
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Советот на Општина Гевгелија, на 25. седница, донесе Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проектот: „Поставување монтажна урбана опрема во функција на пазар во н.м. Миравци, општина Гевгелија“. Имено, Општина Гевгелија со овој проект аплицира на Јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување ...
На 30.03.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.А. (77) од село Злеово, радовишко, во кој биле опожарени куќа, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација и алати. Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид во текот на денот ќе извршат инспектор за ...
Фондацијата што ја основаше поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лани поддржала и била дел од 12 настани од различен карактер. Според извештајот на Фондацијата, најголемиот дел од настаните се хуманитарни. Ме ѓу нив е и испораката на храна за Украина. Со официјален годишен извештај на веб страницата на фондацијата се објавени сите досегашни спроведени акции како и сите приходи и расходи на фондацијата за 2022 година. Од Јуни до ...
Увозот на работна сила не може да биде долгорочно решение во ниту една земја, но економијата не може да чека со години на долгорочни решенија, туку и е потребна работна сила веднаш, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во одговор на новинарско прашање по обраќањето на регионалната конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, што ја ...
Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на ...
Развојот на вештачката интелигенција може да доведе до автоматизација на голем број работни места во САД и Европа, што би можело значително да загрози стотици илјади работни места, покажува истражувањето на инвестициската банка Голдман Сакс. Инвестициската банка вели дека системот за вештачка интелигенција, како примерот на ЧетГПТ, во иднина би можел да создаде содржини што не се разликуваат од човечкото производство, а тоа би можело да ...
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 март извршил над 500 инспекциски надзори на целата територија на Македонија. – Издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над шест и пол милиони денари, од кои 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија, 42 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност, 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето, 100 прекршочни платни налози по Закон за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 % во однос на одлуката од 27.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,285 %, кај дизелот намалување за 1,124%, кај екстра лесното масло ...
Кире Пиличев – координатор на секцијата на снимателите при ЗНМ од југоисточниот регион е избран на работниот состанок на снимателите од Македонија кој се одржа во Велес. На состанокот се разговараше за теми кои ги засегаат снимателите – дописници, нивниот статус и условите во кои работат и беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно. Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите ...
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со изведувачите на новите линии за водовод и атмосферска канализација во општина Гевгелија преку на грантот од КFW-банката. На состанокот, беше разговарано за тековните работи на терен и проблемите со кои се соочува изведувачот. Притоа, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, од страна на изведувачот беше нагласено дека на дел од уличните краци во ...
Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за: „тоалетната хартија, влажните марамици, пелени за деца и возрасни, хигиенски влошки“. „Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши. „Од ...
Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов во посета на словенечкиот главен град. Тој во Љубљана ќе ги посети тамошните јавни претпријатија, особено комуналното, со акцент на справувањето со отпадот, јавното претпријатие за транспорт, шелтер-центрите за згрижување бездомни кучиња. Утре е планирана и средба со градоначалникот на Љубљана. Според Костадинов искуствата на една од земјите со најразвиен комунален систем се значајни, особено во овој ...
На 27.03.2023 година во 14.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Радовиш-Струмица, на делница од с.Владевци до с.Радичево, струмичко, Н.Р.(28) од с.Злеово, радовишко, управувајќи патничко возило „бмв” со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците В.Л.(41) и Г.Р.(35), и двајцата од с.Воиславци, ...
Денеска се навршуваат осум години од смртта на Иван Василевски, поет, новинар, прозаист, драмски писател и публицист. Роден на 10. септември 1947 во Босилово. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Во два мандата беше член и на Претседателството на ДПМ. Бил член на Здружението на новинарите на Македонија. Членувал и во Сојузот на новинарите на поранешна Југославија. На Студентскиот литературен клуб „Мугри ’59“ и на редакцијата на ...
Денеска се става втор слој асфалт на патот кон селото Сачево. Поради тоа, патот ќе биде затворен во следните четири часа. Вака информираше Општина Струмица, која побара разбирање од граѓаните за градежните активности. „Поради изведување на градежни активности, односно ставање втор слој асфалт, патот кон селото Сачево ќе биде затворен за сообраќај од 12 до 16 часот. Бараме разбирање од жителите на селото и останатите кои во овој период имаа ...
Секоја среда ќе може да се подигнуваат канти за селекција на отпад, иформира струмички Комуналев. ОД јавното комунално претпријатие велат дека кантите треба да се чуваат во дворовите. „ЈПКД „Комуналец„ Струмица ги известува сите домаќинства дека подигањето на новите канти за рециклирана пластика и лименки ќе се врши секоја среда . Кантите да се чуват во дворовите а нашата екипа ке ги вади од дворот, и испразнети ќе бидат вратени во дворот. ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4 отсто. Усогласувањето е предвидено согласно новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50 отсто од порастот на просечната плата и 50 отсто од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст ...
