Професорот Владо Спиридонов, кој работи како редовен професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет, објаснува зошто периодов времето е толку променливо. За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави. Со цел да добиеме одговори ...

Образовниот систем треба да се промени и да се прилагоди на потребите на новото време, но и да се размислува за идниот развој на општеството. Сепак, модерните концепти треба да ги опфатат и добрите пракси од минатото затоа што треба да имаме автентичен а не препишан систем. Вака размислуваат во струмичката гимназија каде веќе се распишани конкурсите за упис на нови средношколци. Невенка Стојанова-директорка на СОУ „Јане Сандански“ Струмица И ...

Пролетната зелка и годинава не минува славно на откупните пунктови. Уште не стасало целто производство за берба, цените веќе се во сериозен пад. Од стартна цена 60 денари за килограм, во моментов откупната цена се движи меѓу 20 и 25 денари за килограм зелка. Освен лошите приноси, земјоделците ќе се соочат и со други проблеми. Велков вели дека промените во температурите ќе донесат и болести на растенијата. Ристо Велков- агроном и производител ...

Наставничките Невенка Дончевска и Наташа Тумановска – Витанова организираа хуманитарен базар за Велигден. Првичната идеја на двете наставнички од основното училиште „Никола вапцаров“ од Струмица била да организираат работилница за нивните ученици и родителите. Но, креативните наставнички и вредните родители се догвориле дека можат да направат и многу повеќе: украси за цел базар. Па така, почнала да се формира идејата за организирање поголем ...

На Цветници, македонска црковна делегација предводена од викарниот епископ Стобиски господин Јаков го посети островот Имврос во Турција. Таму, неколку македонски свештеници меѓу кои и отец Симеон Кантурски од Струмичката епархија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Отец Симеон беше удостоен со чинот презвитер на вселенскиот патријаршиски трон. За оваа чест, тој во ...

Продолжениот празничен викенд ќе се искористи за патување надвор од државата. Голем број граѓани утрово се упатија кон граничниот премин Богородица. Пет колони се отворени за пропуштање на возила за излез, но и покрај тоа се создаваат километарски редици возила. Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска. Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва ...

По повеќето случаи на измама на граѓани за наводно добивање германска виза преку посредници, германската амбасада предупредува дека термини за виза се даваат само преку нивната веб страница. „Постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе но фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза како и проверка на Вашите барања согласно важечките закони се наш и Ваш заеднички интерес,“ ...

Струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ до одбележа патрониот празник. Со пригодна програма наставниците и учениците му оддадоа почит на големиот писател на македонската книжевност за деца. Патрониот празник на училиштето се одбележува на денот на смртта на писателот Подгорец, 14 април, но годинава свеченоста е порано поради тоа што утре е неработен ден, Велики петок. Видое Подгорец е родум од подбеласичкото село Колешино. Почнал да ...

Стопанската комора на Mакедонија денеска соопшти дека ќе излезе со конкретни предвидувања и решенија за да не се дозволи, како што наведува, повторен економски шок кај компаниите. Според Комората, решенијата ќе треба навреме да се преземат за да се избегне уште една енергетска криза која би била фатална и за компаниите и за економијата во целина. -Ова е еден од заклучоците донесен на седниците на Управниот одбор и на Собранието на Стопанската ...

Во струмичката библиотека изложени делата на најплодниот македонски автор за деца, Видое Подгорец. Во пресрет на годишнината од неговата смрт, 14 април, раководителката на роднокрајното одделение при библиотеката Благој Јанков Мучето, Тања Гошева, традиционално ги изложи делата на Подогрец во приемниот дел на библиотеката. На тој начин Гошева вели дека му се оддава почит на големиот автор, кој создал 108 книги, а некои од нив се преведени на 17 ...

Утре, во центарот за култура ќе се промовира книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов. Станува збор за необјавувани материјали од познатиот драмски автор. Книгата ја уреди Ѓорги Панов, внук на Антон Панов. Тој ги барал овие оригинални, необјавувани материјали во архивите на Македонската академија на науките и уметностите. Обие белешки, размислувања, ставови на Панов биле во ракописна форма, што може да се види и од приложените фотографии во ...

Во дворното место на Т.Ј. во радовишкото село Дедино, синоќа околу 21:20 часот полициски службеници пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва. Во координација со Шумската полиција од Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, по што товарното возило и дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – ...

По викенд случувањата во Струмица на вториот натпревар од плеј-офот попладнево (17.30 часот – МРТ3) во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје ќе се одигра третиот меч од полуфиналната серија во плеј-офот кај дамите меѓу екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј. Актуелниот резултат во серијата е 1:1, што значи дека денешниот натпревар ќе биде одлучувачки за тоа која од вие две екипи ќе игра во големото финале. Јанта Волеј ја има предноста на ...

