До почетокот на летото Колешинскиот водопад но и Мокринските извори на планината Беласица ќе добијат подобри пристапни патеки и нова урбана опрема. Станува збор за два локалитети кои последниве години станаа мета на голем број туристи и посетители не само од земјава туку и од странство. Патеките но и урбаната опрема ќе биде од природен матријал Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со ...

Писателот и универзитетски професор, Венко Андоновски, ќе биде гостин-говорник на четвртата трибина што ја организира „Елуса Фондација“. Реномираниот писател и професор ќе зборува на тема „Зошто не за сексуално образование во училиштата?“ на која ќе ги каже своите ставови на оваа тема. Покрај него, ќе зборува и викарниот епископ г. Јаков Стобиски. Трибината е закажана за петок, 17 март во Центар за култура „Антон Панов“ со почеток во 19.00 ...

Ќе има уште едно издание на фестивалот „GetEXITed”. Вака најавија на заедничката прес-конференција во Нови Сад градоначалниците на Струмица и Нови Сад, Костадин Костадинов и Милан Ѓуриќ. На средбата присуствувале и директорот на фестивалот „Exit“, Душан Ковачевиќ и музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ – Констракта. Лани за првпат се одржа фестивалот „GetExitEd“ во Струмица, а беше најавено дека ќе се работи на следни уште поголеми фествалски изданија. ...

Цената на доматите на домашниот пазар се покачува а ќе има и недостаток од оваа култура. Вакви се согледувањата на Блажо Витанов кој со децении тргува со зеленчук во земјава и странство. Вели дека последиците од забраната за извоз на домати до Турција се чувствуваат во Македонија но и во регионот. Доматите во струмичко се појавуваат кон крајот на април, што значи дека има уште најмалку еден месец до домашното прозиводство. Цената на килограм ...

Европскиот медитерански сеизмолошки центар во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија. Најсилниот бил во 10.15 часот, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километра, пренесува „Новините“. Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна во истата област. Неговата јачина била 2,5 ...

На 26 март 2023 година, со почеток во 10 часот еко акцијата „Чисти ридови за сите“ – повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите Општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на Општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција. „Ќе се чисти на ...

Професорката на економскиот факултет Тамара Јованов-Апасиева, во интервју за канал ВИС зборуваше за потребата да се понудат подобри, унапредени образовни модели кои ќе ги создадат квалитетни кадри. „Младите имаат капацитети и ние треба да ги искористиме,“ вели проф. Јованов-Апасиева. Таа зборуваше за стратегијата на УГД да ги привлече најталентираните средношколци на некој од своите факултети. Сепак, не е дволно тоа. Идните академски граѓани ...

Цената на тестенините се намалува 15 проценти, а 10 отсто цената на млечните производи, објави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. „Се замрзнува, односно намалува, цената на макароните и шпагетите за 15 проценти на цената што се применува во трговијата на 1 март, односно во просек од 8 до 9 денари“, рече Ковачевски. За овие продукти се укинуваат и царинските давачки за увоз за периодот од 13 март до 31 мај. Млечните ...

Хрватскиот национален превозник, „Кроација ерлајнс“, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит од 12 мај годинава, најавува „ТАВ Македонија“ откога авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година. Во овој период „Кроација ...

Бранко Глигоров – пица мајстор од „Концепт“ Струмица беше единствениот претставник од регионот на шампионатот на светските пица мајстори што се одржа во Римини Италија. Станува збор за еден од најпрестижните натпревари со повеќе од 30 години традиција каде доаѓаат пица мајстори од сите страни на светот кои мора да знаат да направат пица тесто според италијанската традиција. Глигоров по настапот на Европското првенство во Бугарија, пица ...

По повеќе независни театарски проекти работени со здружението „Транзен“ и еден во велешкиот театар, струмичкиот режисер Дејан Ангелов конечно ќе режира претстава за театарот „Антон Панов“. Младиот Ангелов веќе ја почна работата со струмичките актери. Пред два дена се одржа првото читање на текстот „Вујко Вања“ од Чеков. Истовремено, од „Антон Панов“ информираа дека започнале читањата и на „Нова конструктивна етика“ според Иван Вирипаев во режија ...

На 09.03.2023 во 15.50 часот во с.Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на ...

Расте бројот на пациенти со хронични бубрежни заболувања. Во струмичкито центар за дијализа има 85 пациенти. Специјалист интернист доктор Дитка Ивановска вели дека бројот на пациенти е во пораст и на локално и на светско ниво. Доктор Ивановска вели дека периодот на ковид пандемијата бил особено специфичен за бубрежно болните пациенти, бидејќи тие имаат и други коморбидитети. За време на пандемијата загубиле дури 15 пациенти што е огромна бројка ...

Во Гевгелија, минатата година биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, имало ...

До почетокот на мај ќе биде целосно асфалтиран патниот правец Колешино Бориево кој ги поврзува и општините Ново Село и Босилово. Вака најавија градоначалниците Ѓорги Божинов и Ристо Манчев пред првиот човек на опозиционата ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој изврши увид во работата на градоначалниците избрани од неговата партија. Станува збор за последната делница од 3220 метри кој се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански ...

