Од денеска со одлука на Владата намалени се цените на млечните производи и на тестенините во маркетите и продавниците. Според одлуката, цената на тестенините се намали за 15, а на млечните производи за 10 отсто, и ќе важи до 31 мај. Државниот инспекторат најави дека од утрово на терен ќе контролира дали се почитува владината одлука и потсети дека казните за непочитување се движат од 800 до 10 илјади евра. Од тука апелираат да се почитуваат ...

Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, во недела – 19 март, од 09.00 часот, ќе започне со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки). На почетокот ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од улицата Браќа Миладинови до улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, како и од Булевар Климент Охридски до Булевар Маршал Тито. Со оваа акција и ...

Струмица ќе отвори ново јавно претпријатие за Јавен превоз. Општината нема да може да го воспостави градскиот јавен превоз преку јавното претпријатие „Струмица гас“ како што на почетокот беше планирано. Струмица издвои средства во Буџетот за 2023 година за набавка на електрични автобуси со цел да се намали загадувањето во општината, но и да се направи подобро поврзување на градот со наслеените места во општината. Оваа година треба да се завршат ...

Истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи покажа дека младите луѓе во државата бараат повисоки плати, можност за работа од дома, флексибилно работно време, поддршка за ИТ-индустријата и занаетчиските професии. Бојан Кордалов, претседател на Институтот, рече дека клучно за младите да останат во државата и тука да ја градат својата иднина е квалитетот на живот, што подразбира и здравствено осигурување и здрава ...

Секулов и Стоилкова на Конгрес во Мадрид, Шапнија. На 9 и 10 Март 2023 година, во Мадрид-Шпанија, во организација на Departamento de Prehistoria y Arqueología, Universidad Autónoma de Madrid (UAM), се одржа “3rd International Congress on Ancient thermalism. Thermal spas and territory: the role of mineral-medicinal waters in the Roman provinces“. На овој Конгрес покрај преставници од Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Швајцарија, ...

Детското фестивалче „Си-До“ во петок доаѓа во Струмица. Во спортската сала „Парк“ ќе може да се слушнат песничките од овој фестивал за деца. СИ-ДО – битолски детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации коишто непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во ...

Актерката Стојанова не е веќе на чело на „Антон Панов“. Танкица Стојанова која ја водеше институцијата цела година, за канал ВИС ја потврди оваа информација. Рече дека било чест за неа да ја води институцијата изминатите 12 месеци, но, дека сега е време да се посвети на својата актерска кариера. На местото на Стојанова доаѓа правникот во Центарот за култура, Дејан Јанев. Изборот на директор на оваа установа со години се скандализира, особено по ...

Инаку, казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата Денеска официјално завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата. АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември лани, а трае до 15 март годинава, односно до денеска. Инаку, ...

Хроничната бубрежна болест појавува симптоми, но, најчесто кога болеста е во понапредна фаза, велат лекарите. Од друга страна, пак, има ситуации кога пациентот нема никаков симптом дека нешто се случува, а, болеста да постои. Според доктор Ивановска, важно е пациентите, особено оние што се во ризична група редовно да се контролираат. Доктор Ивановска во интервју за канал ВИС ги набројува сите пациенти кои спаѓаат во ризичната група и кои би ...

Здравствен дом Струмица по апаратот за ретген панорама на вилици, набави апарт и за рентген за заб вели директорката Лубица митева.Опремата е набавена со сопствени средства од установата и треба да овозможи квалитетна дијагностика само со партиципација. Освен на стоматологија, нови инвестиции има и во службата за вакцинација во која за прв пат е обезбеден агрегат за чување на вакцини, а неколку други служби добија нова столарија кога треба да ...

Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија- Гевгелија, продолжува со реализацијата на проектот: ИДЕАС, односно „Иновации, развој и вработување во земјоделско – прехранбениот сектор“. Проектот се имплементира во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција за периодот 2014-2020. ФЛОРИТ- Гевгелија е водечки партнер, а останатите партнери се American farm school од Солун и Мрежата за рурален развој на РСМ. Главна ...

Најзагрозени се секторите градежништво, хотелиерство и туризам бидејќи најголем дел работници од тие дејности, како што кажа Битиќи, одат во држави каде има далеку повисоки плати и подобри услови. Па така, Владата проблемот ќе го решава преку доквалификација на домашниот кадар, но и со увоз на работна сила. Битиќи вели вратите се отворени за работници од сите земји. „Бегаат за што повисоки просечни плати. Просечната плата кај нас достигна 550 ...

