Регион

Епископ Јаков: Ќе учествуваме во отворањето на „Куќа за отворено домување“ за жени жртви на семејно насилство

Епископот Јаков потврди дека струмичката епархија ќе земе учество во отворањето на „Куќа за отворено домување“ за жени жртви на семејно насилство. Во гостувањето на тв Сител, епископот рече дека овој проект ќе биде втор од ваков вид, по отворањето на шелтер центарот за згрижување жртви на семејно насилство пред три години.

Со тоа тој аргументираше дека Струмичката епрахија не само што ги почитува жените и нивните права, туку и активно се залага за заштита на најранливите жени кои имаат потреба да бидат тргнати од насилната средина.

Во трибина којашто ја организираше Скај плус пред неколку месеци, епсикопот Јаков посочи и на потребата да се отвори центар за третман на насилници, бидејќи тоа се луѓе кои имаат потреба од стручна помош.

Слушнете ја изјавата на Викарнот епископ Стобиски г. Јаков

Препорачуваме:

Средношколци од Никола Карев меѓу најдобрите во изборот за лидер на струка – Атанасов лидер воградежната

Ване Трајков

Лани регистриран 191 пожар во Гевгелија

СТИМУЛАЦИИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗАДРУГАРСТВО ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ И ВО НОВИОТ ЗАКОН – ВИДЕО

Ване Трајков