...
Битола е еден од градовите кој честопати е на врвот на листата на најзагадени градови во државава. Иако се наоѓа под Пелистер, сепак чистиот воздух е луксуз за битолчани, особено за време на грејната сезона. Според податоците, една третина од домаќинствата се греат на биомаса, но и зголемениот обем на возила дополнително го загадува воздухот. Со ова согласни се и граѓаните. Мерната станица Битола 2 лоцирана во градското подрачје, регистрира ...
Голема кражба спречи изградениот водовод до манастирот „Трескавец“ да биде ставен во функција со што и официјално обновените конаци да може да пречекуваат посетители. Пред Нова година, крадците украле кабли и електроника, токму пред да биде пуштен во употреба. Градските власти молчеа и чекаа во март да почнат со обновата на водоводниот систем на овој комплекс кој е во графата на загрозено светско културно наследство. Штетата е околу 10 000 евра. ...
Лидерите на екстремно десничарските партии од третиот најголем блок во Европскиот парламент, Патриоти за Европа, на собир во Мадрид што се одржа под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, го поздравија враќањето на Доналд Трамп. На настанот присуствуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, како и лидерите на десницата во Франција и Холандија, Марин Ле Пен и Герт Вилдерс. „Торнадото Трамп го ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места. Ова се деветти парламентарни избори во земјата од прогласувањето на независноста. На нив учествуваат 28 политички субјекти, меѓу кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Во изборната трка се вклучени и шест политички субјекти кои ја претставуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина. Претходно Трамп изјави дека најверојатно наредната недела ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на која ќе се разговара за завршување на војната. Војната, која почна со целосна руска инвазија на Украина, ќе ја одбележи својата трета годишнина на 24 февруари. Трамп за американски медиуми ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и марихуана, тој заради продажба ги држел, ги мерел, ги дробел и ...
Денеска во Скопје најавен протестен марш кој повикува на безбедност во сообраќајот. Уличниот форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ треба да ги со бере сите идеи и предлози за посигурни улици и за подигање на сообраќајната култура, велат организаторите. Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, ...
Денешното утро ќе биде студено со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 9 до 3, а максималните ќе достигнат од 4 до 11 степени. Во Скопје ќе преовладува утро студено утро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 0, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија. Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 30 см на Попова Шапка и 13 см во ...
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) бара поддршка од македонските партии за Предлог-стратегијата за заштита на македонското национално малцинство во Албанија. На средбата во Корча на којашто присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица на Демократскиот сојуз испратен повик за одбрана на идентитетот на нашинците во соседната земја, кои како што рекоа, се соочуваат со агресивна политика за нивна бугаризација и ...
Профитот на осумте најголеми супермаркети во четврток и во петок е намален за 22,12 насто, покажува анализата на УЈП. Но, сепак граѓаните пазареле за 37 проценти повеќе отколку минатиот петок. Ова, според Управата за јавни приходи е поради пензиите и платите кои биле поделени на почеток од месецот. Но, не постои оптимизам дека бојкот ќе ги натера трговците да ги намалат цените, се бара потрајно – системско решение. Цените на храната пораснаа ...
Зголемување на домашното производство, поттикнување на локалните производители, загарантирани откупни цени, но и на продажните трошоци, се дел од предлозите за да се стопира дивеењето на цените и да се скрати синџирот на добавувачи, посредници, трговци. Двојната потрошувачка на увезеното, отколку на дома произведеното, укажува на зависноста од увозот и на слабоста на домашното производство. Повеќе локални пазари за развој на локалните ...
Телешката кртина достигна цена од над илјада денари, јунешкото се продава од 700 до 800 денари. За најголем дел од граѓаните телешкото е луксуз кој не можат да си го дозволат. Ги прашавме кога последен пат купиле телешко месо. За домашните производители, малопродажните цени не се оправдани, бидејќи откупната цена со години е непроменета. Анализите на Асоцијацијата на земјоделци покажуваат дека над 70 насто од свежото телешко месо кај нас е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп истакна и дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека е подготвен директно да преговара со Владимир Путин, доколку е тоа потребно за ставање крај на војната. За време на неговата кампања, Трамп вети дека веднаш ќе стави крај на ...
Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за МИА од Атина, каде беше во дводневна посета на јужниот сосед и се сретна со грчката заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападополу и со потпретседателот на грчкото собрание и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис. „Ова пријателство мора и понатаму да се ...
Вчера во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени. Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во ...
Хамас ги објави имињата на тројца заложници кои денеска ќе бидат ослободени, со еден час задоцнување од крајниот рок во 16 часот. Кабинетот на израелскиот премиер потврдија дека заложниците што треба да бидат ослободени се Охад Бен Ами, Ели Шараби и Ор Леви. Во замена за заложниците предвидено е Израел да ослободи над 180 палестински затвореници, меѓу нив има и лица кои отслужуваат доживотна казна, 54 лица кои отслужуваат долги казни и 111 лица ...
Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3, како и Фалсификување на огнено оружје согласно член 396-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, во својот дом во селото Ложани неовластено држел оружје ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничил пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани информации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. „Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме ...
За денеска е најавен протестен марш во Неготино-„Стоп за сообраќајното насилство“. Го организираат блиските на Фросина Кулакова која беше прегазена од Васил Јованов на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Целта е да се испрати порака до јавноста и да се подигне свеста за трагедиите коишто се случуваат на улиците. Во меѓувреме, Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на Обвинителството и ја преиначи казната за Васил Јованов за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при ...