Силниот ветар во Штип денес откорна неколку дрва, а го оштети и кровот на Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“. Повредени нема, наставата во училиштето се одвиваше нормално. Територијалната противпожарна единица интервенираше на четири локации, а екипи на ЈП „Исар“ расчистуваа на 15. Заради силниот ветар не се препорачува шетање во природа и посета на ЗОО паркот „Бриони“. Ветровитото време ќе продолжи и утре. Надлежните со апел до ...

Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски. На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање ...

Британската полиција изврши контролирана експлозија по пронајден „сомнителен пакет“ пред американската амбасада во Лондон. Експлозијата била изведена откако биле поставени безбедносни кордони во близина на високо обезбедено место јужно од реката Темза и превентивно бил затворен околниот пат. Поради тековен безбедносен инцидент евакуиран бил и дел од лондонскиот аеродром Гетвик. Во известувањето на социјалните мрежи, аеродромот вели дека ...

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар ...

Втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и девет годишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово. Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините. Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „Агенција за биткоини“ и ѝ кажало ...

Вчера во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува ...

Граѓаните не ги откажуваат закажаните прегледи преку „Ној термин“. Последниве два месеца, на магнетна резонанца над 25 проценти од пациентите не дошле на преглед, а на компјутерска томографија повеќе од 23 насто. Поради нивната неодговорност, други кои имаат потреба од итна дијагностика чекаат со месеци. Во некои земји, доколку двапати се откаже терминот следува парична казна или пациентот не може да закаже друг термин во одреден временски ...

Министерката за финансии на тет-а-тет средба со претставници на секоја банка посебно за унгарскиот кредит. Се прават последните анализи за да се додефинираат работите околу каматата по која стопанството ќе ги добие парите, изјави Гордана Димитриеска-Кочоска. Појасни дека се чека конечен одговор за каматата што ќе биде пониска од 3,25%, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период ...

Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки на крајот на 2024 година ќе биде 62,7 проценти од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Јавниот долг, како што нагласи министерката, во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити. Ако не ги повлечат, може нема да биде ниту 62,7 проценти. Тоа е проекција на Министерството за ...

Се нормализира градскиот јавен превоз. Автобусите на ЈСП сообраќаат по редовниот возен ред, по владината одлука да се даде нафта од државните резерви. Испораката на горивото се врши сукцесивно. Ги нема сликите од претходните денови на преполни автобуски постојки и премрзнати граѓани кои чекаат со часови. Обезбедена е нафта за една недела, што, според Арсовска, ќе биде доволно до склучување нов договор за набавка на гориво. Од Бирото за јавни ...

Денот на албанската азбука нè затекнува среде жестока дебата за официјалната употреба на албанскиот јазик во нашата земја, намерно поттикната за да се дефокусира јавниот интерес и да се произведат вештачки кризи таму каде што ги нема, вели вицепремиерот Изет Меџити. „Очекувам Уставниот суд да се занимава со правата на граѓаните, а не да се пушта во политички води. Да не зазема страна и да биде индиферентен. Уставниот суд, за жал, се претвори во ...

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град. Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ. Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа ...

Во Белград средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски со српскиот претседател Александар Вучиќ. Констатирано дека двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. „Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, објави премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. Мицкоски ја предводи македонската делегација на меѓународниот ...

За да го зајакнете имунитетот во периодот на вируси и настинки, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат стручњаците. Оваа вкусна напивка е вистински концентрат од витамин Ц, богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси. Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести. Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и ...

Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија. Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето. Во полуфиналето Италијанците ќе ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, зборуваше за менаџерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола, со кого соработува во последните сезони. Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата, изјави норвешкиот репрезентативец за „Скај спортс“ по продолжувањето на престојот на Шпанецот во Манчестер. Гвардиола го продолжи договорот со Сити за уште две години. Халанд игра под водство на поранешниот тренер на Барселона и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имаше средба со Радмила Шекеринска, по нејзиното назначување за заменик-генерална секретарка на НАТО. Шефицата на државата ѝ го честиташе изборот на Шекеринска. Според Сиљановска Давкова, назначувањето на Шекеринска на оваа престижната функција е од големо значење, не само за неа туку и за државата. При назначувањето, генералниот секретар на НАТО, Руте кажа дека Шекеринска вистински верува во ...

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија се приклучува на денешниот против недостигот на јавен превоз во Скопје. Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се ...

Никој не може сам да се справи со корупцијата, како сојузници во НАТО очекуваме поефикасна борба со оваа појава, ја имате американската поддршка-повикаа претставниците на САД. Направен е напредок, но мора да има одговорност и соработка меѓу институциите за поефикасна борба со корупцијата, оценија од САД. Јавното обвинителство направило реорганизација во своите редови за да има ефективни постапки против корумпираните. Од Антикорупциската комисија ...

Сирени за тревога и нови руски напади во Украина. Жртви во Суми. Украинскиот парламент затворен од безбедносни причини. Москва продолжува со притисокот врз Киев. „Гранатираат со ракети со касетна муниција. Денеска и со „Шахеди“ со шрапнели. Погледнете ги последиците“, изјави Володимир Артјух – началник на регионалната воена управа Суми. Во своето обраќање до јавноста Путин јасно стави до знаење дека конфликтот добил елементи од глобален ...

Во рамки на работната посета на Финска, министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд, на која се разговараше за перспективите на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за важноста на процесот на проширување на ЕУ како стратешка цел за стабилноста и напредокот на регионот. ...

Исламската верска заедница се пожали дека не била консултирана Јени џамија да се трансформира во Музеј на христијанското и муслиманското културно наследство. Оттаму остануваат на барањето, џамијата да биде место за богослужба и за користење на муслиманските верници. ИВЗ повика на итен прекин на секоја активност што го нарушува, како што велат, светиот дух на џамијата. Со реакција за отворањето на музејот излезе и ДУИ. Партијата изрази длабока ...

Темелите на црквата „Свети Ѓорѓија“, стаклени чаши и садова керамика, Куран од османлискиот период, врвна архитектура и уметност на градителите меѓу седмиот и четиринаесеттиот век. Битола го доби првиот музеј во Македонија каде се испреплетува богатото христијанско и исламското културно наследство. Според Оливера Трајковска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, ваков музеј може да биде симбол на единство, а ...

„Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето. Не темите кои не разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години претходно се криеја позади народот кого го крадеа. Јасното фокусирање кон приоритетите, кон реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме разликите, да ги споделиме нашите вредности и да изградиме посилна, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ. Настанот, кој ги собра водечките имиња од инженерската и академската заедница, го истакна значењето на македонските инженери во развојот на енергетските системи. Во своето обраќање, министерката нагласи дека инженерската професија е основен ...

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати. Интервенирале пожарникарите од Скопје, Битола, Струмица и од Тетово, гаснејќи депонии, ѓубришта, мешана шума и ниска вегетација, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1.752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на ...

Од Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје велат дека автобусите се вратија на скопските улици. Со владината одлука, нафта за седум дена на претпријатието му е позајмено од државните резерви. Директорот на ЈСП, Драги Кушовски синоќа потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда и Ѓорче Петров и оти во текот на ноќта резервоарите на автобусите ќе бидат наполнети. За денеска, пак, во 14 часот се најавени ...

На 21.11.2024 во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука. „Јазикот создава простор за разбирање, за соработка и за обединување околу идентитетските вредности. Преку него, различностите стануваат богатство, а иднината – можност за индивидуален и колективен раст. Албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот. Почитувањето на ...

Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
67%
1031
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
53%
1032
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.33
47%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1032
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
64%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
65%
1032
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73