
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



До среда времето ќе биде стабилно и студено, особено наутро, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст, инмформира УХМР. Според прогнозата, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда, најпрво во планинските региони и потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе врне и дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ...
Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023-та година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија. Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март. И покрај тој ценовен врв, цените на природниот гас на европските ...
Министерството за социјална политика демографија и млади, ги информира жителите на Општина Врапчиште, дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на општината во делот на именување на в.д директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на ...
Хибридни напади преку интернет ќе има и во иднина. Како држава мораме да се заштитиме со протоколи за постапување во случај на дојави за поставени бомби. Надлежните сè уште испитуваат кој е сторителот на последните дојави за поставени експлозивни направи во основните и средните училишта минатиот петок. Но, реакцијата на надлежните е далеку побрза во однос на сличните напади во минатото. Младите ги демнат опасности и од предизвици на социјалните ...
Трговците да имаат јасни правилници за откуп за годинашнава сезона. Однапред да бидат дефинирани правилата за игра – цените, количините, начин на исплата. Вака побараа раноградинарите на денешната средба во Струмица за поефикасен откуп и пласман на зеленчукот од овој регион. Почитување на стандардите за квалитет, соодветна калибража, транспаренти податоци за биохемиската заштита на производството побараа трговците. Тие сметаат дека земјоделците ...
По речиси една година, почнаа да работат сите хируршки сали во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Заврши 10-дневното тестирање на новите компресори. Колапсот настана во мај минатата година, кога поради непријатна миризба беа затворени сите операциони сали. Операции се одложуваа, а итните пациенти се праќаа во градската болница „8 Септември“ и во клиниката „Свети Наум Охридски“. Хирурзите продолжија да оперираат со надворешни компресори. ...
Најавените интерпелации за членовите на Судскиот совет коишто ги избира Собранието треба да бидат влез во поширока општествена дебата за реформи во правосудството, смета аналитичарот Благојче Атанасоски. За да се дојде до независно судство ослободено од семејно-непотистички врски, потребно е вклучување на експерти во дебатата вели Атанасоски, но оценува дека овој процес нема да биде брз. Аналитичарот Петар Арсовски е на став дека интерпелациите ...
Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кривичните пријави. Вкупно досега се опфатени 32 лица, од кои 11 се цариници. Истите се сомничат за царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. За осум ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63% во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за 0,043%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,055% и кај мазутот ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави топката што ќе се користи во плејофот од Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалниот натпревар. Топката содржи бели ѕвезди на позадината на златно-зелени шестоаголници, кои ги симболизираат покривите и зградите на Минхен. Внатре во шестоаголниците има графички елементи посветени на познатите знаменитости на Баварија. Забележано е дека новата површина на топчињата обезбедува зголемена ...
Фадил Зејнелов, обвинет за убиството на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, на денешното судење кажа дека се чувствува виновен и го призна делото. Обвинет е за убиство со умисла при вршење на семејно насилство, односно фемицид. Настанот се случи на први ноември минатата година, кога Зејнелов ја усмрти Емилија и сам се пријави во полиција. Родителите на Емилија и обвинителството бараат доживотен затвор. Максимална казна очекува и адвокатот на ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска го отвори настанот „Заштита на јавните финансиски интереси на инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ“, кој се одржува во Маврово во организација на УНОПС. Во своето обраќање, министерот ја нагласи клучната улога на довербата во институциите, владеењето на правото и одговорното управување со јавните финансии. „Довербата не се дава, таа мора да се стекне и да се заштити преку ...
Наташа Крстевска Цалева ќе ја врши функцијата шефица на Вишото обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрулахи, одлучија едногласно членовите на Советот. Предлогот на Републичкиот јавен обвинител Коцевски го поддржаа обвинителите како најсоодветен за оваа функција во актуелните состојби во Вишото обвинителство и во време кога Хајрулахи е оддалечен од позицијата. Најдоцна дошла и е со неоспорен интегритет, професионалец пред сè, ...
Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер, заменик-спикерката Сонија Хорнери и пратеникот Нејтан Хагарти. На средбите се разговараше за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, можностите за нивно продлабочување, како и значењето на парламентарната демократија и институционалната соработка. ...
Лидерите во политичката и технолошката индустрија, 1.500 учесници од околу 100 земји учествуваат на дводневен самит за вештачка интелигенција во Париз. Влијанието на технологијата врз јавноста и употребата на апликациите на вештачката интелигенција во здравството, образованието, нејзината употреба и регулатива во фокусот на дебатите на самитот. Францускиот претседател Макрон вели дека сака да ја покаже својата земја како лидер во областа на ВИ. ...
