Израелската одбрана потврди дека извршиле воздушни напади во јужен Либан врз објекти на Хезболах. Според Тел Авив, локациите претставувале директна закана. Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот, велат од Обединетите Нации и бараат пристап до опустошената палестинска територија. „Примирјето го понуди многу потребниот одмор, но едноставно нема време за губење. Ние сме подготвени да го поддржиме спроведувањето на ...

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ со цел преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување во насока на поголем напредок. Министерот Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими ќе ја посетат Општина Гази Баба и ќе одржат средба со ...

Во Минхен во наредните три дена ќе се одржи безбедносната конференција, на која ќе учествуваат политички лидери од светот. Во фокусот, украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со Европската унија. Ќе учествуваат и премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски. Неизвесно е дали Муцунски ќе има средба и со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев. По формирањето на новата влада минатиот ...

Корисници на средствата се стопанствата кои стадото ги имаат обележано и евидентирано во Регистар и го чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година. Сточарите имаат право и на субвенции за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци. Висината на директни плаќања изнесува по 3.000 денари а треба да се чуваат најмалку до 30 ноември оваа година. Дополнително по 6 000 денари за животно ќе добиваат сточари кои го предале производството на ...

САД се посветени на зајакнување на НАТО, но европските лидери мора да ја преземат примарната одговорност за одбраната на континентот, изјави секретарот за одбрана на САД, Хегсет. „НАТО е голема алијанса. Најуспешниот одбранбен сојуз во историјата. Но, за да се издржи во иднина, нашите партнери мора да направат многу повеќе за одбраната на Европа. Тоа почнува со одбранбени трошоци, но мора да вклучи и заживување на трансатлантската одбранбена ...

Денеска православните христијани го празнуваат Свети Трифун, заштитник на лозарите, а католиците, Свети Валентин, денот на љубовта. Вечна дилема, кој празник повеќе се празнува. Според теолозите, и двата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците. Кај нас свети Валентин во последните две децении масовно се одбележува меѓу младите, како ден на вљубените. Сепак, во едно се сите единствени, поделби ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. АМСМ препорачува прилагодена ...

Иднината на Украина, тема на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Кит Келог најверојатно ќе го претстави планот на администрацијата за ставање крај на војната. Најавени средби на високи функционери од Вашингтон, Киев и Москва. „Мислам дека кога ќе ја погледнете Украина и кога ќе го погледнете нередот во кој тие се, мора да се стави крај и да се запре. Русија зазеде прилично ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На изминатото рочиште беше сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки. Трајковски беше последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, ...

„Секојдневно се соочуваме со неисчистен смет, особено околу преполните контејнери, што претставува проблем во сите скопски општини. Иако контејнерите се под надлежност на Град Скопје и Јавното Комунално Претпријатие, решивме да не префрламе одговорности, туку да преземеме конкретни чекори. Нашите служби изминативе недели самостојно отстранија отпад од многу локации, и покрај тоа што тоа не е под наша ингеренција“, изјави градоначалникот Горан ...

Вчера во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с. Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово, соопшти МВР. При претреси во нивните домови и помошни простории во с. Желино, Тетово и во с. Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и ...

Обвинителството ги бара загадувачите на воздух. Во главниот град се вршат вонредни инспекциски надзори од Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори и на Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, по налог на Основното јавно обвинителство. Во фокус на државните инспектори за животна средина се деловните објекти кои извршуваат технолошки процеси дали го нарушуваат квалитетот на амбиентниот воздух и ...

Претставници на Министерството за внатрешни работи, денеска присуствуваа на Работен комитет на тема „Безбедност во сообраќајот“ на кој учествуваа сите релевантни засегнати страни во креирање на политики кои ќе придонесат за унапредување на безбедноста на патиштата во државата. Безбедноста во сообраќајот, за која МВР е еден од најбитните фактори, е сложен предизвик кој бара интегриран пристап, од строга примена на законите, засилени контроли, до ...

Изложба со наслов „Зошто не сега …?“ на тројца македонски визуелни и мултимедијални уметници, здружени во групата „Три“, ќе биде отворена на 17 февруари, во 19 часот, во МКЦ. Уметничката група „Три“ ја сочинуваат тројца еминентни и етаблирани македонски визуелни и мултимедијални уметници: Страхил М. Петровски, Лазе Трипков и Ангел Коруновски, кои со својата различност и визуелен пристап во творештвото решија да се обединат и заеднички да ...

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ којшто, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата. Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка ...

Лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче презентираше мерки за подобрување на стандардот на граѓаните. Од намалување на ДДВ до поголеми плати во приватниот сектор. Се предлага: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%, Намалување на ДДВ за основните прехранбени производи, Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци, Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи, Спроведување на ...

