Сирени за тревога и нови руски напади во Украина. Жртви во Суми. Украинскиот парламент затворен од безбедносни причини. Москва продолжува со притисокот врз Киев откако Путин потврди дека ракетата „Орешник“ е одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, потенцирајќи дека конфликтот добил елементи од глобален карактер, за што го обвини Западот. Предупреди дека американските системи за противвоздушна одбрана ќе бидат ...

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 м. има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка, информира ...

Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД, денеска ќе организира панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата. Од Амбасадата на САД најавија дека на отворањето на панел-дискусијата ќе се обратат заменикот-шеф на Мисијата на САД во Скопје Никол Варнс, ...

Пентагон потврди дека Русија ја нападнала Украина со нова ракета, додавајќи дека биле информирани за нападот непосредно пред лансирањето за што го известиле и Киев. Велат, не сакаат војна со Русија, но и натаму ќе ја помагаат Украина со оружје. „Русија навистина лансираше експериментална балистичка ракета со среден дострел. Тоа секако нè загрижува. Ние не бараме војна со Русија. Она на што сме фокусирани е да продолжиме да ја поддржуваме ...

Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска. Истакна дека не ја признава одлуката на судот кој го терети за воени и злосторства против човештвото во врска со 13-месечната војна во Газа. „Ниту една пристрасна антиизраелска одлука во Хаг нема да ја спречи државата Израел да ги брани своите граѓани. Сакам да им се заблагодарам ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера учествуваше и се обрати на владината донаторска конференција „Ромите и пријателите“, посветена на проекти за подобрување на интеграцијата на Ромите во општеството, со акцент на домувањето, културата и образованието. „Ми претставува особена чест што денес учествувам на овој значаен настан, чија цел е поддршка на поголема инклузија на Ромите во нашето општество. Како ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни. Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен. Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје времето ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Република Финска. Во рамки на посетата, тој ќе оствари средби со министерот за европски прашања на Финска, Јоаким Странд, и министерката за надворешни работи, Елина Валтонен. На средбите ќе бидат опфатени теми во контекст на европското досие на Северна Македонија, финската поддршка за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од регионот на ...

Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици, можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувачи на пчелни матици. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по пчелно семејство. Пчеларите имаат право и на субвенција од 50 проценти од трошоците за извршена ...

ЈСП ќе добие нафта, Владата одлучи да даде од државните резерви. За градоначалничката на Град Скопје Арсовска, ова е добра политика без инаетење. Нафтата се доставува до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, автобускиот превоз ќе се нормализира. На вонредна седница на Советот на град Скопје оценија дека Владата направила одличен потег со тоа што активирала дел од државните стокови резерви за гориво за потребите на Градот Скопје. Оттаму ја ...

Рускиот претседател Путин вели дека тестирале нова ракета со среден дострел во нападот врз Украина и предупреди дека Москва може да ја искористи против земјите кои му дозволиле на Киев да ги користи нивните проектили за напад. „Сметаме дека имаме право да го користиме нашето оружје против воени објекти на оние земји кои дозволуваат нивното оружје да се користи против нашите објекти. А во случај на ескалација на агресивни дејствија, ние ќе ...

На 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана. Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во ...

Оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, воведување на едносменско работење и продолжен престој за учениците, нови наставни програми и учебници, дигитализација, како и обезбедување повисоки плати за наставниците се меѓу клучните приоритети на кои во моментов е фокусирано Министерството за образование и наука. Ова го истакна Елена Ивановска, државен секретар во МОН на денешниот 15-ти состанок на Секторската ...

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во Велес присуствуваа на вториот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните. Министерот Тошковски го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска од Антикорупциската конференција за Западен Балкан што се одржува во Скопје, испрати јасна порака дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата, која мора да испорачува конкретни резултати. „Нашето е залагање е јасно: Никој не смее да биде над законот“ рече Фетаи пред учесниците на Конференцијата, на која пригодно излагање имаше и ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, на која го информираше дека обвинителството веќе презема активни чекори за подобрувања во сите области кои се наведени како препораки во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја, како и дека интензивно работи на подготовка за задачите од Реформската агенда која наскоро треба ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, прими ученици и наставници од општинското основно училиште „Конгреси и Манастирит“ од Скопје. На средбата учениците ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните интереси, лични амбиции и афинитети во тековниот образовен развој, а имаа и можност непосредно да се информираат за работата, како и за предизвиците коишто произлегуваат од ...

Москва ја заострува реториката откако се закани дека американска база во северна Полска за балистичка ракетна одбрана е на руската листа за потенцијално уништување. Базата во градот Реџиков во близина на Балтичкиот брег, е дел од поширокиот ракетен штит на НАТО и според Алијансата, исклучиво од одбранбен карактер. „Со оглед на природата и нивото на заканите од таквите воени објекти на Западот, антиракетната одбранбена база во Полска одамна е ...

Пцости, замавнувања, фрлање слушалки. Во Собранието избегнат инцидент меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот на Левица, Исмаили, ненајавено спротивно на деловникот, постави прашање до премиерот Мицкоски, зошто Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Додека од говорницата имаше процедурални забелешки, во позадина меѓусебни вербални навреди. ...

Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41.585 денари. Зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности каде има зголемување за 12,6 проценти, ...

Почна руската одмазда. Москва изврши напади со интерконтинентални балистички ракети – тврди украинската воздушна команда. Погоден Дњепар. Делови од Киев без струја. „Експлозиите почнаа во пет часот наутро, првично не беа многу силни, а потоа следуваа уште пет навистина многу силни експлозии. Куќата се тресеше“, вели жителка на Дњепар. Нападот е одговор на синоќешниот украински удар со британските „Сторм шедоу“ во Курск, но и неодамнешните ...

Трудниците, родилките, граѓаните без здравствено осигурување веќе две години немаат право на бесплатни прегледи – алармираат невладините организации. Решение на проблемот е побарано од здравствените власти. Дополнителен проблем-превентивните програми за малигни заболувања. „Има жени кои на пократок или на подолг период остануваат без здравствено осигурување, а здравствените услуги за време на бременоста треба да се остварат во точно определен ...

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија. Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса. Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс ...

Тензии на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. За влакно избегната физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички, го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза. Тензијата настана кога едно прашање најавено за министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пратеникот на ...

Меѓународниот кривичен суд во ХАГ издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото. Најновото случување дополнително ќе ги изолира и ќе ги усложни напорите за преговарање за крај на 13-месечниот конфликт. Нетанјаху ненадејно го разреши Галант, претходно овој месец. ...

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во сабота претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места каде ќе се формира помала снежна покривка, соопшти ...

Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, соопшти Народна банка. Во октомври 2024 година, паричната маса се зголеми за 1,6% на ...

Македонскиот јазик како културен феномен се префрла во дневната политика и политикантството и станува предмет на нецивилизирано однесување и нескриена агресија, сметаат од академската фела. Според направените истражувања констатирано дека македонскиот јазик е загрозен во пристапните преговори со Унијата. Посебен акцент е ставен на фактот што негирањето на нечиј јазик претставува форма на насилство, кој може да предизвика колективна траума. ...

Од државното Јавно обвинителство соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП. Во главниот град денеска јавниот превоз е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП. Во 14 часот Владата има закажано вонредна седница за проблемот со превозот, а во 18 часот е закажан ...

Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. На седницата ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје сѐ до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП. Скопјени од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите. Граѓаните револтирани утрово чекаа на автобуските ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
67%
1031
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
54%
1032
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.33
47%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1032
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
100%
1027
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
64%
1032
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73