На 14-ти февруари со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 проценти за целиот американски увоз на челик и алиминиум и најави дека оваа недела ќе воведе реципрочни царини за сите земји кои го царинат увозот од САД. Тој претходно ги одложи новите царини од 25 насто за Канада и Мексико на еден месец, но воведе царини од 10 проценти за Кина. Пекинг возврати со иста мера, а уредбата стапува во сила денеска. Во својот прв мандат, Трамп ...
ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам. „Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Иницијативата предвидува измени на Законот ...
Литванија, Естонија и Летонија го одбележаа приклучувањето кон европскиот енергетски систем со симболична церемонија. По исклучувањето на далноводите на мрежата од советската ера беше запрен протокот на електрична енергија меѓу балтичките земји и Русија. „Со зајакнувањето на ЕУ, ја намаливме нашата зависност од руските фосилни горива. Престанавме да увезуваме руски јаглен. Го намаливме купувањето руска нафта на 3%. Го намаливме увозот на гас за ...
Продолжуваат битките на украинскиот фронт, но и нападите со беспилотни летала. Претседателот Зеленски изјави дека за брз крај на војната, неопходно е да се воведат целосни санкции кон Москва, но и да се обезбедат силни безбедносни гаранции за Киев. Според украинскиот шеф на државата, руската победа би значела загуба за западниот свет – и Европа и САД. Американскиот претседател Трамп, изјави дека имал телефонски разговор со рускиот претседател ...
Филаделфија ја прекина серијата од два трофеи по ред на Канзас Сити во Супербол и ја освои својата прва титула во НФЛ од 2017 година. Педесет и деветтиот Супербол се одржа во Њу Ореланс. Иглс победија со 40:22 и стигнаа до својот втор трофеј во ова натпреварување. За време на паузата од натпреварот се одржа традиционално шоу на кое настапи американскиот рапер Кендрик Ламар со учество на пејачката СЗА. На најважниот натпревар во американскиот ...
Tренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ. Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот на официјалниот сајт на НБА. Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар. ...
Војник на одмор се заљубува во конзервативна девојка од факултет. Наместо да се врати кај неа, тој се пријавува за специјални операции по нападите од 11 септември. Времето и разделбата почнуваат да го земат својот данок. Филмот во режија на Ласе Халстром, базиран на романот на авторот на бестселерот Николас Спаркс, ја раскажува приказната за Џон Тајри (Ченинг Тејтум), млад војник на одмор и Савана Кертис (Аманда Сејфрид), млада студентка. Во ...
Пред речиси 40 години, 14-годишно девојче останува бремена, но детето го дава на посвојување. Тука е Елизабет (Наоми Вотс), паметна и успешна адвокатка која го користи своето тело за да напредува. Секогаш кога се чувствува надвор од контрола и не може да ја контролира ситуацијата, таа посегнува по својот сексапил - или да започне врска со нејзиниот шеф (Семјуел Л. Џексон) кога се сомнева дека тој се обидува да започне друга, или да најде начин ...
Еден живот, една шанса, еден чекор. Полицаец сака да му одговори на еден млад човек кој поради својот сакана сопруга завршува на работ од висока зграда, каде има еден час да размисли за својата судбоносна одлука. Трилер во кој дебатата меѓу католиците и атеистите се претвора во смртоносна битка на волја. Приказната започнува со Гевин Николс (Чарли Ханам), атеист, кој стои на врвот од висока зграда како да сака да скокне во смрт. На почетокот ...
Минусни температури речиси низ целата држава беа измерени утрово. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени. После Берово, следува Крива Паланка и Маврово со -8. На Попова Шапка и Битола беа измерени -7 степени, -6 во Крушево, Скопје, Штип, Велес и Прилеп. Немаше град или место во Македонија утрово којшто беше со температури над нулата. Го Гевгелија и Струмица беа измерени -2 степени. Снег има само на Попова Шапка, каде се ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари. Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската ...
Американскиот претседател останува посветен на планот да ја преземе сопственоста на Газа. Додека патуваше кон Њу Орлеанс, да присуствува на Супербол, Трамп рече дека арапските нации ќе се согласат да ги примат Палестинците откако ќе разговараат со него и тврди дека тие ќе ја напуштат Газа ако имаат избор. „Што се однесува до обновата на Газа, можеби ќе ја дадеме на други држави на Блискиот Исток за да изградат делови од неа. Други луѓе може да ...
Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-10 до-1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. ...