Идејата за оваа акција потекнува од група еколози и спортски риболовци собрани околу платформата “Корморани“ која се залага за зачувување на водените екосистеми и одржлив спортски риболов. Во последно време членови на платформата „Корморани“ и многу други спортски риболовци и еколози сведочат за се позачестените појави на рибокрадство во струмичкиот регион особено на акумулациите Турија и Водоча и на реката Струмица. Уловените риби нелегално се ...

Во Струмица денеска се одржa регионален настан за промоција на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, со цел да се обезбеди рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, грантови и обуки за училиштата, како и развивање на јавната свест. Овој проект се ...

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, денес, во населеното место Васока Маала го следеше финализирањето на активности на двете улици чија изградба започна пред само неколку денови. „Денес ги асфалтираме двете улици чија изградба ја започнавме викендов. Работејќи во континуите, улиците се завршени во експресно краток рок. Жителите од Висока Маала кои ги користат овие улици, од денес ќе ги користат благодетите на оваа последна ...

Владата ги ослободи цените на дел од зеленчукот. Така, килограм домати и краставици ќе се продаваат по цена од 95 денари, пиперките ќе чинат 100 денари, а кромидот доби цена повисока за 10 денари од претходната и сега ќе чини 70 денари за килограм. Ова е корекција на претходната владина одлука, бидејќи како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, од 28 март досега, увозниците доставиле „пологични фактури, од кои може да се види дека ...

Денес, градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во почетните градежни работи од реконструкцијата на ул. „Крушевска Република“, кои започнаа денес. Станува збор за асфалтирање на левата страна од улицата, како дел од целосната реконструкција на двете коловозни ленти покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до „Момин бунар“, во должина од 583 метри. Во првата фаза од работите се поставува првиот слој асфалт со ...

Свештеници на Охридската Архиепископија на празникот Цветници беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на ...

Со музика до хуманост. Младите музичари од Струмица ќе музицираат и пеат за да ја поттикнат хуманоста на своите сограѓани. „Звукот на човечноста“ е насловот на хуманитарниот концерт што ќе се одржи на 25 април во организација на „Елеуса Фондација“. На концертот ќе настапат изведувачи и бендови од трите средни училишта: „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица и вокално – ...

Да се помогне на најнемоќните и најранливите. Тоа била почетната идеја на волонтерите од „Елеуса Фондација“ кога пред повеќе од половина година почнаа да делат топли оброци во дворот на црквата „Свети Димитар и Григориј Палама“ во Струмица. Но, на добрата мисла и волја се надоврзале уште многу сограѓани, па до денеска поделиле 10.000 оброци. Освен делење оброци, организацијата има уште многу други активности. Меѓу нив е и делењето пакети со ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,946 %, кај дизелот 4,784 %, кај екстра-лесното масло 4,793 % и кај мазутот ...

ООУ „Орце Николов“ го одбележа својот патрон – празник. „Нашето училиште се стреми кон својата цел, за сеопфатно знаење и современо образование, што се трудиме да им го овозможиме на нашите ученици, со искрена надеж дека ќе им помогнеме да се изградат во силни личности за иднината што ги очекува.“ – изјави директорот на училиштето, Дончо Ангелов. Во пријатна атмосфера, присутните ја гледаа изведбата на познатата комедија „Ленче Кумановче“ или ...

Жителите на општина Ново Село пред Претседателот на државата, Стево Пендаровски дебатираа и одлучуваа кои проекти имаат приоритетно значење и треба да се реализираат во нивната локална заедница. Пендаровски заедно со Швајцарската амбасадорка, Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, присуствуваше на третата сесија на Форумот во заедницата, кој се спроведува како дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“. ...

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. – Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. ...

20 фирми се проверени во вчерашната акција на пазарната инспекција, финансиската полиција и УЈП. Сител дознава дека скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70% од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10 илјади евра, вели првиот човек на ДПИ. Двајца на Кванташки се казнети и затоа што продавале како физички ...

Македонското јагне се извезе на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани. Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за ...

Од утринава, над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи. Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а влезено е и на Кванташки пазар. Исто така, се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, ...

Ќе поскапат некои од производите со замрзнати цени оти поскапел увозот. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека во вторник следната недела ќе има корекции на некои од цените откако утврдиле дека увозниците пријавиле поскапи цени во Царинската управа. „Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, ...

По повод одбележување на Меѓународниот ден 8 април, денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан каде што покрај претставниците на Владата, присуствуваа и пратеници, амбасадори, претставници од Советот на Европа, РОМАКТЕД, градоначалници и други граѓански организации. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање се осврна на заложбите на Владата „градење на едно општество за сите“ и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52