Градоначалникот Горан Герасимовски очекува иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините. „Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. По доставувањето на ...

Државните електрани добија 55 милиони евра кредит од германската развојна банка за изградба на фотоволтаичната електроцентрала „Битола 2“ и доградба на ветерниот парк „Богданци“. Проектот треба да придонесе за добивање почиста енергија за потребите на земјава. Вложувањата во енергетиката се од капитално значење и приоритет за државата за да ја зголемиме енергетската независност, рече премиерот Мицкоски по потпишувањето на договорот. Се очекува ...

Пад од 12 места, Македонија назадува во борбата против корупцијата. На скалата на којашто се рангирани 180 држави, нашата земја се најде на 88-то место. За да се смета дека сериозно се бори против корупцијата, државата треба да оствари најмалку 50 поени, а Македонија има 40. Овој резултат, како што велат од Транспаренси Интернешнл е последица и на скандалите во кои беа вмешани судиите Наќе Ѓорѓиев и Лазар Нанев како и Иџет Мемети, член на ...

Македонското научно друштво, Битола е најстарото во Македонија. Од почетокот до денес имало дури 17 претседатели, а во 2020 е избрана првата жена за претседател,. Кај нас малубројни се жените кои истражуваат на полето на техничките и на природните науки. А за успех, потребен е континуитет, но и голема семејна поддршка, вели проф. д-р Буневска-Талевска, научен кадар на Техничкиот факултет. Анализите кажуваат дека Македонија е меѓу првите земји во ...

Упатство како да се постапува во случај на хибридни закани деновиве ќе биде доставено до училиштата. Веќе е подготвено од Министерството за дигитална трансформација, а МОН во него додава правила и препораки кои треба да се следат при дојави за поставени експлозивни направи. Апел до училиштата да ги користат официјалните меил – адреси, сепак сериозно ќе се земаат предвид и заканите што стигаат од приватни адреси. „Кога имаме сајбер напади на ...

Очекува оставки од членовите на Судскиот совет, а веќе извесен и исходот од гласањето за нивна интерпелација. Претседателката Сиљановска Давкова вели дека 67 пратеници ја поддржале иницијативата за чие усвојување се потребни 61 глас. Но парадоксот е што интерпелацијата нема завршница вели, сепак, членовите на Судскиот совет мора да имаат голема доза на одговорност која е врзана за етиката. Очекувањето на премиерот Мицкоски е дека пратениците ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14-ти февруари. Не, немаме остварено контакти со новата бугарска Влада. Очекувам сега на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни ...

Авторите на проектот „Страда бруталисима“ се надеваат дека достојно ќе ја презентираат државата и ќе дадат придонес во размената на нови искуства, идеи и енергија на полето на архитектурата. Велат, архитектонските вредности ја сочинуваат основата на човековите вредности. Нашата држава ќе биде претставена со архитектонски модели и графички прикази на брутализмот во архитектурата на најпрестижниот павилјон Арсенале во рамките на Биеналето. ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила ...

Сојузот на борците од НОБ и други граѓаните поднесоа иницијатива за оценка на уставноста на одлуката на Советот на општина Тетово за преименување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот. Оттаму велат дека одлуката била донесена без согласност на владата, но, се лоцираат и други пропусти – за одредени улици, за имињата за користел албански јазик, испишан на кирилско писмо. До градоначалникот Касами испратено отворено ...

Граѓаните знаат дека можат да ја тужат државата, бидејќи дишат загаден воздух, но од октомври до сега никој не го искористил своето право. Некои се оптимисти дека работите ќе почнат да се средуваат, други се сомневаат во исходот. Адвокатот Гоџо објаснува – ако се знае точно кој е загадувачот, тогаш патот до правдата е во граѓанските или во кривичните судови, бидејќи имаме работа со ентитет што нанесува штета. Кога не се знае причинителот и не се ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени, соопштија од ОЈО. Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видеонадзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е ...

Словенечкиот кошаркар и НБА суперѕвезда, Лука Дончиќ дебитираше за Лејкерс откако на почетокот на месецот беше трејдуван од Далас Маверикс. Се чини дека Лејкерси долгорочно ќе бидат многу позадоволни од овој трејд. Словенецот за 23 минути на теренот постигна 14 поени (5/14 од поле) и имаше пет скока и четири асистенции. Леброн Џејмс со 24 поени, седум скока и осум асистенции ги предводеше Лејкерси, додека Остон Ривс и Руи Хачимиуа искомбинираа ...