Се зголемуваат субвенциите во сточарството во делот за крави, овци или кози, а се зголемува и во делот на млеко продукцијата – министерот Трипуновски на средба со сточарите од пелагонискиот регион. Ги демантираше информациите за намалени субвенции. Разговарале и за земјишната политика која е во функција на производството на храна. Сточарите со зголемувањето на субвенциите гледаат можност за поголем сточен фонд, но и мотив на младите да се ...

Стопанската комора на трговци на големо и мало бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Според Комората, одлуката која предвидува 10% ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени да отпуштаат вработени, но и да ги затвораат маркетите, велат оттаму. „Штетите ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и ...

Сезонскиот грип го достигнува пикот. За една недела, регистрирани се 2.880 заболени, за пет проценти помалку од претходната. Децата најмногу на удар. Вирусот е распространет низ целата држава, особено во Скопје. Во споредба со лани, истиов период, има зголемување од 50 насто. „Се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над ...

Од септември гимназијалците од прва година ќе учат по нова наставна програма, ќе добијат и нови учебници, вели министерката Весна Јаневска. Во тек е и јавната дебата за изработката на новата концепција за средно образование. Пристигнале голем број на предлози и барања до бирото за развој на образованието, најголем дел се за зголемување на бројот на часови. Доколку се прифатат сите предлози на стручната јавност, учениците ќе треба да остануваат ...

Силно ќе работиме на сузбивање на криминалот и обидите за шверцување дрога во земјава. Вака кажаа директорите на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност откако вработени во овие две институции на ГП Богородица запленија 188,6 килограми марихуана. Истрагата треба да утврди дали има други луѓе вмешани во меѓународниот канал за шверц на дрога и од каде е потеклото на марихуаната запленета на „Богородица“. Царинската управа и МВР најавија ...

Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во група луѓе, при што имало неколку повредени. Локалните медиуми соопштија дека возачот на возилото е приведен. Инцидентот се случил за време на демонстрациите на синдикатот Верди на Дахауер Штрасе, најголемата улица во Минхен. На местото на настанот се силни полициски сили и возила на брза помош за да им укажат прва помош на повредените. Во тек е истрага за инцидентот. ...

Осуммина вработени во прилепскиот „Царински терминал“ излегоа на протест барајќи си ги платите за шест месеци. Ова е нивни втор протест за три месеци. Состојбите, велат, не се промениле. Ја имаат поддршката од Синдикалната организација. Од прилепски „Комуналец“ под чии ингеренции е Терминалот, велат дека вработените во текот на вчерашниот ден добиле една плата, но сепак го најавиле и го закажале штрајкот. Настојуваат да најдат решение. Речиси ...

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главниот град. Дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а ...

Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети. Од партијата најавија седум предлог-мерки. Предлагаме намалување на ДДВ на струја од 18 на 5 проценти, намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, замрзнување на цените на основните прехранбени производи во следните три месеци, фиксирање на маржите на основните прехранбени производи, итно имплементирање на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на ...

Стопанската комора на трговци бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Според нив одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците. Како што велат, тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Премиерот вчера најави итна седница на која се очекува да се донесе одлука за замрзнување на маржите на околу 100 групи ...

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници. На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две ...

НАТО ќе постои за многу нови генерации, но мораме да го зголемиме вложувањето во одбраната и производството на оружје за да парираме на зголемените закани од Русија и други противници, истакна генералниот секретар Руте на состанокот на министри за одбрана на земјите-членки во Брисел. Алијансата е за мировен договор за Украина што ќе биде одржлив. „Сите сакаме мир во Украина да се случи побрзо. Сакаме Украина да биде во најдобра можна позиција ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, имаше средба со австралискиот пратеник и министер за надворешни работи во сенка, Дејвид Колман, кој е голем пријател и поддржувач на македонската заедница во Австралија. На средбата, како што соопшти МНРНД, се разговараше за актуелните политички случувања, можноста за негова посета на Република Северна Македонија, како и за понатамошните текови во надворешната политика на ...

Уште едно неверојатно музичко доживување од Националниот џез оркестар, кое овој пат се фокусира на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии. Оваа автентична „латино свита“ ќе ја води диригентот Зиги Фајгл кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко. „Cuban Fire“ е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.23
90%
1011
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
3.32
54%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
43%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.7
95%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
6.44
94%
1007
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.92
76%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.23
81%
1005
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.46
63%
1007
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
85%
1006
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.02
43%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.5
47%
1007
Currency

61.535

Currency

55.0132

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69