Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Регулаторната комисија за енергетика со денешната одлука ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит, и новите цени се 91,50 односно 93,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит и од полноќ литар ќе се продава за 98,00 денари. Цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ...
Тропските циклони Луис и Мејмеј предизвикаа тешки поплави и свлечишта на Филипините, при што најмалку 23 лица загинаа, а илјадници жители беа принудени да ги напуштат своите домови и да се засолнат во привремени прифатни центри. Силните дождови предизвикани од циклоните и засилениот југозападен монсун ги поплавија речиси сите поголеми речни корита. Најпогодени се регионите на островот Лузон, како и делови од Висајас, соопшти Националното веќе ...
Три лица починаа од западнонилска треска, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски и додаде дека во земјава досега има 35 потврдени случаи и 3 суспектни на западнонилска треска кои се во процес на дијагностицирање. Најголем дел од заразените од западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, каде шест се во критична состојба, а еден пациент се лекува во приватна болница. 15 пациенти се излекувани од ...
Жители на Маџир Маало алармираат за сериозна нехигиена во населбата и бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар. Тие велат дека со месеци живеат со преполни и оштетени контејнери, натрупан отпад и смрдеа, иако се на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Дополнителен проблем, според нив, е руиниран објект во близина на домовите кој станал жариште на стаорци. Како најзагрозени ги посочуваат улиците „Охридска“ и ...
Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани 25 пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, три се ставени под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер во Општина Студеничани, каде гори мешана шума, како и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во Општина Македонски Брод, каде се зафатени ниска вегетација, ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно разменија обвинувања околу исправноста на водата за пиење во Гостивар и други населени места во државата. Од СДСМ тврдат дека власта ги крие податоците за квалитетот на водата и дека за Гостивар сè уште нема јавно објавен документ со анализи што потврдува дека водата е безбедна за пиење. Опозицијата обвинува дека над 50 населени места немаат објавени анализи и бара одговорност од надлежните институции за, ...
Македонската кошаркарска репрезентација добива сериозно засилување под обрачите. Американскиот центар Мозес Рајт ќе го носи македонскиот дрес во августовскиот ФИБА-прозорец, откако неговиот клуб Олимпија Милано официјално потврди дека ќе му дозволи настап за националниот тим. Можноста Рајт да стане дел од македонската репрезентација се најавуваше уште во јуни, кога се појавија информациите дека тој ќе добие македонско државјанство. Сега ...
Утре на подрачјето на град Скопје, ќе се изврши прскање против ларви од комарци од земја. Од Град Скопје информираат дека доколку не се поволни временските услови, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе биде времето подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Утре на подрачјето на град Скопје, ќе се изврши прскање против ларви од ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго досега однесе над 2.300 животи, со што стана најсмртоносната во историјата на земјата. Потврдени се околу 5.000 случаи, од кои 101 само во последните 24 часа, соопшти l Конгоскиот институт за јавно здравје. Епидемијата беше прогласена на 15 мај, а за помалку од три месеци бројот на починати надмина 2.000. Станува збор за сојот бундибугјо на ебола, за кој во моментов нема одобрена вакцина ...
Петмина тинејџери загинаа, а уште четири лица се тешко повредени во директен судир на два автомобила на автопат во Ирска. Пред несреќата, полицијата добила пријава дека едно возило се движи во спротивна насока, по делот од автопатот наменет за сообраќај кон север. Во возилото биле петмината тинејџери, кои починале на местото на несреќата. Во вториот автомобил се наоѓале три жени и машко дете, кои со тешки повреди се пренесени во болница. ...
Со повеќе свечени активности во Скопје и Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија. По повод 18 Август – Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва во 19 часот, припадници на артилерискиот баталјон ќе извршат почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Пред свечената церемонија, во 18 часот ќе биде реализирана пробна артилериска стрелба со ...
Македонското Обвинителство за гонење организиран криминал отвори постапка против едно лице, додека за уште три лица се води постапка во Грција за шверц на 324bкилограми марихуана, која била скриена во бали со рециклирана хартија. Марихуаната од Македонија требало да патува кон Турција, но завршила на изнајмен плац во Солун, каде грчката полиција ја пронашла. Случајот е дел од меѓународната полициска акција „Вардарис“, по четиримесечна ...
Европската Унија подготвува значително проширување на санкциите против Русија во наредните месеци, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“. Калас истакна дека санкциите на Европската Унија досега сериозно ја погодиле руската воена економија и најави дека наесен ќе предложи најсеопфатен пакет санкции од почетокот на војната во Украина. Според неа, ...
Прашањето кој би можел да ја преземе власта во Русија по Владимир Путин повторно се наоѓа во фокусот на политичките анализи. Иако рускиот претседател и понатаму има цврста контрола врз политичкиот систем, експертите оценуваат дека неговиот можен наследник најверојатно би дошол од круговите на актуелната политичка и безбедносна елита, а не од опозициските структури. Меѓу најчесто споменуваните имиња е рускиот премиер Михаил Мишустин. Тој ...
