Проневера со јавни пари. Големи суми. Мали последици. Истраги има. Приведувања има. Одговорност нема. Системот „функционира“ само откако ќе исчезнат стотици илјади евра. Изгледа дека не е проблем да се краде. Проблемот е кога ќе се претера… Проневерата не се случува за еден ден. Таа трае. Се повторува. И некој не ја гледа.Дали некој мора да украде стотици илјади евра за да биде фатен? Зошто не се фати крадецот кога ќе ги украде првите 50 евра? ...

По неколку години, Скопје ја отвори празничната сезона со осветлување на новогодишната елка на плоштад „Македонија“ и почеток на „Новогодишна зимска бајка“. Со светилки, божиќен базар и музичка програма, градот повторно добива празнична атмосфера. Дел од граѓаните го поздравуваат украсувањето, додека други сметаат дека средствата можеле поинаку да се искористат. Новогодишната ноќ ќе биде во знакот на македонски изведувачи и забава за сите ...