Генералното собрание на Сојузот на средношколци на својата вонредна седница одржана вчеравечер го прифати компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука околу државната матура. Сојузот на средношколци, МОН и останатите надлежни институции постигнаа договор. Државната матура ќе биде прилагодена на состојбата во образованието и ќе биде олесната за оваа генерација матуранти, која беше најмногу афектирана од прекините на ...
Родум струмичани, од село Дабиље, музичко-поетскиот тандем, браќата барбаровски со децении се една од најсилните спојки на македонската новозодадена песна. Ѓорги Барбаровски испиша антологиски стихови, брат му Миле за нив компонираше музика. Заедно создадоа безвременски хитови што ги отпејаа некои од најдобрите „грла“ на македонската музичка сцена. Некои песни биле напишани како стихови низ кои Ѓорги ги излевал своите родољубни чувства, ги ...
Епископот Јаков и министерката Тренчевска се согласиле дека е потребна широка дебата за Законот за родова еднаквост – ова е заклучокот од средбата што викендов ја имале во Струмица. Во гостувањето на вестите на телевизија Сител, синоќа Министерката за труд и социјална политика рече дека зборувале и е задоволна од средбата. Го уверила епископот дека за законот допрва ќе се дебатира. Викарниот епископ Јаков, пак, поврди дека во саботата ...
Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за два процента во споредба со 2021 година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број (31.0 проценти) докторирале во здравството и социјалната заштита, 17.8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10.2 отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9.1 проценти во уметноста и хуманистичките, а ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ...
Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда Кренар Лога. Тој посочи дека со писмото до Унгарија, каде Груевски е азилант, ќе ги убедува тамошните власти дека осудениот ќе биде сместен во соодветни услови, како во притвор, така и во затвор каде треба да издржува затворски казни согласно пресудите за предметите од СЈО. „За девет предмети треба да одговара пред домашните судови. Ќе побарам ...
Теута Ајдини Јегени, првокласна актерка во Албанскиот театар Скопје и етаблирана актерка на меѓународната филмска сцена, е избрана од Меѓународниот театарски институт Центар во Македонија да ја пренесе овогодинешната порака по повод Светскиот ден на театарот (27 март). И градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, им го честиташе Светскиот ден на театарот на струмичките актери. Во неговата честитка тој вели: „Почитувани членови на ...
Пет тракторски приколки со пластични шишиња лименки и друг ситен отпад се собраа од излетничко рекреативните локалитети во струмичкито регион во рамките на еко граѓанската акција ,,Чисти ридови за сите“ иницирана од ВК „Актив“ од Струмица. Се чистеа вкупно шест локации кои се мета на излетници и рекреативци а некои несвесно фрлаат отпад. Околу 100 тина граѓани од повеќе граѓански организации го собираа отпадот од трим патеката кон Св. Илија , ...
Македонските патарини инкасирале над 53 милиони евра лани сума поголема за 6,6 милиони евра повеќе од 2021 година, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА. Според податоците на државното претпријатие најпрофитабилна била патарината кај Романовце која остварила промет од над 6,5 милиони евра, а потоа патарината кај Миладиновци со над 4,3 милиони евра и Глумово која инкасирала близу 4.2 милиони евра. Од ЈПДП велат дека ...
Денес (26.03.2023) година околу 09.50 часот на регионален пат Струмица-село Банско, поточно во село Куклиш, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица запреле патничко возило “голф” со струмички регистерски ознаки, управувано од 48 годишен стумичанец. При контрола над возачот извршена со алкомер “дрегер”, било утврдено дека возилото го управува со 2,34 промили алкохол во организмот. Возачот бил исклучен од сообраќај, а ...
Епископот Јаков потврди дека струмичката епархија ќе земе учество во отворањето на „Куќа за отворено домување“ за жени жртви на семејно насилство. Во гостувањето на тв Сител, епископот рече дека овој проект ќе биде втор од ваков вид, по отворањето на шелтер центарот за згрижување жртви на семејно насилство пред три години. Со тоа тој аргументираше дека Струмичката епрахија не само што ги почитува жените и нивните права, туку и активно се залага ...
Во петокот се одржа втората форумска сесија на Форуми во заедницата во Општина Ново Село Како дел од проектот за зајакнување на општинските совети, ова е одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на дефинирање на проблемите и донесување одлуки со директно влијание на промените Овој проект е финансиран од Швајцарската Влада, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Министерството за локална самоуправа, а дел ќе биде ...
Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“. Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во ...