Шест лица загинаа, а уште четворица се повредени во украински ракетни напади врз рускиот регион Белгород, соопштија локалните власти. Меѓуbповредените е и 14-годишно дете кое е пренесено во болница. Нападите следуваат само една ноќ по, како што тврди Москва, најголемиот украински напад врз руска територија оваа година, во кој загинаа најмалку седум лица. Истовремено, во руските напади врз Украина загинале најмалку седум лица, а повеќе од 39 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон значително да го намали обемот на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, кои треба да почнат на 17 август. Трамп оцени дека вежбите се скапи и испраќаат „несоодветен и непријателски сигнал“ кон Северна Кореја, истакнувајќи дека има многу добар однос со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој изрази незадоволство и од одлуката на Сеул да не им се приклучи на САД во акциите ...
Во текот на изминатиот викенд, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, десетмина биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Станува збор за возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп, како и државјанин на Португалија, кај кои алкотестирањето потврдило присуство на алкохол. Посебно се ...
Пожарот што подолго време гори на територијата на Општина Македонски Брод е локализиран, а повеќе негови краци се целосно изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Најтешка била состојбата над селото Локвица, на тешко пристапен планински терен во правец кон ловиштето „Јасен“. Во гаснењето биле ангажирани 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на ДЗС, со поддршка од три авиони „Ер трактор“ и хеликоптер на МВР. За поефикасна ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска дел од корисниците во општина Чаир ќе останат без водоснабдување поради планирани работи на водоводната мрежа. Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата, која опфаќа приклучување на старата водоводна мрежа со нова мрежа со профил Ф250 мм на Ф100 мм. Без вода ќе бидат корисниците на улицата Џон Кенеди, кај крстосницата со улицата Браќа Реџепагиќ, како и дел ...
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, ЕВН Македонија денеска ќе врши прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје. Без струја ќе останат: Од 06:00 до 13:00 часот – корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден. Од 09:00 до 13:00 часот – дел од корисниците што се напојуваат од трансформаторската станица Инџиково 2 во општина Гази Баба. Од ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 31 и 38 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 16 ...
Македонскиот шампион Вардар го запиша вториот последователен пораз во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево на гостувањето кај Струга Трим Лум беше поразен со 1:0 во дербито од третото коло. „Црвено-црните“ имаа можност да извлечат бод во самиот финиш, но во петтата минута од судиското продолжение Давид Бабунски не реализираше пенал, испраќајќи ја топката покрај голот. Победничкиот погодок за Струга ТЛ го постигна Христијан ...
Нови сообраќајни гужви вечерва ги затекнаа викендашите кои се враќаат од Охрид кон Скопје. На патниот правец Стража – Гостивар се формирани долги колони возила, а сообраќајот се одвива значително забавено. Според информации од возачи кои во моментов се на оваа делница, за патување од Стража до Гостивар се потребни меѓу еден час и час и половина, во зависност од интензитетот на сообраќајот. На повеќе делови од патот возилата се движат во ...
Македонската полиција, во соработка со обвинителството и безбедносните служби од Косово и Грција, разби меѓународна криминална група која организирала транспорт на марихуана, при што во Солун беа запленети повеќе од 324 килограми марихуана. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека акцијата е резултат на повеќемесечна истрага што ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за ...
Нов пожар е регистриран над селото Вржале, во околината на Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради непристапниот терен, пожарот не може целосно да се локализира со копнени сили, па за утре наутро е планирана и воздушна интервенција. Од ЦУК соопштија дека воздушните сили ќе бидат ангажирани доколку временските услови и состојбата на теренот го дозволат тоа. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, кој се наоѓа на местото на ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. Кај Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол, денеска се применува ...
Две постари жени го загубија животот, а две бебиња се здобија со полесни повреди во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови што ја погодија северозападна Шпанија. Трагедијата се случила во малото село Манзанедо де Валдуеза, во регионот Кастиља и Леон, каде што силните врнежи предизвикале свлечиште и огромен бран вода и кал што се спуштил низ селото. Според регионалните служби за итни случаи, загинатите жени биле на возраст од ...
Украинските сили во текот на ноќта извршија напад со беспилотни летала врз повеќе цели во Московскиот регион, а според руски и украински извори, меѓу погодените објекти е и магацин на најголемиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“. Според каналите што известуваат за војната, по нападот избувнал пожар во магацинот на компанијата во селото Коледино, во близина на Москва. Наводно, пожар избувнал и во производствено-логистичкиот комплекс „Северно ...
Во главниот град на Албанија, Тирана, синоќа се одржа 77-ми протест против владата на премиерот Еди Рама, на кој учествуваа и бројни Албанци од дијаспората, испраќајќи пораки за политички промени и поддршка за својата татковина. Една од организаторите, активистката Сидорела Ватникај, порача дека протестите ќе продолжат сè додека Рама не поднесе оставка и не се воспостави нов политички модел во земјата. „Оваа политичка класа нè ограби и нè ...
Сончево време со мала облачност, температурите ќе останат високи. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе преовладува сончево време, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Сончево време со мала облачност, температурите ќе останат високи. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. ...