Државата и локалните самоуправи да бидат поотвoрени кон младите за нивно активно учество во креирање на одредени политики. Нивните информации често не стигнуваат до младите за било какви програми или поддршка, посебно кога станува збор за стекнување нови компентенции за вработување или помош за отворање бизнис. Данче Кирова од Струмица смета дека многу малку младите од струмичк се инфомирани, што се нуди државата на оваа поле. Во Струмица се ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат 8,4 %. „Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на ...

На 13.03.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од ...

Во Калифорнија времето не се смирува и оваа американска држава е изложена на нови удари од дожд, ветер и снег, додека бурите истовремено ги опустошуваат североисточните региони на САД. Американската национална метеоролошка служба (NWS) предупредува на опасност од поплави во Калифорнија, а наредбите за евакуација остануваат на сила во 10 области на оваа сојузна американска држава, пренесува Ројтерс. Реките веќе подобија поради невремето во ...

Општина Гевгелија огласи на продажба 5 градежни парцели за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, на местото викано „Караорман“. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 метри квадратни, а почетната цена по метар квадратен изнесува 61 денар. Продажбата на петте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање ...

Во тек е уредувањето на тротоарите долж улицата „Железничка“ во Гевгелија. Изведбените работи покрај уредувањето со павер-елементи, опфаќаат и проширување на тротоарите. Имено, реконструкцијата се реализира по добиената дозвола за проширување на старите пешачки патеки од безбедносни причини- повеќе место за движење и рекреација на граѓаните. Исто така, на неколку места, тротоарите се уредуваат и хортикултурно, со нови дрвја долж улицата ...

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Истанбул, се сретна со неговата сесветост, г. г. Вартоломеј Први, архиепископ константинополски на новиот Рим и вселенски патријарх. На средбата претседателот Пендаровски искажа благодарност до вселенскиот патријарх за посебната улога што ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со нашата црква. Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со ...

„Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава. „Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во ...

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура или да се изостави еден интерен предмет, бараат средношколците кои се дел од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Ова бил заклучокот од дебатата организирана викендов на тема „Државна матура 2023: Што велат матурантите?“. Учениците бараат да се скрати материјалот заради дојавите за бомби кои предизвикаа да губат часови, а со тоа и неможност да се ...

Сојузот на средношколци бара измени на законот за средно образование шти што бесплатниот превоз да важи за сите средношколци како за државните така и за приватните а паралелно да се обезбеди и бесплатен превоз за ученици кои летото се на феријална пракса или пак одаат на пракса во фирми кои се дел од дуалнто образование. Предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 % во однос на одлуката од 6.3.2023 година. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло ...

За преку 35 отсто треба да се зголеми цената на тутунот за да има реална исплатливост и повисоки цени за новата реколта. Понуденото зголемување за 20 отсто нема да донесе повисоки цени, зашто 60 отсто од родот се проценува во втора класа, сметаат новоформираните тутунски здруженија. Реагираат дека, наводно, им се нудат договори претходно потпишани. Васко Јосифовски од тутунското здружение „Тутунска надеж“ изјави дека зголемувањето од 20 отсто ...

На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти. О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе ...

Повеќе санкции, но и поголема одговорност во справувањето со еколошките предизвици, најавува новата министерка за екологија. Управувањето со отпадот е приоритет број еден во планираните проекти, објави Дојче веле на македонски јазик. На новинарско прашање на Дојче веле Зошто нема казни, Шукова вели дека треба да се размисли за воведување на комунална инспекција Каја Шукова: Видете, ние не можеме да влеземе во домаќинство и да кажеме – на што се ...

Од 800 до 10.000 евра се казните за фирмите кои од 16 март нема да ги намалат цените на млечните производи и тестенините. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека од четврток кога стапуваат на сила одлуките на Владата, инспекторите веднаш ќе излезат на терен и ќе постапуваат. „Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по ...

Општина Гевгелија огласи на продажба пет градежни парцели за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, во местото викано Караорман. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 квадратни метри, а почетната цена за квадратен метар изнесува 61 денар. Продажбата на петте парцели ќе се одвива преку електронско јавно наддавање ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52