Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 30.000 поени во најсилната кошаркарска лига на светот. Триесет и шестгодишниот Американец постигна 34 поени во поразот 112:119 против Мемфис. Дурант сега има точно 30 илјади поени. Рекордер во лигата по ефикасност е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (41.623 поени). Шест други играчи исто така го имаат повеќе од 30.000 поени: Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, ...

На денешната собраниска седница не помина предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците. По обраќањето на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање за да се донесе по скратена постапка. Иако во собраниската сала имаше 100 присутни пратеници, „за“ гласаа 23 пратеници, еден беше „против“, а немаше „воздржани“. Лидерот на Левица, Димитар ...

Дел од членовите на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација во Собранието изјавија дека писмено ќе се произнесат во законскиот рок. Нивната оценка е дека треба да се бара индивидуална, а не колективна одговорност. „Интерпелацијата поднесена во Собранието ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и во фаза сум на анализирање на причините и генерално на нејзината содржина. Кога ќе го изградам својот став ќе ѝ биде соопштено на јавноста, ...

Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Како што пренесуваат повеќе медиуми, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички. Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција. Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега ...

Пешак вчеравечер бил усмртен магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с. Колибари, кичевско. Од МВР информираат дека автомобил „Рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с. Колибари. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, велат од полицијата. Увид извршила ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни следните области: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост. Претседателката го информира за новоформираните тела: ...

Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина. Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“. Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3 часот и 35 ...

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага. Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за ...

Во рамки на дополнително преземени оперативно тактички мерки и активности, а врз основа на увид и анализа на материјалните докази, обезбедени при реализација на криминалистичка истрага на 18 и 19.01.2025 година, за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во набавка и улична продажба на наркотични дроги, на 10.02.2025 беа пронајдени и обезбедени нови материјални докази. На две локации во Скопје, при претрес на возило, дом и други ...

Нашите овогодишни претставници на престижното ФИС Светско првенство во алпско скијање се Јана Атанасовска, Мирко Лазарески, Виктор Петков, Данило Илев и Јаков Добрески се, кое ќе се одржи од 12 до 16 февруари 2025 година во Салбах, Австрија. Овие натпревари претставуваат огромна можност за нашите скијачи да го покажат својот талент, да се натпреваруваат со најдобрите во светот и да стекнат непроценливо искуство на интернационалната сцена. ...

Јадењето риба еднаш до двапати неделно има бројни здравствени придобивки, вклучувајќи подобрување на срцевото здравје, на мозочната функција и поддршката на имунолошкиот систем. Рибата има голема хранлива вредност, се препорачува за сите возрасти и подеднакво е корисна за здрави и болни. Широкиот спектар на видови риби го условува и различниот начин на припрема на риба. Секој тип на рибата е богат со омега-3 масни киселини, висококвалитетни ...

Денеска и утре, министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство. Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски оствари билатерална средба со Н.Е., д-р Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност на ОАЕ. Соговорниците разговараа за заштита во областа на сајбер безбедноста, меѓународната соработка во справувањето со хибридни напади и сајбер закани. Ал Куваити е познат по тоа што ја доведе ОАЕ во ...

Продолжуваат битките на фронтот во Украина. Во руски ракетен напад врз Киев загина едно лице, а најмалку тројца се повредени. Зеленски ја нагласи важноста од понатамошен развој на украинските системи за воздушна одбрана, особено преку соработка со меѓународните партнери, и потенцијални нови договори за напредно оружје и опрема. „Ќе продолжиме да разговараме со нашите партнери следната недела за подобрување на нашите капацитети за воздушна ...

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, како и детергентите и бебешката храна. Министерството за економија ќе разгледува дали покрај оваа ...

ЕУ предупреди дека американските царини за алуминиум и челик нема да останат без одговор и ќе предизвикаат остри контрамерки. Реакцијата од Брисел следува по изјавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за челик и алуминиум од 25 проценти. Новите тарифи ги отфрли и секретарот за економија на Мексико. Премиерот на Канада Трудо изјави дека ќе застанат против царините одлучно. Тој нагласи дека двете земји треба да прават повеќе заедно, а ...

