Почнаа изведбените работи за изградба на фекален и атмосферски канализационен систем во населеното место Градско Балдовци општина Струмица. Прокетот е на општината додека средствата се обезбедени од Миниситерството за транспорт и врски. Како што кажа градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реализација на овој проект се решава едно од барањата на жителите од ова населенот место што било и негово предизборно ветување. Целиот проект ќини ...

За забава под маски никогаш не е доцна. Ова правило важи за учениците и наставничките од основното училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, кои приредија детски маскебал за своите ученици. Станува збор за петте наставнички Невенка Дончевска, Наташа Тумановска-Витанова, Билјана Ставрова, Фани Ристова и Адријана Ковачева. И самите маскирани, тие ги однесоа дечињата во ресторан во градот, каде продолжи забавата под маски. А, децата, онака како што ...

Младиот Рингачев бил единствен основец од Струмица кој испратил свој цртеж на Меѓународниот конкурс што го организира градот Лечица од Полска. Но, неговиот талент го препознало меѓународното жири од седум земји кое му ја доделило и третата награда во категорија од 12-15 години. Покрај Рингачев, учествувале уште шестмина средношколци од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица. Ментор на сите ученици е професорката и ликовен уметник Љупка ...

Карневалската маска ,,Струмичка корида“ на ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица доби диплома за најмногу освоено гласови од публиката која можеше да гласа онлјан за време на одржувањето на главната карневалска вечер во Струмица. Учесниците во ова маска свој начин ја преставија шпанската корида а силно ја пренесоа и пораката за љубов и хуман третман кон животните. Ова маска броеше 45 члена а доби и втора награда во својата категорија од 30 до 50 ...

Ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица освоија 10 медали на регионалниот натпревар по математика што се одржа во ООУ,, Никола Карев“ во Радовиш и беа прогласени за најдобра математичка екипа од регионот. Како што соопштија менторите Билјана Гунова, Вангелица Манева, Милена Исирова, Марија Панова од IV одделение и Миропа Павлова – Бачева ниввните ученици освоиле пет први места, едно второ и четири трети места и четири благодарници. „ Ако ...

Митрополитите Тимотеј и Наум во Фанар за пречекот на Кипарскиот архиепископ Митрополитите Дебарско-кичевски Тимотеј и Струмички Наум, вчера во Фанар присуствувале на приемот на новиот Кипарски aрхиепископ Георгиј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј. Како што е објавено на веб страницата на Бигорскиот манастир, за време на приемот биле разменети пригодни слова од страна на владиците Тимотеј и Наум. Во соопштението на официјалниот портал на ...

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот. Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се ...

Во текот на изминатата вечер (04/05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 60 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово… За време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на ...

Во државава досега се легализирани 296 810 нелегално изградени објекти. За нив се издадени решенија со документација којашто опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки. Во собраниска процедура веќе долго време е нов закон за легализација, а по неодамнешните разорни земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа укажуваат дека евентуалните идни легализации задолжително треба да се ...

Поинтересно ми е дома пред комјутер отколку да излезам надвор да прошетам или да се дружам со мои врсници во некој од кафичите. Вака отсечно вели 17 годишно момче Никола од Струмица ученик во СОУ Никола Карев кој дневно поминува 5-6 часа на Discord мрежата. Платформата ја користи за да се договори како да развие стратегија за некоја игра. Вели дека 80 одсто од корисниците не ги познава но не му е важно, бидејки во фокусот му се победите во ...

Белиот и полубелиот леб од 33 денари од денеска се враќа во продавниците. Пекарниците одлучиле да почнат со нивно производство и испорака, а истовремено ќе тргнат во правна битка за наплата на штетата, што ја претрпеле по владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ, соопшти дека компаниите максимално ги почитувале владините мерки за поддршка, но ...

На 3-ти март 2023 г., Амбасадорот на Јапонија Н.Е. ОЦУКА Казуја потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Грант договорот беше потпишан со Јавната Здравствена Установа (ЈЗУ) Општа болница Струмица и има за цел да набави 4Д ултразвучен систем за Одделот за Гинекологија, во вкупен износ од 51,462 евра. Церемонијата за потпишување на проектот ...

Во согласност со програмата за финансирање микроземјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик за прибирање барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри. Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции ...

„Повеќе хромозоми и повеќе пријателство, повеќе љубов и надеж и вера дека токму тој вишок хромозом ќе му покаже на светот што е чиста и искрена љубов“, порача Вања Лазарова, редовен поддржувач на кампањите на здружението „Вера“. Од вчера, преку пишувани и видео пораки ќе се истакнува важноста од инклузија и прифаќање на лицата со Даунов синдром. Ова е замислата на кампањата што ја почна здружението на граѓани „Вера“ од Струмица. “Оваа година на ...

Леб за 29 денари купуваат струмичани уште пред одлуката на Владата за ограничување на максималната цена до 33 денари. Во сопствената пекара на ланец маркети во струмичко леб се доставува двапати дневно. Велат дека со субвенционуираната електрична енергија оваа цена била на граница на рентабилност. Менаџерката на маркетите, Стојне Копачева, вели дека решиле да направат двонеделна акција за да им излезат во пресрет на граѓаните. Сепак, Копачева ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во државното ловиште „Фазанерија“ свечено ги додели договорите за концесии за користење на дивечот во ловиштата. Минатата година беше објавен јавен повик за доделување концесија за користење на дивечот и ловиштата во 9 ловни реони во државава во кои има 43 ловишта. По завршување на постапката, склучени се 32 договори за концесии за 32 ловишта од целата територија на ...

Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. -Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 0,2 степени над просечната на ниво на држава. Средната ...

Многу љубов, добра волја и пријателство без граници. Тоа им било потребно на група струмичански да се организираат и да подготват тримерска трпеза. Јуле Зазова не пречека во својот дом кој беше уреден со сите тримерски нишани: посна храна, свечена трпеза, свежо цвеќе, музика во позадина и полна маса расположени жени да се потсетат на убавата струмичка традиција. Маре Филчевска вели дека ова е обид да се сочува еден убав споемн од младоста и како ...

Од денеска, преку видео пораки ќе се истакнува важноста од инклузија и прифаќање на лицата со Даунов синдром. Ова е замислата на кампањата што од денеска ја почнува здружението на граѓани „Цера“ од Струмица. “Оваа година на симболичен начин, инспирирани од говорот на професорката Катерина Панов Кожаров на модната ревија „Убави сме, свои сме“ на лицата со попреченост, одржана на 3 декември 2022 година и нејзината јасна порака „Сите ние сме ...

Со презентација на празникот Тримери посветен на свршените девојки, завр шија осумдневните карневалски празнувања во Струмица. Ансамблот „Распеани струмичани“ отпеаа тримерски песни а организаторот подели посна храна, како илустрација на обичаите по домовите за големиот велигденски пост за кој се врзува Струмичкиот карневал. Струмичкиот карневал догодина ќе слави 30 години од приемот во Европската асоцијација на карневалски градови за што ...

Се ограничи цената на лебот. До 31 мај ќе изнесува максимум 33 денари. Ова одлука ќе важи до 31 мај. Министерот за економија на денешната прес конференција ја соопшти одлуката на Владата, Крешник Бектеши кој обајсни колку се реалните максимални трошоци за прозиводство на леб. Според Бектеши, највисоката цена за 450 грама бел леб треба да биде 32 денара. Бектеши додаде дека во одредени градови има цени и пониски од 32 денара. Тој ги повика ...

Градоначалникот Костадинов информира дека до општината има пријави за седум поплавени подруми. Тоа е билансот од синоќешното кратко, но силно невреме. Обилниот дожд проследен со град што врнеше околу 20 минути, предизвика голема паника и не толку голема штета. На социјалните мрежи се гледаа парчиња мраз кои пловеа по улиците, а на некои места мразот бил висок околу 30 сантиметри. Од дождот се поплавија неколку улици во долениот дел на градот, а ...

Општина Гевгелија огласи на продажба 5 градежни парцели за домување во станбени куќи, сопственост на РСМ. Градежните парцели за домување во станбени куќи се наоѓаат на дел од КП 392/104, КО Гевгелија, на местото викано „Караорман“. Површините на парцелите се движат од 309 до 599 метри квадратни, а почетната цена по метар квадратен изнесува 61 денар. Продажбата на петте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање ...

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот и бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за еден денар, а цената на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за половина денар за литар Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот и бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на ...

Околу 1500 порции со бел посен грав приготвен во Ројал парк беа поделени на денешното одбележување на чист понеделник во Струмица како дел од активностите на годинашнво издание на Струмичкиот карневал. Меѓу присутните беше и првиот човек на општина Струмица кој подвлече дека се негува традиција на приготвување и делење на бел грав како дел од празникот Тримери односно отпочнување на големиот велигденски пост Доделувањето на бел псоен грав беше ...

Организациониот одбор денеска ги соопшти наградените на струмичкиоте карневал по категориии За категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица 1-ва награда, маска со реден број 37, “ Волшебникот од ОЗ“ Газели, Радовиш , во висина од 1.000 евра во денарска противвредност; (69 бода); 2-ра награда, маска со реден број маска со реден број 27 „Тик-Так “, СОУ “Јане Сандански“ Струмица, во висина од 900 евра во денарска противвредност; (61 бода); 3-та ...

Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ ќе игра пред струмичани, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Гостувањето во Народниот театар „Антон Панов“-Струмица е закажано за 3 март со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20 часот. -Комедијата е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот, вистината и лагата во која конфликтот на интереси ...

Уметникот Георги Кончалиев изработи маска на глава од бик за потребите на струмичкиот карневал. Недели работа претходеа на величествената маска со која се најави доаѓањето на струмичката корида на саботниот карневал. Кончалиев вели дека идејата дошла спонтано. Кога ја дефинирале темата за групната маска веднаш му се родила идеја дека корида без бик не е возможно. И за да биде комплетна маската се нафатил на оваа голема и макотрпна работа. Не ...

Денеска, на неколку локации се положува цвеќе и се изразува почит кон загинатиот претседател на државата: на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел – Скопје, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина. Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица. На споменикот на ...

Пензииите од март ќе се покачат за 8.4%. Вака најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа викендов имаше повеќе средби со граѓани во Струмица. На вчерашниот тримерски ручек што го организираше Здружението на пензионери од Струмица, таа им посака повеќе пари на сметките. Како што рече министерката ова е начин државата да им се оддолжи на граѓаните кои работеле и ја граделе земјата. Тренчевска пред пензионерите рече ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
62%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52