Елеуса Фондација и оваа година започна голема хуманитарна акција под мотото „Сподели дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани. Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Сподели дел од својата трпеза – нахрани гладен“ поставени се низ маркетите на ...

Жените го наоѓаат своето место во литературата. Ваков е ставот на роднокрајните авторки од Струмица. Тие сметаат дека авторките не само што пишуваат и објавуваат, туку се случува и нивна доманицаија на книжевната сцена. И бројките се на страна на ова тврдење. Барем што се однесува до статистиките на струмичката библиотека која се јавува како издавач на дела на локални автори. Велат дека двојно повеќе книги издале на жени отколку на мажи. ...

По лебот, замрзнување на цените се очекува да има и за тестенините, а следни на оваа листа би можеле да се најдат и млечните производи. Најавата дојде од министерот за економија Крешник Бектеши во неговото гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24. „Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара ...

Над 50 тина хектари пластеници со зеленчук ќе останат без вода, откако ЕВН не им ги продолжува договорите на земјоделците да користат струја за испумпување вода од бушотините геотермална води, кои со години ги користат. Компанијата им бара дозвола од Министерството за екологија за таа намена, која во моментов раноградинарите од Банско ја немаат. Од Министерството за животна средина соопштија дека за реонот со геотермалната вода во Банско, ...

Денеска на глобално ниво се одбележува 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените, и на неа е одлучено да се прославува Меѓународниот ден на жената, но без да биде утврден датумот. Борбата за правото на глас за жените, борбата против закана од војна, борбата за грижа за мајките и децата и борбата против пораст на цените биле едни од ...

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалаци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз се потребни минимум 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари. Во споредба со јануари ...

Вицепремиерот Артан Груби на своите профили на социјалните мрежи сподели фотографии и видео како се забавува со министрите во Владата од редовите на ДУИ. Фудбал и кошарка се игра во работните простории, што предизвика мноштво реакции од граѓаните на социјалните мрежи. Груби во описот на фотографиите вели дека се опуштаат од стресен работен ден, но, за граѓаните не е прифатлив овој ПР, туку реагираат дека се злоупотребуват јавните институции. По ...

Учениците во основното училиште “Маршал Тито” во Струмица имаа повеќе активности со кои го обележаа Меѓународниот ден на жената Осми март. Да се предизвика насмевка на лицата на жените, да се изненадат, да им се пренесе порака дека се важни и дека нивниот труд и љубов се ценат. Ваква била замислата на наставниците и учениците вклучени во активностите. Директорката Благица Устапетрова вели дека уживале и малите и возрасните. Наставничката Љубинка ...

Вечерва се отвори ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров од Струмица, кој долги години живее и работи во Софија, Бугарија. МЕѓу другото, тој е и повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на Македонија во Софија. На изложбата уметникот го претстави својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои. Марјан Ѕингаров е ...

Општина Гевгелија на објавениот Јавен повик на Бирото за регионален развој за доделување средства финансирање проекти за за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој со индикативно планирани средства за 2024 година ќе аплицира со 4 предлог-проекти. И тоа: „Реновирање и адаптација на сместувачки објект во сопственост ...

Веб страница со туристичките потенцијали на градот и околината, интерактивна мапа за подобра ориентација, но и база со информации за сместувачки капациети во градот и блиската околина. Веб страницата е дел од кампањата за утврдување и афирмација на туристичкиот идентитет на општината, како основа за поголема искористеност на туристичките потенцијали и поврзаност на туристичките чинители. На презентацијата, беа промовирани резултатите од првата ...

Пролетта и празниците во овој период се совршен изговор да си купите ново цвеќе во домот и да ја пуштите новата сезона да ве разгали со сите рапсоложливи бои и мириси. Се разбира, веројатно е дека и самите ќе подарите или ќе добиете цвеќе на подарок. Доколку станува збор за саксиско цвеќе, кое најчесто се одгледува во домашни услови, тогаш најдобро е прво да се запознаете со условите што му се потребни за вегетација. Дали сака директна или ...

На 05.03.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 24 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 38 прекршувања на брзината биле констатирани во ...

Бесплатен престој во градинка за деца чии родители се со минимална плата во Богданци. Ваква одлука донесе општинскиот совет на последната седница на Општина Богданци кога се донесе и Буџетот за 2023 година. До пред неколку дена оваа општина го немаше усвоено Буџетот и беше единствена општина во државата која функционираше без донесен буџет за тековната година. Програмата за бесплатен престој во градинка за деца е предлог на советникот од Левица, ...

Министерот за транспорт и врски Бочварски не одговори дали се запознаени со дипломатскиот скандал во Ерменија во кој е вклучен Бранимир Димитријевиќ, кој пак е поврзан со фирмите кои ќе вршат надзор за коридорите 8 и 10. Тој се држеше до изјавата што пред неколку дена ја даде директорот на Јавното прептријатие за државни патишта. Дека постапката е транспарентна, а коридорот е клучен за поврзаување на државата. Бочварски не навлезе ниту во ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52