Европа мора да инвестира повеќе во одбраната, изјави американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет во Штутгарт, за време на првото патување по преземањето на функцијата. Американскиот претседател Трамп сака земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, наведувајќи ја целта од пет проценти од БДП. Во Европа постои консензус за потребата од зголемување на воените трошоци, но прагот од пет проценти се смета за нереален. „Европскиот континент ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба ...

Допрва треба да се донесе нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ, и за контролата на болести. Агенцијата за храна и ветеринарство предвидува редовно ажурирање на мерките за заштита при увоз и на барањата за увоз на живи животни и производи од животинско потекло. Агенцијата има програма за надзор за разни болести, кои треба да се усогласат со европските закони. Собирањето, проверката и анализата на податоците ...

Претседателот Трамп го обнови повикот Газа да биде испразнета од сите жители, контролирана од САД и повторно развиена како туристичка област. Шефот на Белата куќа на состанокот со јорданскиот крал Абдула, ја повтори идејата Каиро и Аман да прифатат што повеќе палестински бегалци. Јорданскиот крал рече дека ќе има одговори од повеќе земји на планот на Трамп и дека е неопходно да се почека одговорот на Египет. „Ние нема да купуваме ништо. Ќе ја ...

Уставниот суд денеска на седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2023 година, по поднесена иницијатива од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Во иницијативата, Трајанов наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Владата го задолжи Mинистерството за правда да преземе активности за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Како причина ја наведоа разорачаноста од постапувањето надвор од законските надлежности, нарушената доверба и нефункционирањето на правната држава. Како аргумент, Владата го наведе и последниот извештај на „Транспаренси“, како и именувањето нов шеф на Вишото скопско обвинителство, за кое сметаат ...

Во рамки на дополнително преземени оперативно тактички мерки и активности, а врз основа на увид и анализа на материјалните докази, обезбедени при реализација на криминалистичка истрага на 18 и 19.01.2025 година, за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во набавка и улична продажба на наркотични дроги, на 10.02.2025 беа пронајдени и обезбедени нови материјални докази, соопштија од МВР. На две локации во Скопје, при претрес на ...

Земјотрес регистриран во Хрватска во 18 часот и 43 минути. Се почувствува низ цела Далмација, а силно се почувствува и во околината на Задар и во делот на Лика. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Засега нема информации за штети или повредени. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според ...

Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи, средствата за лична хигиена и производите кај кои има најголемо зголемување на цените. Владата со предлог и до трговците јавно да ги објават цените, за да има поголема транспарентност и граѓаните да одлучат во кој маркет ќе пазарат, вели портпаролката Митева. Мерката доаѓаат ...

Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера (10.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземајќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Истовремено, во ...

Вчера околу 12.50 часот на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с. Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко. Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по ...

Продолжуваат протестите во Србија. Студентите од Ниш и Белград пеш тргнаа кон Крагуевац во рамки на кампањата „Ништо не е далеку за правдата“. Во Крагуевац ќе пристигнат в петок, во пресрет на големиот заеднички протест на студентите и граѓаните на националниот државен празник Сретење, со кој се одбележува датумот на Првото српско востание против Турците Османлии и првиот српски Устав усвоен во Крагуевац. Маршот е дел од тримесечните протести во ...

Денес во киното „Фросина“ (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот филм „За Ева“. Режисер на филмот е Бојан Василев, по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
86%
1012
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
2.35
72%
1011
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
0.54
82%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
92%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
6.87
83%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.94
87%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
82%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.99
86%
1011
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.75
65%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.34
92%
1006
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.68
75%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.11
68%
1005
Currency

61.535

Currency

55.1767

Currency

73.1384

Currency

35.2718

Currency

39.3856

Currency

65.8314

Currency

7.62172

Currency

0.68661

Currency

0.37794

Currency

0.52429

Currency

1.41392

Currency

0.64306

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69