Состанок на воени претставници и експерти за одбрана на маргините на глобалниот самит за вештачка интелигенција во Париз. Дискутирано за тоа како технологијата на вештачка интелигенција брзо влијае на одбраната и војувањето, вклучително и на фронтот во Украина. Еден ден ќе треба да најдеме начини да ја контролираме вештачката интелигенција или во спротивно ќе ја изгубиме контролата над сè, став на врховниот командант на НАТО за трансформација. ...

На владина седница денеска се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државата ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели. На денешната седница, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба да поднесат извештај, а можни се и мерки во однос на контрола на цените. Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за ...

Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), известува МИА. Меморандумот ќе го потпишат претседателите на двете регулативни комисии, односно Марко Бислимоски од РКЕ и Атанасиос Дагумас од ...

Марулата е полна со антиоксиданси. Овие хемикалии за храна штитат од слободните радикали, кои предизвикуваат воспаление и можат да придонесат за болести на очите, дијабетес и други хронични состојби. Зелената салата е најпопуларната салата во светот. Некои статистики покажуваат и дека е втора на листата зеленчуци сметано по консумацијата, веднаш зад компирот. Нејзината ниска калорична вредност и ниски маснотии од една, а од друга страна богата ...

Светскиот рекет број седум, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да работи со својот тренер Енди Мареј барем до „Вимблдон“. Во ноември, стана познато дека Британецот се приклучил на тимот на Ѓоковиќ. Тие првично се согласиле да играат одреден период од сезоната пред Австралија Опен. На Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето, каде што се повлече поради повреда во мечот против Александар Зверев по првиот сет. ...

Претседателот на Украина најави дека оваа недела тимот на американскиот претседател Трамп ќе ја посети Украина. Зеленски одново потенцираше дека заедничката визија на Вашингтон и Киев треба да биде како да се запре Путин и како да се дадат гаранции за безбедноста на Украина и Украинците. „Оваа недела очекуваме сериозни луѓе од тимот на претседателот Трамп во Украина пред конференцијата во Минхен. Потоа ќе се одржи конференцијата во Минхен. Таму ...

Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија. Во таа насока, тој вчера оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, ...

Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: Гази Баба, Струмица, Пехчево, Кисела Вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип. Парцелите се со големина од над 3 хектари, а максималната површина за којашто еден понудувач може да аплицира е до 30 хектари. Предвидената намена е за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам за периодот до 30 години. Право на учество ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Главните американски добавувачи на челик се Канада, Бразил и Мексико. „Нашата нација бара челик и алуминиум да се произведуваат во Америка, а не во туѓи земји. Треба да создадеме за да ја заштитиме иднината на нашата земја, да го заживееме американското производство кое не е видено со децении. Значи, во суштина, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржат две седници, на едната ќе има Јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, а на другата Предлог Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и ...

Американскиот претседател Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се направи пекол доколку сите заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне. Се закани и дека ќе ја запре помошта за Јордан и Египет доколку не ги примат палестинските бегалци. Хамас соопшти дека го одложува следното ослободување на заложниците и го обвини Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот. Портпаролот на ...

Властите во Хонгконг најавија целосна забрана за поседување и употреба на електронски цигари на јавни места, која треба да стапи на сила до средината на 2026 година. Оваа мерка се воведува од здравствени причини, со посебен фокус на заштитата на младите. „За да ги заштитиме нашите млади, веруваме дека дојде време да се забрани употребата на електронски цигари“, изјави локалниот здравствен функционер Ло Чунг Мау во телевизиско обраќање. Тој ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект, велат од општината. „Ветувањето дадено пред жителите на Хром, денес е во процес на реализација“, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска. На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи. Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за ...

Синоќа, заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков учествуваше на Националниот Иновациски Рамковен Форум во INNOX иновативниот центар. Во своето обраќање, министерката ја истакна улогата на Европската Унија во поддршката на иновациите и нивното значење за економскиот развој на Македонија. Таа обрати внимание за важноста на европските програми како што се Horizon Europe и European Innovation Council, кои овозможуваат ...

Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град. Од извршените 1.195 контроли, полициски службеници на 09.02.2025 констатирале вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила. Притоа, најголемиот број санкции по Законот за безбедност на патниот сообраќај се однесуваат на непочитување на брзината на движење, односно 238 биле санкционирани за возење со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
86%
1012
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
2.35
72%
1011
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
0.54
82%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
92%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
6.87
83%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.94
87%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
82%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.99
86%
1011
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.75
65%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.34
92%
1006
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.68
75%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.11
68%
1005
Currency

61.535

Currency

55.1767

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69